BOSCH GAL 1880 CV Professional - Полнач за батерии

GAL 1880 CV Professional - Полнач за батерии BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GAL 1880 CV Professional BOSCH во PDF формат.

📄 197 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH GAL 1880 CV Professional - page 139
SKIP

Frequently Asked Questions - GAL 1880 CV Professional BOSCH

Прашања на корисниците за GAL 1880 CV Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Полнач за батерии во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GAL 1880 CV Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GAL 1880 CV Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GAL 1880 CV Professional BOSCH

Македонски...... Страница 139

Srpski ...... Strana 145

Slovenščina ....Stran 150

Hrvatski ......Stranica 155

Безбедносни напомени

BOSCH GAL 1880 CV Professional - Безбедносни напомени - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

▶ Овие безбедносни упатства се однесуваат само на Bosch литиум-јонските AMPShare батерии од 18V

▶ Користете ја батеријата само во производите на партнер на AMPShare.

Батериите од 18V означени со AMPShare се целосно компатибилни со следните производи:

– сите производи на Bosch Professional системи од 18V

– сите производи од 18V од партнерите на AMPShare

▶ Внимавајте на препораките за батеријата во упатството за користење на вашиот

140 | Македонски

производ. Само на тој начин батеријата и производот можат безбедно да се ракуваат и батериите да се заштитат од опасно преоптоварување.

▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот или од AMPShare- партнерот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.

Тип на батерија Компатибилни

полначи

GBA 18V... ,

ProCORE18V...

GAL 18..., GAL 36...,

GAX 18...

▶ Батеријата се испорачува полу-наполнета.

За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

▶ Акумулаторските батерии чувајте ги подалеку од дофат на деца.

▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа.

Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку

има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.

▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.

Доколку е дефектна батеријата, од неа може да излезе течност и да искапе на околните предмети. Проверете ги соодветните делови. Доколку е потребно, исчистете ги или заменете ги.
▶ Не предизвикувајте краток спој на батеријата. Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, монети, клучеви, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата како последица може да предизвика изгореници или пожар.

142 | Македонски

▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание.

Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.

▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

BOSCH GAL 1880 CV Professional - | Македонски - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага.

BOSCH GAL 1880 CV Professional - | Македонски - 2

Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Користете ја и складирајте ја батеријата само при околна температура меѓу -20°C и +50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобил во лето. При температури < 0°C може да дојде ограничување на моќноста која е специфична за уредот.
▶ Полнете ја батеријата само при околни температури меѓу 0°C и +35°C. Полнете ја батеријата со USB-приклучок само над овие околни температури меѓу +10°C и +35°C. Полнење надвор од температурниот

опсег може да ја оштети батеријата или да ја зголеми опасноста од пожар.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Повремено чистете ги отворите за проветрување и приключите на батеријата со мека, чиста и сува четка.

▶ Не користете хемиски супстанции за чистење на батеријата.

Транспорт

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материи. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата

144 | Македонски

на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH GAL 1880 CV Professional - Отстранување - 1

Не ги фрлајте батериите во домашната канта за отпадоци!

Батериите и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Само за земјите од ЕУ:

Според европската директива 2006/66/EC дефектните или потрошени батерии мора одделно да се собираат и да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Srpski

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GAL 1880 CV Professional

Категорија : Полнач за батерии