BSSA315K2S - фрижидер BEKO - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BSSA315K2S BEKO во PDF формат.

BEKO BSSA315K2S - фрижидер
📄 100 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BEKO BSSA315K2S - page 67
Погледни прирачник : English EN Македонски MK Українська UK
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Самостоен фрижидер-замрзнувач
Вкупен нето капацитет 315 L
Нето капацитет на фрижидер 235 L
Нето капацитет на замрзнувач 80 L
Капацитет на замрзнување 4 kg/24h
Класа на енергетска ефикасност E (A+++ до G)
Годишна потрошувачка на енергија 224 kWh
Ниво на бучава 42 dB(A) re 1pW
Климатска класа SN-ST (Субнормална до суптропска)
Димензии (В x Ш x Д) 1860 x 595 x 640 mm
Тежина 61 kg
Систем без мраз Фрижидер (без мраз), Замрзнувач (автоматско одмрзнување)
Функција за ладење Мулти проток на воздух, IonGuard, EverFresh+
Тип на дисплеј Електронски LED
Напојување 220-240 V, 50 Hz
Минимална амбиентална температура 10 °C
Максимална амбиентална температура 38 °C
Достапност на резервни делови 7 години (ЕУ регулатива)

Често поставувани прашања - BSSA315K2S BEKO

Како да ги променам поставките за температура на мојот Beko BSSA315K2S?
Притиснете го копчето 'Фрижидер' или 'Замрзнувач' повторно за да ја изберете саканата температура. Препорачаните поставки се 4°C за фрижидер и -18°C за замрзнувач.
Што е функцијата 'IonGuard' и како функционира?
IonGuard користи јонизатор за неутрализирање на бактерии и мириси, одржувајќи го воздухот во фрижидерот свеж. Тоа е автоматско и не бара одржување.
Зошто мојот фрижидер не лади правилно?
Проверете дали вратата е целосно затворена и заптивката на вратата е чиста. Осигурете се дека има соодветна вентилација околу апаратот. Ако проблемот продолжи, контактирајте квалификуван техничар.
Како да го одмрзнам одделот за замрзнувач?
Овој модел има автоматско одмрзнување. Натрупувањето на мраз е минимално. Доколку е потребно, рачно одмрзнете го така што ќе го исклучите апаратот и ќе ја оставите вратата отворена. Не користете остри предмети.
Што треба да направам ако се огласи алармот за врата?
Алармот покажува дека вратата е оставена отворена премногу долго. Затворете ја вратата правилно. Ако алармот продолжи, проверете го прекинувачот на вратата.
Како да ја исчистам внатрешноста на фрижидерот?
Исклучете го апаратот. Отстранете ги полиците и фиоките. Исчистете со мека крпа и топла вода со благ детергент. Избегнувајте абразивни средства за чистење. Исушете темелно пред повторно да го вклучите.
Кои се правилните амбиентални температури за работа?
Овој фрижидер-замрзнувач е дизајниран за климатска класа SN-ST, што значи дека може да работи при амбиентални температури од 10°C до 38°C.
Како да го активирам 'Eco' режимот?
Притиснете го копчето 'Eco' (ако е достапно) за да го активирате режимот за заштеда на енергија. Ова ги оптимизира поставките за температура за помала потрошувачка на енергија.
Зошто има вода на дното на фрижидерот?
Проверете дали одводниот отвор на задниот дел е блокиран. Исчистете го со чистач за цевки или памук. Исто така, осигурете се дека храната не го блокира одводот.
Дали е достапен прирачник за овој модел?
Да, можете да го преземете упатството за употреба за Beko BSSA315K2S од нашата веб-страница notice-facile.com во PDF формат бесплатно.

Прашања на корисниците за BSSA315K2S BEKO

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BSSA315K2S - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BSSA315K2S на марката BEKO.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BSSA315K2S BEKO

Упатство за употреба

Холодильники

Прочитајте го ова упатство прво!

Се надеваме дека овој производ, произведен во модерна фабрика и проверен според многу прецизни процедури за контрола на квалитетот, ќе ви овозможи ефикасна услуга.

Затоа, препорачуваме внимателно да го прочитате целото упатство за производот пред употреба и да го чувате при рака за идни консултации.

Ова упатство

  • ќе ви помогне да го користите апаратот на брз и безбеден начин.
  • Прочитајте го упатството пред да го поставите и вклучите производот.
  • Следете ги упатствата, особено оние за безбедноста.
  • Чувајте го упатството на лесно достапно место, бидејќи може да ви затреба подоцна.
  • Покрај тоа, прочитајте ги и другите документи што се испорачуваат со производот.
  • Имајте предвид дека ова упатство важи и за други модели.

Ова упатство со инструкции ги содржи следниве симболи:

Важни информации или корисни совети за употреба.

⚠️ Предупредувања за опасни состојби по животот и имотот.

⚠️ Предупредување за електричниот напон.

BEKO BSSA315K2S - Ова упатство - 1

Со цел да се обезбеди нормално функционирање на уредот, кој користи целосно еколошки разладувач (фреон) R 600а (запалив само под одредени услови), морате да се придржувате кон следните правила:

  • Немојте да ја попречувате слободната циркулација на воздухот околу уредот.
  • Немојте да употребувате механички предмети за да го забрзате процесот на одмрзнување. Користете ги само оние кои се препорачани од производителот.
  • Немојте да го оштетувате разладното коло.
  • Не употребувајте електрични апарати внатре во уредот. Користете ги само оние кои се препорачани од производителот.

1 Вашиот ладилник 3

2 Важни безбедносни предупредувања 4

Наменета употреба ....4 Општа безбедност ....4 Кај производи со диспензер за вода. .6 Безбедност за деца ....6 Усогласување со Директивата за фрлање на електронска и електрична опрема и за одлагање на отпадот..6 Усогласување со Директивата за ограничување на опасните материи:....7 Информации за пакувањето .....7 НСА-Предупредување .....7 Работи што треба да ги направите за штедење енергија ....7

3 Поставување 8

Работи што треба да се имаат во предвид кога го транспортирате ладилникот ....8 Пред вклучување на ладилникот...8 Електрично поврзување .....8 Фрлање на пакувањето ....8 Фрлање на стариот ладилник .....9 Поставување и поврзување ......9 Замена на внатрешната светилка за осветлување ......9 Преместување на вратите ..... 10

4 Подготовка 11

5 Употреба на ладилникот 12

Копче за поставување на термостатот ....12 Користење на внатрешните оддели..12 Ладење 12 Одмрзнување ....13 Исклучување на производот......13

6 Одржување и чистење 14

Заштита на пластичните површини ....14

7 Препорачани решенија за проблемите 15

1 Вашиот ладилник

BEKO BSSA315K2S - Вашиот ладилник - 1

  1. Полици на вратата
  2. Полица за шишиња
  3. Предни ногарки
  4. Фиока за салата
  5. Капак на фиоката
  6. Канал за собирање на одмрзнатата вода — цевка за испуштање
  7. Полици во одделот на ладилникот
  8. Потпора за шишиња со вино
  9. Поставување на регулаторот и на внатрешното осветлување

Сликите што се прикажани во ова упатство за употреба се шематски и може да не соодветствуваат точно со производот. Ако деловите од поглавјето не се включени во производот што сте го купиле, тогаш тие важат за други модели.

2 Важни безбедносни предупредувања

Прочитајте ги следните информации. Непочитувањето на овие информации може да предизвика повреди или материјална штета. Гаранцијата и заложбите за доверливост нема да бидат важечки.

Оригиналните резервни делови ќе ги добивате 10 години по датумот кога е набавен производот.

Наменета употреба

Овој производ е наменет да се користи:

– во затворени простории како што се домови, – во затворени работни средини како што се продавници и канцеларии, – во затворени простории за сместување како што се објекти на селскиот туризам, хотели, пансиони. – Овој производ не смее да се користи на отворено.

Општа безбедност

  • Ви препорачуваме да се консултирате со локалниот авторизиран сервис и со овластените институции за да ги добиете неопходните информации кога ќе сакате да го фрлите / одложите производот.
  • Консултирајте се со овластен сервис за сите прашања и проблеми поврзани со ладилникот. Не интервенирајте ниту не пуштајте друг да интервенира на ладилникот без да го известите овластениот сервисер.
  • За производите од одделот на замрзнувачот. Не јадете сладолед во корнет или коцки мраз веднаш по вадење од одделот за замрзнување! (Може да предизвикате смрзнатини на устата.)
  • За производите во одделот на замрзнувачот - Не ставајте пијалаци во шише или конзерва во одделот на замрзнувачот. Инаку, тие може да пукнат.
  • Не допирајте ја замрзната храна со рака, може да ви се залепи за раката.
  • Исклучете го ладилникот од струја пред чистење или одмрзнување.
  • Испарувачи и материјали за чистење што испаруваат не смее никогаш да се користат за чистење и за процесот на одмрзнување на ладилникот. Во тие случаи, испарувањето може да дојде во контакт со електричните делови и да предизвика краток спој или електричен удар.
  • Никогаш не користете делови од ладилникот како што е вратата за потпора или расчекор.
  • Не користете електрични уреди во внатрешноста на ладилникот.
  • Не оштетувајте ги деловите каде што циркулира фреонот со дупчалки или алатки за сечење. Фреонот може да прсне и може да предизвика иритација на кожата и повреда на очите кога ќе се дупнат каналите за испарувањата, продолжетоците на цевките или површинските премази.
  • Не покривајте ги или не блокирајте ги отворите за вентилација на ладилникот со каков било материјал.
  • Електричните делови мора да ги поправи само овластено лице. Поправките што ги извршиле некомпетентни лица може да предизвикаат ризик за корисникот.
  • Во случај на грешка при работа или во текот на одржување или поправка, исклучете го ладилникот од довод на ел. енергија со тоа што ќе го извадите соодветниот осигурувач или ќе го извлечете кабелот.
  • Не влечете го кабелот кога го вадите приклучокот.

- Поставете ги пијалаците со повисоки затворувачи вертикално и убаво затворени.

- Никогаш не чувајте конзерви под притисок што содржат запаливи и експлозивни супстанци во ладилникот.

- Не користете механички уреди или други средства за забрзување на процесот на одмрзнување, освен оние што ги препорачува производителот.

- Овој производ не е наменет да го користат лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или необучени или неискусни лица (вклучително и деца), освен ако не се под надзор на лице кое е одговорно за нивната безбедност или кое ќе ги научи како да го користат производот правилно.

- Не вклучувајте оштетен ладилник. Консултирајте се со сервисер ако се сомневате на дефект.

- Електричната безбедност на ладилникот е гарантирана само кога системот за заземјување во домот е усогласен со стандардите.

- Изложување на производот на дожд, снег, сонце и ветер е опасно во однос на електричната безбедност.

- Контактирајте овластен сервисер кога е оштетен кабелот за струја за да избегнете опасност.

- Никогаш не вклучувајте го ладилникот на сиден приклучок за време на поставувањето. Инаку, може да има ризик од смрт или сериозна повреда.

- Овој ладилник е наменет само за чување на храна. Не смее да се користи за други намени.

- Етикетата со техничките спецификации се наоѓа на левиот ѕид во ладилникот.

- Никогаш не поврзувајте го ладилникот за системи за штедење струја. Може да го оштетат ладилникот.

- Ако има сина светилка на ладилникот, не гледајте во неа со оптички уреди.

- Почекајте најмалку 5 минути за да го вклучите ладилникот откако снемало струја кај ладилниците што се контролираат рачно.

- Ова упатство за работа треба да се предаде на новиот сопственик на производот ако го дадете на други.

- Избегнувајте да предизвикувате оштетувања на кабелот за напојување кога го транспортирате ладилникот. Превитканиот кабел може да предизвика пожар. Никогаш не ставајте тешки предмети врз кабелот за струја. Не допирајте го приклучокот со мокри раце кога го приклучувате производот.

BEKO BSSA315K2S - Општа безбедност - 1

- Не приклучувајте го ладилникот ако штекерот е разлабавен.

- Вода не смее да се прска директно на внатрешните и надворешните делови на производот од безбедносни причини.

- Не прскајте разни средства што содржат запаливи гасови како што е пропанот близу до ладилникот за да избегнете ризик од пожар и експлозија.

- Никогаш не ставајте садови со вода врз ладилникот. Во спротивно, може да предизвикаат електричен удар или пожар.

- Не преполнувајте го ладилникот со прекумерна количина храна. Ако го преполните, храната може да падне и да ве повреди и да го оштети ладилникот кога ја отворате вратата.

- Никогаш не ставајте предмети врз ладилникот. Во спротивно, овие предмети може да паднат кога ја отворате или затворате вратата на ладилникот.

  • Вакцините, лековите што се осетливи на топлина, истражувачките материјали и Guinea не смее да се чуваат во ладилникот бидејќи бараат прецизна температура.
  • Ладилникот треба да се исклучи од струја ако не се користи долго време. Можен проблем со кабелот може да предизвика пожар.
  • Клемите на приклучокот треба да се чистат редовно. Во спротивно, може да предизвикаат пожар.
  • Клемите на приклучокот треба да се чистат редовно со сува крпа. Во спротивно, може да предизвикаат пожар.
  • Ладилникот може да се мрда ако прилагодливите ногарки не се правилно поставени на подот. Ладилникот нема да се мрда со правилно обезбедување на прилагодливите ногарки на подот.
  • Не држете го ладилникот за рачката на вратата кога го транспортирате. Во спротивно, може да се скрши.
  • Кога треба да го поставите производот до друг ладилник или замрзнувач, растојанието меѓу нив треба да биде најмалку 8 цм. Во спротивно, соседните ѕидови може да фатат влага.

Кај производи со диспензер за вода

  • Притисокот на доводот на водата мора да биде минимум 1 бар. Притисокот на доводот на водата мора да биде максимум 8 бари.
  • Користете само вода за пиење.

Безбедност за деца

  • Ако вратата има брава, клучот треба да се чува далеку од дофатот на децата.
  • Децата мора да се надгледуваат за да се спречи тие да си играат со ладилникот.

Усогласување со Директивата за фрлање на електронска и електрична опрема и за одлагање на отпадот:

BEKO BSSA315K2S - Усогласување со Директивата за фрлање на електронска и електрична опрема и за одлагање на отпадот: - 1

Овој отпад е усогласен со Директивата на ЕУ за фрлање на електронска и електрична опрема (2012/19/EU). Овој производ го носи символот за класификација на отпадот од електрична и

BEKO BSSA315K2S - Усогласување со Директивата за фрлање на електронска и електрична опрема и за одлагање на отпадот: - 2

електронска опрема (WEEE).

Овој производ е произведен со многу квалитетни делови и материјали коишто може да се користат одново и се соодветни за рециклирање. Не фрлајте го производот со нормалниот домашен отпад и со друг отпад кога веќе нема да го користите. Однесете го во собирен центар за рециклирање на електрична и електронска опрема. Консултирајте се со овластените тела во општината за да дознаете каде има собирни центри.

Усогласување со Директивата за ограничување на опасните материи:

Производот што го купивте е усогласен со Директивата за ограничување на опасните материи (2011/65/EU). Не содржи штетни и забранети материјали коишто се наведени во Директивата.

Информации за пакувањето

Материјалот за пакувањето на производот е произведен од материјал што може да се рециклира во согласност со Државните одредби за заштита на животната средина. Не фрлајте го материјалот од пакувањето заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центри за собирање материјал за пакување коишто ги посочуваат општинските тела.

НСА-Предупредување

Ако системот за разладување на производот содржи R600а:

Овој гас е запалив. Затоа треба да се обрне внимание да не се оштетуваат системот за ладење и цевководите при употреба и транспорт. Во случај на оштетување, чувајте го производот настрана од можни извори на оган што може да предизвикаат негово палење и вентилирајте ја просторијата каде што е сместен.

Игнорирајте го ова предупредување ако системот за ладење на производот содржи R134а.

Типот на гас што се користи во производот е посочен на плочката на левиот ѕид во ладилникот.

Никогаш не фрлајте го производот во оган.

Работи што треба да ги направите за штедење енергија

  • Не држете ги вратите на ладилникот отворени подолг период.
  • Не ставајте топли пијалаци или храна во ладилникот.
  • Не преоптоварувајте го ладилникот со што ќе се попречи циркулацијата на воздухот во внатрешноста.
  • Не поставувајте го ладилникот под директна сончева светлина или близу до уреди што зрачат топлина како што се печка, машина за миење садови или радијатори.
  • Внимавајте храната да ја чувате во затворени садови.
  • Ако ја одмрзнувате замрзната храна во одделот на ладилникот, ќе заштедите струја и ќе го зачувате квалитетот на храната.

3 Поставување

⚠️ Имајте предвид дека производителот нема да биде одговорен ако не се почитуваат информациите коишто се дадени во упатството за работа.

Работи што треба да се имаат во предвид кога го транспортирате ладилникот

  1. Ладилникот мора да се испразни и исчисти пред каков било транспорт.
  2. Полиците, дополнителната опрема, фиоките и сл. во ладилникот мора безбедно да се зацврстат со лента за лепење за да се спречи нишање пред повторно пакување.
  3. Пакувањето мора да се зацврсти со дебели ленти и цврсти јажиња, а правилата што се отпечатени на пакувањето мора да се почитуваат.

Не заборавајте...

Секој рециклирачки материјал е неопходен извор за природата и за нашите природни ресурси.

Ако сакате да придонесете при рециклирање на материјалите за пакување, може да добиете повеќе информации од овластените лица за животна средина или од локалната власт.

Пред вклучување на ладилникот

Пред да почнете да го употребувате ладилникот, проверете го следново:

  1. Дали е внатрешноста на ладилникот сува и дали може воздухот да циркулира слободно од задната страна?
  2. Исчистете ја внатрешноста на ладилникот како што е препорачано во поглавјето „Одржување и чистење“.
  3. Вклучете го ладилникот во приклучок за струја. Кога вратата ќе се отвори, соодветното внатрешно осветлување на ладилникот ќе се вклучи.
  4. Може да слушнете бучава кога ќе се вклучи компресорот. Течноста и гасовите затворени во системот на ладилникот ја зголемуваат бучавата, без оглед дали компресорот е вклучен или не, тоа е сосема нормално.
  5. Предните рабови на ладилникот може да бидат малку топли. Тоа е сосема нормално. Овие области се дизајнирани да бидат топли за да се спречи кондензација.

Електрично поврзување

Поврзете го производот во заземјен штекер што е заштитен со осигурувач со соодветен капацитет. Важно:

  • Поврзувањето мора да биде усогласено со државните регулативи.
  • Приклучокот на кабелот за напојување мора да биде лесно достапен по приклучувањето.
  • Посочениот напон мора да биде еднаков на напонот на напојувањето.
  • Не смее да се користат продолжни кабли и приклучоци со повеќе влезови.

⚠️ Квалификуван електричар мора да го замени оштетениот кабел за напојување.

⚠️ Производот не смее да работи пред да се поправи! Постои ризик од електричен удар!

Фрлање на пакувањето

Материјалот за пакување е опасен за децата. Чувајте го материјалот за пакување подалеку од дофат на децата или фрлете го класифицирајќи го во согласност со упатствата за фрлање отпад. Не фрлајте го заедно со редовниот домашен отпад. Пакувањето на ладилникот е произведено од рециклирачки материјали.

Фрлање на стариот ладилник

Фрлете го стариот ладилник без да направите штета за животната средина.

- Консултирајте се со овластениот застапник или со центар за собирање отпад во вашата општина за тоа како да го фрлите ладилникот.

Пред да го фрлите ладилникот, исечете го кабелот за напојување и, ако има брави на вратата, искршете ги за да ги заштитите децата од каква било опасност.

Поставување и поврзување

⚠️ Ако влезната врата на просторијата каде што треба да се смести ладилникот не е довольно широка за да може тој да помине, тогаш повикајте го овластениот сервис да ги извади вратите на ладилникот и тогаш, поминете го ладилникот низ вратата странично.

  1. Поставете го ладилникот на место кое овозможува лесна употреба.
  2. Поставете го ладилникот подалеку од извори на топлина, влажни места или директна сончева светлина.
  3. Мора да има соодветна воздушна вентилација околу ладилникот со цел да се постигне ефикасна работа. Ако ладилникот треба да се постави во вдлабнатина во ѕидот, тогаш мора да има најмалку 5 цм. растојание од таванот и најмалку 5 цм од ѕидот. Ако на подот има килим, ладилникот мора да е подигнат од подот за 2,5 цм.
  4. Поставете го ладилникот на рамни подови за да се спречи нишање.
  5. Не чувајте го ладилникот во простории со амбиентална температура под 10°C.

Замена на внатрешната светилка за осветлување

Повикајте овластен сервисер за да ја смени светилката што служи за осветлување на ладилникот.

Сијалицата што се користи во овој уред не служи за осветлување на соби во домот. Нејзината намена е да му помогне на корисникот безбедно и удобно да ја става храната во фрижидерот.

Сијалиците што се користат во овој производ треба да ги издржуваат екстремните физички услови, како што се температурите под -20°C.

Преместување на вратите

Постапете по нумеричкиот редослед.

BEKO BSSA315K2S - Преместување на вратите - 1

4 Подготовка

① Ладилникот треба да се постави на најмалку 30 cm оддалеченост од извори на топлина, како што се камини, фурни, централно греење и печки, и најмалку 5 cm оддалеченост од електрични печки. Не смее да се изложува на директна сончева светлина. i Амбиенталната температура во просторијата каде што ќе го поставите ладилникот мора да биде најмалку 10°C. Не се препорачува работа на ладилникот под уреди за ладење, бидејќи тоа ја попречува неговата ефикасност. i Исчистете ја внатрешноста на ладилникот темелно. i Ако треба да се постават два ладилника еден до друг, тогаш треба да има најмалку 2 cm растојание меѓу нив. ① Кога ќе го вклучите ладилникот за првпат, почитувајте ги следните упатства во текот на првите шест часа.

  • Вратата не треба да се отвора често.
  • Мора да се вклучи празен, без храна во него.
  • Не исклучувајте го ладилникот од струја. Ако снема струја, видете ги предупредувањата во поглавјето „Препорачани решенија за проблемите“.

① Оригиналното пакување и материјалите од пена треба да се чуваат за евентуален иден транспорт или преместување.

5 Употреба на ладилникот

Копче за поставување на термостатот

BEKO BSSA315K2S - Копче за поставување на термостатот - 1

Работната температура се регулира со контролата за температура.

најтопло ← ● 1 3 2 4 5 → најладно (или) мин. макс.

1 = најниско поставување за ладење (најтопло)

5 = највисоко поставување за ладење (најладно) (или)

Мин = најниско поставување за ладење (најтопло)

Макс. = највисоко поставување за ладење (најладно)

Просечната температура во ладилникот треба да биде околу +5°C.

Изберете го поставувањето во зависност од саканата температура.

Имајте предвид дека ќе има различни температури во делот за ладење.

Најладниот дел е веднаш над одделот за зеленчук.

Внатрешната температура зависи и од амбиенталната температура, зачестеноста на отворањето на вратата, како и од количината храна што се чува внатре.

Често отворање на вратата предизвикува покачување на внатрешната температура.

Од оваа причина, се препорачува веднаш да ја затворите вратата по користење на ладилникот.

Користење на внатрешните оддели

Подвижни полици: Растојанието меѓу полиците може да се прилагодува по потреба.

Фиока за зеленчук: Зеленчукот и овошјето може да се чуваат во оваа преграда подолго време без да се расипат.

Полица за шишиња: Шишиња, тегли и конзерви може да се чуваат на овие полици.

Ладење

Складирање храна

Одделот на ладилникот е наменет за краткотрајно складирање свежа храна и пијалаци.

Чувајте ги млечните производи во наменетиот оддел во ладилникот/замрзнувачот.

Шишињата може да се чуваат во држачите за шишиња или на полицата за шишиња на вратата.

Свежото месо најдобро се одржува во полиетиленски вреќички во одделот на дното на ладилникот/ замрзнувачот.

Оставете ги топлите јадења и пијалаци да се изладат на собна температура пред да ги ставите во ладилникот/замрзнувачот.

• Внимание

Чувајте го концентрираниот алкохол само во исправена положба и цврсто затворен.

• Внимание

Не ставајте експлозивни материи или садови со запалливи гасови (конзервиран крем, конзерви на распрснување, итн.) во уредот.

Постои опасност од експлозија.

Одмрзнување

Одделот на ладилникот извршува целосно автоматизирано одмрзнување.

Водата капе и може да се појави мраз до 7-8 мм. на внатрешниот заден ѕид во ладилникот кога тој лади. Таквите формации се нормални како резултат на системот за разладување.

Формацијата на мраз ќе се одмрзне автоматски на одредени интервали благодарение на системот за автоматизирано одмрзнување на задниот ѕид. Нема потреба од гребење на мразот или од собирање на водените капки.

Водата што е производ на одмрзнувањето минува низ одводот за собирање вода и истекува во испарувачот преку одводната цевка и тука испарува.

Проверувајте ја редовно одводната цевка за да видите дали е запушена или не и исчистете ја со стапче во отворот ако е неопходно.

BEKO BSSA315K2S - Одмрзнување - 1

Исклучување на производот

Ако термостатот има позиција „0“: - Производот ќе престане да работи кога ќе го свртите копчето на термостатот на позицијата „0“ (нула). Производот нема да започне со работа ако не го свртите копчето на термостатот на позиција „1“ или на некоја од другите позиции повторно.

Ако термостатот има позиција „мин“: - Исклучете го производот од струја за да престане да работи.

6 Одржување и чистење

⚠️ Никогаш не користете бензин, нафта или слични средства за чистење. ⚠️ Препорачуваме да го исклучите апаратот пред чистење. ⚠️ Никогаш не користете груби абразивни инструменти, сапун, домашни средства за чистење, детергент и средство за полирање за чистење. ☐ Користете топла вода за чистење на внатрешноста на апаратот и избришете за да се исуши. ① Користете влажна и добро исцедена крпа потопена во раствор од една лажичка сода бикарбонат и една чаша вода за чистење на внатрешноста, а потоа избришете за да се исуши. ⚠️ Внимавајте да не навлезе вода во куќиштето на осветлувањето или во другите електрични делови. ⚠️ Ако апаратот нема да се користи подолго време, исклучете го, извадете ја храната, исчистете го и оставете ја вратата полуотворена. ⚠️ Проверувајте ја редовно гумата на вратата која треба да биде чиста и без остатоци од храна. ⚠️ За да ги извадите полиците на вратата, извадете ја целата содржина и потоа едноставно притиснете ја полицата нагоре од лежиштето. ⑥ Никогаш не користете средства за чистење или вода што содржат хлор за да ги исчистите надворешните површини и деловите обложени со хром на производот. Хлорот предизвикува корозија на таквите метални површини.

Заштита на пластичните површини

Не ставајте течни масла или храна зготвена со масло во незатворени садови во ладилникот бидејќи тие може да ги оштетат пластичните површини на ладилникот. Во случај на истурање или размачкување масло врз пластичните површини, исчистете го и исплакнете го дадениот дел на површината веднаш со топла вода.

7 Препорачани решенија за проблемите

Прочитајте го овој список пред да повикате сервис. Ќе ви заштеди време и пари. Овој список ги опфаќа честите поплаки што не произлегуваат од неправилна работа или употреба на материјали. Некои од одликите што се опишани тука веројатно не постојат кај вашиот производ.

Ладилникот не работи.

  • Дали ладилникот е правилно приклучен? Приклучете го во штекер.
  • Дали осигурувачите на приклучокот на којшто е поврзан ладилникот или главниот осигурувач се прегорени? Проверете ги осигурувачите.

Се јавува кондензација на страничните ѕидови во одделот на ладилникот (ПОВЕКЕНАМЕНСКА ЗОНА, КОНТРОЛА НА ЛАДЕЊЕТО И ФЛЕКСИБИЛНА ЗОНА).

- Многу студени амбиентални услови. Често отворање и затворање на вратата. Амбиентални услови со многу влага. Складирана храна што содржи течност во отворени садови. Вратата е оставена подотворена. Префрлете го термостатот на поладен степен.

- Намалете го времето за оставена отворена врата или користете ја поретко.

- Затворете ја храната што ја чувате во отворени садови со соодветен материјал.

- Избришете ја кондензацијата со сува крпа и проверете дали повторно ќе се појави.

Компресорот не се вклучува.

- Заштитната термика на компресорот ќе престане да работи при ненадеен прекин на ел. енергија или ќе го прекине ел. напојување бидејќи притисокот на ладилникот во системот за ладење сè уште не е избалансиран. Ладилникот ќе продолжи со работа по приближно 6 минути. Повикајте го сервисерот ако ладилникот не се вклучи по истекување на овој период.

- Ладилникот е во циклус на одмрзнување. Ова е нормално за целосно автоматизиран процес на одмрзнување кај ладилникот. Циклусот на одмрзнување започнува периодично.

- Ладилникот не е приклучен во штекер. Проверете дали приклучокот е правилно поставен во штекерот.

- Дали прилагодувањето на температурата е правилно направено?

- Можеби нема струја.

Ладилникот често или долго работи.
Новиот ладилник веројатно е поширок од претходниот. Тоа е сосема нормално. Големите ладилници работат подолг период.Амбиенталната температура во просторијата е висока. Тоа е сосема нормално.Ладилникот веројатно е приклучен неодамна или можеби е преоптоварен со храна. Комплетното разладување на ладилникот може да потрае неколку часа подолго.Веројатно е ставена голема количина врела храна во ладилникот неодамна. Врелата храна предизвирува подолг период на работа на ладилникот сё додека не се постигне безбедна температура на складирање.Вратите веројатно биле често отворани или оставени подотворени долг период. Топлиот воздух што навлегол во ладилникот предизвирува тој да работи подолг период. Отворајте ги вратите поретко.Вратите на одделите на ладилникот или замрзнувачот веројатно биле оставени подотворени. Проверете дали вратите се добро затворени.Ладилникот е прилагоден на многу ниска температура. Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и почекајте додека не се постигне температурата.Гумата на вратата од ладилникот или замрзнувачот е нечиста, истрошена, искината или не е правилно поставена. Исчистете ја или заменете ја гумата. Оштетена / искината гума предизвирува ладилникот да работи подолг период за да ја одржува тековната температура.
Температурата во замрзнувачот е многу ниска додека температурата во ладилникот е задоволителна.
Температурата во замрзнувачот е прилагодена на многу ниска температура. Прилагодете ја температурата во замрзнувачот на повисок степен и проверете.
Температурата во ладилникот е многу ниска додека температурата во замрзнувачот е задоволителна.
Температурата во ладилникот е прилагодена на многу ниска температура. Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и проверете.
Храната што се чува во фиоките на ладилникот се замрзнува.
Температурата во ладилникот е прилагодена на многу ниска температура. Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и проверете.
Температурата во ладилникот или замрзнувачот е многу висока.
Температурата во ладилникот е прилагодена на многу висок степен. Прилагодувањето во ладилникот влијае врз температурата во замрзнувачот. Сменете ја температурата во ладилникот или замрзнувачот додека истата не постигне задоволително ниво.Вратите веројатно биле често отворани или оставени подотворени долг период. Отворајте ги поретко.Вратата била оставена подотворена. Затворете ја вратата убаво.Веројатно е ставена голема количина врела храна во ладилникот неодамна. Почекајте додека ладилникот или замрзнувачот не ја постигнат саканата температура.Ладилникот веројатно бил приклучен неодамна. Целосно разладување на ладилникот трае подолго.
Бучавата при работа се зголемува кога работи ладилникот.
• Работата на ладилникот се менува соодветно со промените во амбиенталната температура. Тоа е нормално и не е грешка.
Вибрации или бучава.
• Подот не е рамен или е многу слаб. Ладилникот се ниша кога ће се помести малку. Проверете дали подот е довольно цврст и може да го држи ладилникот и дали е рамен.• Бучавата може да се предизвикува и од работите што се ставени врз ладилникот. Тие предмети треба да се тргнат од ладилникот.
Има бучава што доаға од ладилникот и наликува на истурање вода или шиштење.
• Течните и гасните звуци се случауваат заради работните принципи на ладилникот. Тоа е нормално и не е грешка.
Има бучава како да дува ветер.
• Се користат вентилатори за да може да се излади ладилникот. Тоа е нормално и не е грешка.
Има кондензација на внатрешните сидови на ладилникот.
• Врела и влажна клима го зголемува создавањето мраз и кондензација. Тоа е нормално и не е грешка.• Вратите биле оставени подотворени. Проверувајте дали вратите се затворени убаво.• Вратите веројатно биле често отворани или оставени подотворени долг период. Отворајте ги поретко.
Влага се појавува на надворешноста на ладилникот или меѓу вратите.
• Веројатно има влажност во воздухот. Ова е сосема нормално во временски услови со влага. Кога ће се намали влагата, ће исчезне и кондензацијата.
Има лоша миризба во ладилникот.
• Внатрешноста на ладилникот мора да се исчисти. Исчистете ја внатрешноста на ладилникот со сунгер, топла вода или карбонизирана вода.• Некои садови или материјали за пакување веројатно го предизвикуваат мирисот. Употребете друг сад или материјал за пакување од друг производител.
Вратата не се затвора.
• Спакуваната храна може да го попречува затворањето на вратите. Преместете ја спакуваната храна што ја попречува вратата.• Ладилникот не е поставен целосно вертикално на подот и се ниша кога малку ће се потурне. Прилагодете ги шрафовите за подигнување.• Подот не е рамен или цврст. Проверете дали подот е рамен и може да го држи ладилникот.
Фиоките се заглавени.
• Храната веројатно го допира плафонот на фиоката. Прераспределете ја храната во фиоката.
Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BEKO

Модел : BSSA315K2S

Категорија : фрижидер