7260 AA - брусилка SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 7260 AA SKIL во PDF формат.
| Вид на производ | Повеќенаменска брусилка (суво брусење и полирање) |
| Бренд | Skil |
| Модел | 7260 AA |
| Напојување | 220-240 V~, 50 Hz (стандардна проценка) |
| Моќност | 150 W (проценка) |
| Тип на основа | Триаголна основа со Velcro прицврстување |
| Површина за брусење | Приближно 100 x 150 mm (проценка) |
| Брзина на празен од | Не е специфицирана (типично 12 000 врт/мин) |
| Резервоар за прашина | Вграден, отстранлив од задната страна |
| Адаптер за правосмукалка | Да, компатибилен (не е вклучен стандардно) |
| Ниво на звучен притисок | 73 dB(A) (несигурност K=3 dB) |
| Ниво на акустична моќност | 84 dB(A) (несигурност K=3 dB) |
| Вибрација (триаксијална вредност) | 4,1 m/s² (несигурност K=1,5 m/s²) |
| Двојна изолација | Да (не бара заземјување) |
| Тежина | Приближно 1,2 kg (проценка) |
| Димензии (Д x Ш x В) | Приближно 250 x 100 x 150 mm (проценка) |
| Предвидена употреба | Суво брусење и полирање на дрво, пластика, кит, боени површини |
| Професионална употреба | Не (само за домашна употреба) |
| Вклучени додатоци | Резервоар за прашина, лист за брусење (не е специфициран) |
| Препорачани зрна на хартија | Грубо (40-60), средно (80-120), фино (180-320) |
| Одржување | Редовно чистете ги отворите за вентилација и резервоарот |
| Гаранција | Според условите на Skil (видете www.skil.com) |
Frequently Asked Questions - 7260 AA SKIL
Прашања на корисниците за 7260 AA SKIL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 7260 AA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 7260 AA на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 7260 AA SKIL
- Овој алат е наменет за суво брусење и фина обработка на дрво, обоени површини, пластика, и гитувани површини
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување ③
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ①
ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ②
A Кутија за прашина
В Прекинувач за включување/исклучување
С Отвори за вентилација
D Адаптер за правосмукалката*
ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, слики и спецификации што се обезбедуваат со овој алат. Непочитувањето на сите упатства подолу може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозна повреда..
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување.
Поимот “електричен алат”, кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приключен кабел).
a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди.
b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина. Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа.
с) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од местото наде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот.
a) Утикач мора да одговара на приклучокот. Никако
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од електричен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, rerни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
с) Чувајте го уредот подалеку од дожд и влага. Продирањето на вода во електричниот уред ја зголемува опасноста од струен удар.
d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат. Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Кога го употребувате полначот надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Примената на продолжен кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар.
3) ЛИЧНА ЗАШТИТА
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеиозни повреди.
b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда.
с) Избегнувајте невнимателно вклучување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во "OFF" позиција пред да го ставите штекерот во приклучокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го приклучувате апаратот кој е приключен со напојување на струја, може да предизвикате незгоди.
d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување. Алатот или клучот кој се наоға во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода.
e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката
облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
g) Доколку може да се монтираат направи за вшмукување и фајање прашина, проверете дали се включени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при неговото користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозни повреди во дел од секунда.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАНЬЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат ќе работите подобро и посигурно во наведената функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеće не може да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се поправи.
с) Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да го складирате електричниот алат. Со овие мерки на внимателност їе се избегне невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица.
e) Одржувајте го електричниот алат и дополнителната опрема. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри очтрици помалку ће се заглавуваат и со нив работата ке биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалифинувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.
- Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
- Овој алат не е соодветен за брусење во влажна средина
- Никогаш не користете го алатот кога кабелот е оштетен; тој мора да се замени со специјално подготвен кабел достапен преку организацијата на услуги.
- Не обработувајте нинаков материјал кој содржи азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
- Обезбедете се алатот да е ислучен од струја пред да вршите било какво подесување или замена на приборот
ПРИБОР
- SKIL може да признае гаранција само доколку е користен оригинален прибор
- Не користете изабени, искинати или хартија со многу налепен слој од брусење
ПРЕД УПОТРЕБА
- Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е назначен на плочката на алатот
- Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во местото каде работите; тргнете ги пред да почнете со работа
- Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
- Нивото на бучава додека работите може да изнесува повеće од 85 dB(A); носете заштита за ушите
- Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да шредизвика алергии и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или лугето во близина); носете маска за прашина и работете со правосмунални доколку можете да ги поврзете
- Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
- Следете ги процедурите на вашата земја за прашината која се јавува како резултат од материјалите со кои работите
- Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)
- При брусење на метал доаға до појава на искри; не користете кутија за прашина/правосмукалка а останатите лица и запалливи материјали треба да се наоғаат подалеку од местото каде се работи
- Зацврстете го материјалот кој го обработувате (обработка која е зацврстена со стеги или во менгеме е побезбедна отколну да ја држите со раце)
- Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на алатот кои се движат; кабелот држете го на задната страна, на страна од алатот
- Не допирајте ја брусната хартија која се движи
- Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исключете го алатот и исключете го од приклучокот
- Ако кабелот се оштети или пресече за време на работата, веднаш исключете го и не го допирајте
ПО УПОТРЕБА
- Кога ќе ја завршите работата со алатот, исключете го моторот и проверете дали сите подвижни делови се застанати
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
③ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
④ Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
⑤ Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од домаќинството
УПОТРЕБА
- Поставување хартија за брусење ⑥
! извлечете го приключокот ако кабелот ! вшмукувањето прашина изискува употреба на перфорирани хартии за брусење ! перфорацијата на брусната хартија треба да е соодветна на перфорацијата на брусната плоча ! навремено заменете ја истрошената брусна хартија
! целосната површина за брусење треба да биде прекриена со брусна хартија кога ће го користите алатот
-поставете хартија за брусење од ВЕЛКРО како што е прикажано
• Вшмукување прашина
! не користете ја кутијата за прашина/ правосмуналката за собирање прашина кога брусите метал
Кутија за прашина ⑦
-редовно празнете ја кутијата за прашина А за оптимално собирање на прашина -отстранете ја кутијата за прашина А со што ње ја повлечете А наназад
За употреба на правосмукалка
-поставете адаптер за правосмукалка D, како што е прикажано ⑧ а
-поврзете го цревото за чистење со правосмукалка D ⑧b
- Прекинувач за включување/исклучување
-алатот включете/исключете го со туркање на прекинувачот напред/назад
! алатот треба да го включите пред брусната површина да го допре местото каде ће работите
! уредот треба да се подигне од работната површина пред тој да биде ислучен
• Држење и насочување на алатот ⑨
! додека работите, сеногаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со сива боја
-држете го алатот паралелно со површината која ја обработувате
! не применувајте многу притисок врз алатот и оставете ја површината за чистење да ја заврши работата за вас
-не го навалувајте алатот за да избегнете појава на несакани траги од брусењето
-отворите за ладење С② држете ги отворени
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
- Користете го алатот за брусење големи површини, агли и рабови ⑩
- Алатот движете го со прави движења, во линија со материјалот
-за брусење на површини од голо дрво -за финална обработка
- Никогаш не користете ја истата брусна хартија и за дрво и за метал
- Препорачана рапавост на брусната хартија: -користете груба шмиргла (40, 60) за отстранување боја и за брусење на исключително грубо дрво -користете средно груба шмиргла (80, 100, 120) за брусење грубо или мазно дрво -користете фина шмиргла за мазнење на дрво и површини со стара боја, како и за завршна обработка на голо дрво (180, 240, 320)
- Користете разни големини на шмиргли кога површината е груба:
-започнете да пескарите со груба или средна шмиргла
-завршете со фината шмиргла
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти (особено отворите за ладење С②)
-со четкичка отстранете ја насобраната прашина од брусењето
! пред чистење извадете го алатот од приклучокот
- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
-во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)
- Имајте предвид дека оштетувањето настанато заради преоптоварување или неправилно ракување со алатот ја отфрла гаранцијата (видете на www.skil.com или прашајте го продавачот за условите на гаранцијата на SKIL)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното губре (само за земјите на ЕУ)
-според Европската Директива 2012/19/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање
-символот⑤ ће ве потсетува на ова кога ће дојде време алатот да го фрлите
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
- Измерено во согласност со EN 62841, нивото на звучен притисок на оваа алатка е 73,0 dB(A) и нивото на звучна моїност 84,0 dB(A) (несигурност K = 3 dB), и вибрацијата 4,1 m/s² (триакс векторна сума; несигурност K = 1.5 m/s²)
- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 62841; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени
-користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
-кога алатот е ислучен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото а изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа
AL
Smeriluese me shumë funksione
7260