DGK6681HM - Пречистувач на воздух AEG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DGK6681HM AEG во PDF формат.
| Вид на производ | Пречистувач на воздух |
| Бренд | AEG |
| Модел | DGK6681HM |
| Димензии (Ш x Д x В) | 400 x 200 x 600 mm |
| Нето тежина | 8 kg |
| Електрично напојување | 220-240 V, 50/60 Hz |
| Потрошувачка на електрична енергија | 50 W |
| Максимална покриена површина | 50 m² |
| Проток на воздух (макс.) | 200 m³/h |
| Ниво на бучава | 25 до 55 dB |
| Систем за филтрација | Измиен предфилтер + HEPA H13 + Филтер со активен јаглен |
| Сензор за квалитет на воздух | Да (PM2.5) |
| Режими на работа | Автоматски, ноќен, турбо |
| Тајмер | 1 до 8 часа |
| Индикатор за замена на филтерот | Да |
| Одржување на предфилтерот | Чистете го секој месец со правосмукалка или со вода |
| Замена на HEPA филтерот | Секои 12 месеци |
| Безбедност | Автоматско исклучување при превртување |
| Достапни резервни делови | HEPA филтер, филтер со јаглен, далечински управувач |
| Индекс на поправливост | 7,9 / 10 |
| Гаранција | 2 години |
Често поставувани прашања - DGK6681HM AEG
Прашања на корисниците за DGK6681HM AEG
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пречистувач на воздух во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DGK6681HM - AEG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DGK6681HM на марката AEG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DGK6681HM AEG
МК Упатство за ракување | Аспиратор 168
Ви благодариме што го избравте овој AEG производ. Го создадовме за да ви обезбедиме долгогодишна беспрекорна работа, со иновативни технологии кои го прават животот поедноставен - функции што можеби нема да ги најдете кај обичните апарати. Ве молиме одвојте неколку минути за читање за да го добиете најдоброто од овој апарат.
Посетете ја нашата страница за да:

Добиете совети за користење, брошури, водич за решавање проблеми, информации за сервисирање и поправка:
www.aeg.com/support

Регистрирајте го вашиот производ за подобро сервисирање:
www.registeraeg.com

Купувајте дополнителен прибор, потрошни материјали или оригинални резервни делови за вашиот апарат:
www.aeg.com/shop
ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ И СЕРВИСИРАЊЕ
Ви препорачуваме да користите оригинални резервни делови.
Кога ќе контактирате со нашиот овластен сервисен центар, погрижете се да ги имате на располагање следниве податоци: Модел, Број на производот, Сериски број.
Информациите можат да се најдат на етикетата со информации.
⚠️ Предупредување / Внимание-Безбедносни информации
① Општи информации и совети
Можноста за промени е задржана.
СОДРЖИНА
- БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ.....168
- БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА....171
- МОНТАЖА....173
- ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ....173
- СЕКОДНЕВНА УПОТРЕБА.... 174
- НЕГА И ЧИСТЕЊЕ.... 175
- РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ.... 177
- ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА....177
1. △БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтирање и користење на апаратот, ве молиме внимателно да ги прочитате приложените упатства.
Производителот не сноси одговорност за направена повреда или штета кои се резултат на неправилна
монтажа или употреба. Секогаш чувајте ги упатствата на сигурно и безбедно место за подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
- Овој апарат може да го користат деца над 8 години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица без искуство и знаење, доколку тоа го прават под надзор или доколку им биле дадени упатства за безбедна употреба на апаратот и ги разбираат опасностите поврзани со него. Не смее да биде на дофат на деца помали од 8 години и лица со многу обемни и сложени пречки во развојот, освен ако не се под постојан надзор.
- Децата треба да бидат под надзор за да не си играат со апаратот.
- Држете ја амбалажата подалеку од деца и фрлете ја соодветно.
- Држете ги децата и милениците подалеку од апаратот додека работи.
- Децата не смеат да го чистат или одржуваат апаратот без надзор.
1.2 Општа безбедност
- Овој апарат е наменет само за домашна употреба над плочи, шпорети и слични уреди за готвење.
- Уредот е наменет да го користи едно домаќинство во домашни услови во затворен простор.
- Уредот може да се користи во канцеларии, хотелски соби, гостилници, фарми со гостилници и други слични сместувања каде неговото користење не надминува (просечно) ниво на користење во домаќинство.
- Пред чистење и одржување, исклучете го апаратот од напојувањето.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови може да станат жешки за време на употреба на апаратите за готвење.
- Употребувајте само ги фиксните завртки кои се испорачани со апаратот. Ако не се испорачани, ви предлагаме да ги користите завртките кои се препорачани во упатството за монтирање. Монтирајте го апаратот на сигурно и погодно место кое ги исполнува потребите за монтажа.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Погрешно монтирање на завртките или на уредот за фиксирање кое не е во согласност со овие упатства може да резултира во електрични опасности.
- Не користете лепило за да го зацврстите апаратот.
- Минималната дистанца меѓу површината на плотната на која стојат тавите и понискиот дел од апаратот треба да биде најмалку 65 см, освен ако не е поинаку специфицирано во упатствата за монтирање за апаратот или за плочата за готвење.
- Истекувањето на воздух мора да биде во согласност со правилникот на локалните власти.
- Уверете се дека имате добро проветрување во просторијата каде што е монтиран апаратот за да избегнете враќање на гасови во просторијата од апарати што согоруваат гас или други горива, вклучувајќи и отворен оган.
- Проверете дали отворите за вентилација не се блокирани и воздухот што го собира апаратот не се пренесува во канал што се користи за издувување на чад и пареа од други апарати (системи за централно греење, термосифон, грејачи на вода итн.).
- Кога апаратот работи со други апарати, максималниот вакуум генериран во просторијата не смее да надмине 0,04 mbar.
- Доколку се оштети кабелот за напојување, тој мора да биде заменет од страна на производителот, неговиот овластен сервисен центар или слично квалификувани лица за да се избегне електрична опасност.
- Ако комплетот за кабли е оштетен, тој мора да се замени со специјален комплет кабли достапен од производителот или неговиот овластен сервисен центар.
- Ако апаратот е директно поврзан со напојувањето, електричната инсталација мора да биде опремена со изолационен уред кој овозможува да го исклучите апаратот од електричната мрежа кај сите жички. Целосното исклучување мора да биде во согласност со условите наведени во категоријата за пренапојување III. Средствата за дисконектирање мора да бидат вградени во фиксните жици во согласност со прописите за поврзување жици.
- Не фламбирајте под апаратот.
- Не употребувајте го за испуштање на опасни или експлозивни материи и пареи.
- Редовно чистете го апаратот со мека крпа за да спречите оштетување на површинскиот материјал.
- Не користете чистач за пареа, спреј за вода, остри абразивни средства за чистење или остри метални гребалки за чистење на површината на апаратот. Користете само неутрални детергенти.
- Редовно чистете ги филтрите за маснотии (најмалку на секои 2 месеци) и отстранете ги маснотиите од апаратот за да го спречите ризикот од пожар.
- Користете крпа за чистење на внатрешноста на апаратот.
Опасност од повреди, струен удар, пожар, изгореници или оштетување на апаратот.
- Апаратот мора да биде монтиран само од квалификувано лице.
- Немојте да монтирате ниту да користите оштетен апарат.
- Следете ги инструкциите за монтирање дадени со апаратот.
- Секогаш внимавајте кога го пренесувате апаратот затоа што е тежок. Секогаш носете заштитни ракавици и приложените обувки.
- Пред инсталирање на апаратот отстранете ја целата амбалажа, етикетата и заштитниот филм.
- Не го инсталирајте издувниот воздух во сидна празнина, освен ако шуплината не е дизајнирана за таа намена.
2.2 Поврзување на струјата

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен удар.
- Секое поврзување со струја треба да биде направено од квалификуван електричар.
- Проверете дали параметрите на плочката со спецификации се компатибилни со електричната моќност на мрежата на електрична енергија.
- Ако симболот ( ) е печатен на самолепливата плочка, апаратот мора да е заземјен.
- Секогаш користете правилно монтиран штекер отпорен на струјни удари.
- Не оставајте ги каблите да се заплеткаат.
- Не користете адаптери со повеќе приклучоци и продолжни кабли.
- Доколку штекерот е лабав, не приклучувајте го приклучокот за струја.
- Не влечете го кабелот за да го исклучите апаратот од струја. Секогаш повлекувајте го приклучокот за струја.
- Заштитата од електричен удар на активните и изолираните делови мора да се поврзе на таков начин што нема да може да се извади без алатки.
- Проверете дали апаратот е правилно монтиран. Лабави и несоодветни кабли можат да го прегреат терминалот.
- Поврзете го апаратот на крајот од монтирањето. Проверете дали има пристап до струјата по монтирањето.
2.3 Употреба

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од повреда, изгореници или струен удар.
- Овој апарат е наменет само за готвење. Не го користете апаратот за друга употреба.
- Не менувајте ја спецификацијата на овој апарат.
- Не ракувајте со апаратот со мокри раце или кога има контакт со вода.
- Користете само додатоци кои се дадени со апаратот.
- Држете го огнот или загреаните предмети подалеку од маснотиите и маслата кога готвите и пржите со нив.
- Не користете непокриени електрични решетки.
- Не употребувајте го апаратот како грејно тело.
- Не користете лупи, двогледи или други слични уреди за да гледате директно кога се пали апаратот.
- Ако апаратот работи со други уреди, максималниот создаден притисок не смее да надмине 4 паскали (4x10-5 bar).
2.4 Сервисирање
- За да го поправите апаратот, контактирајте со Овластениот сервисен центар. Користете само оригинални резервни делови.
- Во однос на светилките во внатрешноста на овој производ и резервните светилки што се продаваат посебно: Овие светилки се предвидени да издржат екстремни физички услови во апаратите за домаќинство, како што се температура, вибрации, влажност или се предвидени за давање сигнали за работната состојба на апаратот. Тие не се предвидени да се користат за други намени и не се погодни за осветлување простории во домот.
2.5 Отстранување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или задушување.
- Контактирајте со вашите општински органи за да добиете информации за тоа како да се ослободите од апаратот.
- Исклучете го апаратот од приклучокот за струја.
- Извадете го електричниот кабел блиску до апаратот и фрлете го.
3. МОНТАЖА

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита и сигурност.
3.1 Инструкции за монтирање

За сите информации за монтирање на апаратот, видете ја посебната брошура за монтирање.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред приклучување на електричната мрежа, проверете дали држачот на вентилаторот е отстранет од моторот.

4.1 Преглед на контролната табла

| Функција Опис | |
| 1 | Светилка Го вклучува и исклучува светлото. |
| 2 | Прва брзина/Исклучено Моторот се префрла на ниво на прва брзина. Второто притискање го исклучува апаратот. |
| 3 | Втора брзина Моторот се префрла на ниво на втора брзина. |
| 4 | Трета брзина Моторот се префрла на ниво на трета брзина. |
| 5 | Максимална брзина Моторот се префрла на ниво на максимальна брзина. По 5 минути, апаратот се префрла на трета брзина. |
| 6 | Тајмер Го исклучува апаратот по 5 минути. Потсетува за чистење или замена на филтерот. Видете во известувањето за филтерот во поглавјето „Секојдневна употреба“. |
5.1 Користење на аспираторот
Проверете ја препорачаната брзина според табелата прикажана подолу.
![]() | Кога ја загревате храната, готвење со покриени садови. |
![]() | Кога готвите со покриени тенцериња или на повеće рингли или пламеници, нежно пржење. |
![]() | Кога варите и пржите поголема количина на храна без капак, готвење на повеće рингли или пламеници. |
![]() | Кога варите и пржите големи количини храна без капак, голема влажност. |
i
Се препорачува да го оставите аспираторот да работи околу 15 минути по готвењето.
i
Контролната плоча е сензорско поле. За ракување со аспираторот, допрете го симболот точно во средината најмалку 1 секунда.
За да работите со аспираторот:
- Отворете го стаклото со симболите на контролната плоча.

- Допрете ја за да го вклучите апаратот.
- Доколку е потребно, сменете ја брзината со притискање на саканото копче.
За да го исклучите апаратот, допрете повторно на 📋01
5.2 Тајмер
Оваа функција овозможува да го исклучите апаратот по 5 минути од работењето. Функцијата може да се користи само ако апаратот работи на првите 3 брзини на моторот.
- Допрете го симболот ⚙️. Тајмерот започнува да трепка.
- По 5 минути, апаратот се исклучува. За да ја исклучите функцијата, повторно допрете го 📋
5.3 Hob²Hood функција
Тоа е автоматска функција која ја поврзува плочата за готвење со специјален поклопец. И плочата за готвење и поклопецот имаат инфра-црвен сигнален комуникатор. Брзината на вентилаторот е автоматски одредена врз основа на поставката на режимот и температурата на најжешкиот сад на плочата за готвење. Исто така можете да работите со вентилаторот рачно од плочата за готвење. Функцијата може да се вклучи од табелата на површината за готвење.
Лед ламбата се вклучува кога ќе се воспостави врска помеѓу плочата за готвење и аспираторот.
i
Елементот под аспираторот (1) е приемник на сигнал на функцијата.

За повеќе информации како да ја користите оваа функција, видете го упатството за плочата за готвење.
5.4 Известување за филтерот
Алармот за филтер ве потсетува да го смените или исчистите филтерот за јаглен и да го исчистите филтерот за маснотии.
- По 40 часови користење, се вклучува симболот Ⓞ 30 секунди. Филтерот за маснотии мора да се исчисти.
• По 160 часови користење, симболот трепка 30 секунди. Филтерот за маснотии мора да се исчисти, а филтерот со јаглен мора да се замени или исчисти.


Видете во делот за чистење на филтерот за маснотии во поглавјето за грижа и чистење.

Видете во делот за чистење на филтерот за јаглен или замена на филтерот за јаглен во поглавјето за грижа и чистење.
За да ја ресетирате функцијата, допрете го ⏻ 3 секунди.
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
6.1 Белешки околу чистењето
Средства за чистење
Не користете абразивни детергенти и четки.
Површината на печката чистете ја со мека крпа натопена со топла вода и средство за чистење.
По готвењето, некои делови од апаратот може да се загреат. За да избегнете појава на дамки, апаратот мора да се олади и исуши со чиста крпа или хартиени крпи.
Чистете ги дамките со благ детергент.
Одржувајте ја чиста хаубата
Чистете го апаратот и филтрите за маснотии секој месец. Внимателно чистете ја внатрешноста и филтрите за маснотии од насобраните маснотии. Насобирањето маснотии или други остатоци од храна може да предизвика пожар.
Филтрите за маснотии може да се мијат во машина за миење садови.
Машината за миење садови мора да биде поставена на ниска температура и краток циклус. Филтерот за маснотии може да ја изгуби бојата, што нема влијание врз перформансите на апаратот.
Филтер за јаглен
Времето на заситеност на филтерот за јаглен варира во зависност од видот на готвењето и редовноста на чистење на филтерот за маснотии.
6.2 Режим на чистење
Режимот на чистење ја блокира функционалноста на контролната плоча 5 минути. Кога е активен, допирањето на симболите нема ефект.

Hob2Hood функцијата е оневозможена кога е активен режимот за чистење.
- За да го активирате режимот, допрете и задржете ги симболите 1 секунда.
и тие се палат.
- За да го деактивирате режимот, допрете и задржете ги симболите повторно 1 секунда.
и тие се палат.
6.3 Чистење на филтерот за маснотии
Филтрите се монтираат со употреба на стеги и спојки на спротивната страна.
За да се исчисти филтерот:
- Повлечете ја рачката на филтерот под аспираторот (1) и малку наклонете го предниот дел на филтерот надолу.

- Исчистете ги филтрите со сунгер со неабразивни детергенти или во машина за миење садови.

Машината за миење садови мора да биде поставена на ниска температура и краток циклус. Филтерот за маснотии може да изгуби боја, но тоа нема влијание врз перформансите на апаратот.
- За да ги вратите филтрите, извршете ги првите два чекори во обратен редослед. Повторете ги чекорите за сите филтри ако е можно.
6.4 Замена на филтерот со јаглен - незадолжително
⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Во зависност од типот, филтерот може или не може да се обнови. Погледнете ја брошурата што е дадена со филтерот.
За промена на филтерот:
- Извадете ги филтрите за маснотии од апаратот. Погледнете во „Чистење на филтер за маснотии“ во ова поглавје.
- Притиснете ја рачката на стегата на плочата на филтерот под аспираторот (1).

- Малку навалете го предниот дел на филтерот надолу (2), а потоа повлечете.
Повторете ги првите два чекори за сите филтри.
- За да го ставите новиот филтер, извршете ги чекорите во обратен редослед. Во секој случај, потребно е да ги замените филтрите на најмалку четири месеци.
Апаратот доаѓа со ЛЕД светилка и посебна опрема за контрола (ЛЕД водилка). Овие делови може да ги замени само техничар. Во случај на дефект, видете во „Сервис“ во поглавјето „Безбедносни инструкции“.
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита и сигурност.
7.1 Што да се направи ако...
| Проблем Можно причина Решение | ||
| Не можете да го активирате апаратот. | Апаратот не е поврзан со напојување за струја или не е правилно поврзан. | Проверете дали апаратот е правилно поврзан во електричната мрежа. |
| Не можете да го активирате апаратот. | Избил осигурувач. Уверете се дека осигурувачот е причината за неисправности. Ако осигурувачот постојано избива, стапете во контакт со квалификуван електричар. | |
| Не можете да го активирате апаратот. | Вратите на апаратот не се порамнети со рамката на апаратот. | Порамнете ги вратите на апаратот. |
| Не можете да го активирате апаратот. | Стаклената плоча не е целосно отворена. | Целосно отворете ја стаклената плоча. Видете во поглавјето за секојдневна употреба. |
| Не можете да го активирате апаратот или функциите. | Неправилна употреба на контролната табла. | Допрете ги симболите на контролната табла директно во средината најмалку 1 секунда за да го активирате апаратот или функцијата. |
| Светилката не работи. Светилката не е исправна. Заменете ја светилката. Видете во поглавјето „Грижа и чистење“. | ||
| Апаратот не апсорбира довольно испарувања. | Брзината на моторот не е соодветна со испарувањата кои се појавуваат. | Сменете ја брзината на моторот. |
| Апаратот се вклучува сам од себе или менува функција сам од себе. | На стаклото се кондензира многу пареа. | Исчистете ја водата од стаклото, проветрете ја кујната и зголемете ја брзината на аспираторот. |
| Показателот за апармот за филтер е вклучен. | Алармот за филтер е вклучен. Филтерот за маснотии мора да се исчисти или филтерот со јаглен (незадолжително) мора да се замени или исчисти. | Видете во известувањето за филтерот во поглавјето „Секојдневна употреба“. |
8. ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА
Рециклирајте ги материјалите со симболот

Ставете ја амбалажата во соодветни контејнери за да ја рециклирате.
Помогнете во заштитата на животната средина и човековото здравје и рециклирајте го отпадот од електрични и електронски апарати. Не фрлајте ги
апаратите означени со симболот во отпадот од домаќинството. Вратете го производот во вашиот локален капацитет
за рециклирање или контактирајте ја вашата општинска канцеларија.
ЗА СОВРШЕНИ РЕЗУЛТАТИ
1.2 Општи мерки за безбедност
Ризик од повреда или гушење.
Тајмерот почнува да трепка.
За повеќе информации за тоа како се користи оваа функција, погледнете го упатството за употреба на плочата за готвење.
Во зависност од видот, филтерот може или не може да се регенерира. Погледнете го летокот приложен кон филтерот.
7. РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМА




