BOSCH PXY895KX1E - шпорет

PXY895KX1E - шпорет BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PXY895KX1E BOSCH во PDF формат.

📄 146 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH PXY895KX1E - page 132
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производПлоча за готвење (шпорет) со безжичен температурен сензор
МаркаBosch
МоделPXY895KX1E
Напојување на плочатаЕлектрично (приклучок на мрежа)
Напојување на сензоротБатерија CR2032 (заменлива)
Главни функцииГотвење со помош на безжичен температурен сензор, вграден Bluetooth
Температурен сензорБезжичен, магнетен, со силиконска лепенка за прицврстување на тенџере
Зона за готвењеИндукциски грејни зони (веројатно повеќе зони)
БезбедностМинимално растојание од 10 см за носители на електронски импланти; не загревајте го сензорот по употреба
Одржување и чистењеСензор: влажна крпа, не потопувајте во вода; силиконска лепенка: компатибилна со машина за садови, лепење на суво 1 час
Резервни делови и поправкаСиликонска лепенка (реф. 00577921), сензор + лепенка (реф. HEZ39050) достапни во сервис
Еколошко отстранувањеВо согласност со директивата WEEE 2012/19/ЕУ; батеријата да се отстрани одделно
Приложени документиУпатство за употреба од 146 страници на повеќе јазици (FR, EN, DE, итн.)
Соодветна употребаДомашна употреба, затворени простории, задолжителен надзор при кратко готвење

Frequently Asked Questions - PXY895KX1E BOSCH

Како да го користите безжичниот температурен сензор?
Нанесете го сензорот на силиконската лепенка закачена на тенџерето, насочувајќи го сензорот кон надворешната страна на плочата. Проверете дали лепенката е сува пред вметнување. По готвењето, отстранете го сензорот и чувајте го подалеку од топлина.
Како да ја замените батеријата на сензорот?
Отстранете го силиконскиот капак на дното на куќиштето, одвртете ги завртките, разделете ги двата дела, заменете ја искористената батерија со CR2032 почитувајќи ја поларитетот, па повторно склопете. Препорачливо е да користите неметален шрафцигер.
Како да го исчистите температурниот сензор?
Исчистете го сензорот со влажна крпа. Никогаш не го ставајте во машина за садови, не го потопувајте и не го исплакнувајте под чешма. Прозорецот на сензорот се чисти со мека крпа или памук и средство за чистење стакла.
Како да ја залепите силиконската лепенка на тенџере?
Исчистете и одмастете го местото (алкохол), отстранете го филмот од лепенката, залепете ја со помош на приложениот шаблон на соодветна висина, притиснете добро. Оставете да се суши 1 час без да го користите тенџерето.
Кои безбедносни мерки треба да ги почитуваат луѓето со пејсмејкер?
Сензорот е магнетен. Одржувајте минимално растојание од 10 см помеѓу сензорот и електронскиот имплант. Не носете го сензорот во џеб блиску до телото.
Што да направите ако сензорот не се вклучи?
Проверете ја батеријата: ако LED не свети, батеријата е празна. Заменете ја со батерија CR2032. Проверете дали сензорот е правилно поставен на лепенката.
Може ли да го користам сензорот со кое било тенџере?
Сензорот бара силиконска лепенка залепена на тенџерето. Препорачливо е да ги користите оригиналните лепенки на Bosch (реф. 00577921). Сензорот работи само ако лепенката е добро фиксирана и сува.
Како да го отстраните уредот на крајот на неговиот век?
Во согласност со директивата WEEE, не фрлајте го уредот во обичен отпад. Однесете го до собирно место. Батеријата на сензорот мора да се извади и да се отстрани одделно.
Каде да најдам резервни делови како силиконската лепенка?
Лепенките и сензорот се достапни во специјализирани продавници или преку сервисната служба на Bosch. Референци: лепенка само 00577921, сензор + лепенки HEZ39050.
Дали готвењето мора постојано да се надгледува?
Да, особено краткото готвење. Уредот е наменет за домашна употреба. Никогаш не оставајте го готвењето без надзор, дури и со сензорот.

Прашања на корисниците за PXY895KX1E BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот шпорет во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PXY895KX1E - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PXY895KX1E на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PXY895KX1E BOSCH

Користење според намената..132

BOSCH PXY895KX1E - 1

Важни сигурносни напомени..133

BOSCH PXY895KX1E - 2

Заштита на животна средина .133

Отстранување согласно прописите за животна средина .....133

BOSCH PXY895KX1E - 3

Безжичен сензор за температура. 134

Подготовка и нега на безжичниот сензор за температура .....134 Чистење .....136 Изјава за сообразност .....136

Останати информации за производите, опремата, резервните делови и сервис ке најдете на интернет:

www.bosch-home.com и

Online-продажба:

www.bosch-eshop.com

BOSCH PXY895KX1E - 4

Користење според амената

Внимателно да се прочита упатството. Упатсвата за употреба и монтажа чувајте ги за подоцнежна употреба или за следниот сопственик.

Откако ће го отпакувате, проверете го уредот. Уредот не смее да се користи, доколку при транспорт е оштетен. Информирајте ја службата за корисници и оштетувањата документирајте ги во писмена форма, во спротивно се губи правото за надомест на штета.

Овој уред е погоден само за домашна употреба и за во затворен простор. Уредот користете го само за подготовка на храна и пијалаци. Процесот на готвење морате да го надгледувате. Краткотраен процес на готвење мора да се надгледува непрекинато. Уредот уредот да се користи само во затворени простории.

Овој уред може да го користат деца над 8 години и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или лица без искусство и знаење, доколку тоа го прават под надзор, или им биле дадени упатства како

безбедно да го користат уредот и ги разбираат опасностите поврзани со него.

Децата не смеат да си играат со уредот. Децата не смеат да го чистат и одржуваат уредот, освен оние, кои имаат над 8 години или се постари и се под надзор.

При користење на функциите за готвење мора поставената рингла да соодветствува со ринглата, на којашто се наога садот со сензорот за температура.

BOSCH PXY895KX1E - Користење според амената - 1

Важни сигурносни

напомени

⚠️ Предупредување

Безжичниот сензор за температура е магнетен.Магнетните елементи може да ги оштетат електронските импланти, на пр. пејсмејкер или пумпи за инсулин. Луге кои носат електронски импланти не треба да го доведуваат сензорот за температура во џебовите на нивната облека и да држи минимум растојание од 10 см во однос на пејсмејкерот или сличен медицински уред.

⚠️ Предупредување Опасност од повреда!

Батеријата во безжичниот сензорот за температура може да се оштети или пукне, ако стане премногу жешка. Извадете го сензорот по готвењето од плочата за готвење и не го ставајте во близина на извори на топлина.
Сензорот за температура може да биде многу жежок при отстранувањето од садот за готвење. За вадењето користете кујнски ракавици или кујнска крпа.

BOSCH PXY895KX1E - ⚠️ Предупредување Опасност од повреда! - 1

Заштита на животна средина

Отстранување согласно прописите за животна средина

Амбалажата отстранете ја согласно прописите за животна средина.

BOSCH PXY895KX1E - Отстранување согласно прописите за животна средина - 1

Овој апарат е означен според европскиот пропис 2012/19/E3 за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment – WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.

Безжичниот сензор за температура е опремен со батерија. Еколошки отстранете ја потрошената батерија.

BOSCH PXY895KX1E - Отстранување согласно прописите за животна средина - 2

Безжичен сензор за температура

За подетални податоци види поглавје "Функции за асистенција при готвење" во упатството за употреба на полето за готвење. Прочитајте го упатството.

Подготовка и нега на безжичниот сензор за температура

Во овој извадок се содржани следните информации:

■ Лепење на силиконската лепенка
Користење на безжичен сензор за температура
■ Промена на батеријата

Сензорот за температура и силиконската лепенка можете да ги купите во специјализираната продавница или преку нашата техничка сервисна служба. Наведувајте го соодветниот референтен број.

00577921Сет со 5 силиконски лепенки
HEZ39050Сензор за температура и сет со 5 силиконски лепенки

Лепење на силиконската лепенка

Силиконската лепенка го фиксира сензорот за температура на садот за готвење.

Ако садот за готвење се користи за прв пат со функциите за готвење, мора да се залепи силиконска лепенка.

Постапете на следниот начин:

  1. Местото за лепење на садот мора да е без маснотии. Исчистете го садот, добро исушете го и истријте го местото за лепење на пр. со шпиритус.

  2. Извадете ја заштитната фолија од силиконската лепенка. Со помош на испорачаните шаблони залепете ја силиконската лепенка на соодветната висина на садот.

BOSCH PXY895KX1E - Лепење на силиконската лепенка - 1

  1. Притиснете ја силиконската лепенка, исто така и внатрешната површина.

На лепакот му е потребен 1 час за соодветно сушење. Садот за готвење за тоа време да не се користи или чисти.

Напомени

Садот со силиконска лепенка да не се остави долг временски период во растворот за плакнење.
Доколку силиконската лепенка се одлепи, мора да се користи нова.

Користење на безжичен сензор за температура

Поставете го сензорот за температура до силиконската лепенка, за перфектно да се вклопи.

BOSCH PXY895KX1E - Користење на безжичен сензор за температура - 1

Бидете сигурни, дека силиконската лепенка е целосно сува, пред да се употреби сензорот за температура.

Поставете го садот за готвење на тој начин, што сензорот за температура покажува на страничната надворешна површина на плочата за готвење.
Сензорот за температура не смее да биде насочен кон друг жежок сад, за готвење за да се избегне прегревање.
По готвењето отстранете го сензорот за температура од садот. Чувајте го на чисто, безбедно место и не во близина на извори на топлина.

Промена на батеријата

Ако се притисне ознаката на безжичниот сензор за температура и LED-сијаличката не светне, тогаш батеријата се испразнила.

Промена на батеријата:

  1. Извадете го силиконскиот капак од долниот дел на кукиштето. Одвртете ги завртките со одвртувач.

BOSCH PXY895KX1E - Промена на батеријата - 1

  1. Извадете го горниот дел од куќиштето. Извадете ја старата батерија. Ставете ја новата батерија. Притоа внимавајте на поларитетот.

BOSCH PXY895KX1E - Промена на батеријата - 2

За отстранување на батеријата не користете предмети од метал. Не ги допирајте контактите.

BOSCH PXY895KX1E - Промена на батеријата - 3

  1. Повторно спојте ги горниот и долниот дел на кукиштето. Притоа внимавајте на точната ориентација на контактните игли.

BOSCH PXY895KX1E - Промена на батеријата - 4

  1. Ставете го силиконскиот капак повторно на долниот дел од кукиштето на сензорот за температура.

BOSCH PXY895KX1E - Промена на батеријата - 5

Напомена: Користете само квалитетни батерии од типот CR2032. Тие траат особено долго.

mk

Чистенье

Исчистете го сензорот за температура со мека крпа. Никогаш не го чистете во машина за миење садови. Не го потопувајте во вода и не го чистете под млаз вода.

Извадете го сензорот за температура од садот за готвење по готвењето. Чувајте го на чисто, безбедно место, на пример во пакувањето и не во близина на извори на топлина.

Силиконски лепенки

Да се чисти и исуши пред да се постави на сензорот за температура. Погоден за машина за миење садови.

Напомена: Садот со силиконска лепенка да не се остави долг временски период во растворот за плакнење.

Прозорец на сензорот за температура

Прозорецот за сензор мора секогаш да е чист и сув. Постапете на следниот начин:

Редовно отстранувајте ги нечистотиите и капките од маснотии.
■ За чистење користете мека крпа или памучни стапчиња и средство за чистење стакло.

Напомени

■ Не користете абразивни средства за чистење како сунгери и жици за триење или млеко за чистење.
■ Не го допирајте прозорецот за сензорот со прсти. Тој може да се извалка или изгребе.

Изјава за сообразност

Co ova Robert Bosch Hausgeräte GmbH се изјаснува, дека уредот со безжичен сензор за температура соодветствува на основните барања и други релевантни одредби од директивата 1999/5/EG.

Детална R&TTE-изјава за сообразност ке најдете на интернет на www.bosch-home.com на страната на производот за вашиот уред под дополнителни документи.

Логата и марката Bluetooth® се внесени знаци за добра и сопствеништво на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на овие марки се врши преку лиценца од Robert Bosch Hausgeräte GmbH. Сите други марки и имиња на марки се сопствеништво на соодветните компании.

目录

BOSCH PXY895KX1E - 目录 - 1

主要用途 3

BOSCH PXY895KX1E - 目录 - 2

重要安全信息....3

BOSCH PXY895KX1E - 目录 - 3

环境保护 3

环保型处理 3

BOSCH PXY895KX1E - 目录 - 4

无线烹饪传感器 4

准备和维护无线烹饪传感器 4

清洁 5

符合标准声明....5

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : PXY895KX1E

Категорија : шпорет