LFC319K - кујнска аспиратор ELECTROLUX - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот LFC319K ELECTROLUX во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот кујнска аспиратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник LFC319K - ELECTROLUX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. LFC319K на марката ELECTROLUX.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК LFC319K ELECTROLUX
- 1. СОВЕТИ И ТРИКОВИ p. 122
- 2.УПОТРЕБА p. 123
- 3. ОДРЖУВАЊЕ p. 124
- 4. КОНТРОЛИ p. 125
- 5.ЕДИНИЦА ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС Ви благодариме што одлучивте да купите апарат Electrolux. Избравте производ кој во себе го носи повеќедецениското професионално искуство и иновација. Оригинален и стилизиран, дизајниран е во склад со потребите на потрошувачите. Кога и да го употребувате, можете да бидете сигурни дека ќе Ви обезбеди одлични резултати секој пат. Добредојдовте во Electrolux. Посетете ја нашата веб-локација: За да добиете совет за употреба, брошури, решавање проблеми и информации p. 125
www.electrolux.com Регистрирајте го Вашиот производ за подобри услуги: www.registerelectrolux.com Купување додатоци, потрошен материјал и оригинални делови за Вашиот
www.electrolux.com/shop ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА Рециклирајте ги материјалите со симболот . Ставете ја амбалажата во соодветни контејнери за да ја рециклирате. Помогнете во заштитата на живтната средина и човековото здравје и рециклирајте го отпадот од електрични и електронски апарати. Не фрлајте ги апаратите озанчени со
во отпадот од домаќинството. Вратете го производот во вашиот локален капацитет за рециклирање или контактирајте ја вашата општинска канцеларија. ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ И СЕРВИС Секогаш користете оригинални резервни делови. Кога контактирате со Овластен сервисен центар, погрижете се да ги имате на располагање следните податоци: Модел, PNC (Број на производ), Сериски број. Информациите може да се најдат на плочката со спецификации. Предупредување / Внимание – Безбедносни информации Општи информации и совети Информации за животната средина Подлежи на измени без претходна најава. МАКЕДОНСКИ122 www.electrolux.com
1. БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Минималната оддалеченост меѓу површината на плочата на која стојат тавите и долниот дел на аспираторот мора да изнесува 65 цм, освен ако во упатството за монтирање не е поинаку наведено. Доколку во упатството за монтирање на плочата е наведено поголемо растојание, тоа треба да биде земено предвид. Насобраниот воздух не може да се отстранува преку канал кој се користи за отстранување чад од уреди, чијшто погон го предизвикува енергија што е различна од електрична енергија ( системи за централно греење, термосифони, грејачи за вода и слично). За време на монтирањето на каналот за отстранување, треба да се почитуваат официјално важечките инструкции на надлежните органи. Дополнително, отстрануваниот воздух не треба да се одведува во ѕидна вдлабнатина, освен ако таа вдлабнатина е наменета за таа цел. Просторијата мора да биде добро проветрена, кога во исто време работи аспираторот и други грејни уреди напојувани со енергија различна од електричната енергија ( греалки на гас, нафта, јаглен итн.). Всушност, ослободувајќи се од воздухот, влезниот аспиратор може да создаде потпритисок во просторијата. Потпритисокот не треба да надминува 0,04 mbar. Тоа спречува повторно вовлекување на гасот исфрлен од страна на изворот на топлина. Па затоа, се препорачува во просторијата да се наоѓаат вентилациони отвори што обезбедуваат постојан прилив на свеж воздух. Треба да се провери етикетата со датум во внатрешноста на уредот; ако е испечатен симболот ( ), прочитајте го следново: според техничката спецификација на уредот, тој припаѓа во II класа на изолација, па затоа не треба да се заземјува. Треба да се провери етикетата со датум во внатрешноста на уредот; ако симболот ( ) НЕ Е испечатен, прочитајте го следново: ВНИМАНИЕ! Овој уред треба да се заземји. При креирањето на електричните поврзувања, треба да се провери, дали штекерот е заземјен. За време на креирањето на електричните поврзувања, треба да се провери, дали вредностите на напонот одговараат на плочката со податоци што се наоѓа во внатрешноста на самиот уред. Ако уредот не е опремен со кабел за напојување и приклучница или други средства за исклучување од електричната мрежа, при сепарација на спојките на сите полови кои обезбедуваат целосно исклучување при пренапојување во услови од категоријата III, тоа означува дека исклучувањето мора123 Треба да се избегнува присуство на материи, коишто може да исфрлаат пламен (фламбирање) во близина на
Не фламбирајте под кујнскиот
За време на пржење, треба да бидете особено внимателни, за да не дојде до запалување на маслото или маснотиите. Прегореното масло е особено опасно. Не треба да се користат непокриени електрични скари. За да се избегнат можните ризици од пожар, секогаш треба да се почитуваат посочените инструкции за време на чистењето на филтрите за маснотии, како и за време на отстранувањето на масните наслаги од уредот. Уредот може да го користат деца со навршени 8 години возраст, како и лица
ограничени физички, сензорни или ментални способности, или со недостаток на вештини или знаења, доколку се под надзор или се поучени за начелата за безбедно користење на уредот од страна на лице одговорно за нивната безбедност и ги разбрале опасностите поврзани со уредот. Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето не треба да го прават деца без надзор. Предупредување: достапните делови може да се вжештат при користење со уреди за готвење. Овој кујнски аспиратор е наменет за монтирање во домашни кујни над кујнски плочи, уреди за готвење и слична кујнска опрема. да се вгради во фиксното ожичување , во согласност со начелата за поставување кабли. Доколку Вашиот уред содржи кабел за напојување и приклучница, таа треба да се намести така што ќе се обезбеди пристап до приклучницата. Пред изведување на какви било активности поврзани со чистење или одржување на уредот, секогаш треба да се исклучи електричното напојување.
кабелот за напојување е оштетен, тој мора да биде заменет од страна на производителот, негов сервисер или лице со слични квалификации, за да се избегне опасност. Предупредување: немонтирањето на шрафови или направа за прицврстување во согласност со ова упатство, може да предизвика електрична опасност. Уредот мора да се монтира од страна на квалификувано лице, во согласност со инструкцијата. МАКЕДОНСКИ124 www.electrolux.com
ФИЛТРАЦИСКА ИЛИ КАНАЛСКА ВЕРЗИЈА? Аспираторот може да биде во филтрациска или каналска верзија. Треба да одлучите кој тип да се монтира. За подобри перформанси, Ви препорачуваме аспираторот да се монтира во каналска верзија (доколку тоа е можно). Каналска верзија Аспираторот го прочистува воздухот и го исфрла надвор преку издувниот канал. Филтрациска верзија Аспираторот го прочистува воздухот и го враќа веќе прочистениот воздух повторно во просторијата.
Внимателното одржување гарантира правилна и долготрајна експлоатација. Сите масни наслаги треба периодично да се отстрануваат од уредот, во зависност од нивото на користење ( најмалку на секои два месеци). Треба да се избегнуваат рапави производи и производи кои предизвикуваат корозија. За чистење на бојадисаните уреди од надворешната страна, треба да се употреби крпа натопена со млака вода и неутрален детергент. За да се исчистат челичните, бакарните и месинговите уреди од надворешната страна, најдобро е да се користат конкретни производи, во согласност со упатството за тие производи. За да се исчисти внатрешноста на уредот, треба да се употреби крпа (или четка) натопена со денатуриран етанол. филтрите за маснотии да се чистат во зависност од нивото на користење, најмалку на секои два месеци, за да се спречи опасност од пожар. Да се чистат рачно или во машина за садови, користејќи неутрален детергент. Во случај на чистење во машина за садови, потенцијалната промена на бојата на филтрите не влијае на каков било начин врз нивното функционирање. Активираниот јаглен филтер не може да се чисти и да се регенерира. Мора да се замени со нов – од прилика на секои четири месеци користење или почесто, во случај на особено интензивно користење.125
Копче A: вклучување на светлото. Копче B: вклучување (прва брзина на моторот) / исклучување. Копче C: втора брзина на моторот. Копче D: трета брзина на моторот. 5.ЕДИНИЦА ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ Аспираторот треба да се исклучи од електрично напојување. Предупредување! Пред да ги допрете светилките, треба да сте сигурни дека тие се оладени. Заменете со светилки од ист тип (ø35, E14, 4W). ILCOS D code: DRBB/F-4-220-E14-37/105126 www.electrolux.com
Notice-Facile