AEG F 65401 IM - машина за садови

F 65401 IM - машина за садови AEG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот F 65401 IM AEG во PDF формат.

📄 52 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice AEG F 65401 IM - page 3
Погледни прирачник : Македонски MK Русский RU Српски SR
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Машина за миење садови
Марка AEG
Модел F 65401 IM
Габаритни димензии (Ш x В x Д) 446 x 818 - 898 x 575 mm
Напон 220-240 V
Фреквенција 50 Hz
Притисок на водовод (мин./макс.) 0.5 / 8 bar (0.05 / 0.8 MPa)
Температура на доводна вода (макс.) 60 °C
Капацитет 9 комплети садови
Програми AUTO, PRO, 30MIN, ECO, Glass
Функции Multitab, ÖKO PLUS, Одложување на старт (Delay)
Потрошувачка на енергија (вклучено/исклучено) 0.10 W / 0.10 W
Потрошувачка на енергија (ECO) 0.7 - 0.8 kWh
Потрошувачка на вода (ECO) 8 - 9 l
Времетраење на програмата (ECO) 170 - 190 минути
Ниво на бучава Не е наведено
Тип на управување Електронско, копчиња и дисплеј
Материјал на куќиштето Нерѓосувачки челик
Корпи Горна, долна, за прибор за јадење
Филтри Отстранливи, повеќеслојни
Безбедност Заштита од протекување, заклучување од деца (во поставки)
Техничко одржување Чистење на филтри и распрскувачи
Гаранција Контактирајте го сервисниот центар

Frequently Asked Questions - F 65401 IM AEG

Како да се инсталира машината за миење садови AEG F 65401 IM?
Следете ги упатствата за инсталација: отстранете ја амбалажата, поврзете го на водовод (притисок 0.5-8 bar) и електрична мрежа (220-240 V, 50 Hz). Проверете да нема протекување пред првата употреба. Не инсталирајте на температура под 0 °C.
Како да го поставите омекнувачот на вода?
Цврстината на водата се поставува рачно (прекинувач на 1 или 2) и електронски. Истовремено притиснете и задржете ги копчињата Delay и Start додека индикаторите не почнат да трепкаат, потоа со копчето Program изберете го нивото на цврстина (од 1 до 10). Вредностите погледнете ги во табелата во упатството.
Како да се наполни сол и средство за плакнење?
За сол: отворете го капакот на резервоарот, истурете 1 л вода (само при прва употреба), додадете сол. За средство за плакнење: притиснете го копчето за блокирање, отворете го капакот, истурете до ознаката „Макс“. Поставете дозирање од 1 до 4 на селекторот.
Кои програми се достапни?
Достапни програми: AUTO (автоматска), PRO (интензивна на 70 °C), 30MIN (брза на 60 °C), ECO (економична на 50 °C) и Glass (за кревки садови на 45 °C).
Што да се прави ако садовите останат влажни по сушењето?
Проверете дали избраната програма вклучува сушење. Ако е вклучена функцијата ÖKO PLUS, температурата на сушење е намалена, па садовите може да бидат влажни. Исто така може да биде празен дозаторот за средство за плакнење или неговата дозировка е премногу мала.
Како да се користи функцијата Multitab?
Притиснете го копчето Option додека не засвети индикаторот Multitab. Режимот го исклучува додавањето сол и средство за плакнење. Користете само со комбинирани таблети. За исклучување повторно притиснете Option додека индикаторот не изгасне.
Како да се исчистат филтрите?
Свртете го филтерот (A) спротивно од стрелките на часовникот и извлечете го. Одвојте ги (A1) и (A2). Извлечете го филтерот (B). Исплакнете ги сите делови со вода. Поставете го (B) на место, соберете (A) и фиксирајте го со вртење во насока на стрелките на часовникот. Неправилната инсталација го влошува миењето.
Што значи кодот за грешка ,10 на дисплејот?
Кодот ,10 означува дека водата не влегува во апаратот. Проверете дали е отворена славината за вода, дали цревото за полнење не е притиснато, дали филтерот на цревото не е затнат. Ако проблемот не се реши, контактирајте го сервисниот центар.
Како да се откаже или промени програмата по стартување?
Истовремено притиснете и задржете ги копчињата Delay и Start додека не засветат сите индикатори на програмите, а на дисплејот не се појават две хоризонтални линии. Потоа изберете нова програма и притиснете Start.
Како да се постави одложување на старт?
Изберете програма и дополнителни функции. Притискајте го копчето Delay за да го поставите времето на одложување од 1 до 24 часа. На дисплејот ќе се прикаже времето. Притиснете Start за да започне одбројувањето. Програмата ќе започне автоматски по истекот на поставеното време.

Прашања на корисниците за F 65401 IM AEG

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот машина за садови во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник F 65401 IM - AEG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. F 65401 IM на марката AEG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК F 65401 IM AEG

FAVORIT 65401 I MKYapatство за ракување 2

Ви благодариме за изворот на овој производ на AEG. Го создадовме за да ви пружиме одлична работа за многу години, со иновативни технологии што помагаат да го направат животот поедноставен - характеристики што можеби нема да ги најдете на обичните апарати. Потрошете неколку минути за читање за да го добиете најдоброто од него.

Посетете ја нашата веб страница за да:

AEG F 65401 IM - 1

Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми, информации за сервисирање: www.aeg.com

AEG F 65401 IM - 2

Регистрирате Вашиот производ за подобри услуги: www.aeg.com/productregistration

AEG F 65401 IM - 3

Купувате Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат: www.aeg.com/shop

Ви препорачуваме да користите оригинални делови.

Кога їе контактирате со Сервисот, бидете сигурни дека ги имате на располагање следниве податоци.

Информациите може да ги најдете на плочката со податоци. Модел, Број на производот, Сериски број.

AEG F 65401 IM - 4

Предупредување / Внимание - Сигурносни информации.

AEG F 65401 IM - 5

Општи информации и совети

Еколошки информации

Можноста за промени е задржана.

1. ⚠️ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ

Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно прочитајте ги доставените упатства.

Производителот не е одговорен ако неправилната монтажа и употреба предизвикаат повреди и оштетувања.

Секогаш чувајте го упатството со апаратот за идна употреба.

1.1 Безбедност на децата и помалку вештите лица

AEG F 65401 IM - Безбедност на децата и помалку вештите лица - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност од задушување, повреда или траен инвалидитет.

  • Не дозволувајте им на лица, включително и деца, со намалено физично чувство, намалени ментални функции или недостаток на искусство и знаење, да го користат апаратот. Нивното ракување со апаратот мора да го надгледува или насочува лице одговорно за нивната безбедност. Деца не смеат да играат со апаратот.
  • Сите материјали за пакување чувајте ги настрана од дофат на деца.
  • Сите детергенти чувајте ги далеку од дофат на деца.
  • Држете ги децата и миленичињата подалеку од апаратот кога вратата е отворена.

1.2 Монтажа

  • Извадете ја амбалажата.
  • Никогаш не монтирајте или користете оштетен апарат.
  • Не го монтирајте и употребувајте апаратот онаму каде што температурата е под 0 °C.
  • Следете ги упатството за монтирање кое е доставено со овој апарат.
  • Проверете дали апаратот е монтиран под или во близина на безбедна структура.

Поврзување на водата

  • Пазете да не го оштетите цревото.
  • Пред да го поврзите апаратот со новите цевки или со цевки кои не се користени подолг временски период, оставете ја водата да истече се додека не стане чиста.
  • Првиот пат кога го користите апаратот, бидете сигурни дека нема истекување.
  • Доводното црево е со безбедносен вентил и двојна обвивка со внатрешен кабел за струја.

AEG F 65401 IM - Поврзување на водата - 1

- Доколку доводното црево е оштетено, веднаш извадете го приклучникот од штекерот за струја. Јавете се во сервисот за да го заменат доводното црево.

Поврзување на струја

AEG F 65401 IM - Поврзување на струја - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност од пожар и електричен шок.

  • Апаратот мора да биде заземјен.
  • Проверете дали податоците за струјата од плочката со спецификации одговараат на напојувањето со електрична струја. Ако не, контакрајте електричар.
  • Секогаш користете правилно инсталирана приклучница, обезбедена од струјни удари.
  • Не употребувајте повеќекратни приклучоци и продолжни кабли.
  • Внимавајте да не ги оштетите приклучокот за струја и кабелот.

Контактирајте со сервисот или со електричар за да го смените оштетениот кабел.

  • Поврзете го приклучокот за струја со штекерот на крајот од монтажата. Проверете дали има пристап до приклучокот за струја по монтажата.
  • Не влечете го кабелот за напојување за да го исключите апаратот. Секогаш повлекувајте го штекерот за напојување.

1.3 Употреба

  • Овој апарат е наменет за употреба во дома Kinство и за други слични примени како на пр:
    – Кујнскиот простор за вработените во продавниците, канцелариите и другите работни околини
  • Фарми
    – Ос страна на клиенти во хотели, мотели и друг вид на сместувачки објекти
    – Сместување на база на спиење и појадок.

AEG F 65401 IM - Употреба - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Ризик од повреда.

  • Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
  • Ставете ги ножевите и приборот со остри врвови во корпата за приборот за јадење со врвовите надолу или во хоризонтална положба.
  • Не ја чувајте вратата на апаратот отворена без надзор за да спречите да не паднете над неа.

  • Немојте да седите или да стоите на вратата.

  • Детергентите за машината за миење садови се опасни. Следете ги упатствата дадени на пакувањето на детергентот.
  • Немојте да ја пиете или да си играте со водата од апаратот.
  • Не вадете ги садовите од апаратот додека не заврши програмата за миење садови. Може да има детергент на садовите.

AEG F 65401 IM - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Постои ризик од електричен шок, пожар или изгореници.

  • Не ставајте запаливи производи или предмети натопени со запаливи средства во, блиску до или на апаратот.
  • Не користете вода во спреј или пареа за чистење на уредот.
  • Апаратот може да ослободи жешка пареа доколку ја отворите вратата додека функционира некоја програма.

1.4 Отстранување

AEG F 65401 IM - Отстранување - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Ризик од повреда или задушување.

  • Исклучете го апаратот од струја.
  • Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
  • Извадете ја рачката на вратата за да спречите затворање на деца и миленичиња во апаратот.

2. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ

AEG F 65401 IM - ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ - 1

1 Горна прскалка
2 Долна прскалка
3 Филтри
4 Плочка со спецификации
5 Сад за сол
6 Тркалце за тврдост на водата

7 Дозер за средство за плакнење
8 Дозер за детергент
9 Корпа за прибор за јадење
10 Долна корпа
11 Горна корпа

3. КОНТРОЛНА ТАБЛА

1 AUTO OFF AUTO 45°-70° | PRO 70° | Quick 30MIN 60° | ECO 50° | 45° | Delay Start Rose * 2 A B C 3 4 5 Program AUTO PRO 30MIN ECO Option Delay Start 8 7 6

1 Копче за вклучување/исклучување
2 Копче Program
3 Показатели за програмите
4 Екран

Показатели Опис
Показател за мулти-таблети.
OKO PLUSПоказател ÖKO PLUS.
Показател за фазата на миење.
Показател за фазата на плакнење.
Показател за фазата на сушење.
→|Показател за крај.
Показател за средство за плакнење. Овој показател е исклучен додека програмата работи.
Показател за сол. Овој показател е исклучен додека програмата работи.
Показател за одложување.
Показател за вратата. Се пали кога вратата не е затворена.
  1. ПРОГРАМИ
Програма Степен на извалканост Вид на полнењеПрограмски фазиОпции
AUTO1)Сите Садови, прибор за јадење, тенцериња и тавиПредмиење Миење 45 °C или 70 °CПлакнења СушењеÖKO PLUS
PRO2)Многу валкани Садови, прибор за јадење, тенцериња и тавиПредмиење Миење 70 °CПлакнења СушењеÖKO PLUS
30MIN3)Свежо извалкани Садови и прибор за јадењеМиење 60 °CПлакнења
ECO4)Нормално валкани Садови и прибор за јадењеПредмиење Миење 50 °CПлакнења СушењеÖKO PLUS
Нормално или малку извалкани Чувствителни чинии и стаклени садовиМиење 45 °CПлакнења СушењеÖKO PLUS

1) Апаратот ги регистрира степенот на извалканост и количеството садови во корпите. Автоматски ги регулира температурата и количината на вода, потрошувачката на енергија и времетраењето на програмата.
2) Оваа програма има фаза на плакнење со повисока температура за подобри хигиенски резултати. Во текот на фазата на плакнење, температурата останува на 70°C 10 до 14 минути.
3) Со оваа програма можете да миете свежо извалкани садови. Таа дава добри резултати на миење за кратко време.
4) Со оваа програма добивате најефикасна потрошувачка на вода и енергија за нормално валкани садови и прибор за јадење. (Ова е стандардна програма за тестирање).

Вредности на потрошувачката

Програма1)Времетраење (мин.)Енергија (KWh)Вода (l)
AUTO80 - 140 0.8 - 1.3 8 - 14
PRO140 - 150 1.1 - 1.2 10 - 11
30MIN30 0.8 7
ECO170 - 190 0.7 - 0.8 8 - 9
60 - 70 0.6 9 - 10

1) Притисокот и температурата на водата, варијациите на електричното напојување, опциите и количеството садови може да ги променат времетраењето на програмата и потрошувачките вредности.

Информации за институти за тестирање

За сите неопходни информации за тестирањата, испратете е-пошта на:

info.test@dishwasher-production.com

Запишете го бројот на производот (PNC) што се наоға на плочката со спецификации.

5. ОПЦИИ

AEG F 65401 IM - ОПЦИИ - 1

Активирајте или деактивирајте ги оциите пред стартот на програмата. Не смеете да ги активирате или деактивирате опциите додека работи програма.

AEG F 65401 IM - ОПЦИИ - 2

Доколку се поставени една или повеće опции, погрижете се да бидат включени соодветните показатели пред почетокот на програмата.

5.1 Мулти-таблети

Активирајте ја оваа опција само кога ги користите комбинираните таблети со детергент.

Опцијата мулти-таблети го деактивира протокот на средство за плакнење и на сол. Соодветните показатели се исклучени.

Времетраењето на програмата може да се зголемува.

  • Притискајте Option повеće patи се додека не се вклучи показателот за мулти-таблети.
  • Опцијата останува включена се додека не ја исклучите. Притискајте Option повеće пати се додека не се вклучи показателот за мулти-таблети.

Ако престанете да ги користите комбинираните таблети со детергент, пред да почнете да користите

одвоено детергнет, средство за плакнење и сол за машини за миење садови, направете ги следниве чекори:

  1. Деактивирајте ја опцијата мулти- таблети.
  2. Нагодете го омекнувачот на вода на највисоко ниво.
  3. Проверете дали садот за сол и дозерот за средството за плакнење се полни.
  4. Включете ја најкратката програма со фаза за плакнење, без детергент и без садови.
  5. Поставете го омекнувачот на вода според тврдоста на водата во вашата област.
  6. Поставете ја истечената количина на средството за плакнење.

5.2 ÖKO PLUS

Оваа функција ја намалува температурата за време на фазата на сушење. Потрошувачката на струја се намалува за 25%.

Садовите може да бидат влажни кога програмата єе заврши.

Притиснете на Option повекепати додека не се вклучи показателот ÖKO PLUS.

Доколку опцијата не може да се примени за програмата, се вклучува соодветниот показател.

  1. Проверете дали поставеното ниво на омекнувачот на водата е соодветно за тврдоста на водата во вашата област. Ако не е, приспособете го омекнувачот на водата. Контактирајте со локалното водостопанство за да ја дознаете тврдоста на водата во вашата област.
  2. Наполнете го садот за сол.
  3. Наполнете го дозерот за средството за плакнење.

  4. Отворете ја славината.

  5. Во апаратот може да има остатоци од преработката. Стартувајте некоја програма за да ги извадите. Не користете детергент и не полнете ги корпите.

AEG F 65401 IM - ÖKO PLUS - 1

Ако користите комбинирани детергент таблети, активирајте ја опцијата мулти-таблети.

6.1 Нагодување на омекнувачот на водата

Тврдост на водаОмекнувач на вода подесување
Германски степени (°dH)Француски степени (°fH)mmol/l Кларк степениПрирачни кЕлектронски и
51 - 70 91 - 125 9.1 - 12.5 64 - 8821)10
43 - 50 76 - 90 7.6 - 9.0 53 - 6321)9
37 - 42 65 - 75 6.5 - 7.5 46 - 5221)8
29 - 36 51 - 64 5.1 - 6.4 36 - 4521)7
23 - 28 40 - 50 4.0 - 5.0 28 - 3521)6
19 - 22 33 - 39 3.3 - 3.9 23 - 2721)51)
15 - 1826 - 322.6 - 3.218 - 2214
11 - 1419 - 251.9 - 2.513 - 1713
4 - 107 - 180.7 - 1.85 - 1212
< 4< 7< 0.7< 512)12)

1) фабричка поставка.
2) Не користете сол на ова ниво.

AEG F 65401 IM - Нагодување на омекнувачот на водата - 1

Мора да го регулирате омекнувачот на вода како рачно така и електронски.

Рачно регулирање

AEG F 65401 IM - Рачно регулирање - 1

Свртете го тркалцето за тврдост на водата во положба 1 или 2.

Електронско прилагодување

  1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за активирање на апаратот.
  2. Погрижете се апаратот да биде во режим на поставување. Видете во 'ПОДЕСУВАЊЕ И СТАРТУВАЊЕ НА ПРОГРАМА'.
  3. Притиснете и задржете Delay and Start истовремено не затрепкаат показателите (A), (B) и (C).
  4. Притиснете на Program.

  5. Показателите над функциските копчиња (В) и (С) се гасат.

  6. Програмското показно светло (А) продолжува да трепка.
  7. Екранот ги прикажува поставките на омекнувачот за вода. Пример: S L = ниво 5 .

  8. Притискајте Program повекепати за да ја смените поставката.

  9. Деактивирајте го апаратот за да потврдите.

6.2 Полнење на садот за сол

SALE ZOUT SALT SALZ SEL

AEG F 65401 IM - Полнење на садот за сол - 2

  1. Свртете го капачето налево и отворете го садот за сол.
  2. Ставете 1 литар сол во садот за сол (само првиот пат).
  3. Наполнете го садот за сол со сол за машини за миење садови.
  4. Отстранете ја солта околу отворот на садот за сол.
  5. Свртете го капачето надесно за да го затворите садот за сол.

AEG F 65401 IM - Полнење на садот за сол - 3

ВНИМАНИЕ

Водата и солта може да излезат од садот за сол кога го полните. Постои ризик од корозија. За да ја спречите, откако їе го наполните садот со сол, стартувајте програма.

6.3 Наполнете го дозерот за средството за плакнење

A B MAX 4 3° 21 C D

  1. Притиснете го копчето за отпуштање (D) за да го отворите капакот (C).
  2. Наполнете го дозерот за средство за плакнење (А), но не повеće од знакот 'max'.
  3. Отстранете го истуреното средство за плакнење со впивлива крпа за да спречите преголемо пенење.
  4. Затворете го капакот. Погрижете се копчето за отпуштање да се заклучи во правилна позиција.

AEG F 65401 IM - Наполнете го дозерот за средството за плакнење - 2

Можете да го свртете селекторот за истечена количина (В) помеѓу позиција 1 (Інајмала количина) и позиција 4 (најголема количина).

  1. Отворете ја славината.
  2. Притиснете го копчето за включување/ислучување за да го включите апаратот. Погрижете се апаратот да е во режим на поставување, видете во 'ПОСТАВУВАЊЕ И ЗАПОЧНУВАЊЕ ПРОГРАМА'.
  3. Ако показателот за сол е включен, наполнето го садот за сол.

- Ако е включен индикаторот за средството за плакнење, наполнете го дозерот за средство за плакнење.

  1. Наполнете ги корпите.
  2. Додадете детергент.
  3. Поставете ја и стартувајте ја правилната програма за миење според видот на алиштата и извалканоста.

7.1 Користење детергент

A B 30 20 C

  1. Притиснете го копчето за отпуштање (В) за да го отворите капакот (С).
  2. Ставете детергент во преградата обележана со (А) .
  3. Ако програмата за миење има фаза на предмиење, ставете мало количество детергент на внатрешната страна на вратата на апаратот.
  4. Ако користите детергент во таблети, ставете ја таблетата во дозерот за детергент (А).
  5. Затворете го капакот. Погрижете се копчето за отпуштање да се заклучи во правилна позиција.

7.2 Поставување и стартување на програма

Режим на поставување

Апаратот мора да биде во режимот за поставување за да ги прифати овие операции.

Апаратот е во режим на поставување кога, после активирањето:

  • се запалени сите програмски показатели.
  • Екранот прикажува две хоризонтални статусни ленти. Ако контролната табла покажува други услови, притиснете и задржете Delay и Start истовремено се додека апаратот е во режим на подесување.

Стартување на програма без одложување

  1. Отворете ја славината.
  2. Притиснете го копчето за включување/исклучување за активирање на апаратот.
  3. Затворете ја вратата на апаратот.
  4. Погрижете се апаратот да биде во режим на поставување.
  5. Притиснете го Program повторно и повторно додека показателот на програмата што сакате да ја поставите не се запали.

  6. Времетраењето на програмата трепка на екранот.

  7. Показните светла за фазите на поставената програма се вклучуваат.

  8. Ако сакате, можете да ги подесете опциите.

  9. Притиснете на Start. Програмата започнува.

  10. Само показното светло за тековната фаза останува запалено.

  11. Екранот го прикажува времетраењето на програмата што се намалува во чекори од 1 минута.

Стартување на програма без одложување

  1. Одберете ги програмата и потребните опции.
  2. Притиснете го Delay повторно и повторно додека екранот не го прикаже времето на одложување што сакате да го поставите (од 1 до 24 часа).
  3. Времето на одложување трепка на екранот.
  4. Се пали показателот за одложено почнување.

  5. Притиснете на Start. Одбројувањето започнува.

  6. Екранот го прикажува одбројувањето на одложеното почнување што се намалува во чекори од 1 час.

  7. Показните светла за фазите на поставената програма се исклучуваат.

- Кога ће заврши одбројувањето, програмата за перење стартува.

– Се включува показното светло за тековната фаза.

Отворањето на вратата додека работи апаратот

Ако ја отворите вратата, апаратот прекинува со работа. Кога ње ја затворите вратата, одбројувањето почнува од точката на прекинот.

Откажување на одложениот почеток започнува додека работи одбројувањето

Притиснете го Delay повторно и повторно додека:

  • Екранот го прикажува времетраењето на програмата.
  • Не се вклучи показното светло за фазата.
  • Програмата започнува.

Откажување на програмата

Притиснете и држете ги Delay и Start во исто време додека:

- Ке се запалат сите програмски показатели.

- Екранот прикажува две хоризонтални статусни ленти.

AEG F 65401 IM - Откажување на програмата - 1

Уверете се дека има детергент во дозерот за детергент пред да започнете нова програма за миење.

На крај од програмата

Кога програмата ће заврши, се влучува показателот за крај и екранот прикажува 0.

  1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го исклучите апаратот.

  2. Затворете ја славината.

AEG F 65401 IM - На крај од програмата - 1

Ако не го притиснете копчето за вклучување/исклучување, уредот AUTO OFF автоматски го деактивира апаратот по неколку минути. Ова помага да се намали потрошувачката на енергија.

  • Оставете ги садовите да се изладат пред да ги извадите од апаратот. Жешките садови лесно се оштетуваат.
  • Прво испразнете ја долната корпа, а потоа горната.

AEG F 65401 IM - На крај од програмата - 2

Може да има вода од страните и на вратата од апаратот. Не'рісосувачкиот челик се лади побрзо од садовите.

8. ПОМОШ И СОВЕТИ

8.1 Омекнувач за вода

Тврдата вода содржи голема количина на минерали кои може да го оштетат апаратот и да дадат лоши резултати во перењето. Омекнувачот за вода ги неутрализира овие минерали.

Солта за машината за миење садови го оддржува омекнувачот за вода чист и во добра состојба. Важно е да го

подесете вистинското ниво на омекнувач за вода. На тој начин їе бидете сигурни дека омекнувачот за вода ја користи точната количина на сол за машини за миење садови и вода.

Видете во доставениот проспект со примери за полнење на корпите.

  • Користете го апаратот за да миете садови кои се сигурни за машина за миење на садови.
  • Не ставајте во апаратот предмети кои се направени од дрво, габрово дрво, алуминиум, калај и бакар.
  • Не ставајте во апаратот предмети што впивают вода (сунғери, алишта).
  • Отстранете ја преостанатата храна од предметите.
  • За лесно да ја отстраните преостаната изгорена храна, накиснете ги тенцерињата и тавите во вода пред да ги ставите во апаратот.
  • Ставете ги шупливите предмети (шолји, чаши и тави) со отворот надолу.
  • Внимавајте приборот за јадење и садовите да не се допираат. Измешајте ги лажиците со другите садови.
  • Внимавајте чашите да не допираат други чаши.
  • Ставете ги малите садови во корпата за прибор за јадење.
  • Ставете ги лесните садови во горната корпа. Погрижете се садовите да не се движат.
  • Проверете дали прскалките може да се движат слободно пред да почнете програма за миење.

8.3 Употреба на сол, стредство за плакнење и детергент

- Користете само сол, средство за плакнење и детергент за машина за миење на садови. Други производи може да предизвикаат оштетување на апаратот.

  • Средството за плакнење помага, за време на последната фаза на плакнење, за сушење на садовите без на нив да останат остатоци и дамки.
  • Комбинираните детергент таблети содржат детергент, средство за плакнење и други додадени агенси. Бидете сигурни дека овие таблети се соодветни за тврдоста на водата во Вашата област. Видете во упатствата на етикетата на секој производ.
  • Детергент таблетите не се раствораат целосно со кратките програми. За да спречите појава на талог на садовите за јадење, Ви препорачуваме да ги користите таблетите со долги програми.

Не ставајте повеće детергент од препорачаното количество. Погледнете го упатството на производителот на детергентот.

8.4 Пред почеток на програма

  • Филтрите да се чисти и правилно монтирани.
  • Прскалките да не се затнати.
  • Предметите да се правилно распоредни во корпите.
  • Програмата којашто ја користите да е примелнива за видот на алиштата и степенот на извалканост.
  • Правилна количина на детергент којшто треба да се искористи.
  • Погрижете се да имате сол за машина за миење на садови и средство за плакнење (освен ако не користите комбинирани детергент таблети).
  • Капакот на садот за сол да е цврсто затворен.

9. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ

AEG F 65401 IM - НЕГА И ЧИСТЕЊЕ - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Пред одржување, исключете го апаратот и извадете го штекерот за струја од приклучницата.

AEG F 65401 IM - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

Валканите филтри и затнатите прскалки може да ги намалат резултатите од миењето. Правете проверки во определени временски интервали и доколку е потребно, исчистете ги.

9.1 Чистење на филтрите

A B C

A1 A2

AEG F 65401 IM - Чистење на филтрите - 3

  1. Свртете го филтерот (А) спротивно од насоката на стрелките на часовникот и извадете го.

  2. За да го расклопите филтерот (A), раздвојте ги (A1) и (A2).

  3. Извадете го филтерот (В).

  4. Измијте ги филтрите со вода.

  5. Ставете го филтерот (В) во неговата почетна позиција. Проверете дали е правилно склопен под двете водилки (С).

  6. Склопете го филтерот (A) и ставете го на место во филтерот (B). Свртете го во насока на стрелките на часовникот додека не се заклучи.

AEG F 65401 IM - Чистење на филтрите - 4

Неправилна положба на филтрите може да предизвика лоши резултати при миењето и може да го оштети апаратот.

9.2 Чистење на прскалките

Не вадете ги прскалките.

Ако дупките на прскалките се затнат, исчистете ја нечистотијата со тенок шилест предмет.

Користете само неутрални детергенти. Не користете абразивни средства, сунгери со жица или растворувачи.

9.3 Надворешно чистење

Исчистете го апаратот со навлежнета мека крпа.

10. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ

Машината за перење не се вклучува или прекинува додека работи.

Пред да контактирате со сервисот, видете ги информациите што следат за решение на проблемот.

При некои дефекти, екранот покажува шифри за аларм:

• ,10 - Апаратот не се полни со вода.

• ,20 - Апаратот не испушта вода.
• ,30 - Активирана е заштитата од поплавување.

AEG F 65401 IM - РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Ислучете го апаратот пред да направите проверка.

Проблем Можно решение
Не можете да го включите апаратот.Проверете дали приклучокот за струја е включен во штекерот.
Погрижете се да нема оштетеносигурувач во таблата со осигурувачи.
Програмата не стартува. Проверете дали вратата на апаратот е затворена.
Притиснете го Start.
Доколку е поставен одложен почеток,откажете ја поставката или почекајте да заврши одбројувањето.
Апаратот не се полни со вода. Проверете дали е отворена славината за вода.
Погрижете се притисокот на доводот завода да не е пренизок. За овие информации, јавете се во локалното водостопанство.
Погрижете се славината за вода да не е затната.
Погрижете се филтерот во доводното црево да не е затнат.
Погрижете се доводното црево да не е засукано или свиткано.
Апаратот не ја испушта водата.Погрижете се одводната цевка да не е затната.
Погрижете се одводното црево да не е засукано или свиткано.
Включен е уредот против поплавување.Затворете ја славината за вода и јавете се во сервисот.

Откако ће ја изведете проверката, включете го апаратот. Програмата продолжува од точката на прекинот.

Ако повторно се појави проблемот, јавете се во сервисот.

Ако екранот прикажува други шифри за тревога, јавете се во сервисот.

10.1 Резултатите од миењето и сушењето не се задоволителни

Има белузлави остатоци и дамки или синкасти слоеви на чашите и садовите

  • Испуштената количина на средството за плакнење е многу голема. Поставете го бирачот за средство за плакнење на пониска позиција.
  • Имало премногу детергент.

Дамки и капки од вода на чаши и садови

  • Испуштената количина на средството за плакнење не е доволна. Поставете го бирачот за средство за плакнење на повисока позиција.
  • Квалитетот на детергентот може да е причина.

Садовите се влажни

  • Програмата нема фаза на сушење или има фаза на сушење со ниска температура.
  • Дозерот за средство за плакнење е празен.
  • Количината на средството за плакнење може да е причина.
  • Количината на комбинираните таблети со детергент може да е причина. Пробајте друга марка или активирајте го дозерот за средство за плакнење и средството за плакнење заедно со комбинираните детергент таблети.

AEG F 65401 IM - Резултатите од миењето и сушењето не се задоволителни - 1

Видете во 'ПОМОШ И СОВЕТИ' за други можни причини.

Вклучување на дозерот на средството за плакнење со включена функција мулти- таблети

  1. Притиснете го копчето за включување/исклучување за активирање на апаратот.
  2. Погрижете се апаратот да биде во режим на поставување. Видете во 'ПОДЕСУВАЊЕ И СТАРТУВАЊЕ НА ПРОГРАМА'.
  3. Притиснете и задржете Delay and Start istовремено не затрепкаат показателите (A), (B) и (C).

  4. Притиснете на Option.

  5. Показателите (А) и (С) се гасат.

  6. Програмското показно светло (В) продолжува да трепка.
  7. Екранот ги прикажува поставките на дозерот за средство за плакнење.
0dИсклучен
1dВключен
  1. Притиснете Option за да ги смените поставките.
  2. Деактивирајте го апаратот за да потврдите.
  3. Нагодете ја количината на средството за плакнење.
  4. Наполнете го дозерот за средство за плакнење.
Димензии Широчина / Висина /Длабочина (mm)446 / 818 - 898 / 575
Поврзување на струја Видете на плочката со спецификации.
Напон 220-240 V
Фреквенција 50 Hz
Притисок на водата Мин./макс. (bar/MPa) (0.5 / 0.05 ) / (8 / 0.8 )
Водоснабдување1)Ладна вода или топлавода2)макс. 60°C
Капацитет Место за поставување 9
Потрошувачка на енергијаРежим включена 0.10 W
Режим исключена 0.10 W

1) Приключете го доводното црево на славина за вода со навој од 3/4".

2) Доколку топлата вода доаға од алтернативен извор на енергија (на пример, соларни панели, енергија од ветер), користете ја топлата вода за да ја намалите потрошувачката на енергија.

12. ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА

Рециклирајте ги материјалите со симболот ⚙ . Ставете ја амбалажата во соодветни контејнери за да ја рециклирате. Помогнете во заштитата на живтната средина и човековото здравје и рециклирајте го отпадот од електрични и електронски

апарати. Не фрлајте ги апаратите озанчени со символот ✉ во отпадот од домакинството. Вратете го производот во вашиот локален капацитет за рециклирање или контактирајте ја вашата општинска канцеларија.

СОДЕРЖАНИЕ

Приклъучење на електричну мрежу

AEG F 65401 IM - Приклъучење на електричну мрежу - 1

УПОЗОРЕЊЕ

Омекшивач воде треба да под- есите ручно и електронски.

Ручно подешавање

AEG F 65401 IM - Ручно подешавање - 1

8.3 Употреба соли, средства за испирање и детерцента

10. РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМА

Уколико се проблем поново јави, обратите се сервису.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : AEG

Модел : F 65401 IM

Категорија : машина за садови