DUB5650HW - кујнска аспиратор AEG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DUB5650HW AEG во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот кујнска аспиратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DUB5650HW - AEG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DUB5650HW на марката AEG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DUB5650HW AEG
ЗА СОВРШЕНИ РЕЗУЛТАТИ Ви благодариме што го избравте овој производ на AEG. Го создадовме за да ви обезбедиме долгогодишен беспрекорен перформанс, со иновативни технологии кои го прават животот поедноставен - функции што можеби нема да ги најдете кај обичните апарати. Ве молиме, одвојте неколку минути за читање за да го добиете најдоброто од овој апарат. Посетете ја нашата веб страница за да: Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми, информации за сервисирање: www.aeg.com Регистрирате Вашиот производ за подобри услуги: www.aeg.com/productregistration Купувате Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат: www.aeg.com/shop ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА Рециклирајте ги материјалите со симболот . Ставете ја амбалажата во соодветни контејнери за да ја рециклирате. Помогнете во заштитата на живтната средина и човековото здравје и рециклирајте го отпадот од електрични и електронски апарати. Не фрлајте ги апаратите озанчени со симболот во отпадот од домаќинството. Вратете го производот во вашиот локален капацитет за рециклирање или контактирајте ја вашата општинска канцеларија. ГРИЖА И УСЛУГА ЗА КОРИСНИЦИ Ви препорачуваме да користите оригинални делови. Кога ќе контактирате со Сервисот, бидете сигурни дека ги имате на располагање следниве податоци. Информациите може да ги најдете на плочката со податоци. Модел, Број на производот, Сериски број. Предупредување / Внимание - Сигурносни информации. Можноста за промени е задржана. ИНФОРМАЦИИ БЕЗБЕДНОСТ Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач. За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни ракавици. Овој апарат може да се користи од страна на деца од 8 години па нагоре и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искуство или знаење, доколку се под надзор или имаат добиено инструкции за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите поврзани со него. Треба да се внимава децата да не си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не треба да го прават деца без надзор. Просторијата мора да биде доволно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива. Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО), во секој случај потребно е да се постапува MK УПАТСТВО ЗА КОРИСНИК145
во согласност со упатствата за одржување дадени во овој прирачник. Ако не се следат упатствата во однос на аспираторот и чистењето на филтрите ќе доведе до ризик од пожари. Строго се забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор. Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите околности. Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до презагревање на маслото и пламнување. Внимание! Кога плочата за готвење е во функција пристапните делови од аспираторот можат да се загреат. За замена на сијалицата користете само од типот на сијалица наведен во делот одржување/замена на сијалицата во овој прирачник. Внимание! Да не го поврзувате апаратот со електричното напојување сè додека монтажата не биде целосно комплетна. При поврзување на аспираторот со електричната мрежа, дозволени се само сертифицирани струјни адаптери и не се дозволени разводници.
Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од локалните надлежни власти. Издувниот воздух не смее да се предава во активен оџак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива. Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар. Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано решетката! Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено. Користете ги само завртките за прицврстување обезбедени со производот за монтирање или ако не се обезбедени набавете го точниот тип на завртки. Користете ја точната должина за завртките што се наведени во Упатството за монтирање. Во случај на сомневање, консултирајте се со овластениот центар за техничка поддршка или персонал со слични квалификации.
Немонтирањето на завртки и уреди за прицврстување во согласност со овие упатства може да доведе до опасности од електрична
2.УПОТРЕБА Аспираторот служи за вшмукување на испарувањата и пареите од готвењето. Во приложеното упатство за монтирање е прикажано која верзија може да се користи за моделот кој го имате помеѓу варијанта со надворешно исфрлање на издувниот воздух или варијанта со филтер со кружно струење на воздухот
3.МОНТАЖА Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би-поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно исклучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа. Предупредување!Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран.www.aeg.com
Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50cm за електричните апарати за готвење и 65cm за гасните или комбинираните апарати за готвење. Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа
Hood Аспираторот има функција за безжично поврзување со плочата за готвење за автоматско регулирање на најсоодветната брзина. Погледнете го упатството за употреба на плочата за готвење за да го проверите присуството и компатибилноста на оваа функција. При првото поврзување на електричната мрежа или при ненадеен прекин на електричната енергија почекајте 1 минута за да може аспираторот повторно да ја воспостави врската со плочата за
Предупредување! Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач. Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата фреквенција со која се врши одржувањето на филтерите за масти) како од внатрешноста така и
надворешноста. За чистењето користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти. Да не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ! Предупредување! Ако не се следат упатствата во однос на чистењето на аспираторот и замената на филтрите ќе доведе до ризик од пожари. Се препорачува до придржување на предложените
Ние одбиваме билокаква одговорност за евентуални оштетувања на моторот или пожар предизвикан како резултат на неправилно одржување или неследење на наведените упатствата.
Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал. Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но неговите карактеристики за филтрирање воопшто не се менуваат.147
Аспираторот се испорачува со командна табла со регулатор на брзините на издувување и регулатор за осветлението над плочата од шпоретот. Користете ја најголемата брзина во случај на невообичаена концентрација на пареи во кујната. Ви препорачуваме да го вклучите издувувањето 5 минути пред да започнете со готвењето и да го оставите да работи околу 15 минути по завршување на готвењето. Командите се наоѓаат на предната табла од апаратот:
1 Копче ON (вклучи)/OFF (исклучи) /намалување на брзината (моќ) на
2 Копче зголемување на брзината (моќ) на вшмукување 1 - 2 - 3. - 4. Брзините (моќите) на вшмукување
3. и 4. имаат ограничено траење,
соодветно на 10 и 5 минути потоа се активира брзината (моќ) на вшмукување 2. Забелешка: Лед ламбата на екранот светка за да го означи темпирањето на брзината. 3 Копче ON (вклучи)/OFF (исклучи) осветлување 4 Копче за функцијата „Breeze” (Вентилација на околината) Капакот се пали на ниска брзина (моќ) на вшмукување на околу еден час потоа се исклучува. 5 Екран Покажувач на заситување на
На редовни интервали на функционирање капакот предупредува кога е потребно да се изврши чистење на филтрите.
4.2 Type 20 LONG LIFE - Филтер со
активен јаглен што може да се пере Филтерот со јаглен може да се пере на секои два месеци во топла вода и прикладни детергенти или во машина за миење садови на 65°C (во случај на перење во машина за миење садови да се направи комплетен циклус на перење без садови во внатрешноста ). Истиснете го вишокот вода без да го уништите филтерот, потоа извадете го перничето ставено во внатрешноста на шасијата од пластика и ставете го во печката 10 минути на 100°C за целосно
Заменете го перничето на секои 3 години и секогаш кога платното е оштетено. Type 15 - Филтер со активен јаглен што
Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеќе или помалку продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се замени чаурата најмалку на секои 4 месеци. НЕ може да се пере или обновува. (1*) (2*) (3**)www.aeg.com
Покажувач на заситување на филтерот за масти На екранот се појавуваат наизменично поставената брзина и буквата „F“. Покажувач на заситување на филтерот за јаглен На екранот се појавуваат наизменично поставената брзина и буквата „C“. Ресетирање на индикаторот на
За да го ресетирате индикаторот на заситеност, вклучете го аспираторот и притиснете го и држете го копчето 1 околу 3 секунди. Извршете го одржувањето на филтрите како што е прикажано во ова упатство. Во случај ако двата индикатори на заситеност на филтрите “F” и “C” започнат да светкаат, извршете ресетирање двапати. Индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен вообичаено не е активен а ако аспираторот се користи во филтрирачката верзија тогаш треба да се активира првиот пат рачно. Активирање на индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен: Исклучете го аспираторот и притиснете ги истовремено копчињата 2 и 3 околу 3 секунди. На дисплејот светкаат околу 2 секунди буквите “F” и “C” за да го прикажат активирањето на индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен. Деактивирање на индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен: Исклучете го аспираторот и притиснете ги истовремено копчињата 2 и 3 околу 3 секунди. На дисплејот светка околу 2 секунди само буквата “F” за да го прикаже деактивирањето на индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен. Аларм за температурата Аспираторот е опремен со сензор за температура кој го активира моторот во 3-та брзина во случај ако температурата во зоната на приказ се зголеми премногу. Состојбата на алармот се покажува на екранот со трепкање на буквата „t“. Оваа состојба останува сè додека температурата не се намали под границата на алармот. Од овој режим може да се излезе со притискање на копчето „2“. Секои 30 секунди сензорот ја проверува собната температура во зоната на
Hood Аспираторот има функција за безжично поврзување со плочата за готвење за автоматско регулирање на најсоодветната брзина. Погледнете го упатството за употреба на плочата за готвење за да го проверите присуството и компатибилноста на оваа функција. При првото поврзување на електричната мрежа или при ненадеен прекин на електричната енергија почекајте 1 минута за да може аспираторот повторно да ја воспостави врската со плочата за
ОСВЕТЛУВАЊЕ Аспираторот е опремен со систем за осветлување базиран на технологијата на LED диода. LED светилките гарантираат оптимално осветлување, имаат околу 10 пати подолг век од традиционалните светилки и овозможуваат заштеда на електрична енергија и до 90%. Внимание! Не гледајте директно во LED светлото. За замена на сијалиците, контактирајте го овластениот центар за резервни делови.149 SHQIP
Notice-Facile