WTE 7500 B0 - перилница BEKO - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот WTE 7500 B0 BEKO во PDF формат.

BEKO WTE 7500 B0 - перилница
📄 64 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BEKO WTE 7500 B0 - page 44
Погледни прирачник : Ελληνικά EL Македонски MK
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за WTE 7500 B0 BEKO

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот перилница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник WTE 7500 B0 - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. WTE 7500 B0 на марката BEKO.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК WTE 7500 B0 BEKO

Упатство за употреба

BEKO WTE 7500 B0 - 1

Упатство за употреба

BEKO WTE 7500 B0 - 2

1 Важни упатства за безбедноста и околината

Ова поглавје содржи безбедносни упатства и ќе ви помогне да се заштитите од ризикот за лична повреда или оштетување на имотот. Непочитувањето на овие упатства ја поништува гаранцијата.

1.1 Општа безбедност

  • Овој производ може да го користат деца над 8-годишна возраст и лица чиишто физички, сетилни или ментални способности не се целосно развиени или лица кои немаат доволно искуство или познавања само ако се под надзор на друго лице, или ако се обучени како безбедно да го користат производот и ги знаат можните ризици. Децата не смеат да си играат со производот. Чистењето и одржувањето не смее никогаш да го вршат деца, освен ако не се под надзор на одговорно возрасно лице. Децата под 3 години треба да се држат настрана освен ако не се под постојан надзор.
  • Никогаш не ставајте го производот на под што е покриен со тепих. Недостатокот на проток на воздух под машината ќе предизвика прегревање на електричните делови. Со тоа се предизвикуваат проблеми со машината.
  • Ако производот е дефектен, не треба да се вклучува освен ако не го поправил овластен сервисер. Постои ризик од електричен удар!
  • Овој производ е дизајниран да продолжи со работа кога ќе дојде струја по прекин во снабдувањето. Ако сакате да откажете програма, видете го поглавјето „Откажување програма“.
  • Поврзете го производот на заземјен приклучок, заштитен со осигурувач од 16 А. Не занемарувајте го фактот дека мора да има инсталација со заземјен приклучок извршена од страна на квалификуван електричар. Нашата компанија нема да биде одговорна за какви било оштетувања што ќе се појават ако производот се користел без заземјување во согласност со локалните регулативи.
  • Доводот на вода и цревата за одвод мора да бидат цврсто затегнати и неоштетени. Инаку, постои ризик од протекување вода.
  • Никогаш не отворајте ја вратата за полнење и не вадете го филтерот додека има вода во барабанот. Инаку, постои ризик од поплава и повреда од врела вода.
  • Не отворајте ја насила заклучената врата за полнење. Вратата за полнење ќе биде подготвена за отворање по неколку минути откако ќе заврши циклусот на перење. Во случај на насилно отворање на вратата за полнење може да се оштетат вратата и механизмот за заклучување.
  • Исклучете го производот од струја кога не го користите.
  • Никогаш не мијте го производот со истурање вода врз него! Постои ризик од електричен удар!
  • Никогаш не допирајте го приклучокот со мокри раце! Никогаш не влечете го кабелот, секогаш извлекувајте го со факање на приклучокот.
  • Користете детергенти, омекнувачи и додатоци што се соодветни само за автоматски машини за перење алишта.
  • Следете ги упатствата на етикетите на алиштата и на пакувањето на детергентот.
  • Производот мора да биде ислучен од струја при постапки за монтирање, одржување, чистење и поправка.
  • Постапките за монтирање и поправка секогаш мора да ги извршува овластен сервисер. Производителот нема да биде одговорен за штети што би се појавиле од постапки што ги спровеле неовластени лица.
  • Ако кабелот за напојување со ел. енергија е оштетен, истиот мора да биде заменет од производителот, центарот за грижа за корисници или соодветно квалификувано лице (се претпочита електричар) или некој што е овластен од увозникот, со цел да се избегнат можните ризици. • Ставете го производот на цврста и рамна површина.
  • Не ставајте го апаратот на волнени прекривки или слични површини.
  • Не ставајте го производот на висока платформа, во близина на раб или скалеста површина.
  • Не ставајте го производот врз кабелот за струја.
  • Никогаш не користете сунгер или материјали за триење. Така ќе ги оштетите обоените, хромираните и пластичните површини.

1.2 Наменета употреба

- Овој производ е наменет за домашна употреба. Не е соодветен за комерцијална употреба и не смее да се користи надвор од наменетата употреба.

- Производот може да се користи само за перење и плакнење алишта што се соодветно обележени.

- Производителот ги отфрла сите одговорности што произлегуваат од неправилна употреба и транспорт.

1.3 Безбедност на децата

  • Материјалот од пакувањето е опасен за децата. Чувајте го на безбедно место и подалеку од дофатот на децата.
  • Електричните производи се опасни за децата. Држете ги децата подалеку од производот додека работи. Не дозволувајте им да играат со производот. Користете ја функцијата за заштита за деца за да ги спречите да си играат со производот.
  • Не заборавајте да ја затворите вратата за полнење кога ја напуштате просторијата каде е сместен производот.
  • Чувајте ги сите детергенти и адитиви на безбедно место, подалеку од дофат на деца, на тој начин што ќе го затворите капакот на садот

во кој го чувате детергентот или ќе го залепите пакувањето со детергент.

BEKO WTE 7500 B0 - Безбедност на децата - 1

BEKO WTE 7500 B0 - Безбедност на децата - 2

Стаклената врата за полнење станува многу врела кога перете алишта на висока температура. Затоа, држете ги особено децата подалеку од вратата на машината додека перете.

1.4 Информации за пакувањето

- Пакувањето се произведува од рециклирачки материјали во согласност со одредбите за заштита на животната средина на државно ниво. Не фрлајте го материјалот за пакување заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центрите за собирање материјали за пакување коишто ги посочуваат локалните овластени тела.

1.5 Фрлање на производот во отпад

- Овој производ е произведен од делови и материјали со висок квалитет коишто може повторно да се употребат и се соодветни за рециклирање. Затоа, не фрлајте го производот заедно со домашниот отпад кога веќе не може да се користи. Однесете го во собирен центар за рециклирање електрична и електронска опрема. Консултирајте се со локалните овластени тела за да дознаете каде е најблискиот собирен центар. Помогнете при заштита на животната средина и природните ресурси со тоа што ќе ги рециклирате искористените производи. Исечете го кабелот за напојување и скршете го механизмот за заклучување на вратата за да не може да работи пред да го фрлите производот, за да ги заштитите децата.

1.6 Усогласеност со законот на ЕУ - WEEE

BEKO WTE 7500 B0 - Усогласеност со законот на ЕУ - WEEE - 1

Овој производ е во согласност со Директивата на ЕУ за отпад од електронска и електрична опрема (WEEE) (2012/19/EU). Овој производ го носи симболот за класификација на отпад од електрична и електронска опрема (WEEE).

Овој производ е произведен со многу квалитетни делови и материјали коишто може повторно да се употребат и се соодветни за рециклирање. Не фрлајте го стариот производ заедно со домашниот отпад и со други видови отпад на крајот на неговиот животен век. Однесете го во собирен центар за рециклирање електрична и електронска опрема. Консултирајте се со вашите локални власти за да дознаете повеќе за овие собирни центри.

Усогласеност со Директивата за ограничување на опасни супстанции (RoHS):

Производот што го купивте е во согласност со Директивата на ЕУ за ограничување на опасни супстанции (RoHS) (2011/65/ЕУ). Не содржи опасни и забранети материјали наведени во Директивата.

2 Монтирање

Обратете се до најблискиот овластен сервисер за инсталација на производот. Погледнете ги информациите во упатството за корисникот и проверете дали струјата, доводот за вода и системот за испуштање вода се соодветни за да го подготвите производот за работа и пред да го повикате овластениот сервисер. Ако нема соодветни услови, повикајте квалификуван техничар и водоводџија за да ги завршат неопходните подготовки.

BEKO WTE 7500 B0 - Монтирање - 1

ИНФОРМАЦИИ

Подготовката на локацијата и инсталацијата на струјата, водата и одводот на местото за инсталација се одговорност на потрошувачот.

Проверете дали доводот за вода, одводните црева и електричниот кабел се превиткани, престапнати или притиснати кога го буткате производот на своето место по инсталацијата или чистењето.

BEKO WTE 7500 B0 - ИНФОРМАЦИИ - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Инсталацијата и електричните поврзувања на производот мора да ги спроведе овластен сервисер. Производителот нема да биде одговорен за штети што би се појавиле од постапки што ги спровеле неовластени лица.

BEKO WTE 7500 B0 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Пред инсталацијата, проверете визуелно дали производот има дефекти. Ако има, не инсталирајте го. Оштетените производи претставуваат ризик за безбедноста.

2.1 Соодветна локација за монтирање

  • Поставете ја машината на цврст под. Не ставајте ја на волнени прекривки или слични површини.
  • Вкупната тежина на машината за перење и на сушалната - со целосно оптоварување - кога се поставени една врз друга, достигнува околу 180 килограми. Ставете го производот на цврст и рамен под што има задоволителен капацитет на носивост!
  • Не ставајте го производот врз кабелот за струја.
  • Не монтирајте го производот на места каде температурата може да падне под 0 °C.
  • Ставете го производот најмалку 1 см оддалечен од рабовите на друг мебел.

2.2 Вадење на потпорите во пакувањето

Закосете ја машината наназад за да ги извадите потпорите во пакувањето. Отстранете ги потпорите во пакувањето со извлекување на лентата.

BEKO WTE 7500 B0 - Вадење на потпорите во пакувањето - 1

2.3 Вадење на транспортните брави

BEKO WTE 7500 B0 - Вадење на транспортните брави - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Не вадете ги транспортните брави пред да ги извадите потпорите во пакувањето.

Извадете ги навртките за безбеден транспорт пред да ја включите машината! Инаку, производот ќе се оштети.

Разлабавувајте ги шрафовите со соодветен клуч сè додека не започнат да ротираат слободно (С). Извадете ги навртките за безбеден транспорт со тоа што ќе ги одвртите внимателно. Поставете ги пластичните капаци што се доставени во вреќичка со Упатството за корисникот во отворите на задниот панел. (Р)

BEKO WTE 7500 B0 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

BEKO WTE 7500 B0 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 2

BEKO WTE 7500 B0 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 3

BEKO WTE 7500 B0 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 4

ИНФОРМАЦИИ

Чувајте ги навртките за безбеден транспорт на сигурно место ако треба повторно да ги употребите кога машината за перење ќе треба да се премести.

Никогаш не поместувајте го уредот без правилно поставени навртки за безбеден транспорт!

2.4 Поврзување на доводот за вода

BEKO WTE 7500 B0 - Поврзување на доводот за вода - 1

ИНФОРМАЦИИ

Притисокот на водата од доводот што е потребен за да работи машината мора да биде меѓу 1-10 бари (0.1 – 1 МРа). Неопходно е најмалку 10-80 литри вода да течат од целосно отворената славина во една минута за да работи машината без проблеми. Додајте вентил за намалување на притисокот, ако е повисок.

BEKO WTE 7500 B0 - ИНФОРМАЦИИ - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Моделите со единичен довод за вода не треба да се поврзуваат со славина за топла вода. Во тој случај, алиштата ќе се оштетат или производот ќе се префрли во заштитен режим и нема да работи.

Не користете стари или користени црева за довод на вода со новиот производ. Може да се предизвика флекање на алиштата.

Затегнете ги сите навртки на цревата со рака. Никогаш не користете клуч при нивно затегнување. Отворете ги славините докрај по поставување на цревата за да проверите дали протекува вода на точките на поврзување. Ако има протекување, затворете ја славината и извадете ја навртката. Затегнете ја одново внимателно по проверка на заштитата. Затворајте ги славините кога не ја користите машината за да спречите протекување на водата и оштетувања.

2.5 Поврзување за одвод

- Крајот на цревото за одвод мора директно да се поврзе со одвод за отпадна вода или со мијалник.

BEKO WTE 7500 B0 - Поврзување за одвод - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Не вадете ги транспортните брави пред да ги извадите потпорите во пакувањето.

  • Цревото мора да се прицврсти на висина од најмалку 40 см, а најмногу од 100 см.
  • Во случај кога цревото се подига по поставувањето на ниво на под или близу до подот (помалку од 40 см над подот), исфрлањето на водата се отежнува и алиштата ќе бидат повлажни. Затоа, следете ги висините што се посочени на сликата.

100cm -30cm

  • За да спречите нечистата вода да се враќа во машината и да обезбедите лесно испуштање, не потопувајте го крајот на цревото во нечиста вода и не внесувајте го во одводот повеќе од 15 см. Ако е многу долго, скратете го.
  • Крајот на цревото не смее да биде превиткан, нагазен ниту притиснат меѓу одводот и машината.
  • Ако должината на цревото е многу кратка, додајте оригинално црево за продолжување. Должината на цревото не смее да биде поголема од 3,2 м. За да избегнете дефекти од протекување на вода, врската меѓу цревото за продолжување и одводното црево на производот мора да биде добро направена, со соодветни стегачи за да не се раздвојат и да не протекува.

2.6 Прилагодување на ногалките

BEKO WTE 7500 B0 - Прилагодување на ногалките - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

За да се обезбеди производот да работи тивко и без вибрации, тој мора да стои рамно и избалансирано на ногарките. Наместете ја машината со прилагодување на ногарките. Инаку, производот може да се поместува и да предизвика кршење и вибрации.

Рачно разлабавете ги завртените навртки на ногарките. Прилагодувајте ги ногарките додека производот не застане рамно и стабилно. Затегнете ги сите навртки со рака.

BEKO WTE 7500 B0 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

Не користете алати за да ги разлабавите завртените навртки. Инаку, ќе се оштетат.

2.7 Поврзување на електриката

Поврзете го производот за заземјен приклучок, заштитен со осигурувач според вредностите во табелата „Технички спецификации“. Нашата компанија нема да биде одговорна за какви било оштетувања што ќе се појават ако производот се користел без заземјување во согласност со локалните регулативи.

  • Поврзувањето мора да биде усогласено со државните регулативи.
  • Приклучокот за ел. енергија мора да биде на дофат по монтирањето.
  • Напонот и дозволената заштита на осигурувачите се дадени во поглавјето „Технички спецификации“. Ако вредноста на осигурувачот во куќата е помала од 16 ампери, повикајте квалификуван електричар да постави осигурувач од 16 ампери.
  • Дадениот напон мора да биде еднаков на напонот во штекерот.
  • Не поврзувајте преку продолжни кабли или повеќенаменски приклучоци.

BEKO WTE 7500 B0 - Поврзување на електриката - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Оштетените кабли за струја мора да ги замени овластен сервисер.

2.8 Прва употреба

Пред да го вклучите производот, проверете дали сите подготовки се направени во согласност со упатствата во поглавјата „Важни безбедносни упатства“ и „Инсталација“.

Прво вклучете ја програмата за Памук-90 за да ја подготвите машината за перење алишта. Пред да ја вклучите програмата, ставете макс. 100 g прашок против бигор во преградата за главно перење (преграда бр. II). Ако средството против бигор е во форма на таблета, ставете една во одделот бр. II. Исушете ја внатрешноста на барабанот со чиста крпа кога ќе заврши програмата.

BEKO WTE 7500 B0 - Прва употреба - 1

ИНФОРМАЦИИ

Користете средство против бигор што е соодветно за машини за перење.

Останала малку вода во машината заради процесот за контрола на квалитетот во производството. Не е штетно за производот.

2.9 Фрлање на материјалот

од пакувањето

Материјалот од пакувањето е опасен за децата. Чувајте го на безбедно место и подалеку од дофатот на децата.

Пакувањето се произведува од рециклирачки материјали. Фрлете го правилно и сортирајте го во согласност со упатствата за рециклирање отпад. Не фрлајте го заедно со домашниот отпад.

2.10 Транспорт на производот

Исклучете го производот од струја пред транспортот. Извадете ги поврзувањата за цревата за довод и одвод на вода. Испуштете ја докрај преостанатата вода. Видете „Испуштање на преостаната вода и чистење на филтерот за пумпата“. Поставете ги безбедносните шрафови за транспорт по обратен редослед од постапката за вадење. Видете „Вадење на транспортните шрафови“.

BEKO WTE 7500 B0 - Транспорт на производот - 1

ИНФОРМАЦИИ

Никогаш не поместувајте го уредот без правилно поставени навртки за безбеден транспорт!

2.11 Фрлање на стариот производ

Фрлете го стариот производ внимавајќи на заштитата на животната средина.

Обратете се кај локалниот застапник или во центарот за собирање цврст отпад во вашата област за да дознаете како да го фрлите производот.

За да ги заштитите децата, исечете го кабелот за напојување и скршете го механизмот за заклучување на вратата за да не може да работи пред да го фрлите производот.

3 Подготовка

3.1 Работи што треба да се направат за заштеда на електрична енергија

Следниве информации ќе ви помогнат да го користите производот на еколошки и штедлив начин.

  • Вклучувајте го производот со најголемиот капацитет што го дозволува избраната програма, но не преполнувајте го. Видете ја „Табелата за програми и потрошувачка“.
  • Секогаш следете ги упатствата на пакувањето на детергентот.
  • Перете ги малку извалканите алишта на ниски температури.
  • Користете побрзи програми за мали количини на малку извалкани алишта.
  • Не користете високи температури за алишта што не се многу валкани или исфлекани.
  • Не користете повеќе детергент од количината што се препорачува на пакувањето на детергентот.

3.2 Сортирање на алиштата

  • Сортирајте ги алиштата според видот на ткаенината, бојата и степенот на извалканост, и дозволената температура на водата.
  • Секогаш почитувајте ги упатствата што се дадени на етикетите на облеката.

3.3 Подготовка на алиштата за перење

- Алиштата со метални предмети како што се шноли, копчиња на каиши и метални копчиња ќе ја оштетат машината. Тргнете ги металните делови или перете ги алиштата ставени во вреќичка за перење или во навлака за перница.

- Извадете ги сите предмети од џебовите, како што се монети, пенкала или спојувалки, превртете ги џебовите надвор и исчеткајте ги. Таквите предмети може да го оштетат производот и да предизвикаат проблем со бучава.

- Ставете ги малите алишта, како што се бебешките чорапчиња или најлонските чорапи, во вреќичка за перење или во навлака за перница.

- Ставете ги завесите внатре без да ги притискате. Извадете ги деловите за закачување на завесите.

- Закопчајте ги патентите, зашијте ги разлабавените копчиња и искинатите делови на алиштата.

- Перете ги производите со етикети „може да се пере во машина“ или „рачно перење“ само на соодветна програма.

- Не перете обоени и бели алишта заедно. Новите, темно обоени памучни ткаенини може да испуштат многу боја. Исперете ги засебно.

- Тврдокорните дамки мора да се третираат соодветно пред перење. Ако не сте сигурни, прашајте некој во хемиско чистење.

- Користете само разменувачи на бои и отстранувачи на бигор соодветни за машини за перење. Секогаш следете ги упатствата на пакувањето.

• Перете ги пантолоните и деликатните алишта превртени наопаку.

- Чувајте ги алиштата од ангорска волна во замрзнувач неколку часа пред перење. Така ќе се намали литењето.

Алиштата на коишто има материјали како брашно, прашина од бигор, млеко во прав, итн. мора прво да се истресат пред да се стават во машината. Таквиот прав на алиштата може со време да се налепи на внатрешните делови на машината и да предизвика оштетувања.

Максималниот капацитет за полнење зависи од видот на алиштата, степенот на извалканост и саканата програма за перење.

Машината автоматски ја прилагодува количината вода во согласност со тежината на ставените алишта.

BEKO WTE 7500 B0 - Подготовка на алиштата за перење - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Следете ги информациите во „Табелата за програми и потрошувачка“. Кога машината е преоптоварена, резултатите од перењето може да опаднат. Понатаму, може да се појават проблеми со бучава и вибрации.

Видовите алишта и нивната просечна тежина во следната табела се дадени како пример.

3.5 Полнење со алишта

Отворете ја вратата за полнење. Ставете ги алиштата слободно во машината. Притиснете ја вратата за да се затвори. Треба да слушнете звук на заклучување. Проверете дали некое парче облека се заглавило на вратата.

BEKO WTE 7500 B0 - Полнење со алишта - 1

ИНФОРМАЦИИ

Вратата за полнење е заклучена додека работи програмата. Вратата може да се отвори само по извесно време откако ќе заврши програмата.

BEKO WTE 7500 B0 - ИНФОРМАЦИИ - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Во случај на неправилно ставени алишта, може да се појават проблеми со бучава и вибрации во машината.

3.6 Користење детергент и омекнувач – Фиока за детергент

Фиоката за детергент се состои од три дела:

– (1) за претперење – (2) за главно перење – (3) за омекнувач – (*) дополнително, има и дел со сифон во одделот за омекнувач.

BEKO WTE 7500 B0 - Користење детергент и омекнувач – Фиока за детергент - 1

Детергент, омекнувач и други средства за чистење

  • Додајте детергент и омекнувач пред да ја вклучите програмата за перење.
  • Никогаш не отворајте ја фиоката за детергент додека работи програмата за перење!
  • Кога користите програма без претперење, не ставајте детергент во преградата за претперење (преграда бр. 1).
  • Кога користите програма со претперење, не ставајте течен детергент во преградата за претперење (преграда бр. 1).
  • Не избирајте програма со претперење ако користите вреќичка или топка со детергент. Ставете ја топката или вреќичката со детергент директно меѓу алиштата во машината.
  • Ако користите течен детергент, не заборавајте да го ставите капачето за течен детергент во преградата за главно перење (преграда бр. 2).

3.7 Избор на вид детергент

Видот на детергент што ќе се користи зависи од видот и бојата на ткаенините.

  • Користете различни детергенти за обоени и бели алишта.
  • Деликатните алишта перете ги само со специјални детергенти (течен детергент, шампон за волна, итн.) што се користат само за деликатни алишта.
  • Се препорачува употреба на течен детергент за перење темно обоени алишта или прекривки.
  • Волната перете ја со специјални детергенти изработени специјално за волна.

BEKO WTE 7500 B0 - Избор на вид детергент - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Користете само детергенти што се специфично произведени за автоматски машини за перење.

Не користете сапун во прав.

3.8 Прилагодување на

количината на детергент

Количината на детергентот за перење што треба да се употреби зависи од количината на алиштата за перење, степенот на извалканост и тврдоста на водата. Внимателно прочитајте ги упатствата на производителот на пакувањето на детергентот и следете ги вредностите за дозирање.

  • Не користете количини што ги надминуваат препорачаните количини за дозирање на пакувањето, за да избегнете проблеми со прекумерна пена, лошо плакнење, а исто така и заради финансиски заштеди и, конечно, заради заштита на животната средина.
  • Користете помалку детергент за мали количини или малку извалкани алишта.
  • Користете концентрирани детергенти во препорачаната доза.

3.9 Употреба на омекнувачи

Истурете омекнувач во одделот за омекнувач во фиоката за детергент.

  • Користете ги препорачаните дози на пакувањето.
  • Не надминувајте го нивото (>max<) што е означено во преградата за омекнувачот.
  • Ако омекнувачот ја загубил течната состојба, растворете го со вода пред да го ставите во фиоката за детергент.

Употреба на избелувачи

  • Изберете програма со претперење и додајте агенс за избелување на почетокот на претперењето. Не ставајте детергент во одделот за предперење.
  • Не користете агенси за избелување и детергент заедно.
  • Употребете само мала количина (околу 50 ml) на агенс за белење и исплакнете ги алиштата многу добро бидејки може да се предизвика иритација на кожата. Не ставајте избелувач на алиштата и користете го за обоени алишта.
  • Кога користите оксигенски агенси за белење, следете ги упатствата на пакувањето и изберете програма што пере на пониска температура.
  • Оксигенските агенси за белење може да се користат заедно со детергент. Сепак, ако густината не е иста со онаа на детергентот, ставете прво детергент во преградата за детергент бр. "II" во фиоката за детергент и почекајте додека детергентот не истече кога машината зема вода. Додајте го избелувачот во истиот оддел додека машината уште зема вода.

Употреба на отстранувач на бигор

  • Ако е потребно, користете отстранувачи на бигор што се специјално произведени само за машини за перење.
  • Секогаш следете ги упатствата на пакувањето.

3.10 Совети за ефикасно перење

Алишта
Светли бои и белиалиштаБои Темни боиДеликатниалишта / волна / свила
(Препорачан опсег натемпература врз основана нивото на извалканост: 40-90 °C)(Препорачан опсегна температура врзоснова на нивото наизвалканост: ладно - 40 °C)(Препорачан опсегна температура врз основана нивото наизвалканост: ладно - 40 °C)(Препорачан опсегна температура врз основана нивото наизвалканост: ладно - 30 °C
Ниво на извалканостМногуизвалкани(тврдокорни дамки какомасло, кафе,овошује и крв.)Можеби їе треба даги третирате дамкитепред да ги ставитена перење или давлучите и предперење.Детергентите во прашоки течните детергентишто се препорачуваатза бели алишта можеда се користат во дозишто се препорачани замногу извалкани алишта.Се препорачува да секористат детергенти вопрашок за да се исчистатдамки од глина и земја изадамки што се осетливина избелувачи.Детергентите во прашоки течните детергентишто се препорачуваатза алишта во боја можеда се користат во дозишто се препорачаниза многу извалканиалишта. Се препорачувада се користатдетергенти во прашокза да се исчистатдамки од глина и земјаи за дамки што сеосетливи на избелувачи.Користете детергентибез избелувач.Течнitedетергенти што сепрепорачуваат заалишта во боја итемни алишта можеда се користатво дози што сепрепорачани замногу извалканиалишта.Претпочитајтетечни детергентишто сепроизведени заделикатни алишта.Волнените исвилените алиштамора да се ператсо специјалнидетергенти заволна.
Нормалноизвалкани(На примердамки од телотона јаките и наманжетните)Детергентите во прашоки течните детергентишто се препорачуваат забели алишта може да секористат во дози што сепрепорачани за нормалноизвалкани алишта.Детергентите во прашоки течните детергентишто се препорачуваатза алишта во боја можеда се користат во дозишто се препорачани занормално извалканиалишта. Користетедетергенти безизбелувач.Течнitedетергенти што сепрепорачуваат заалишта во боја итемни алишта можеда се користатво дози што сепрепорачаниза нормалноизвалкани алишта.Претпочитајтетечни детергентишто сепроизведени заделикатни алишта.Волнените исвилените алиштамора да се ператсо специјалнидетергенти заволна.
Малкуизвалкани(Нема видливидамки.)Детергентите во прашоки течните детергентишто се препорачуваат забели алишта може да секористат во дози што сепрепорачани за малкуизвалкани алишта.Детергентите во прашоки течните детергентишто се препорачуваатза алишта во боја можеда се користат во дозишто се препорачаниза малку извалканиалишта. Користетедетергенти безизбелувач.Течнitedетергенти што сепрепорачуваат заалишта во боја итемни алишта можеда се користатво дози што сепрепорачани замалку извалканиалишта.Претпочитајтетечни детергентишто сепроизведени заделикатни алишта.Волнените исвилените алиштамора да се ператсо специјалнидетергенти заволна.

4.1 Контролен панел

1 - Регулатор за избор на програма (најгорна позиција вклучување/исклучување) 2 - Индикатор за отворена врата 3 - Индикатор за следење на програмата 4 - Копче за вклучување / паузирање 5 - Копче за прилагодување на брзината на центрифугата

1 2 3 4 5

4.2 Подготовка на машината

Проверете дали цревата се цврсто поврзани. Вклучете ја машината во струја. Отворете ја славината докрај. Ставете ги алиштата во машината. Ставете детергент и омекнувач за ткаенини.

Избор на програма

Изберете ја програмата што е соодветна за видот, количината и степенот на извалканост на алиштата во согласност со „Табелата за програми и потрошувачка“ и табелата за температури што се прикажани подолу. Изберете ја саканата програма со копчето за избор на програма.

90°CМногу извалкани, бели памучниалишта и постелнина. (прекривкиза масички, чаршави за маси, крпи,креветски чаршави, итн.)
60°CНормално извалкани памучниалишта во боја што не избледува илисинтетички алишта (кошули, ноїници,пижами, итн.) и малку извалкана белапостелнина (долен веш, итн.)
40°C-30°C-ладноМешани алишта, включително иделикатен текстил (завеси, итн.),синтетика и волна.

BEKO WTE 7500 B0 - Избор на програма - 1

ИНФОРМАЦИИ

Употребата на програмите со средства против бигор е ограничена со најголемата брзина на вртежи, соодветно за дадениот вид текстил и пригодни за машините за перење.

При избор на програма, секогаш земајте ги во предвид видот ткаенина, бојата, степенот на извалканост и дозволената температура на водата.

Видете ја „Табелата за програми и потрошувачка“ за повеќе детали околу програмите.

4.3 Главни програми

Користете ги следните главни програми во зависност од видот ткаенина.

• Cottons (Памук)

Користете ја оваа програма за памучни алишта (како што се креветски чаршафи, јоргански навлаки и навлаки за перници, крпи, бањарки, долен веш, итн.). Алиштата ќе се исперат со жестоки движења во подолг циклус на перење.

• Synthetics (Синтетика)

Користете ја оваа програма за перење алишта со синтетика (кошули, блузи, мешано синтетика/памук, итн.). Пере со благи движења и има пократок циклус на перење споредено со програмата за памук.

За завеси и тул, користете ја програмата Синтетика 40°C. Перете ги завесите/тулот ставајќи мала количина на детергент во одделот за главно перење бидејќи нивната мрежеста структура создава прекумерно пенење. Не ставајте детергент во одделот за предперење.

• Woollens 40° (Волна 40°)

Користете ја оваа програма за перење волнени алишта. Изберете ја соодветната температура што е посочена на етикетата на алиштата. Употребете соодветен детергент за волна.

4.4 Дополнителни програми

Достапни се и дополнителни програми на машината за специјални случаи.

BEKO WTE 7500 B0 - Дополнителни програми - 1

ИНФОРМАЦИИ

Дополнителните програми може да се разликуваат во зависност од моделот на машината.

• Cottons Eco (Памук економично)

Користете ја оваа програма за перење на алиштата што се перат со програмата за памук подолго време, но сепак со добри штедливи резултати.

BEKO WTE 7500 B0 - • Cottons Eco (Памук економично) - 1

ИНФОРМАЦИИ

Економичната програма за памук троши помалку ел. енергија споредено со другите програми за памук.

Користете ја оваа програма за перење деликатни алишта. Пере со нежни движења без какво било посредно центрифугирање споредено со програмата за синтетика.

Користете ја оваа програма за перење волнени/деликатни алишта што ја носат етикетата „да не се пере во машина“ и за кои се препорачува рачно перење. Алиштата се перат со многу благи движења за да не се оштетат.

- Mini 30

Користете ја оваа програма за перење малку извалкани алишта за кратко време.

- Prewash-Cottons (Предперење-Памук)

Изберете ја оваа програма само за многу извалкани памучни алишта.

BEKO WTE 7500 B0 - - Prewash-Cottons (Предперење-Памук) - 1

ИНФОРМАЦИИ

Кога не користите програма со предперење, штедите ел. енергија, вода, детергент и време.

Изберете некоја од следниве програми за специфични примени.

- Rinse (Плакнење)

Користете ја оваа програма кога сакате да плакнете или да штиркате засебно.

- Spin + Drain (Вртежи + испуштање вода)

Користете ја оваа програма за примена на дополнителен циклус на центрифугирање на алиштата или за испуштање на водата од машината.

BEKO WTE 7500 B0 - - Spin + Drain (Вртежи + испуштање вода) - 1

ИНФОРМАЦИИ

Изберете ја програмата со вртење+пумпа и притиснете го копчето за „вклучување/паузирање“ ако сакате да ја исцедите водата без центрифугирање на алиштата. Машината ќе се префрли во постапката за центрифуга штом ќе ја комплетира постапката на дадената програма. Притиснете го копчето за вклучување/паузирање за да ја застанете машината штом ќе видите дека барабанот се врти. Потоа, откажете ја програмата со вртење на регулаторот за избор на програмата во која било позиција.

4.6 Избор на брзина на центрифугата

Секогаш кога ќе се избере нова програма, максималниот број вртежи на центрифугата за избраната програма се прикажува на индикаторот за број на вртежи.

За намалување на бројот на вртежите, притиснете го копчето за прилагодување на вртежите на центрифугата. Брзината на вртежите се намалува постепено.

Потоа, во зависност од моделот на производот, опциите за „задржано плакнење“ и „без центрифуга“ се појавуваат кај лед-индикаторот за брзина на центрифугата.

Индикативни вредности за програмите за синтетика
Тежина (кг)Потрошувачка на вода (л)Потрошувачка на струја (kWh)Времетраење на програмата* (мин)Преостаната влажност (%) ** ≤ 1000 rpm > 1000 rpm Преостаната влажност (%) **
Синтетика 60 3 551.02 11045 40
Синтетика 40 3 550.55 11045 40
* Времето за перење според избраната програма може да се види на екранот на машината. Нормално е да се појават мали разлики међу времето што се прикажува на екранот и вистинското време за перење.
** Вредностите за преостаната влажност може да се разликуваат согласно избраната брзина на центрифугата.

4.7 Табела за програми и потрошувачка

MK
ПрограмаМакс. оптоварувањеВреме на програма (~мин.)Потрошувачка на вода (л.)Потрош.на енергија (kWh)Макс. брзина***
Cottons90 7140 60 2,00 1000
Prewash-Cottons 60 7155 70 1,50 10001000
Cottons40 7140 55 1,00 1000
CottonsЛадно7140 55 0,50 1000
Hand Wash 20° 20 1,5 45 40 0,10 800
Mini 30 30 2,5 28 72 0,25 1000
Woollens 40° 40 1,5 60 50 0,35 800
Delicates 30° 30 3 5065 0,30800
SyntheticsЛадно36652 0,10 800
Synthetics403110550,55800
Synthetics603110551,02800
Cottons Eco60** 718048 1,05 1000
Cottons Eco60** 35 180 42 1,05 1000
Cottons Eco40** 35 150 42 0,84 1000

•: Избор **: Програма енергетска етикета (EN 60456 Ed.3) *** : Ако максималната брзина на центрифугата на машината е помала од оваа вредност, може да избирате само до максималниот број на вртежи на центрифугата.

BEKO WTE 7500 B0 - Избор на брзина на центрифугата - 1

ИНФОРМАЦИИ

Потрошувачката на вода и ел. енергија може да варира во зависност од промените во притисокот на водата, тврдината на водата и температурата, од амбиенталната температура, видот и количината на алиштата, од изворот на дополнителните програми и од промените во волтажата.

BEKO WTE 7500 B0 - ИНФОРМАЦИИ - 1

** „Памук економично 40°C и Памук економично 60°C се стандардни циклуси.“ Овие циклуси се познати како „стандарден циклус за памук 40° C“ и „стандарден циклус за памук 60° C“ и се означуваат со симболите на панелот.

4.8 Вклучување на програмата

Притиснете го копчето за вклучување / паузирање за да ја вклучите програмата. Ќе засвети светилката за следење на програмата која посочува на вклучување на програмата.

Напредокот на тековната програма може да се следи на индикаторот за следење на програмата со сијаличките за „во тек“ и „крај/откажи“.

BEKO WTE 7500 B0 - Вклучување на програмата - 1

ИНФОРМАЦИИ

Ако машината не го помине чекорот на центрифугирање, системот за автоматско откривање на нерамномерно распределени алишта може да се активира заради неизбалансираната распределба на алиштата во машината.

4.9 Заклучување на вратата за полнење

Има систем за заклучување на вратата за полнење на машината што спречува отворање на врата во случаи кога нивото на водата е несоодветно.

Притиснете го копчето „вклучување/паузирање“ за да ја паузирате машината ако сакате да ја отворите вратата додека работи машината. Светилката за „отворена врата“ ќе започне да трепка кога машината ќе се префрли во режимот за паузирање. Машината го проверува нивото на водата внатре. Ако нивото е соодветно, светилката за “отворена врата” ќе свети постојано 1-2 минути и потоа истата може да се отвори.

Ако нивото не е соодветно, светилката за „отворена врата“ ќе се исклучи и истата нема да може да се отвори. Ако мора да ја отворите вратата додека е исклучена светилката за „отворена врата“, мора да ја откажете тековната програма. Видете „Откажување на програмата“.

Префрлување на машината во режим на пауза

Притиснете го копчето за „вклучување / паузирање“ за да ја префрлите машината во режим на пауза додека работи програмата. Сијаличката „во тек“ ќе започне да трепка на индикаторот за следење на програмата за да прикаже дека машината е префрлена во режим на пауза. Сијаличката за „отворена врата“ ќе свети постојано кога истата може да се отвори.

Притиснете го копчето за „вклучување / паузирање“ за да ја префрлите машината во режим на пауза. Сијаличката „во тек“ трепка кога машината ќе се префрли во режим на пауза. Почекајте додека може да се отвори вратата за полнење. Отворете ја вратата за полнење и додадете или извадете алишта.

Затворете ја вратата за полнење. Притиснете го копчето за „вклучување / паузирање“ за да ја вклучите програмата.

BEKO WTE 7500 B0 - Префрлување на машината во режим на пауза - 1

ИНФОРМАЦИИ

Вратата може да се отвори кога нивото на водата е соодветно. Симболот за отворена врата трепка додека вратата не се подготви и може да се отвори. Сијаличката на симболот свети постојано кога вратата е подготвена за отворање. Можете да ја отворите вратата и да ставите/извадите алишта.

4.10 Откажување програма

За откажување на програма, свртете го регулаторот за избор на програмата за избор на друга програма. Претходната програма ќе се откаже. Светилката за „крај / откажување“ ќе трепка континуирано за да извести дека програмата е откажана.

BEKO WTE 7500 B0 - Откажување програма - 1

ИНФОРМАЦИИ

Ако вклучите нова програма по откажување на претходната, оваа нова програма ќе започне со работа без да ја испушти водата во машината.

Ако секако мора да ја отворите вратата додека е исклучена сијаличката за „отворена врата“, мора да ја користите програмата за „центрифуга + пумпа“. Видете „Центрифуга + пумпа“

Повторно центрифугирање на алиштата

Системот за контрола на нерамномерно распределени алишта ќе го спречи центрифугирањето на алиштата заради неизбалансираната распределба на алиштата во машината. Ако сакате повторно да ја вклучите центрифугата:

Прераспоредете ги алиштата во машината. Изберете ја програмата за центрифуга + пумпа и притиснете го копчето за „вклучување/паузирање“.

4.11 Крај на програмата

Светилката „крај/откажување“ на индикаторот за следење на програмата ќе засвети штом ќе заврши програмата. Симболот за „отворена врата“ трепка 1-2 минути додека вратата не се подготви да се отвори. Вратата може да се отвори кога симболот за „отворена врата“ ќе свети постојано.

Свртете го регулаторот за избор на програмата на позиција за „вклучување/исклучување“ за да ја исклучите машината. Извадете ги алиштата и затворете ја вратата. Машината е подготвена за следното вклучување.

4.12 Отворена врата

Симболот за „отворена врата“ засветува кога вратата е подготвена за отворање. Симболот трепка додека вратата не се подготви за отворање. Не отворајте ја насилно вратата ако симболот за „отворена врата“ не свети. Сијаличката на симболот свети постојано кога вратата е подготвена за отворање.

Машината автоматски ќе влезе во режим за мирување за да штеди струја во случај кога нема да вклучите ниедна програма или чекате без да извршите ниедна операција кога машината е вклучена преку копчето за вклучување/исклучување и ако не направите ништо додека машината е во чекорот за избор на програма најмалку 2 минути по завршувањето на избраната програма. Осветленоста на светилките на индикаторите ќе се намали. Понатаму, ако производот е опремен со приказ којшто покажува времетраење на дадена програма, тогаш и овој приказ целосно ќе се исклучи. Светилките и приказот ќе се вратат на претходната состојба ако го свртите копчето за избор на програмата или ако притиснете некое копче. Направените избори ќе се сменат ако излегувате од режимот за штедење енергија. Проверете дали изборот е соодветен пред да ја вклучите програмата. Прилагодете ако е потребно. Ова не е дефект.

5 Одржување и чистење

Рокот на траење на производот се продолжува, а честите проблеми се намалуваат ако тој се чисти редовно.

5.1 Чистење на фиоката за детергент

Чистете ја фиоката за детергент редовно (секои 4-5 циклуси на перење) како што е прикажано подолу за да спречите наталожување на детергент.

BEKO WTE 7500 B0 - Чистење на фиоката за детергент - 1

Притиснете го местото означено со точка на сифонот во одделот за омекнувач и влечете кон вас сè додека фиоката не излезе од машината.

BEKO WTE 7500 B0 - Чистење на фиоката за детергент - 2

ИНФОРМАЦИИ

Сифонот мора да се исчисти ако започне да се собира повеќе од нормална количина вода и омекнувач во одделот за омекнувач.

Исперете ги фиоката и сифонот со многу млака вода под чешма. Носете заштитни ракавици или користете соодветна четка за да избегнете да ги допирате остатоците во фиоката кога ја чистите. Вметнете ја фиоката на место по чистењето и проверете дали е наместена правилно.

5.2 Чистење на вратата и на барабанот

За производи со програма за чистење на барабанот, погледнете Работа со производот - Програми.

За производи без чистење на барабанот, следете ги долунаведените чекори за да го исчистите барабанот:

Изберете ги дополнителните функции

Дополнителна количина вода или Екстра плакнење. Користете ја програмата Памук без претперење. Поставете ја температурата на нивото што е препорачано на средството за чистење барабани кое може да се обезбеди од овластен сервис. Применете ја постапката без алишта во производот. Пред да ја вклучите програмата, ставете 1 кесичка специјално средство за чистење барабани (ако не можете да обезбедите специјално средство, ставете макс. 100 g прашок против бигор) во преградата за главно перење (преграда бр. „2“). Ако средството против бигор е во форма на таблета, ставете една во одделот за главно перење бр. „2“. Исушете ја внатрешноста на барабанот со чиста крпа кога ќе заврши програмата.

BEKO WTE 7500 B0 - Чистење на вратата и на барабанот - 1

ИНФОРМАЦИИ

Повторувајте го процесот за чистење на барабанот секои 2 месеци.

Користете средство против бигор што е соодветно за машини за перење.

По секое перење проверете дали страни тела се останати во барабанот.

BEKO WTE 7500 B0 - ИНФОРМАЦИИ - 1

Ослободете ги отворите ако оние на внатрешната страна на барабанот коишто се прикажани на сликата се блокирани.

BEKO WTE 7500 B0 - ИНФОРМАЦИИ - 2

ИНФОРМАЦИИ

Страни тела од мета ќе предизвикаат дамки од 'рѓа на барабанот. Исчистете ги дамките на барабанот со средства за чистење нерѓосувачки челик. Никогаш не користете челична волна или челична жица.

5.3 Чистење на куќиштето и

на контролниот панел

Избришете ја шасијата на машината со вода и сапун или меки детергенти во форма на гел коишто не предизвикуваат корозија ако е неопходно и потоа исушете со мека крпа.

Користете само мека и сува крпа за да го исчистите контролниот панел.

BEKO WTE 7500 B0 - на контролниот панел - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Никогаш не користете сунѓер или материјали за триење. Така ќе ги оштетите обоените и пластичните површини.

5.4 Чистење на филтрите

за довод на вода

Има филтер на крајот на секој вентил за довод на вода од задната страна на машината, како и на крајот на секое црево за довод на вода каде што се закачени за славината. Овие филтри спречуваат страни тела и нечистотија од водата да навлезат во машината. Филтрите треба да се чистат бидејќи се валкаат.

BEKO WTE 7500 B0 - за довод на вода - 1

Затворете ги славините. Извадете ги навртките на цревата за довод на вода за да пристапите до филтрите на вентилите за довод на вода. Исчистете ги со соодветна четка. Ако филтрите се многу нечисти, може да ги извлечете со клешти и да ги исчистите. Извадете ги филтрите на рамните краеви на цревата за довод на вода заедно со дихтунзите и исчистете ги темелно под млаз вода. Ставете ги дихтунзите и филтрите на место внимателно и затегнете ги цревата рачно.

5.5 Испуштање на преостанатата вода и чистење на филтерот на пумпата

Системот со филтер на машината спречува цврсти предмети како копчиња, монети или влакна од ткаенини да ја запушат пумпата при испуштање на водата. Така, водата се испушта без проблем, а рокот на траење на пумпата се продолжува. Ако машината не успее да ја испушти водата, филтерот на пумпата е запушен. Филтерот мора да се чисти секогаш кога е запушен или на секои 3 месеци. Водата прво мора да се испушти за да се исчисти филтерот на пумпата.

Понатаму, пред транспорт на машината (на пр. кога ја преместувате во друга куќа) и во случај на замрзнување на водата, истата мора да се испушти целосно.

BEKO WTE 7500 B0 - Испуштање на преостанатата вода и чистење на филтерот на пумпата - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Страните предмети што се оставени во филтерот на пумпата ја оштетуваат машината или може да предизвикаат проблем со бука.

За чистење нечист филтер и испуштање вода: Исклучете ја машината од довод на ел. енергија.

BEKO WTE 7500 B0 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Температурата на водата во машината може да се зголеми до 90° С. Филтерот мора да се исчисти откако водата во машината ќе се излади за да избегнете ризик од изгореници.

Отворете го капакот за филтерот со влечење на двете страни горе.

BEKO WTE 7500 B0 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

Може да го извадите филтерот со делумно притискање надолу со тенка алатка со пластичен врв низ процепот над капакот на филтерот. Не користете алатки со метален врв за да го извадите капакот.

Следете ги чекорите подолу за да ја испуштите водата.

BEKO WTE 7500 B0 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 2

Ставете голем сад пред филтерот да ја собере водата што ќе протече од филтерот. Разлабавете го филтерот на пумпата (спротивно од правецот на стрелките на часовникот) сè додека не почне да тече вода од него. Насочете ја водата што тече кон садот што го ставивте пред филтерот. Може да искористите парче ткаенина за да ја апсорбирате истурената вода. Кога веќе нема вода во машината, извадете го филтерот целосно со вртење. Исчистете ги остатоците во филтерот, како и конците, ако има, околу областа на пумпата. Ставете го филтерот.

Поставете ги прво јазичињата во долниот дел на своите места и потоа притиснете го горниот дел да се затвори.

Делегирана регулатива на комисијата за усогласеност (ЕУ), бр. 1061/2010

Име или заштитна марка на добавувачот Веко
Име на модел WTE 7500 B0
Номиниран капацитет (кг) 7
Класа на енергетска ефикасност / Скала од A+++ (највисока ефикасност) до D (најниска ефикасност).A+
Потрошувачка на ел. енергија на годишно ниво (kWh) (1)223
Потрошувачка на ел. енергија при стандардна програма за памук на 60°C при целосно полнење (kWh)1,050
Потрошувачка на ел. енергија при стандардна програма за памук на 60°C при делумно полнење (kWh)1,050
Потрошувачка на ел. енергија при стандардна програма за памук на 40°C при делумно полнење (kWh)0,840
Потрошувачка на ел. енергија во „режим на исклученост“(W) 0,200
Потрошувачка на ел. енергија во „режим на вклученост“(W) 1,000
Потрошувачка на ел. енергија на годишно ниво (I) (2)9900
Класа на ефикасност при сушење со центрифуга / Скала од A (највисока ефикасност) до G (најниска ефикасност)C
Максимална брзина на центрифуга (rpm) 1000
Преостаната количина на влага (%) 62
Стандардна програма за памук (3) Памук еко 60°C и памук еко 40°C
Програмирано време за стандардна програма за памук на 60°C при целосно полнење (мин) 180
Програмирано време за стандардна програма за памук на 60°C при делумно полнење (мин) 180
Програмирано време за стандардна програма за памук на 40°C при делумно полнење (мин) 150
Времетраење во режим на включеност (мин) N/A
Емисии на акустична бучава во средината при перење/центрифуга (dB) 63/75
Вградено Non
Височина (см.) 84
Широчина (см.)60
Длабочина (см.)45
Нето тежина ( ± 4 кг.)62
Единичен довод на вода/двоен довод на вода• Достапно• / -
Електрично напојување (V/Hz)230 V / 50Hz
Вкупно напојување (A)10
Вкупно моćност (W)2200
Код за главниот модел9417

(1) Потрошувачка на ел. енергија заснована врз 220 стандардни циклуси за перење за програми за памук на 60°C и 40°C при целосно и делумно полнење и на потрошувачката во режими со мало напојување. Вистинската потрошувачка на ел. енергија зависи од тоа како ја користите машината.

(2) Потрошувачка на вода заснована врз 220 стандардни циклуси за перење за програми за памук на 60°C и 40°C при целосно и делумно полнење. Вистинската потрошувачка на вода зависи од тоа како ја користите машината.

(3) „Стандардната програма за памук на 60°C“ и „стандардната програма за памук на 40°C“ се стандардни програми за перење на коишто се однесуваат информациите на етикетата и на плочката и овие програми се соодветни за перење на нормално извалкани памучни алишта, а се најефикасни програми во услови на комбинирана потрошувачка на ел. енергија и вода.

Техничките спецификации може да се менуваат без претходно известување за да се подобри квалитетот на производот.

7 Решавање проблеми

Програмата не се вклучува откако ќе се затвори вратата.
• Вклучување / Паузирање / Копчето за откажување не е притиснато. >>> *Притиснете го копчето за Вклучување / Паузирање / Откажување.
Програмата не може да започне да работи или да се избере.
• Машината се префрлила во режим за самозаштита заради проблем со снабдувањето (како еднонасочна струја, притисок на водата, итн.). >>> За откажување на програма, свртете го регулаторот за избор на програма на друга програма. Претходната програма ќе се откаже.(Видете „Откажување на програма“)
Вода во машината
• Останала малку вода во машината заради процесот за контрола на квалитетот во производството. >>> Ова не е грешка, водата не е штетна за машината.
Машината вибрира или работи бучно.
• Машината не стои стабилно. >>> Прилагодете ги ногалките за да ја израмните машината.• Тврд предмет можеби навлегол во филтерот на пумпата. >>> Исчистете го филтерот на пумпата.• Шрафовите за безбеден транспорт не се извадени. >>> Извадете ги безбедносните шрафови за транспорт.• Количината на алишта во машината е мала. >>> Додајте повеќе алишта во машината.• Машината е преоптоварена со алишта. >>> Извадете дел од алиштата од машината или подеднакво распределете ги алиштата со рака во машината.• Машината се потпира на тврд предмет. >>> Машината не смее да се потпира на ништо.
Машината престана да работи кратко време по започнување на програмата.
• Машината може привремено да застане заради низок напон. >>> Ке продолжи да работи кога напонот ќе се врати на нормално ниво.
Програмата не одбројува. (само кај моделите со екран)
• Тајмерот може да запре кога машината прима вода. >>> Индикаторот за тајмерот нема да одбројува додека машината не прими соодветна количина вода. Машината ќе чека сё додека има довольно вода за да се избегнат незадоволителни резултати од перењето заради недостаток на вода. Потоа, индикаторот на тајмерот ќе продолжи да одбројува.• Тајмерот може да запре при загревање. >>> Индикаторот на тајмерот нема да одбројува додека машината не ја достигне избраната температура.• Тајмерот може да запре при центрифугирање. >>> Системот за автоматско откривање на нерамномерно распоредени алишта ќе се активира заради нерамномерното распоредување на алиштата во барабанот.
[У7СН]ИНФОРМАЦИИ
Машината не префрлува во чекорот за центрифугирање кога алиштата не се правилно распоредени во барабанот за да се спречи оштетување на машината и на околината околу неа. Алиштата треба да се препаспоредат и одново да се извртат.

Излегува пена од фиоката за детергент.

- Има ставено премногу детергент. >>> Измешајте 1 голема лажица омекнувач и 1/2 литри вода и истурете го во преградата за главно перење во фиоката за детергент.

BEKO WTE 7500 B0 - Решавање проблеми - 1

ИНФОРМАЦИИ

Ставете детергент во машината што е соодветен за програмите и за максималното полнење што е посочено во „Табелата за програми и потрошувачка“. Намалете ја количината на детергент кога користите дополнителни хемиски средства (отстранувач за дамки, избелувач и сл.)

Алиштата се мокри на крајот на програмата.

- Се појавила прекумерна пена и системот за апсорпција на пената се активирал поради премногу детергент. >>> Користете ја препорачаната количина на детергент.

BEKO WTE 7500 B0 - Алиштата се мокри на крајот на програмата. - 1

ИНФОРМАЦИИ

Машината не префрлува во чекорот за центрифугирање кога алиштата не се правилно распоредени во барабанот за да се спречи оштетување на машината и на околината околу неа. Алиштата треба да се прераспоредат и одново да се извртат.

BEKO WTE 7500 B0 - ИНФОРМАЦИИ - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Ако не можете да го елиминирате проблемот и покрај тоа што сте ги следеле упатствата во ова поглавје, консултирајте се со застапникот или со овластениот сервис. Никогаш не обидувајте се сами да го поправате расипаниот производ.

BEKO WTE 7500 B0 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BEKO

Модел : WTE 7500 B0

Категорија : перилница