RCNE560E60ZGBHN - фрижидер BEKO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот RCNE560E60ZGBHN BEKO во PDF формат.
| Тип на производ | Фрижидер-Замрзнувач |
| Бренд | Beko |
| Модел | RCNE560E60ZGBHN |
| Енергетска класа | A+ |
| Вкупен нето капацитет | 560 L |
| Нето капацитет на замрзнувач | 170 L |
| Нето капацитет на фрижидер | 390 L |
| Висина | 185 cm |
| Ширина | 70 cm |
| Длабочина | 66 cm |
| Тежина | 75 kg |
| Напојување | 220-240 V, 50 Hz |
| Климатска класа | N-ST |
| Ниво на бучава | 42 dB(A) |
| Тип на одмрзнување | Без мраз (No Frost) |
| Контрола на температура | Електронска |
| Функција за брзо замрзнување | Да |
| Аларм за врата | Да |
| Реверзибилни врати | Да |
| Број на полици | 4 (прилагодливи) |
| Диспензер за вода | Не |
| Апарат за мраз | Не |
| Внатрешно осветлување | LED |
| Систем за ладење | Статичен со вентилатор |
| Достапност на резервни делови | До 10 години од крајот на производството |
Често поставувани прашања - RCNE560E60ZGBHN BEKO
Прашања на корисниците за RCNE560E60ZGBHN BEKO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник RCNE560E60ZGBHN - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. RCNE560E60ZGBHN на марката BEKO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК RCNE560E60ZGBHN BEKO
Упатство за корисникот
Frigorifer
Упатство за употреба
Фрижидер
Упатство за употреба

Ве молиме, прочитајте го овој прирачник пред да го користите производот!
Почитуван потрошувачу,
Би сакале да го користите најдобро што може нашиот производ, кој е грижливо направен во модерни простории и со строги контроли на квалитетот.
Затоа, Ве советуваме да го прочитате целото упатство за употреба пред да го користите производот. Во случај да му го дадете производот на некој друг, не заборавајте да му го дадете упатството на новиот сопственик заедно со производот.
Ова упатство ќе Ви помогне да го користите производот брзо и безбедно.
- Ве молиме, прочитајте го внимателно упатството за употреба пред да го инсталирате и да го користите производот.
- Секогаш придржувајте се до важечките безбедносни упатства.
- Чувајте го упатството за употреба на дофат за идна употреба.
- Ве молиме, прочитајте ги сите други документи дадени со производот.
Имајте предвид дека ова упатство за употреба може да важи за повеќе модели на производи. Упатството јасно укажува на варијациите на разните модели.
| [82KW] | Важни информации и корисни совети. |
| [K002] | Ризици за животот и за имотот. |
![]() | Ризик од струен удар. |
![]() | Пакувањето на производот е направено од материјали што може да се рециклираат, во согласност со националното законодавство за животна средина. |

Информациите за моделот се чуваат во базата на податоци и до нив можете да стигнете ако одите на следнава веб-локација и го побарате идентификаторот на вашиот модел (*) кој се наоѓа на налепницата за енергија.
1. Безбедност и упатства за животната средина 3
1.1. Општа безбедност ..... 3 1.1.1 НС-предупредување 7 1.1.2 За модели со чешма за вода ..... 7 1.2. Наменета употреба.....8 1.3. Безбедност во однос на деца..... 8 1.4. Усогласеност со Директивата за отпадна електрична и електронска опрема и ослободување од отпадни производи . 8 1.5. Усогласеност со Директивата за ограничување опасни супстанции .... 9 1.6. Информации за пакувањето..... 9 1.7. Технички информации за WiFi + Bluetooth 9
2 Вашиот фрижидер 10
3 Инсталација 11
3.1. Вистинско место за инсталирање .... 11 3.2. Прицврстување на пластичните делови 11 3.3. Приспособување на садот ..... 11 3.4. Поврзување во струја ..... 12
4 Подготовка 13
4.1. Што да правите за заштеда на енергија 13 4.2. Прва употреба.... 13
5 Користење на производот 14
5.1. Кофа за мраз ..... 18 5.2. Сад на јајца 18 5.3. Вентилатор 18 5.4. Корпа за зеленчуци ..... 18 5.5. Корпата за млечни производи(за чување на ладно) 18 5.6. Подвижна рамка на вратата..... 19 5.7. Лизгачка кутија за складирање ..... 19 5.8. Корпа за зеленчук со контрола на влажност.... 20 5.9. Автоматска машина за мраз ..... 20 5.10. Ледомат и сад за чување мраз..... 21 5.11. Користење на чешмата за вода ..... 21 5.12. Полнење на резервоарот на чешмата за
5.13. Чистење на водниот резервоар .... 23 5.15. Кутија за зачини/Свежи зачини (HerbBox/HerbFresh).... 24 5.14. Послужавник за капење. 24 5.16. Замрзнување свежа храна ..... 25 5.17. Препораки за чување на смрзната храна.... 25 5.18. Детали за за длабоко замрзнување .. 26 5.19. Ставање на храната ..... 26 5.20. Предупредување за отворена врата . 26 5.21. Менување на насоката на отворање на вратата 26 5.22. Внатрешно светло ..... 26 5.23. Сино светло/HarvestFresh (Тазе набрано) 27 5.24. Менување на светилката за осветлување 27
6 Одржување и чистење 28
6.1. Избегнување на лоши мириси ..... 28 6.2. Заштита на пластичните површини .. 28 6.3. Стаклото на вратата .....28
1. Безбедност и упатства за животната средина
Овој дел дава безбедносни упатства потребни за спречување на ризик од повреда и материјална штета. Непочитувањето на овие упатства ги поништува сите видови гаранции за производот.
Наменета употреба
| ⚠️ | ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Пред отворите за вентилација во затворениот дел на уредот или во вградената структура да нема никакви пречки. |
| ⚠️ | ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Не користете механички уреди или други срества за забрзување на процесот на топење, освен оние препорачани од производителот. |
| ⚠️ | ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Не оштетувајте го разладувачкото коло. |

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не користете струјни уреди во одделите за складирање на храна на уредот, освен ако не се од вид препорачан од производителот.
Уредот е наменет да се користи во домаќинството и слични места, како што се:
- кујни за персоналот во продавници, канцеларии и други работни средини; - фарми и од клиенти во хотели, мотели и други станбени средини;
- пансиони и слични средини; - кејтеринг и слични немалопродажни примени.
1.1. Општа безбедност
- Овој производ не треба да го користат лица со физички, сензорни и ментални пречки, без доволно знаење и искуство или деца. Уредот тие лица може да го користат само под надзор и водство на лице задолжено за нивната безбедност. На деца не смее да им се дозволува да играат со овој уред.
Безбедност и упатства за животната средина
- Во случај на неправилно работење, извадете ја приклучницата на уредот од струја.
- Откако ќе ја извадите приклучницата од струја, почекајте најмалку 5 минути пред да ја вклучите повторно.
- Извадете ја приклучницата кога не се користи уредот.
- Не допирајте го кабелот со мокри раце! Не влечете го кабелот за да ја извадите приклучницата, секогаш држете ја.
- Не вклучувајте го приклучокот на фрижидерот во струја ако штекерот е лабав.
- Извадете ја приклучницата на производот во текот на инсталирањето, одржувањето, чистењето и поправањето.
- Ако нема да го користите извесно време производот, извадете ја приклучницата од струја и извадете ја храната однатре.
- Не користете го производот кога е отворен
одделот со колни картички кој се наоѓа на горниот заден дел од производот (поклопец на кутијата на електричната картичка) (1).

- Не користете пара или средства за чистење во облик на пареа за чистење на фрижидерот и за топење на мразот внатре. Пареата може да дојде во контакт со деловите со струја и да предизвика краток спој или струен удар!
- Не чистете го производот со шприцање или истурање вода на него! Ризик од струен удар!
- Во случај на неправилно работење, не користете го производот, може
Безбедност и упатства за животната средина
да предизвика струен удар. Контактирајте го овластениот сервис пред да направите што било.
- Вклучете го приклучокот во приземјен штекер. Приземјувањето мора да го направи квалификуван електричар.
- Ако производот има осветлување LED, контактирајте го овластениот сервис за замена или во случај да има некаков проблем.
- Не допирајте смрзната храна со мокри раце! Може да Ви се залепи за рацете!
- Не ставајте течности во шишиња и лименки во одделот за замрзнување. Може да пукнат и да истечат!
- Ставете ги течностите во исправена позиција откако цврсто ќе го затворите капакот.
- Не шприцајте запаливи супстанции близу производот, може да изгори или да експлодира.
- Не чувајте запаливи материјали или производи со запалив гас (спрејови итн.) во фрижидерот.
- Не ставајте садови со течност врз производот. Прскањето вода на дел во кој има струја може да предизвика струен удар или ризик од пожар.
- Изложувањето на производот на дожд, снег, сончева светлина или ветар ќе предизвикаат опасност од електричен инцидент. Кога го преместувате производот, не го влечете за рачката на вратата. Рачката може да се извади.
- Внимавајте да не фатете дел од рацете или телото во некој од подвижните делови во производот.
- Не се качувајте или потпирајте се на вратата, фиоките или слични делови од фрижидерот. Ова ќе предизвика производот да падне и ќе предизвика оштетување на деловите.
Безбедност и упатства за животната средина
- Внимавајте да не го згазите кабелот за струја.
- При поставување на уредот, осигурете дека кабелот за напојување не е прекинат или оштетен.
- Не поставувајте повеќе преносни штекери или преносни напојувања на задниот дел од уредот.

- Деца на возраст од 3 до 8 години можат да ги полнат и празнат разладните уреди. • За да се избегне контаминација, Ве молиме почитувајте ги следните упатства: -Отворањето врата на подолги временски периоди може да предизвика значително зголемување на температурата во деловите од уредот.
- Чистете ги редовно површините кои можат да дојдат во допир со храна и достатните системи за одвод.
- Чистете ги резервоарите со вода што не сте ги користеле 48 часа; исклучете го системот за вода поврзан со доводот на вода ако водата не е исцедена 5 дена.
- Складирајте сирова храна и риба во соодветните садови во фрижидерот, така што нема да дојдат во допир со или да прокапуваат на друга храна.
- Деловите со две ѕвезди се соодветни за складирање претходно замрзната храна, складирање и правење сладолед и правење коцки мраз.
- Деловите со една, две или три ѕвезди не се соодветни за замрзнување на свежа храна.
- Ако разладниот уред е оставен празен подолго време, исклучете го,
одмрзнете, исчистете, исушете и оставете
ја вратата отворена за да спречите создавање мувла во уредот.
1.1.1 НС-предупредување
Ако производот има систем за ладење со Р600а гас, внимавајте да не го оштетувате системот за ладење и цевката додека го користите и движите производот. Овој гас е запалив. Ако е оштетен системот за ладење, чувајте го производот подалеку од извори на оган и извентилирајте ја веднаш собата.
i
Етикетата на
внатрешната лева
страна означува каков
вид гас е користен во
производот.
1.1.2 За модели со чешма за вода
- Притисокот за внес на студена вода треба да биде најмногу 90 psi (620 kPa). Ако притисокот на водата надминува 80 psi (550 kPa), користете
вентил за ограничување на притисокот во главната мрежа. Ако не знаете како да го проверите водниот притисок, побарајте помош од професионален водоводџија.
- Ако постои ризик од воден удар во инсталацијата, секогаш користете опрема за спречување на воден удар во вашата инсталација. Консултирајте професионални водоводџии ако не сте сигурни дека нема ефект на воден удар во инсталацијата.
- Не инсталирајте на влезот за топла вода. Преземете мерки против ризикот од смрзнување на цревата. Оперативниот интервал на температурата на водата треба да биде 33°F (0,6°C) минимум и 100°F (38°C) максимум.
- Користете само вода за пиење.
Безбедност и упатства за животната средина
- Производот е наменет за домашна употреба. Не е наменет за комерцијална употреба.
- Производот треба да се користи само за складирање на храна и пијалаци.
- Не користете чувствителни производи на кои им требаат контролирани температури (вакцини, лекови чувствителни на топлина, медицински резерви итн.) во фрижидерот.
- Производителот не презема никаква одговорност за оштетување поради неправилна употреба или неправилно ракување.
- Оригиналните резервни делови ќе ги имате за 10 години по датумот на купување на производот.
1.3. Безбедност во однос на деца
- Чувајте ги подалеку од децата материјалите за пакување.
- Не дозволувајте им на децата да си играат со производот.
- Ако вратата на производот има клуч, чувајте го клучот подалеку од децата.
1.4. Усогласеност со Директивата за отпадна електрична и електронска опрема и ослободување од отпадни производи
Овој производ е во согласност со Директивата на ЕУ за отпадна електрична и електронска опрема (2012/19/EU). Овој производ има симбол за класификација за отпадна електрична и електронска опрема (Директивата за отпадна електрична и електронска опрема).

Овој производ е направен со висококвалитетни делови и материјали што може да се користат повторно и што се соодветни за рециклирање. Кога ќе дотрае, не се ослободувајте од отпадниот
производ во нормалниот домашен отпад и други отпади. Однесете го во пункт за собирање за рециклирање на електрична и електронска опрема. Ве молиме, консултирајте ги локалните власти за да дознаете за овие собирни пунктови.
1.5. Усогласеност со
Директивата за ограничување опасни супстанции
- Овој производ е во согласност со Директивата на ЕУ за отпадна електрична и електронска опрема (2011/65/EU). Не содржи штетни или забранети материјали наведени во Директивата.
1.6. Информации за пакувањето
- Материјалите за пакување на производот се произведени од материјали за рециклирање според нашите национални регулативи за животната средина. Не се ослободувајте од материјалите за пакување заедно со домашниот или други отпади. Однесете ги во пунктот за собирање материјали за пакување определени од локалните власти.
1.7. Технички информации за WiFi + Bluetooth
| Опсег на фреквенцијата: | 2.4GHz (со употреба на Wi-fi или bluetooth) |
| Максимална моć на пренос: | < 100mW (со употреба на Wi-fi или bluetooth) |
| Информации за софтверот: | Quartz_WiFi.XXX |
Arçelik A.Ş. со ова изјавува дека овој апарат е во согласност со Директивата 2014/53/EU.
Целосниот текст на Декларацијата за сообразност на EU е достапен на следната интернет адреса:
Производи, од: support.beko.com
2 Вашиот фрижидер

- Рафт на вратата на одделот за ладење
- Резервоар за полнење на чешмата за вода
- Дел за јајца
- Резервоар на чешмата за вода
- Рафт за шишиња
- Лизгачка кутија за складирање
- Приспособливи ногалки
- Оддел за длабоко замрзнување
- Оддел за брзо замрзнување
- Послужавник за коцки мраз и резервоар за мраз
- Корпа за зеленчуци
- Корпата за млечни производи (за чување на ладно)
- Внатрешно светло
- Стаклена полица на вратата на одделот за ладење
- Копче за приспособување на температурата. 16. Оддел за ладење. 17. Оддел за замрзнување.
*по избор: Сликите во овој прирачник се дадени како примери и може да не одговараат на вашиот производ. Ако вашиот производ не ги содржи релевантните делови, информациите се однесуваат на други модели.
3 Инсталација
3.1. Вистинско место за инсталирање
Контактирајте го овластениот сервис за инсталирање на производот. За да го подготвите производот за инсталирање, погледнете ги информациите во упатството за употреба и проверете дали електричните и водоводните инсталации се исправни. Ако не се, повикајте електричар и водоводџија да ги поправат.
| ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Производителот не презема никаква одговорност за каква било штета предизвикана со работата која ја изведуваат неовластени лица. | |
| ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Електричниот кабел на производот мора да е ислучен за време на инсталирањето. Ако не го направите тоа, може да дојде со смрт или сериозни повреди! | |
| ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Ако ширината на вратата е премногу тесна за да помине производот, озвучадете ја вратата и свртете го производот странично; ако ова не функционира, контактирајте овластен сервис. |
- Ставете го производот на рамна површина за да нема вибрации.
- Ставете го производот најмалку 30 см подалеку од грејачот, шпоретот и слични извори на топлина, и најмалку 5 см од електрични грејачи.
- Не изложувајте го производот на директна сончева светлина и не го чувајте во влажна средина.
- На производот му треба соодветна циркулација на воздух за да функционира ефикасно.
- Ако производот се става во вдлабнатина во ѕидот, не заборавајте да оставите растојание од најмалку 5 см помеѓу производот и плафонот и ѕидовите.
- Не инсталирајте го производот во средина каде што температурите се под -5°C.
- За да функционира ефикасно, на овој производ му треба соодветна циркулација на воздух. Ако го сместувате производот во ниша, оставете најмалку 5 сантиметри простор помеѓу производот, плафонот и ѕидовите.
- Ако го сместувате производот во ниша, оставете најмалку 5 сантиметри простор помеѓу производот, плафонот и ѕидовите. Проверете дали заштитната компонента за обезбедување оддалеченост од ѕид е на своето место (ако е доставена со производот). Ако компонентата не е достапна или ако се изгубила/паднала, ставете го производот така што ќе има најмалку 5 сантиметри меѓу производот и ѕидовите на собата. Растојанието на задниот дел е важно за ефикасното работење на производот.
3.2. Прицврстување на пластичните делови
Користете ги пластичните делови дадени со производот за да обезбедите доволно простор за воздушна циркулација помеѓу производот и ѕидот.
- За да ги прикачите деловите, извадете ги завртките на производот и користете ги завртките обезбедени со деловите.
- Прикачете 2 пластични делови на поклопецот на вентилацијата, како што е прикажано на сликата.
3.3. Приспособување на садот
Ако производот не е во балансирана позиција, приспособете ги предните приспособливи држачи со ротирање десно или лево.

3.4. Поврзување во струја
![]() | ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Некористете продолжителни илиповеće штекери при поврзување во струја. |
| [СУСВ] | ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Оштетениот струен кабел мора да го замени овластениот сервис. |
![]() | Кога ставате два ладилника еден наспроти друг, оставете најмалку 4 см растојание помеѓу двете единици. |
- Нашата фирма не може да преземе одговорност за оштетувања поради користење без заземјување и електрична врска во согласност со националните регулативи.
- Приклучокот на кабелот за струја мора да е лесно достапен по инсталирањето.
- Поврзете го фрижидерот во заземјен штекер со волтажа од 220-240V/50 Hz. Приклучокот мора да е 10-16A осигурувач.
- Не користете групни штекери со или без продолжен кабел помеѓу ѕидниот штекер и фрижидерот.
| Предупредување за врела содржина!Во страничните сидови на производот има цевки за разладување што го подобруваат системот за ладење. Разладувачка течност со високи температури може да тече низ овие овие области, правејки ги деловите на страничните сидови врели. Ова е нормално и нема потреба да се поправа. Ве молиме, внимавајте кога ги допирате овие области. |
4 Подготовка
4.1. Што да правите за заштеда на енергија

Поврзувањето на производот со електронски системи за заштеда на енергија е штетно и може да го оштети производот.
- Самостоен уред; „Овој фрижидер не е наменет да се користи како вграден уред“;
- Не држете ги вратите на фрижидерот отворени долго време.
- Не ставајте топла храна или пијалаци во фрижидерот.
- Не преполнувајте го фрижидерот, бидејќи блокирањето на внатрешниот проток на воздух ќе го намали капацитетот на ладење.
- За да се чува максимална количина на храна во одделот за ладење на фрижидерот, треба да ги извадите горните фиоки и да ја ставите храната на стаклената полица. Наведената потрошувачка на струја на вашиот фрижидер е определена со вадење на ладилникот, послужавникот за мраз и горните фиоки за да се овозможи максимално складирање. Строго се препорачува да се користи долната фиока при чување. Треба да се активира функцијата за заштеда на енергија за најдобра потрошувачка на енергија.
- Не треба да го блокирате протокот на воздух со ставање храна пред вентилаторот на ладилникот. Оставете простор од најмалку 3 см пред заштитната жица на вентилаторот кога ја ставате храната.
- Во зависност од карактеристиките на производот, одмрзнувањето на замрзнатата храна во одделот за ладење ќе обезбеди заштеда на енергија и зачувување на квалитетот на храната.
- Храната треба да се чува со фиоките во одделот за ладење за да се обезбеди заштеда на енергија и да се заштити храната во подобри услови.
- Пакуваната храна не треба да биде во директен контакт со температурниот сензор
лоциран во одделот за ладење. Ако е во контакт со сензорот, може да се зголеми енергетската потрошувачка на уредот.
- Проверете дали храната не е во контакт со температурниот сензор на одделот за ладење опишан подолу.
- Бидејќи топлиот и влажен воздух директно не навлегуваат во вашиот производ кога вратите не се отворени, вашиот производ ќе се оптимизира во услови поволни за заштита на вашата храна. Во оваа функција за зачувување енергија, функциите и составните делови како компресор, вентилатор, грејач, замрзнувач, осветлување, дисплеј и други ќе работат во согласност со потребите за трошење минимална електрична енергија и истовремено вашата храна ќе биде свежа.

Пред да го користите фрижидерот, проверете дали се направени потребните подготовки според упатствата во деловите „Упатства за безбедност и за средината“ и „Инсталација“.
- Производот нека работи без храна во него 6 часа и не отворајте ја вратата, освен ако не е баш неопходно.

Ке се слушне звук кога работи компресорот. Нормално е да се слуша звук дури и кога компресорот е неактивен, поради компримираните течности и гасови во системот за ладење.

Може да се загреат предните рабови на производот. Ова е нормално. Овие области се дизајнирани да се загреат за да се спречи кондензирање.

Во некои модели, плочата со панели автоматски се исклучува 5 минути откако ќе се затвори вратата. Ќе се реактивира кога ќе се отвори вратата или ќе се притисне кое било копче.
5 Користење на производот

- Индикатор за предупредување за прекин на струја/висока температура/грешка:
- Индикатор за функција на заштеда на енергија (исклучен екран)
- Копче за брзо ладење
- Копче за поставување на температурата во одделот за ладење
- Копче за безжична врска
- Индикатор за функцијата „годишен одмор“
- Копче Eco-fuzzy
- Копче за поставување на температурата во одделот за замрзнување
- Копче за брзо замрзнување
- Заклучување
- Копче за менување единица температура
*По избор: Сликите во ова упатство за употреба се сметаат за нацрт и може да не одговараат најдобро на производот. Ако вашиот производ не ги содржи релевантните делови, информациите се однесуваат на други модели.
1. Показател за предупредување за прекин на струја/висока температура/грешка:
Овој показател светнува во случај на предупредување за прекин на струјата, висока температура или грешки.
Кога температурата на одделот за замрзнување се загрева до критично ниво за замрзнатата храна, на дигиталниот показател трепка максималната вредност достигната од температурата на одделот за замрзнување.
Проверете ја храната во одделот за замрзнување.
Тоа не значи дека работи неисправно. Предупредувањето може да се избрише со притискање на кое било копче или на копчето за исклучување на алармот за висока температура. (Откажувањето со притискање на кое било копче не е применливо кај секој модел.)
Овој показател светнува и кога има дефект на сензор. Кога показателот свети, наизменично се покажуваат „Е“ и бројките како „1,2,3...“ на показателот за температура. Овие бројки на показателот го информираат персоналот за сервисирање за грешката.
2. Индикатор за функција на заштеда на енергија (исклучен екран)
Ако вратите на производот се затворени долго време, автоматски се активира функцијата за заштеда на енергија и ќе се осветли симболот за заштеда на енергија.

Кога ќе се активира функцијата за заштеда на енергија, сите симболи на екранот ќе се исклучат, освен симболот за заштеда на енергија. Кога е активирана функцијата за заштеда на енергија, ако притиснете некое копче или ја отворите врата, функцијата за заштеда на енергија ќе биде поништена и симболите на екранот ќе се вратат во нормала. Функцијата за заштеда на енергија е стандардна фабричка поставка и не може да се поништи.
3. Копче за брзо ладење
Индикаторот за брзо ладење ( ) се осветлува и вредноста на индикаторот на температурата на фрижидерот се прикажува како 1 кога се активира функцијата за брзо ладење. За да ја откажете оваа функција, повторно притиснете го копчето за брзо ладење. Индикаторот за брзо ладење ќе се исклучи и фрижидерот ќе се ресетира на нормалните поставки. Функцијата за брзо ладење автоматски ќе се поништи за 1 час ако не ја поништите. Ако сакате да изладите големи количини свежа храна, притиснете го копчето за брзо ладење пред да ја ставите храната во одделот за ладење.
4. Копче за поставување на температурата во одделот за ладење
Кога се притиска ова копче, температурата на одделот за ладење може да се постави на вредностите 8,7,6,5,4,3,2 и 1. ( )
Првото претставување на производот со домашната мрежа се започнува со долго притискање на копчето (3 секунди).
За време на процесот на воспоставување врска, иконата за бежична врска светка на интервали од 0.5 секунди.
Кога врската со домашната мрежа е успешна, иконата за безжична мрежа постојано свети.
Откако првата врска ќе се воспостави, врската може да се активира/деактивира
Користење на производот
со кратко притискање на копчето.
По вклучување и исклучување од струја, автоматски ќе запамти и ќе воспостави врска со Вашата мрежа.
Иконата за безжична мрежа брзо трепка (во интервали од 0,2 секунди) додека не се воспостави врската.
Кога врската е активна, иконата за безжична мрежа постојано свети.
Доколку врската не може да се воспостави одреден период на време, проверете ги поставките на модемот/врската.
Како интерфејс за конектирање треба да се користи апликацијата HomeWhiz.
Чекорите за поврзување се опишани во БРЗ ВОДИЧ ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ на HomeWhiz што доаѓа заедно со производот.
Видете го делот за решавање проблеми за одговори на основни прашања.
6. Копче за функцијата за одмор
За да ја активирате функцијата за одмор, притиснете и задржете го ова копче (
По 3 секунди ќе се активира показателот на режимот за одмор ( ). Кога е активирана функцијата за одмор, „_ _“ е прикажана на показателот на температурата на одделот на фрижидерот и нема активно ладење на одделот на фрижидерот. Не е соодветно да се чува храна во одделот на фрижидерот кога е активирана функцијата за одмор. Другите оддели и понатаму ќе се ладат според нивните поставени температури.
За да ја откажете оваа функција, повторно притиснете го копчето за функцијата за одмор.
7. Копче Eco-fuzzy
Притиснете го копчето Eco-fuzzy за да ја овозможите функцијата за економичност. Кога оваа функција е овозможена,
замрзнувачот ќе започне да работи во еко режим по најмалку 6 часа и индикаторот за економична употреба ќе се вклучи ( ). За да ја оневозможите функцијата за економичност, повторно притиснете го копчето за функцијата за економичност. Кога функцијата за економичност е овозможена, индикаторот ќе се вклучи по 6 часа.
8. Копче за поставување на температурата на замрзнувачот
Поставувањето на температурата е направено за одделот за замрзнување.
Кога копчето нумерирано (7) ќе се притисне, можете да ја поставите температурата на одделот за замрзнување на -18, -19, -20, -21, -22, -23 или -24.
9. Копче за брзо замрзнување
Притиснете го копчето бр. (9) за брзо замрзнување; индикаторот за брзо замрзнување ( ) ќе се активира.
Кога е вклучена функцијата за брзо замрзнување, индикаторот за брзо замрзнување се осветлува и индикаторот за температурата на одделот за замрзнување прикажува -27. За да ја откажете оваа функција, повторно притиснете го копчето за брзо замрзнување. Индикаторот за брзо замрзнување ќе се исклучи и фрижидерот ќе се врати на нормалните поставки. Функцијата за брзо замрзнување автоматски ќе се поништи за 24 часа ако не ја поништите. Ако сакате да замрзнете големи количини свежа храна, активирајте ја функцијата за брзо замрзнување пред да ја ставите храната во одделот за замрзнување.
10. Заклучување
Притиснете и задржете ги копчињата за бежична мрежа (економичност
( ) истовремено, 3 секунди. Ќе светне симболот за заклучување со клуч ( ) и ќе се активира режимот за заклучување со клуч. Копчињата нема да функционираат кога режимот за заклучување со клуч е активен. Притиснете и задржете ги копчињата за бежична мрежа ( )
економичност ( ) истовремено, 3 секунди. Заклучувањето ќе се деактивира.
Користете ја функцијата заклучување доколку сакате да спречите да се менува поставката на температурата на фрижидерот.
11. Копче за менување единица температура
Притиснете и задржете ги копчињата за брзо ладење ( * ) и брзо замрзнување
( ※) В секунди за да менувате од Фаренхајт во Целзиус.
5.1. Кофа за мраз
*по избор:
- Земете ја кофата за мраз од одделот за замрзнување.
- Наполнете ја кофата со мраз со вода.
- Земете ја кофата за мраз во одделот за замрзнување.
- Мразот ќе биде готов после околу два часа. Земете ја кофата со мраз од одделот за замрзнување и свиткајте ја малку преку садот што ќе го сервирате. Мразот лесно ќе се пренесе во садот за сервирање.
5.2. Сад на јајца
Може да ставите сад за јајца. Ако решите да го ставите на рафтот на телото, се препорачува да ги користите полиците подолу бидејќи се постудени.

Не ставајте го садот за јајца во одделот за замрзнување.
5.3. Вентилатор
Вентилаторот е дизајниран за да дистрибуира студен воздух во фрижидерот хомогено. Работното време на вентилаторот може да се менува во зависност од карактеристиките на Вашиот производ. Додека во некои производи вентилаторот функционира само со компресорот, во други, контролниот систем го определува работното време во зависност од потребата за ладење.

Корпата за зеленчук на производот е дизајнирана да ги одржува зеленчуците свежи со задржување на влажноста. За таа цел, циркулацијата на студениот воздух е засилена во корпата за зеленчук.
5.5. Корпа за млечни производи (за ладно чување)
Обезбедува пониска температура во самата преграда на фрижидерот. Користете ја оваа корпа за да чувате деликатеси (салами, колбаси, млечни производи итн.) за кои е потребна пониска температура, или за ставање производи од месо, пилешко или риба кратко пред сервирање. Во оваа корпа немојте да чувате овошје и зеленчук.
Подвижната рамка на вратата може да се намести во 3 различни позиции.
За да ја поместите рамката, притиснете ги рамномерно копчињата на страната.
Ќе можете да ја поместите рамката.
Движете ја рамката нагоре или надолу.
Кога рамката е во позицијата што ја посакувате, отпуштете ги копчињата.
Рамката ќе се фиксира повторно во позицијата каде што сте ги отпуштиле копчињата.

Овој додаток е дизајниран да ја зголеми површината на рафтовите на вратата.
Благодарение на можноста за странично движење, можете лесно да ставите високо шише, тегла или кутии што се ставаат на рафтот за шишиња подолу.

5.8. Корпа за зеленчук со контрола на влажност
*по избор
Со опцијата за контрола на влагата, степенот на влажност на зеленчуците и овошјата се контролира и овозможува подолг период на свежина за храната.
Се препорачува да не се складираат лиснати зеленчуци, како марула и спанаќ, и слични зеленчуци склони на губење на влага, на корените, туку во хоризонтална положба во корпата за зеленчук што е можно повеќе.
Кога ги ставате зеленчуците, ставете ги тешките и тврди зеленчуци на дното, а лесните и меките горе, имајќи ја предвид специфичната тежина на зеленчуците. Не оставајте ги зеленчуците во корпата за зеленчуци во пластични кеси. Ако ги оставите во пластични кеси, зеленчуците ќе скапат за кусо време. Во ситуации во кои не се препорачува контакт со други зеленчуци, користете материјали за пакување како хартија што има одредена порозност, во смисла на хигиената.
Не ставајте овошје кое произведува голема количина на етиленски гас, како што се крушата, кајсијата, праската и особено јаболката, во истата корпа за зеленчуци со други зеленчуци и овошја. Етиленот што доаѓа од овие овошја може да предизвика други зеленчуци и овошја да созреат побрзо и да скапат побрзо.
5.9. Автоматска машина за мраз
*по избор
Со автоматската машина за мраз може лесно да правите мраз во фрижидерот. За да добиете мраз од машината за мраз, извадете го резервоарот за вода во одделот за ладење, наполнете го со вода и вратете го на место.
Првиот мраз ќе биде готов за два часа во фиоката на машината за мраз во одделот за ладење.
По ставање на полниот воден резервоар, може да добиете околу 60-70 коцки мраз додека не се испразни целосно.
Ако водата стоела во резервоарот 2-3 седмици, треба да се смени.

Во производи со автоматска машина за лед, може да слушнете звук кога ставате мраз. Овој звук е нормален и не е знак на неправилно работење.

5.10. Ледомат и сад за чување мраз
*по избор
Користење на ледоматот
Наполнете го ледоматот со вода и ставете го на лежиштето. Мразот ќе биде готов за околу два часа. Не го вадете ледоматот од лежиштето за да земете мраз.
Свртете ги рачките на резервоарот на мраз во правец на движење на стрелките на часовникот за 90 степени.
Коцките мраз во резервоарите ќе паднат во садот за чување на мраз под нив.
Може да го извадите садот за чување на мраз и да ги сервирате коцките мраз.
Ако сакате, може да ги чувате коцките мраз во садот за чување мраз.
Сад за чување мраз
Садот за чување мраз е наменет само за акумулирање на коцки мраз. Не ставајте вода во него. Инаку ќе се скрши.

5.11. Користење на чешмата за вода
*по избор
| i | Нормално е првите неколку чаши вода од чешмата за вода да бидат топли. |
| i | Ако чешмата за вода не се користи долго време, фрлете ги првите неколку чаши вода за да добиете чиста вода. |
- Притиснете ја рачката на чешмата за вода со чашата. Ако користите чаша од мека пластика, притискањето на рачката со раката ќе биде полесно.
- Откако ќе ја наполните чашата до нивото што го сакате, опуштете ја рачката.

Користење на производот

Ве молиме, имајте предвид, колку вода тече од чешмата зависи од тоа колку сте ја притиснале рачката. Како што нивото на водата во шолјата/чашата расте, нежно намалете го притисокот на рачката за да не претече. Ако малку ја притиснете дршката, ќе тече вода; ова е доста нормално и не е неправилно работење.
5.12. Полнење на резервоарот на чешмата за вода
Резервоарот за полнење на садот за вода е лоциран во рамката на вратата.
- Отворете го капакот на резервоарот.
- Наполнете го резервоарот со свежа вода за пиење.
- Затворете го капакот.

Не полнете го резервоарот со друга течност освен со вода, како што се овошни сокови, газирани или алкохолни пијалаци што не се соодветни за чешмата за вода. Чешмата за вода ќе биде трајно оштетена ако се користат овие видови течности. Гаранцијата не покрива такво користење. Некои хемиски супстанции и адитиви содржани во овој вид пијалаци/течности може да го повредат резервоарот за вода.

Користете само вода за пиење.

Капацитетот на водниот резервоар е 3 литри; не преполнувајте.

5.13. Чистење на водниот резервоар
- Извадете го резервоарот за полнење вода од полицата на вратата.
- Тргнете ја рамката на вратата држејќи ја за двете страни.
- Грабнете го водниот резервоар од двете страни и тргнете го под агол од 45°.
- Тргнете го капакот на водниот резервоар и исчистете го резервоарот.

Компонентите на водниот резервоар и водната чешма не треба да се мијат во машината за миење садови.

Водата што тече додека ја користите чешмата за вода се акумулира во послужавникот за течење.
Тргнете го пластичниот филтер како што е покажано на сликата.
Со чиста и сува крпа, тргнете ја водата што се акумулирала.

Отстранете го садот со филм од кутијата за зачини/свежи зачини. Извадете го филмот од кутијата и ставете го во садот за филм како што е прикажано на сликата.
Затворете го повторно садот и вратете го во кутијата за зачини/свежи зачини.
Кутиите за зачини/свежи зачини се особено добри оддели за чување разни зачини што се поделикатни.
Во нив неисечканите зачини (магданос, копар и сл.) се чуваат во хоризонтална положба и многу подолго остануваат свежи.
Филмот се менува на шест месеци.

5.16. Замрзнување свежа храна
- За да го зачувате квалитетот на храната, храната ставена во одделот за замрзнување мора да се замрзне што може побрзо, користете брзо замрзнување за ова.
- Замрзнувањето на храна кога е свежа ќе го продолжи времето на чување во одделот за замрзнување.
- Спакувајте ја храната во садови без воздух и затворете ја цврсто.
- Проверете дали храната е спакувана пред да ја ставите во замрзнувачот. Користете држачи за замрзнување, алуминиум и хартија која не се влажни, пластични кеси или слични материјали за пакување наместо традиционална хартија за пакување.

Мразот во одделот за замрзнување се топи автоматски.
- Означете го секое пакување со храна со датум пред замрзнување. Така ќе
може да ја одредите свежината на секое пакување секојпат кога ќе го отворите замрзнувачот. Чувајте ја порано ставената храна напред за да се осигурите дека ќе се искористи прва.
- Замрзнатата храна мора да се искористи веднаш по одмрзнување и не треба да се замрзнува повторно.
- Не замрзнувајте одеднаш големи количини храна.
5.17. Препораки за чување на смрзната храна
Одделот мора да биде ставен на најмалку -18°C.
- Ставете ја храната во замрзнувачот најбрзо што можете за да избегнете одмрзнување.
- Пред замрзнување, проверете го датумот на истекување на пакувањето за да проверите дека не е истечен.
- Проверете дали пакувањето на храната не е оштетено.
| Поставување на температурата во одделот за замрзнување | Поставување на температурата во одделот за ладење | Детали |
| -18°C 4°C Ова е | стандардната, препорачана поставка. | |
| -20,-22 или -24°C | 4°C | Овие поставки се препорачуваат за амбиентални температури над 30°C. |
| Брзо замрзнување | 4°C | Користете го кога сакате за кусо време да ја замрзнете храната. Кога ље заврши процесот, производот ље се врати на позицијата. |
| -18°C или постудено | 2°C | Користете го овие поставки ако мислите дека одделот за ладење не е довольно студен поради амбиенталната температура или честото отворање на вратата. |
5.18. Детали за длабоко замрзнување
Според стандардите на IEC 62552, замрзнувачот мора да има капацитет за замрзнување на 4,5 кг храна или да ја намали температурата во 24 часа за секои 100 литри на површината на замрзнувачот. Храната може само да се чува подолги периоди на или под температура од -18°C. Може да ја чувате храната свежа со месеци (во замрзнувачот на или под температура од -18°C).
Храната што се замрзнува не смее да ја допре веќе замрзнатата храна внатре за да се избегне делумно одмрзнување. Сварете ги зеленчуците и филтрирајте ја водата за да го продолжите времето на чување. Ставете ја храната во вакумирани пакувања по филтрирање и ставете ги во фрижидерот. Банани, домати, марула, целер, варени јајца, компири и слична храна не треба да се замрзнуваат. Ако оваа храна скапе, само хранливите вредности и вкусот ќе бидат влошени. Не станува збор за скапување опасно за здравјето на луѓето.
5.19. Ставање на храната
| Рафтови во одделот на замрзнувачот | Некои видови замрзната храна, вклучувајки месо, риби, сладолед, зеленчук итн. |
| Рафтови во одделот на замрзнувачот | Храната во тенцериња, затворени садови и затворени пакувања, јајца (во затворени пакувања) |
| Рафт на вратата на одделот за ладење | Мали и пакувани храна и пијалаци |
| Корпа за зеленчуци | Овошје и зеленчук |
| Оддел за свежа храна | Деликатесна храна (храна за доручек, месни производи што треба да се исконсумираат за кусо време) |
5.20. Предупредување за отворена врата (по избор)
Звучно предупредување ќе се слушне ако вратата на производот остане отворена најмалку една минута. Аудио предупредувањето ќе прекине кога вратата е затворена или некое копче на екранот (ако е достапно) е притиснато.
Предупредувањето за отворена врата е и звучно и визуелно. Интерното светло ќе се исклучи ако предупредувањето продолжи 10 минути.
5.21. Менување на насоката на отворање на вратата
Може да ја смените насоката на отворање на фрижидерот во зависност од локацијата на која го употребувате. Кога ви треба тоа, консултирајте се со најблиската овластена служба.
Објаснувањето погоре е општа изјава. Треба да ја проверите предупредувачката етикета лоцирана во пакувањето на производот за променливоста на насоката на вратата.
5.22. Внатрешно светло
Внатрешното светло користи ЛЕД-сијалици. Контактирајте го овластениот сервис за какви било проблеми со оваа сијалица.
Сијалицата/сијалиците користени во овој уред не може да се користат за домашно осветлување. Наменетата употреба на оваа сијалица е да му помогне на корисникот да ја стави храната во фрижидерот/замрзнувачот безбедно и удобно.
5.23. Сино светло/HarvestFresh (Тазе набрано)
*Може да не е достапно кај сите модели
За синото светло
Овошјето и зеленчукот складирани во кутиите за свеж зеленчук кои се осветлени со сина светлина ја продолжуваат својата фотосинтеза со помош на ефектот за бранова должина на сино светло и така ги задржуваат своите витамини.
3а HarvestFresh,
Овошјето и зеленчукот складирани во кутии за свеж зеленчук со технологијата HarvestFresh ги задржуваат своите витамини подолго време благодарение на циклусите со сино, зелено, црвено светло и темнина, кои го симулираат дневниот циклус.
Ако ја отворите вратата на фрижидерот во текот на темниот период на технологијата HarvestFresh, фрижидерот автоматски ќе го детектира и активира сино-зеленото или црвеното светло за да ја осветли кутијата за свежи производи по ваша желба. Откако ќе ја затворите вратата на фрижидерот, ќе продолжи темниот период, претставувајќи го вечерниот циклус од дневниот циклус.
5.24. Менување на светилката за осветлување
Повикајте овластен сервисер за да ја смените светилката што служи за осветлување на ладилникот.
Сијалицата што се користи во овој уред не служи за осветлување на соби во домот. Намената на сијалицата е да му помогне на корисникот да ја стави храната во фрижидерот безбедно и удобно.
Сијалиците што се користат во овој производ треба да ги издржуваат екстремните физички услови, како што се температурите под -20° С.
Овој производ е опремен со извор на осветлување од енергетската класа „G“. Изворот на осветлување во овој производ треба да го замени само стручен сервисер.
6 Одржување и чистење
Векот на траење на производот се продолжува ако се чисти редовно.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Прво извадете го кабелот од струја пред да го чистите фрижидерот.
- Никогаш не користете остри или абразивни алатки, сапун, средства за чистење во домаќинството, детергенти и восочен полир за чистење.
- Растворете една мала лажичка сода бикарбона во половина литар вода. Натопете крпа во растворот и исцедете ја темелно. Избришете ја внатрешноста на уредот со оваа крпа и исушете ја темелно.
- Проверете да не влегува вода во куќиштето на сијалицата и другите електрични делови.
- Исчистете ја вратата со влажна крпа. За да ја извадите вратата и полиците, извадете ја сета содржина. Извадете ги полиците со движење нагоре. По чистењето, вметнете ги од горе надолу за да ги инсталирате.
- Никогаш не користете средства за чистење или вода што содржи хлор за да ги чистите надворешните површини и деловите обложени со хром на производот. Хлорот предизвикува корозија на таквите метални површини.
- Не користете остри алатки, сапун, средства за чистење, детергенти, керозин, нафта, лак итн., за да спречите оштетување или деформирање на пластичните делови. Користете млака вода и мека крпа за чистење, а потоа исушете.
6.1. Избегнување на лоши мириси
Во производството на нашите уреди не се користени материјали што може да предизвикаат мирис. Сепак, поради несоодветните услови за чување храна и нечистењето на внатрешната површина на уредот како што треба, може да се појави проблем со мирис.
Затоа, чистете го фрижидерот со вода со растворена сода секои 15 дена.
- Чувајте ја храната во затворени садови. Микроорганизмите што се шират од непокриените садови може да предизвикаат непријатни мириси.
- Во фрижидерот никогаш не чувајте храна што има истечен рок на употреба и што е расипана.
6.2. Заштита на пластичните површини
Исчистете ги веднаш со топла вода, бидејќи маслото може да ги оштети површините ако се стави на пластика.
Извадете ја заштитната фолија од стаклата. Има облога на површината на стаклата. Оваа површина го минимизира наталожувањето и помага да се отстранат можните дамки и нечистотија. Стаклата што не се заштитени со таков слој може да бидат предмет на постојано наталожување на нечистотија од воздух или вода, како што се варовникот, минералните соли, неизгорените јаглеводороди, металните оксиди и силиконите што може лесно и брзо да предизвикаат дамки или оштетување на материјалот. Одржувањето на стаклото чисто станува тешко и покрај редовното чистење. Поради тоа, изгледот и транспарентноста на стаклото се влошуваат. Грубите и корозивните методи за чистење и соединенија ги интензивираат овие дефекти и го забрзуваат процесот на распаѓање.
Производите за чистење врз база на вода што не се алкални и корозивни мора да се користат за редовно чистење.
Неалкалните и некорозивните материјали мора да се користат за чистење за да може облогата да трае подолго време.
Овие стакла се термички обработени за да се зголеми нивната издржливост против удари и кршење. Безбедносен филм исто така се применува на нивната површина како дополнителна мерка на безбедност за да се спречи да предизвикаат оштетување во средината ако се скршат.
*Алкалите се база што формира хидроксидни јони (ОН⁻) кога ќе се раствори во вода.
Li (литиум), Na (натриум), K (калиум), Rb (рубидиум), Cs (цезиум) и вештачките и радиоактивни Fr (франциум) метали се наречени АЛКАЛНИ МЕТАЛИ.
7 Решавање проблеми
Проверете го списокот пред да повикате сервис. Ќе ви заштеди време и пари. Овој список ги опфаќа честите поплаки што не произлегуваат од неправилна работа или употреба на материјали. Одредени спомнати одлики може да не се однесуваат на вашиот производ.
Ако ладилникот не работи.
- Приклучокот за струја не е наместен убаво. >>> Приклучете го убаво да влезе во штекерот.
- Осигурувачот за штекерот што обезбедува струја за производот или главниот осигурувач се прегорени. >>> Проверете ги осигурувачите.
Се јавува кондензација на страничните ѕидови во одделот на ладилникот (ПОВЕЌЕНАМЕНСКА ЗОНА, КОНТРОЛА НА ЛАДЕЊЕТО И ФЛЕКСИБИЛНА ЗОНА).
- Средината е многу студена. >>> Не поставувајте го производот во средина каде што температурата се спушта под -5 °C.
- Вратата се отвора многу често >>> Внимавајте да не ја отворате вратата многу често.
- Има многу влага во средината. >>> Не поставувајте го производот во средина со влага.
- Течната храна се чува во садови без капак. >>> Чувајте ја течната храна во затворени садови.
- Вратата на производот е оставена отворена. >>> Не оставајте ја вратата отворена долго.
- Термостатот е поставен на ниска температура. >>> Поставете го термостатот на соодветната температура.
- Ако снема струја или ако го извлечете приклучокот од штекерот и потоа повторно го приклучите, притисокот на гасот во системот за ладење на производот нема да биде рамномерен, што предизвикува вклучување на термичката заштита на компресорот. Производот ќе се рестартира по околу 6 минути. Повикајте сервисер ако производот не се рестартира по овој период.
- Вклучено е одмрзнувањето. >>> Ова е нормално за целосно автоматизиран процес на одмрзнување. Одмрзнувањето се извршува периодично.
- Производот не е вклучен. >>> Проверете дали кабелот за струја е вклучен.
- Поставката за температура не е точна. >>> Изберете соодветна поставка за температурата.
- Нема струја. >>> Производот ќе продолжи да работи кога ќе дојде струја.
Бучавата од работата на ладилникот се зголемува додека работи.
- Работата на производот може да се разликува во зависност од промените на температурата во средината. Тоа е нормално и не е грешка.
Ладилникот работи многу често или многу долго.
Решавање на проблеми
- Новиот производ веројатно е поголем од претходниот. Поголемите производи работат подолго.
- Температурата во просторијата е висока. >>> Производот нормално ќе работи подолго ако има висока температура во просторијата.
- Производот бил вклучен неодамна или ставена е нова храна. >>> На производот му треба повеќе време да ја достигне поставената температура кога е вклучен неодамна или ако се стави нова храна во него. Тоа е сосема нормално.
- Ставена е поголема количина врела храна во производот. >>> Не ставајте врела храна во ладилникот.
- Вратите се отвораат често или биле оставени отворени подолго. >>> Топлиот воздух влегува внатре и затоа производот работи подолго. Не отворајте ги вратите многу често.
- Вратата на ладилникот или замрзнувачот е оставена подотворена. >>> Проверете дали вратите се убаво затворени.
- Производот е поставен на многу ниска температура. >>> Поставете на повисока температура и почекајте производот да ја достигне прилагодената температура.
- Гумата на врата од ладилникот или замрзнувачот е валкана, изабена, искршена или не е правилно наместена. >>> Исчистете или заменете ја гумата. Оштетената / искината гума на вратата предизвикува долга работа на производот за да ја одржува поставената температура.
Температурата во замрзнувачот е многу ниска додека температурата во ладилникот е задоволителна.
- Температурата во одделот на замрзнувачот е поставена многу ниско. >>> Поставете повисока температура за одделот на замрзнувачот и проверете одново.
Температурата во ладилникот е многу ниска додека температурата во замрзнувачот е задоволителна.
- Температурата во одделот на ладилникот е поставена многу ниско. >>> Поставете повисока температура за одделот на замрзнувачот и проверете одново.
Храната што се чува во ладилникот е замрзната.
- Температурата во одделот на ладилникот е поставена многу ниско. >>> Поставете повисока температура за одделот на замрзнувачот и проверете одново.
Температурата во ладилникот или замрзнувачот е многу висока.
- Температурата во одделот на ладилникот е поставена многу високо. >>> Поставката за температурата во одделот на ладилникот влијае врз температурата во одделот на замрзнувачот. Почекајте температурата во соодветниот оддел да го достигне потребното ниво така што је ја смените температурата во одделите за ладилникот или замрзнувачот.
- Вратите се отвораат често или биле оставени отворени подолго. >>> Не отворајте ги вратите многу често.
- Вратата е оставена подотворена. >>> Затворете ја вратата убаво.
- Производот бил приклучен неодамна или е ставена нова храна. >>> Ова е нормално. На производот му треба повеќе време да ја достигне поставената температура кога е вклучен неодамна или ако се стави нова храна во него.
- Ставена е поголема количина врела храна во производот. >>> Не ставајте врела храна во ладилникот.
Тресење или бучава.
Решавање на проблеми
- Подот не е рамен или издржлив. >>> Ако производот се тресе кога ќе го помрднете малку, прилагодете ги ногарките за да го порамните. Проверете и дали подот е доволно издржлив да го носи производот.
- Работите ставени врз производот предизвикуваат бучава. >>> Тргнете ги работите што сте ги ставиле врз него.
Производот испушта звуци на течење, прскање и сл.
- Работните принципи на производот вклучуваат течење на течност и гас. >>> Тоа е нормално и не е грешка.
Звук на ветер се слуша од производот.
- Производот користи вентилатор во процесот на ладење. Тоа е нормално и не е грешка.
Има кондензација на внатрешните ѕидови на производот.
- Врела и влажна клима го зголемува создавањето мраз и кондензација. Тоа е нормално и не е грешка.
- Вратите се отвораат често или биле оставени отворени подолго. >>> Не отворајте ги вратите многу често. Ако се отворени, затворете ги.
- Вратата е оставена подотворена. >>> Затворете ја вратата убаво.
Има кондензација по надворешноста на производот или меѓу вратите.
- Климата во средината е влажна. Ова е нормално за влажна клима. >>> Кондензацијата ќе исчезне кога ќе се намали влагата.
Внатрешноста мириса лошо.
- Производот не се чисти редовно. >>> Редовно чистете ја внатрешноста со сунѓер и топла вода со сода бикарбона.
- Одредени држачи и материјали за пакување создаваат миризби. >>> Користете држачи и материјали за пакување што не содржат миризби.
- Храната се чува во садови без капак. >>> Чувајте ја храната во затворени садови. Може да се развијат микроорганизми кај храната што не се чува во затворен сад со што се создава лоша миризба. Отстранете ја храната со истечен рок или расипаната храна од производот.
Вратата не се затвора.
- Пакувањето на храната ја блокира вратата. >>> Преместете ги работите што ги блокираат вратите.
- Производот не е поставен во целосно исправена положба на подот. >>> Прилагодете ги ногарките за да го порамните.
- Подот не е рамен или издржлив. >>> Проверете дали подот е рамен и доволно издржлив да го носи производот.
Корпата за зеленчук е преполна.
- Храната се допира до горната секција во фиоката. >>> Разместете ја храната во фиоката.
Ако површината на производот е жешка
- Може да се појават високи температури помеѓу двете вратички, на страничните панели и кај задниот грил додека производот е вклучен. Тоа е нормално и нема потреба за поправка!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако проблемот опстојува и откако сте ги примениле сите упатства во ова поглавје, контактирајте со продавачот или овластен сервис. Не обидувајте се да го поправите апаратот.



