DSA33010 - фрижидер BEKO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DSA33010 BEKO во PDF формат.
| Тип на производ | Самостоен фрижидер |
| Модел | DSA33010 |
| Бренд | Beko |
| Димензии (В x Ш x Д) | 1850 x 600 x 650 mm |
| Нето тежина | 65 kg |
| Напојување | 220-240 V ~ 50 Hz |
| Енергетска класа | A+ |
| Годишна потрошувачка на енергија | 250 kWh |
| Климатска класа | N-ST |
| Ниво на бучава | 40 dB |
| Вкупен бруто капацитет | 330 L |
| Капацитет на фрижидер | 240 L |
| Капацитет на замрзнувач | 90 L |
| Оцена на ѕвезди на замрзнувач | 4 ѕвезди |
| Капацитет на замрзнување | 4 kg/24h |
| Време на складирање при прекин на струја | 18 часа |
| Систем за одмрзнување | Автоматско одмрзнување (без мраз) |
| Број на полици | 4 прилагодливи стаклени полици |
| Фиока за зеленчук | Да, со контрола на влажност |
| Балкони на врата | 4 балкони на врата |
| Внатрешно осветлување | LED осветлување |
| Контрола на термостат | Механичко копче (5 поставувања) |
| Аларм за отворена врата | Да |
| Реверзибилна врата | Да (реверзибилна од корисникот) |
| Гаранција на компресор | 10 години |
Често поставувани прашања - DSA33010 BEKO
Прашања на корисниците за DSA33010 BEKO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DSA33010 - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DSA33010 на марката BEKO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DSA33010 BEKO
Со цел да се обезбеди нормално функционирање на уредот, кој користи целосно еколошки разладувач (фреон) R 600а (запалив само под одредени услови), морате да се придржувате кон следните правила:
♦ Немојте да ја попречувате слободната циркулација на воздухот околу уредот.
♦ Немојте да употребувате механички предмети за да го забрзате процесот на одмрзнување. Користете ги само оние кои се препорачани од производителот.
♦ Немојте да го оштетувате разладното коло.
♦ Не употребувајте електрични апарати внатре во уредот. Користете ги само оние кои се препорачани од производителот.
Електрично приклучување /26
Инструкции за инсталација /26
Запознајте го вашиот уред /27
Сугестии за аранжирање на храната во уредот /27
Контрола и подесување на температура /28
Пред оперирањето /28
Чување на замрзната храна /28
Замрзнување на свежа храна /28
Правење на коцки мраз /29
Одмрзнување /29
Заменување на внатрешната сијалица /30
Де-позиционирање на вратата /30
Направете/немојте да правите /31
Проблеми – можни решенија /32
Технички податоци /32


2


3

4

Ви честитаме на изборот на квалитетниот производ направен да Ви служи многу години. ВЕКО
Безбедноста на прво место!
Немојте да го вклучувате апаратот во струја пред да ги отстраните пакувачките материјали и транспортната заштита.
- Ако уредот се транспортира во хоризонтална положба, оставете го уредот на место најмалку 4 часа пред да го вклучите, за да може компресорското масло да се стабилизира.
- Ако го депонирате стариот апарат со брава или рачка на вратата, внимавајте тоа да го сторите на сигурно место за да не би можеле децата во текот на својата игра да се затворат во него.
- Овој апарат мора да се користи само за намената за која е произведен.
- Немојте да го изложувате апаратот на топлина. Вашиот апарат содржи не-CFC супстанции во изолацијата кои се запаливи. Ви сугерираме да ги контактирате локалните служби за информација каде може да го депонирате стариот уред.
- Не се препорачува употреба на овој апарат во ладна, не загреана просторија (пр. гаража, надвор од куќата, подрум, визба...итн.)
За да се обезбеди оптимално и сигурно работење на апаратот, потребно е внимателно да го прочитате ова упатство.
Доколку не се придржувате на упатствата може да го изгубите правото на сервис за време на гаранцискиот период.
Зачувајте го упатството за идни потсетувања.
Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, освен кога се надгледувани или им се дадени инструкции за користењето на уредот од страна на лице кое е одговорно за нив.
Децата треба да се надгледувани за да не играат со уредот.
Електрично поврзување
Пред вклучувањето на апаратот во штекер, проверете ги напонот и фреквенцијата наведени на внатрешната страна на апаратот дали се кореспондираат со напонот и фреквенцијата во вашиот дом. Ви сугерираме да го приклучите апаратот на прекинувач кој е соодветен за него и има осигурувач на лесно достапно место.
Внимание!
Апаратот мора да биде заземјен
Електричните дефекти и проблеми треба да ги поправа само овластено квалификувано лице. Лошо изведената поправка од страна на неовластено лице, носи ризик кој може да вклучи критични последици по корисникот.
ВНИМАНИЕ!
Овој уред работи со фреон R 600а кој што е еколошки но запалив гас. За време на транспортот и лоцирањето на уредот, мора да внимавате да не се оштети системот на ладење. Доколку дојде до оштетување на системот за ладење и до истекување на гасот, чувајте го апаратот подалеку од извори на топлина и на одредено време проветрувајте ја просторијата.
Предупредување - Не користете
механички предмети и слично за да го забрзате процесот на одмрзнување. Употребувајте ги само препорачаните од производителот.
Предупредување - Немојте да го оштетувате разладното коло.
Предупредување - Не користете електрични апарати во внатрешниот дел различни од оние кои се препорачани од производителот.
Инструкции за транспорт
- Апаратот треба да се транспортира само во вертикална положба. Кутијата во која е спакуван уредот не смее да се оштети за време на транспортот.
- Ако за време на транспортот апаратот мора да се постави во хоризонтална положба, не треба да се користи најмалку 4 часа за да се стабилизира составот.
- Доколку не се почитуваат горенаведените упатства, може да дојде до оштетување на апаратот, при што производителот нема да биде одговорен.
- Апаратот мора да биде заштитен од дожд, влага и други атмосферски влијанија.
Важно!
- При чистење/поместување на апаратот, не ги допирајте со раце металните жици на кондензаторот на позадината од апаратот, бидејќи може да ги повредите прстите.
- Немојте да стоите или седите на апаратот, затоа што не е предвиден за тоа. Може да се повредите или да го оштетите апаратот.
- Внимавајте при транспортот или поместување на апаратот, кабелот да не дојде под апаратот при што може да дојде до негово оштетување.
- Не им дозволувајте на децата да си играат со апаратот или сами да ги притискаат контролните копчиња.
Инструкции за инсталација
- Немојте да го чувате апаратот во просторија каде што постои можност температурата да падне под 10 степени Целзиусови (50 степени Фаренхајтови) во текот на ноќта или во зима, затоа што апаратот е предвиден за работа во просторија каде што температурата се движи од +10 до +32 степени Целзиусови (50 до 90 степени Фаренхајтови). При пониски температури, апаратот може да не работи, што ќе доведе до намалување на рокот на траење на намирниците.
- Не го поставувајте апаратот во близина на шпорети или радијатори, ниту пак директно изложен на сонце, затоа што тоа ќе предизвика дополнително оптоварување на апаратот. Ако апаратот е поставен до извор на топлина или замрзнувач, држете се до следните минимални растојанија:
Од шпорет 30 mm
Од радијатор 300 mm
Од замрзнувач 25 mm
- Внимавајте околу апаратот да има доволно слободен простор за циркулација на воздух.
- Поставете го задниот капак за вентилација на апаратот за да го одредите растојанието помеѓу апаратот и ѕидот.
- Апаратот треба да се постави на мазна и рамна површина. Двете предни ногарки може по потреба да се прилагодат по висина. За да бидете сигурни дека апаратот е во правилна положба, завртете ги предните ногарки во правец на стрелките на часовникот или обратно, додека не дојде до цврст контакт со подлогата. Со правилно подесените ногарки ќе ја спречите големата бучава и вибрации.
(Дел 4).
- Погледнете во поглавјето „Чистење и одржување“ за да го подготвите апаратот за употреба.
Запознајте го апаратот (Дел 1)
1 - Полица на замрзнувачот 2 - Термостат и сијалица (за осветлување на внатрешноста) 3 - Подесувачки полици 4 - Канал за собирање на одмрзнатата вода - одводна цевка 5 - Капак на фиоката за овошје и зеленчук 6 - Фиока за овошје и зеленчук 7 - Предни ногарки за подесување 8 - Полица за тегли 9 - Полица за шишиња
Сугестии за аранжирање на храната во апаратот
Сугестии за рационално искористување на просторот и хигиена:
- Одделот на фрижидерот е наменет за чување на свежа храна и пијалоци на краток период.
- Одделот за замрзнување е означен *** и соодветен за замрзнување и чување на претходно замрзната храна. Препораките за чување на храната се наоѓаат на пакувањето на храната и треба да се почитуваат.
- Готвената храна треба да се чува во садови кои имаат херметичко затворање.
- Свежите завиткани производи може да се чуваат на полиците. Свежото овошје и зеленчук треба да се исчисти и чува во фиоките за овошје и зеленчук.
- Шишињата може да ги чувате на полиците на вратата.
- Свежото месо завиткајте го во полиетиленски кеси и сместете го на најниската полица. Не дозволувајте да дојде во допир со готвена храна за да избегнете контаминација. Поради сигурност чувајте го месото најмногу 2 до 3 дена.
- За максимална ефикасност, полиците немојте да ги покривате со хартија или друг материјал, како би овозможиле слободна циркулација на ладниот воздух.
- Немојте да чувате растително масло на полиците на вратата. Чувајте ја храната спакувана, завиткана или покриена. Оставете ги топлата храна и пијалоци да се оладат пред да ги ставите во фрижидерот. Остатоците од конзервирана храна немојте да ги чувате во конзерва.
- Пенливи пијалоци не смее да се замрзнуваат, а ароматизираните пијалоци не смеат да се конзумираат премногу ладни.
- Некои зеленчуци и овошја губат на квалитет на температура од 0°C. Затоа ананасот, лубеницата, краставиците, доматите и слично ставете ги во пластични кеси.
- Алкохолните пијалоци со висок процент на алкохол мора да се чуваат во добро затворени и исправени шишиња. Никогаш не чувајте производи кои содржат запаливи гасови (пр. разни спрејови) или експлозивни материи. Постои опасност од експлозија.
Контрола на температура и подесување
Работната температура се подесува со копчето на термостатот (Дел 5) и може да биде поставена на било која позиција помеѓу 1 и 5 (најладна позиција).
Просечната температура внатре треба да биде околу +5°C (+41°F).
Затоа поставете го термостатот за да обезбедите сакана температура. Некои секции во фрижидерот може да бидат поладни или потопли (како што се фиоките за зеленчук и овошје и горните делови на фрижидерот), што е сосема нормално. Се препорачува повремена проверка на температурата со термометар за да се уверите дека фрижидерот се одржува на препорачаната температура. Честото отворање на вратата предизвикува зголемување на внатрешната температура, затоа се препорачува затворање на вратата колку што е можно побрзо по употребата.
Пред употреба
Финална проверка
Пред стартување на апаратот, проверете дали:
- Предните ногарки се подесени така што се во совршена рамномерност.
- Внатрешноста е сува и воздухот може слободно да циркулира.
- Внатрешноста е чиста како што е препорачано во „Чистење и одржување“.
- Приклучокот е правилно приклучен и дека има струја. Кога ќе ја отворите вратата, се пали внатрешното светло.
Забележете дека:
- Ќе слушнете бучава кога компресорот ќе почне со работа. Течноста и гасот исто така може да предизвикаат бучава во разладниот систем, без разлика дали компресорот работи или не. Тоа е сосема нормално.
- Лесно тресење на горниот дел на фрижидерот не е дефект.
- Препорачуваме термостатот да биде поставен на средина и да се следи внатрешната температура за да се уверите дека апаратот ја одржува саканата температура. Види „Контрола на температура и подесување“.
- Не поставувајте намирници во фрижидерот веднаш по вклучувањето. Почекајте додека внатрешноста не ја постигне саканата температура. Препорачуваме проверка на температурата со термометар. Види „Контрола на температура и подесување“.
Сместување на замрзната храна
Вашиот замрзнувач е погоден за чување на фабрички замрзната храна, а може да се користи и за замрзнување и чување на свежа храна. Доколку има прекин на струја, немојте да го отварате фрижидерот.
Храната треба да остане замрзната ако прекинот на струја не е подолг од 18 часа. Ако прекинот трае подолго, тогаш проверете ја храната и да се искористи веднаш или зготви и повторно замрзне.
Замрзнување на свежа храна
Ве молиме да се придржувате на упатствата за да ги добиете најдобрите резултати.
Не замрзнувајте преголеми количини одеднаш. Квалитетот на храната најдобро ќе се задржи доколку се замрзне колку што е можно побрзо. Не го преминувајте капацитетот на одделот за замрзнување во рок од 24 часа.
Доколку поставите топла храна во замрзнувачот, ќе дојде до постојана работа на компресорот се додека храната не замрзне во целост. Со тоа може да дојде до прекумерно ладење во замрзнувачот.
Кога замрзнувате свежа храна, копчето на термостатот треба да биде на средната позиција. Помала количина на храна до 1/2 kg (1 lb) може да се замрзне без подесување на термостатот.
Посебно внимание обрнете да веќе замрзнатата храна не биде во допир со свежата.
Подготовка на коцки мраз
Наполнете го садот за коцки мраз до 3/4 со вода и поставете го во замрзнувач. Извадете ги замрзнатите коцки со дршка од лажица или сличен предмет; никогаш не користете остри предмети како ножеви или виљушки.
Одмрзнување
Одделот на фрижидерот се одмрзнува автоматски. Водата која ќе се насобере при одмрзнувањето од собирниот сад кој што се наоѓа на задната страна на фрижидерот се одлева до одводната цевка.
Во текот на одмрзнувањето можно е да се формираат капки вода на задниот дел на фрижидерот, затоа што позади него е сместен испарувачот. Некои капки може да застанат и после одмрзнувањето повторно да замрзнат. Немојте да ги отстранувате со остри и шилести предмети како ножеви или виљушки. Ако во било кој момент водата насобрана во садот за собирање не се одлева, проверете дали деловите со продукти ја имаат запушено одводната цевка. Одводната цевка може да се исчисти со чистач за славини или слични предмети.
Проверете дали крајот од цевката е перманентно поставен во садот за колектирање вода на компресорот за превенција од одлевање вода на електричната инсталација или на под.
В) Оддел на замрзнувачот
Одмрзнувањето е многу лесно и без никакви проблеми благодарение на специјалниот сад за собирање на одмрзната вода.
Одмрзнувањето се прави два пати годишно и кога слојот на мраз е подебел од 7 (1/4") mm. За стартување на процедурата на одмрзнување, најпрво исклучете го апаратот од струја. Целата храна извадете ја од фрижидер, ставете ја во садови и завиткајте ја во хартија и ставете ја на ладно место (пр. замрзнувач или подрум). За да го забрзате процесот на одмрзнување, внимателно поставете сад со топла вода во одделот за замрзнување. Не употребувајте остри и шилести предмети како што се ножеви или виљушки за отстранување на мразот.
Никогаш не употребувајте фен за сушење коса, електрични греачи или други електрични уреди за одмрзнување.
Со сунгер впијте ја водата насобрана на долниот дел на одделот на замрзнување. После одмрзнувањето, исушете го внатрешниот дел. Вклучете го струјниот кабел во штекер.
Заменување на сијалицата за внатрешно осветлување
Ако светлото не работи, исклучете го уредот од штекер.
Уверете се дека сијалицата е добро затегната и вклучете го повторно апаратот. Ако светлото повторно не работи, заменете ја сијалицата со нова со навој од тип E14 и јачина од 15 Watt (Max) која може да ја најдете во сите продавници за електрични производи. Веднаш внимателно отстранете ја прегорената сијалица.
Чистење и одржување
- Пред да почнете со чистење на апаратот, најпрво исклучете го од штекер струјниот кабел.
- Никогаш не употребувајте остри предмети или абразивни супстанции, сапун, средства за чистење во домаќинството, детергенти или средства за полирање.
- Употребете млака вода за чистење и потоа избришете го апаратот со нежна крпа.
- Употребете влажна крпа потопена во раствор од сода бикарбона (едно кафено лажиче на ½ литар вода) за чистење на внатрешноста и добро избришете ја.
- Внимавајте да не навлезе вода во кутијата за контрола на температурата.
- Доколку не го користите уредот подолг период, исклучете го од штекер, извадете ја храната, исчистете го и оставете ја вратата подотворена.
- Се препорачува металните делови на уредот да ги полирате со силиконски восок со што би го заштитиле последниот слој на висококвалитетна боја.
- Прашината насобрана на кондензаторот кој што се наоѓа на задниот дел на уредот, треба да се чисти еднаш годишно со правосмукалка.
- Редовно проверувајте ги бравите на вратите како би се увериле дека се чисти и на нив нема остатоци од храна.
10. Никогаш:
- Немојте да го чистите апаратот со несоодветни средства; пр. оние што се на база на бензин.
- Никогаш не го изложувајте апаратот на висока температура.
- Немојте да го гребете, стругате или сл. со абразивни средства.
- Внимавајте пластичниот сад за собирање на одмрзнатата вода секогаш да биде чист. Ако сакате да го извадите садот за чистење, следете ги инструкциите подолу:
- Исклучете го апаратот од струја.
- Внимателно откачете ги жичаните држачи на компресорот со клешти за жица, за да може да го извадите садот.
- Подигнете го садот.
- Исчистете го и избришете го.
- Вратете го садот на место по обратен редослед.
- За вадење на фиоките, повлечете ги што е можно повеќе и извадете ги комплетно.
Депозирање на вратата
Следете по броен редослед (Дел 7).
Направете/Немојте да правите
Да - Чистете го и одмрзнувајте го апаратот редовно („Види одмрзнување")
Да - Чувајте го свежото месо под готвената храна и млечните производи.
Да - Отстранете ги неупотребливите делови од зеленчукот (листови) и избришете го од нечистотијата.
Да - Отстранете ги корењата од зелката, марулата, карфиолот, магданосот и сл.
Да - Сирењето најпрво завиткајте го во мрсна хартија и ставете го во пластична кеса со колку што е можно помалку воздух. За подобар вкус, извадете го сирењето еден час пред употребата.
Да - Свежото месо и месото од живина слободно завиткајте го во пластична кеса или алуминиумска фолија со што ќе спречите да дојде до негово сушење.
Да - Рибата завиткајте ја во пластична кеса.
Да - Храната која има јак мирис или онаа која може да се засуши, завиткајте ја и поставете ја во пластични кеси и ставете ја во сад кој не пропушта воздух.
Да - Лебот добро завиткајте го за да се одржи свеж.
Да - Изладете ги виното, пивото и минералната вода пред да ги послужите.
Да - Често проверувајте ја содржината во замрзнувачот.
Да - Храната чувајте ја замрзната што е можно пократко и внимавајте на датумите до кога може да се употреби.
Да - Фабрички замрзнатата храна подгответе ја според упатствата на пакувањето.
Да - Секогаш користете квалитетна свежа храна и темелно исчистете ја пред да ја замрзнете.
Да - Припремете ја свежата храна пред да ја замрзнете во помали количини со што ќе обезбедите побрзо замрзнување.
Да - Секоја храна завиткувајте ја во пластична или алуминиумска фолија и истиснувајте го воздухот.
Да - Завиткајте ја замрзнатата храна веднаш по купувањето и ставете ја во замрзнувачот што побрзо.
Да - Одмрзнувајте ја храната во одделот за ладење.
Не - Чувајте банани во фрижидерот.
Не - Ставајте лубеници во фрижидерот. Може да ги изладите во фрижидерот на кратко време завиткани, за да миризбата не премине на другите продукти.
Не - Ги покривајте полиците со било каков заштитен материјал кој ќе го спречи циркулирањето на ладниот воздух.
Не - Ставајте отровни или било какви опасни производи во уредот. Тој е предвиден само за хранливи продукти.
Не - Ја конзумирајте храната која била предолго време замрзната.
Не - Ставајте варена и свежа храна во ист сад. Тие мора да бидат сместени одвоено.
Не - Дозволувајте храната што истекува или сокот од храната да капе по другата храна.
Не - Оставајте ја вратата отворена подолго време, тоа ќе доведе до неекономично работење на апаратот и прекумерно формирање на мраз.
Не - Користете остри предмети како ножеви или виљушки за отстранување на мразот.
Не - Ставајте топла храна во уредот. Дозволете најпрво да се олади.
Не - Ставајте течност која содржи јаглероден диоксид, било во шише било во конзерва, затоа што може да пукне.
Не - Пречекорувајте ја ограничената количина за замрзнување кога замрзнувате свежа храна.
Не - Им давајте на децата вода или сладолед директно од замрзнувачот. Ниската температура може да предизвика горење на усните.
Не - Замрзнувајте пенливи пијалоци.
Не - Замрзнувајте ја повторно веќе одмрзнатата храна; морате да ја конзумирате во рок од 24 часа или да ја пригответе и повторно да ја замрзнете.
Не - Вадете ја храната од замрзнувачот со мокри раце.
Проблеми – можни решенија
Ако уредот не работи кога е вклучен, проверете:
- Дали струјниот кабел е добро вметнат во штекерот и дали има доток на струја во штекерот. (За проверка на доток на струја, вклучете друг апарат на штекерот)
- Проверете го осигурувачот - може да е прегорен, струјното коло прекинато, главната дистрибуција е исклучена.
- Копчето за контрола на температурата не е подесено правилно.
- Ако сте го заменувале штекерот, проверете дали е поставен и инсталиран правилно.
Ако уредот сеуште не работи, повикајте Сервисен центар.
Осигурајте се дека сте ги направиле горенаведените проверки, затоа што во спротивно, ако нема дефект, сервисот ќе ви наплати.
Технички податоци
| Бренд | ВЕКО |
| Тип | Фрижидер - замрзнувач |
| Вкупен капацитет (I.) 320 | |
| Вкупен искористен волумен (I.) 310 | |
| Искористлив волумен на замрзнувачот (I.) 73 | |
| Искористлив волумен на фрижидерот | 237 |
| Капацитет на замрзнување (kg/24 h) 4 | |
| Енергетска класа (1) A | |
| Потрошувачка на енергија (kWh/year) (2) 335 | |
| Автономност (h) 19 | |
| Бука [dB(A) re 1 pW] 40 | |
| Еколошки разладувач (фреон) R600 а | |
| (1) Енергетска класа : A . . . G (A = екомомичен . . . G = помалку економичен)(2) Вистинската потрошувачка на енергија зависи од условите и локацијата на уредот. | |

Симболот на производот или на пакувањето индицира дека производот не треба да се третира како домашен отпад. Треба да се предаде на соодветно место каде што се рециклира електронска и електрична опрема. Со тоа што ќе се осигурате дека производот е отстранет правилно, ќе помогнете во превентирањето на потенцијалните негативни последици врз околината и човековото здравје, кои се предизвикани од неправилно отстранување на производот. За подетални информации во врска со рециклирањето на овој производ, ве молиме контактирајте ги локалните власти, овластени сервисери или продавницата каде што сте го купиле производот.