RFSA240M23X - фрижидер BEKO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот RFSA240M23X BEKO во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник RFSA240M23X - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. RFSA240M23X на марката BEKO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК RFSA240M23X BEKO
Безбедноста на прво место /58 Електрично приклучување /59 Упатство за транспорт /59 Упатство за инсталација /59 Подесување на температурата /60 Пред употреба /60 Панел за контрола на замрзнувачот /61 Функција за брзо замрзнување /61 Сместување на замрзната храна /61 Замрзнување на свежа храна /61 Правење на коцки мраз /62 Запознавање со вашиот апарат /62 Одмрзнување /62 Чистење и одржување /62 Менување на правецот на отварање на вратата /63 Направите/Не правите /63 Проблеми и нивно решавање /64 Информации за бука од оперирањето /64
- Ако уредот се транспортира во хоризонтална положба, оставете го уредот на место најмалку 4 часа пред да го вклучите, за да може компресорското масло да се стабилизира.
- Ако го депонирате стариот апарат со брава или рачка на вратата, внимавајте тоа да го сторите на сигурно место за да не би можеле децата да во текот на својата игра да се затворат во него.
- Овој апарат мора да се користи само за намената за која е произведен.
- Немојте да го изложувате апаратот на топлина. Вашиот апарат содржи не CFC субстанции во изолацијата кои се запаливи. Ви сугерираме да ги контактирате локалните служби за информација каде може да го депонирате стариот уред.
- Не се препорачува употреба на овој апарат во ладна, не загреана просторија (пр. гаража, надвор од куќата, подрум, визба...итн.) За да се обезбеди оптимално и сигурно работење на апаратот, потребно е внимателно да го прочитате ова
Доколку не се придржувате на упатствата може да го изгубите правото на сервис за време на гаранцискиот
Зачувајте го упатството за идни потсетувања. Оригиналните резервни делови ќе ги добивате 10 години по датумот кога е набавен производот.
МК Упатство за употреба
Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, освен кога се надгледувани или им се дадени инструкции за користењето на уредот од страна на лице кое е одговорно за нив. Децата треба да се надгледувани за да не играат со уредот.МК Упатство за употреба Електрично поврзување Пред уклучувањето на апаратот во штекер, проверете ги напонот и фрекфенцијата наведени на внатрешната страна на апаратот дали се кореспондираат со напонот и фрекфенцијата во вашиот дом. Ви сугерираме да го приклучите апаратот на прекинувач кој е соодветен за него и има осигурач на лесно достапно место. До приклучокот треба лесно да се пристапува по поставувањето за да може да се исклучува апаратот од довод на ел. енергија по поставувањето.
Поправките на електричната опрема може да ги извршуваат само квалификувани експерти. Ако е оштетен кабелот за напојување, производителот или службата за услуги на клиенти мора да го замени за да се избегне опасност.
Овој уред работи со фреон R 600a кој што е еколошки но запалив гас.За време на транспортот и лоцирањето на уредот, мора да внимавате да не се оштети системот на ладење. Доколку дојде до оштетување на системот за ладење и до истекување на гасот, чувајте го апаратот подалеку од извори на топлина и на одредено време проветрувајте ја просторијата. Предупредување – Не користете механички предмети и слично за да го забрзате процесот на одмрзнување. Употребувајте ги само препорачаните од производителот. Предупредување – Немојте да го оштетувате разладното коло. Предупредување – Не користите електрични апарати во внатрешниот дел различни од оние кои се препорачани од произведителот. Предупредување – Ако кабелот за напојување е оштетен, иститот мора да го сменат производителот, овластен сервисер или слични квалификувани лица за да се избегне ризик. Упатство за транспорт
1. Апаратот треба да се транспортира само
во вертикална положба. Кутијата во која е
спакуван уредот не смее да се оштети за време на транспортот.
2. Ако за време на транспортот апаратот
мора да се постави во хоризонтална положба, не треба да се користи најмалку 24 часа за да се стабилизира составот.
3. Доколку не се почитуваат
горенаведените упатства, може да дојде до оштетување на апаратот, при што производителот нема да биде одговорен.
4. Апаратот мора да биде заштитен од
дожд, влага и други атмосферски влијанија.
- При чистење/поместување на апаратот, не ги допирајте со раце металните жици на кондензаторот на позадината од апаратот, бидејќи може да ги повредите прстите.
- Немојте да стоите или седите на апаратот, затоа што не е предвиден за тоа. Може да се повредите или да го оштетите
- Внимавајте при трснспортот или поместување на апаратот, кабелот да не дојде под апаратот при што може да дојде до негово оштетување.
- Не им дозволувајте на децата да си играат со апаратот или сами да ги притискаат контролните копчиња. Упатство за инсталација 1.Не го чувајте уредот во просторија каде што температурата најверојатно ќе падне
-15 степени C (5 степени F) во текот на ноќта и / или особено во зима, бидејќи е дизајнирана да работи на амбиентални температури помеѓу -15 и +43 степени C (5 и 109 степени F). При пониски температури апаратот може да не работи, што резултира со намалување на животниот век на храната.
2. Не го поставувајте апаратот во близина
на шпорети или радијатори или директно да биде изложен на сонце, затоа што тоа ќе предизвика додатна работа на апаратот. Ако апаратот е поставен до извор на топлина или замрзнувач, држете се до следните минимални растојанија: Од шпорет 30 mm Од радијатор 300 mm Од замрзнувач 25 mm 59МК Упатство за употреба
3. Внимавајте околу апаратот да има
доволно слободен простор за циркулација на воздух. (Дел 2)
- Поставете го задниот капак за вентилација на апаратот за да го одредите растојанието помеѓу апаратот и ѕидот. (Дел 3).
4. Апаратот треба да се постави на мазна и
рамна површина. Двете предни ногарки можат по потреба да се прилагодат по висина. За да бидете сигурни дека апаратот е во правилна положба, завртете ги предните ногарки во правец на стрелките на часовникот или обратно, додека не дојде до цврст контакт со подлогата. Со правилно подесените ногарки ќе ја спречите големата бучава и вибрации. (Дел 4).
5. Погледнете во поглавјето ,,Чистење и
одржување,, за да го подгответе апаратот за употреба. Подесување на температурата Температурата во замрзнувачот се контролира со копчето за поставување на температура во замрзнувачот (се препорачуваат 2та или 3та позиција). Главно, оваа температура е под -18°C . Пониски температури може да се добијат со прилагодување на регулаторот на термостатот кон позицијата MAX. Се преопрачува да ја проверите температурата со термометар за да се осигурате дека одделите се под саканата температура. Отчитајте го веднаш термометарот затоа што температурата рапидно опаѓа штом го извадите од замрзнувачот. Запамтете дека со секое отварање на вратата, ладниот воздух излегува и внатрешната температура расте. Затоа не ја оставајте вратата никогаш отворена и затварајте ја веднаш штом сте ја извадиле
Пред употреба Финална проверка Пред стартување на апаратот, проверете
1. Предните ногарки се подесени така да
се во совршена рамномерност.
2. внатрешноста е сува и воздухот може
слободно да циркулира.
3. Внатрешноста е чиста како што е
препорачано во ,,Чистење и одржување,,.
4. Приклучокот е правилно приклучен и
дека има струја. Кога ќе ја отворите вратата се пали внатрешното светло. Забележете дека:
5. Ќе слушнете бучава кога компресорот ќе
почне со работа. Течноста и гасот исто така може да предизвикаат бучава во разладниот систем, без разлика дали компресорот работи или не. Тоа е сосема
6. За замрзнување свежа храна, се
користи одделот обележен со 4 ѕвездички (се препорачува втората полица).
7. Не поставувајте преголема количина на
храна во замрзнувачот наеднаш. Квалитетот на храната ќе се задржи ако се замрзне длавоко за најкраток временски период. Затоа се препорачува да не се преминува капацитетот на замрзнување на храна кој е покажан на "Appliance record". Термостатот треба да се прилагодува за да се добие најниската температура во замрзнувачот со активирана функција за брзо замрзнување и со запалување на портокаловата светилка.
8. Не поставувајте храна во уредот
веднаш по уклучувањето. Почекајте се додека не се постигне потребната температура. Се препорачува да ја проверите температурата со прецизен термометар (види; Контрола на температура и подесување). Важна забелешка: Ако дојде до прекин на електрична енергија, немојте да ја отварате вратата. Замрзнатата храна нема да биде под влијание ако прекинот на струја е помал од 16 часа. Но ако прекинот трае повеќе од 16 часа, храната треба да се провери или да се зготви или повторно замрзне. 60МК Упатство за употреба Панел за контрола на замрзнувачот (Дел 5) Контролниот панел ја прилагодува температурата во замрзнувачот и ги има следните функции:
1 - Портокалова сијаличка - активирано
брзо замрзнување Кога ќе го свртите копчето за поставување на температурата во замрзнувачот (4) на позиција „FAST FREEZE“ - брзо замрзнување, ќе засвети портокаловата сијаличка (1) и апаратот ќе работи на најниската температура. Портокаловата ЛЕД-сијаличка ќе се изгасне по 50 часа работа во услови на најниска температура.
2 - Зелена сијаличка - вклучено во струја
Свети кога уредот е приклучен на напојување и свети додека има напојување на ел. енергија. Зелената сијаличка не дава информации за температурата во замрзнувачот.
4 - Копче за поставување на
температурата Аларм за висока температура По вклучување на уредот за првпат, алармот не се активира уште 12 часа )црвената сијаличка не свети). По овој период, црвената сијаличка може да се запали (свети црвено светло) во следните случаи: - ако уредот е преоптоварен со свежа
- ако вратата е оставена подотворена по
Во овие случаи црвената сијаличка ќе свети додека уредот не ја постигне претходно поставената температура. Ако црвената сијаличка свети континуирано, почекајте 24 часа пред да повикате овластен сервисер.
Функција за брзо замрзнување Свртете го регулаторот за поставување на температурата на позицијата „FAST FREEZE” за да се активира функцијата за брзо замрзнување - FAST FREEZING. Се препорачува да ја ставите храната што сакате да ја замрзнете побрзо во одделот за замрзнување 24 часа откако ќе ја активирате функцијата за брзо замрзнување. Ладилникот работи на најниската поставена температура за замрзнувачот кога е активирана функцијата за брзо замрзнување. Функцијата за брзо замрзнување е активна 50 часа. Откако ќе се исклучи, ладилникот се враќа на нормалните услови за употреба со температура на позиција 3, дури и ако регулаторот е уште свртен на позицијата „FAST FREEZE”. Оваа еколошка одлика штеди струја ако функцијата за брзо замрзнување не била откажана од која било причина. Капацитетот за замрзнување на ладилникот се мери и дефинира додека е активна функцијата за брзо замрзнување. Сместување на замрзната храна Вашиот замрзнувач е погоден за чување на фабрички замрзната храна а може да се користи и за замрзнување и чување на свежа храна. Доколку има прекин на струја, немојте да го отварате фрижидерот. Храната треба да остане замрзната ако прекинот на струја не е подолг од од 16 часа. Ако прекинот трае подолго, тогаш проверете ја храната и да се исклристи веднаш или зготви и повторно замрзне. Замрзнување на свежа храна Ве молиме да се придржувате на упатствата како би ги добиле најдобрите
Не замрзнувајте преголеми количини одеднаш. Квалитетот на храната најдобро ќе се задржи доколку се замрзне колку што е можно побрзо. Поставете го контролното копче на максимум ако треба да се замрзнуваат големи количини свежа храна. 61МК Упатство за употреба
Ако треба да се замрзнат големи количини свежа храна, прилагодете го копчето на термостатот на позицијата „FAST FREEZE” 24 часа пред да ставите свежа храна во одделот за брзо замрзнување. Се препорачува да го оставите копчето во позиција за брзо замрзнување „FAST FREEZE” барем 24 часа за да се замрзне максималната количина свежа храна што е посочена како капацитет за замрзнување. Внимавајте да не мешате смрзната храна и свежа храна. Мала количина храна до 1/2 кг. (1 фунта) може да се замрзнуваат без функцијата за брзо замрзнување. Особено внимавајте да не мешате веќе смрзната храна и свежа храна. Подготовка на коцки мраз (Дел 6) Наполнете го садот за коцки мраз до 3/4 со вода и поставете го во замрзнувач. Извадете ги замрзнатите коцки со дрчка од лажица или сличен предмет; Никогаш не користите остри предмети како ножеви или
Запознавање со вашиот апарат (Дел 1)
3 - Оддел за брзо замрзнување
4 - Оддели за чување на замрзната храна
5 - Прилагодливи предни ногарки
Одмрзнување Ве молиме одмрзнувајте го одделот на замрзнувачот најмалку два пати годишно и кога слојот на формираниот мраз е премногу дебел.
- Формирањето на мраз е нормална појава.
- Формираниот мраз, особено на горната страна на одделот е природна појава и не влијае врз функционираето ан уредот.
- Се препорачува одмрзнување на уредот кога голема количина на мраз ќе се
- Пред одмрзнувањето, подесете го термостат копчето на максимум позиција во согласност да храната се замрзне цврсто. За ова време, температурата во фрижидерот не треба да е ниска.
- Исклучете го уредот од штекер.
- Take out the frozen foods, pack them in several paper sheets and put them in a cool place.
- Оставете ја вратата отворена за брзо одмрзнување и поставете внатре садови со топла вода (max.80°C). Не користите остри предмети како што се нож или виљушка за да го отстранувате
Никогаш не употребувајте фен, електрични греачи и слични уреди за одмрзнување. По завршувањето на одмрзнувањето, затворете го делот за замрзнување и исушете ја внатрешноста со сува крпа. (Дел 7 & 8). Чистење и одржување
1. Пред да почнете со чистење на
апаратот, најпрво исклучете го од штекер струјниот кабел.
2. Никогаш не употребувајте остри
предмети или абразивни субстанции, сапун, сртества за чистење во домаќинството, детергенти или сретства за полирање.
3. Употребете млака вода за чистење и
потоа избришете го апаратот со нежна крпа.
4. Употребете влажна крпа потопена во
раствор од сода бикарбона (едно кафено лажиче на ½ литар вода) за чистење на внатрешноста и добро избришете ја.
5. Внимавајте да не навлезе вода во
кутијата за контрола на температурата.
6. Доколку не го користите уредот подолг
период, исклучете го од штекер,извадете ја храната, исчистете го и оставете ја вратата подотворена.
7. Се препорачува металните делови на
уредот да ги полирате со силиконски восок со што би го заштитиле последниот слој на висококвалитетна боја.
8. Прашината која се собира на задниот
дел на уредот собирајте ја со правосмукалка.МК Упатство за употреба
9. Проверувајте ги запечатувањата на
вратата за да се осигурате дека се чисти.
- Не го чистете уредот со абразивни
- Не го изложувајте на високи температури.
11. Вадење на садот за млечни производи
и полицата на вратата:
- За да го извадите делот за млечни производи, најпрво подигнете го капакот неколку сантиметри и повлечете од страната каде што се наоѓа отворот за
- За да ја извадите полицата, едноставно само повлечете ја нагоре. Менување на правецот на отварање на вратата Следете ги чекорите на сликата. (слика 9). Направите/Немојте да правите Да- Проверувајте ја содржината во замрзнувачот во редовни интервали. Да- Чистете и одмрзнувајте го уредот редовно (Види "Одмрзнување") Да- Чувајте ја храната што пократок период и држете се до датите "Најдобро пред" и "Употребите до" на производите. Да- Чувајте комерцијална храна во согласност со инструкциите на производите. Да- Секогаш бирајте свежа високо квалитетна храна и секогаш чистете ја добро пред да ја замрзните. Да- Подготвите ја свежата храна во мали количини за да замрзне побрзо. Да- Завиткајте ја замрзнатата храна веднаш по купувањето и поставете ја во замрзнувачот што е можно побрзо. Да- Сепарирајте ја храната во одделенијата и одбележете ја. На овој начин вие сте во можност бобрзо да ја пронајдете храната а со тоа ќе избегнете предолго отворена врата. Со што ќе заштедете енерија. Не- Ја оставајте вратата отворена долг период. Ќе дојде до прекумерно формирање на мраз и поголема потрошувачка на енергија. Не- Употребувајте естри предмети како што се нож или виљушка за да го отстранувате мразот. Не- Ставајте топла храна во уредот. Дозволете да се олади најпрво. Не- Ставајте течност која содржи јаглероден диоксид, било во шише било во конзерва затоа што може да
Не- Ставајте отровни или било какви опасни производи во уредот. Тој е предвиден само за хранливи
Не- Ја пречекорувајте ограничената количина за замрзнување кога замрзнувате свежа храна. Не- Конзумирајте вода или сладолед директно од замрзнувачот. Ниската температура може да предизвика горење на усните. Не- Замрзнувајте пенливи пијалоци. Не- Ја замрзнувајте повторно веќе одмрзнатата храна; морате да ја конзумирате во рок од 24 часа или да ја пригответе и повторно да ја
Не- Ја вадете храната од замрзнувачот со мокри раце. Не- Ја затварајте вратата пред да го замените капакот на одделението за брзо замрзнување. 63МК Упатство за употреба Проблеми – можни решенија Ако уредот не работи кога е уклучен,
- Дали струјниот кабел е добро инсертиран во штекерот и дали има доток на струја во штекерот. (За проверка на доток на струја, уклучете друг апарат на штекерот)
- Проверете го осигурачот-може да е прегорен, струјното коло прекинато, главната дистрибуција е исклучена.
- Копчето за контрола на температурата не подесено правилно.
- Ако сте го заменувале штекерот, проверете дали е поставен и инсталиран
Ако уредот сеуште не работи, повикајте Сервисен центар. Осигурајте се дека сте ги направиле горенаведените проверки, затоа што во спротиво ако нема дефект, сервисот ќе ви
Информации за бучавата и вибрациите што може да се појават за време на работата на апаратот 1. Бучавата може да се зголеми за време на работата. - За да ги одржува температурите на прилагодените, компресорот на апаратот се вклучува повремено. Бучавата што ја произведува компресорот станува погласна кога се вклучува и може да се слушне звук на кликнување кога ќе се исклучи. - Карактеристиките на работата и изведбата на апаратот може да се менуваат во согласност со модификациите на температурата во средината. Тие се сметаат за нормални. 2. Бучава на течност или на спреј - Овие бучави се предизвикани од течењето на фреонот во колот на апаратот и се усогласени со принципот на работа на апаратот. 3. Други вибрации и бучави - нивото на бучавата и вибрациите може да се предизвикаат и од видот и аспектот на подот на кој е поставен апаратот. Проверете дали подот има значителни искривувања или дали е закосен од тежината на апаратот (ако е флексибилен). - Друг извор на бучава и вибрации е произведена од предметите што се поставени на апаратот. Овие предмети мора да се тргнат од апаратот.
Симболот на производот или на пакувањето индицира дека производот не треба да се третира како домашен отпад. Треба да се предаде на соодветно место каде што се рециклира елетронска и електрична опрема. Со тоа што ќе се осигурате дека производот е отстранет правилно, ќе помогнете во превентирањето на потенцијалните негативни последици врз околината и човековото здравје, кои се предизвикани од неправилно отстранување на производот. За подетални информации во врска со рециклирањето на овој производ, ве молиме контактирајте ги локалните власти, овластени сервисери или продавницата каде што сте го купиле производот.Urime për zgjedhjen tuaj në Pajisjen e Cilësisë BEKO, të ndërtuar për t'ju dhënë shumë vjet shërbim.
Notice-Facile