HD-2000PRO - Фен за коса Vivax - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HD-2000PRO Vivax во PDF формат.
| Тип на производ | Фен за коса |
| Бренд | Vivax |
| Модел | HD-2000PRO |
| Потрошувачка на енергија | 2000W |
| Напојување | AC 220-240V, 50/60Hz |
| Тип на мотор | Професионален AC мотор |
| Поставки за брзина | 2 брзини (преку прекинувач за вклучување/исклучување со поставка за брзина) |
| Поставки за топлина | Прекинувач (поставки за топлина) |
| Копче за ладен воздух | Да (копче за ладење) |
| Вклучени додатоци | Air Slim концентратор, дифузер |
| Филтер | Отстранлив воздушен филтер (решетка за влез на воздух одзади) |
| Јамка за закачување | Да |
| Безбедносни карактеристики | Термален прекинувач, двојна изолација (Class II), препорачано RCD |
| Чистење | Избришете го куќиштето со влажна крпа; измијте го концентраторот; редовно чистете го филтерот |
| Складирање | Не завиткувајте го кабелот околу апаратот; чувајте на ладно и суво место |
| Гаранција | 12 месеци |
| Боја | Црна со портокалов брендинг |
| Само за внатрешна употреба | Да |
| Отстранување | Вратете го на собирно место за електронски отпад |
Често поставувани прашања - HD-2000PRO Vivax
Прашања на корисниците за HD-2000PRO Vivax
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Фен за коса во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HD-2000PRO - Vivax и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HD-2000PRO на марката Vivax.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HD-2000PRO Vivax
Упатства за употреба
Важно е пред употреба на уредот во целост да го прочитате ова упатство и да го чувате на сигурно место за во иднина.
ДОБРОДОЈДОВТЕ!
Овој уред ги задоволува највисоките стандарди и носи иновативна технологија и висока удобност на употреба.
Внимателно прочитајте го ова упатство пред да започнете со користење на вашата микробранова печка и чувајте го упатството на сигурно и познато место за во иднина.
Ако ги следите овие упатства и се придржувате до сите сигурносни предупредувања, вашиот нов уред ќе ве служи со години.
Гром со символ во триаголникот го предупредува корисникот на присутност на опасност и неизолиран напон во производот кој може да биде доволно силен да претставува опасност од струен удар.

Извичникот во триаголникот го предупредува корисникот на присутност на важно упатство за користење и одржување во документот приложен со производот.

ВНИМАНИЕ

Немојте да го вадите поклопецот од уредот. Во никој случај на корисникот му е дозволено да спроведува било какви поправки на уредот. Тоа треба да го изврши овластениот сервисер.
- Уредот смее да го користат деца од 8 години и постари и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или недостаток на искусство и знаење, ако се под надзор или ако одговорното лице за нивната сигурност ги упатила како сигурно да го користат апаратот и ако ги разбрале потенцијалните опасности на кои се изложени за време на користење на уредот.
- Децата не смеат да си играат со уредот.
- Чистење и одржување на уредот не смее да го извршуваат деца освен ако не се под надзор.
- Потребно е да ги надгледувате децата за да не си играат со уредот.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот немојте да го користите во близина на када, туш, мијалник или друг сад со вода.

- Доколку фенот за коса го користите во бања, исклучете го од штекер, имајќи ја предвид близината на вода и потенцијалната опасност, дури и кога уредот е исклучен.
- Како дополнителна заштита, се препорачува инсталација на уред за диференцијална струја (RCD) кој служи за следење на работната струја.
да не надминува 30 mA. Прашајте електричар за совет.
- По употребата, исчистете го апаратот за да избегнете акумулација на маснотии и друга нечистотија.
- Чувајте го уредот и неговиот кабел за напојување надвор од дофат на деца. Децата треба да ги држите подалеку од уредот, освен ако не се под надзор.
- Ако кабелот за напојување е оштетен, за да се избегне потенцијално опасна ситуација, кабелот мора да биде заменет кај производителот, сервисерот или друго квалификувано лице.
- Секогаш внимавајте рацете да ви бидат суви при извлекување на кабелот за напојување од штекер. Никогаш немојте да го вадите кабелот со повлекување на истиот.
- Никогаш не го поместувајте уредот со влечење на кабелот и бидете сигурни дека кабелот не е заплеткан или оштетен.
- Уредот е наменет за користење во домаќинството. Немојте да го користите уредот за било која друга цел.
- Немојте да го користите уредот на отворен простор.
- За да се спречи ризикот од електричен шок, избегнувајте истекување на течност на уредот или неговите делови, и никогаш не го потопувајте струјниот кабел во вода или друга течност.
- Користете ја само правилната и точна конекција и кабелот за напојување. Кабелот за напојување не смее да виси преку рабовите на маса, работни површини и не смее да биде во контакт со топли површини.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секогаш исклучете го уредот од напојувањето пред да ги менувате додатоците или ако треба да ги допирате деловите што се движат во текот на работата.
- Не дозволувајте деца да го користат уредот ако не се под постојан надзор.
- Ако уредот не се користи долго време, мора да биде исклучен од напојувањето. Треба да се осигурате дека системот се лади. Чувајте го уредот на суво и темно место.
- Користете само прибор што е препорачан од страна на производителот.
- Уредот мора да биде исклучен од струја за време на преместување, одржување, чистење или поправка.
- Користете го уредот само за целта за која е наменет.
- Овој уред е опремен со поларизиран приклучок за струја. Уредот има двојна изолација (класа на заштита II) и не бара дополнително заземјување.
- Фенот немојте да го чувате на мека подлога, постелнина, облека или во близина на мијалник или слични површини. Фенот немојте да го прекривате. Секогаш држете ја задната решетка и филтерот без пречки или прашина.

Електрично поврзување:
Проверете дали напојувањето со струја, означено на етикетата на уредот, одговара на напонот на вашата електрична мрежа. Приклучокот за струја мора да биде поврзан само со 220-240V 50-60 Hz.
На уредот не вршете никакви други операции освен чистење и одржување. Не обидувајте се да ја поправате машината, да приспособувате или менувате делови во внатрешноста на уредот. За сервисирање, контактирајте со овластен сервисен центар.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
- Исклучете го фенот, извадете го од штекер и оставете го целосно да се олади.
- Куќиштето на уредот избришете го со мека и влажна ткаенина (доколку е потребно, можете да користите и мала количина средство за чистење).
- Отстранете го и исперете го насочувачот на воздух.
- Пред повторна употреба, сите делови мораат целосно да бидат суви.
- Немојте да користите агресивни средства за чистење.
- На уредот се наоѓа филтер на задната страна кој спречува влегување на коса, прашина и секогаш мора да биде чист. Редовно чистете го филтерот (2) така што ќе ја извадите задната решетка на филтерот. Извадете го филтерот и отстранете ги сите насобрани нечистотии.
- Доколку имате долга коса или користите поголема количина средство за обликување на фризура, филтерот чистете го редовно, најмалку еднаш месечно.
- Немојте да се обидувате да го исчистите филтерот со туркање на предмети во него.
Пред да го спакувате фенот, фенот мора да биде целосно ладен.
Струјниот кабел немојте да го виткате околу фенот. Фенот ставете го во оригиналната кутија на суво и ладно место.
ДЕЛОВИ НА УРЕДОТ
HD-2000PRO:
- Воздушен тенок концентратор
- Филтер за воздух што може да се отстрани
- Копче за ладење
- Прекинувач за поставки за топлина
- Прекинувач за вклучување/исклучување со 2 поставки за брзина
- Висечка јамка
- Дифузор

УПОТРЕБА
Ве молиме прочитајте ги овие упатства пред да започнете со користење и сочувајте ги за во иднина.
- Од странетото пакување чувајте го се додека не сте потполно сигурни дека фенот за коса работи правилно.
- Немојте да го вклучувате уредот во струја пред да сакате да го користите.
- Косата третирајте ја како што сте ја третирале и до сега.
- Внимавајте рацете да не ви се мокри и од нив да не капе вода.
- Косата прво исушете ја со помош на пешкир.
- Доколку сакате, на врвот на фенот ставете додаток Professional Concentrator
- Феното вклучете го директно во штекер и вклучете го со помош на копчињата.
- По сушењето, запрете го уредот и повлечете го приклучокот од штекерот.
ЗАБЕЛЕШКА: Доколку моторот на уредот не работи правилно, ќе се вклучи терминалното исклучување за да не дојде до прегревање и дефект на моторот.
СОВЕТИ
- За почетно сушење на коса, за густа коса и за брзо сушење користете поголема брзина и висока температура. Ниска брзина и температура за ретка коса или за уредување на фризура или за прецизна контрола на уредот.
- Користете продолжување на протокот на воздух за подобро насочување на воздухот.
При користење на дифузор, користете ја долната и средната брзина и температура.
Сушете ја косата така што врвовите на косата се поставени на дифузорот. Откако ќе се исуши дел од косата, движете се.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
| Модел: HD-2000PRO | |
| Напон: | AC 220-240V,50/60Hz |
| Мо́кност: | 2000W (AC Мотор) |
ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОС ПРЕМА ОКОЛИНАТА

Производите означени со овој симбол означуваат дека производот спаѓа во групата на електрична и електронска опрема (ЕЕ производи) и не смее да се отстранува заедно со домаќинскиот отпад.
Правилно постапување и рециклирање на производот спречува потенцијални негативни последици по човековото здравје и околината
кои можат да настанат заради неадекватно згрижување или фрлање на ваков вид отпад. За повеќе информации за рециклирањето на овој производ, ве молиме контактирајте ја вашата локална фирма за ваков вид отпад или маркетот во кој сте го купиле овој производ.
ЕУ ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ
Овој уред е произведен согласно со важечките Европски норми и со сите важечки Директиви и Регулативи.
EU Изјавата за согласност можете да ја преземете од следниов линк: www.msan.hr/dokumentacijaartikala

Изјава за усогласеност
За издавање на ЕУ изјавата за усогласеност одговорен е исклучиво производителот.
Предмет на изјавата:
Производ: ФЕН
Назив на бренд: VIVAX
Модел: HD-2000PRO
Предметот на наведената изјава е во согласност со соодветната законска регулатива на Унијата за усогласување:
- EMC Директива 2014/30/EU
- LVD Директива 2014/35/EU
- ErP Директива 2009/125/EC
- RoHS Директива 2011/65/EU
Референца на применетите ускладени норми или референци на техничката спецификација во врска со која се изјавува усогласеност:
EN 55014-1:2017 EN 55014-2:2015 EN IEC 61000-3-2:2019 EN 61000-3-3:2013+A1:2019 EN 60335-1:2012+A11:2014+AC:2014+A13:2017+A1:2019+A2:2019+A14:2019 EN 60335-2-23:2003+A1:2008+A11:2010+A11:2010/AC:2012+A2:2015 EN 62233:2008 EN 50564:2011 IEC 62321-3-1:2013 IEC 62321-4:2013+AMD1:2017 IEC 62321-5:2013 IEC 62321-6:2015 IEC 62321-7-1:2015 IEC 62321-7-2:2017 IEC 62321-8:2017
Скопје, 25.3.2024
Ви благодариме што купивте уред на VIVAX и се надеваме дека сте задоволни со изборот. Доколку во текот на гарантниот рок се јави потреба од поправка на производот, побарајте совет од продавачот кој ви го продал производот или контактирајте со нас на долунаведените броеви и адреси. ВЕ МОЛИМЕ ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРОИЗВОДОТ ВНИМАТЕЛНО ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ УПАТСТВАТА ПРИЛОЖЕНИ КОН ПРОИЗВОДОТ!
- Со оваа гаранција производителот на производот, преку ПАКОМ КОМПАНИ д.о.о.е.л како увозник и извршител на гаранцијата во Република Македонија, гарантира бесплатна поправка согласно важечките прописи и условите наведени во овој гарантен лист. Со оваа гаранција Ви гарантираме дека предметот на гаранцијата ќе работи без грешки предизвикани од можно лоша изработка и употреба на лош материјал за изработка. Сите вакви дефекти ќе бидат бесплатно поправени во овластениот сервис во гарантниот рок.
ГАРАНТНИ УСЛОВИ:
- Гарантниот рок започнува да тече од денот на купувањето на производот и трае 12 месеци.
- Во случај на појава на дефект кај производот кој е предмет на оваа гаранција се обврзуваме дека ќе го поправиме во најкраток можен рок, а најдоцна во рок од 30 работни дена. Ако производот не може да се поправи или не биде поправен во рок од 30 работни дена, ќе биде заменет со нов. Ако поправката на производот трае подолго од 10 дена, гаранцијата се продолжува за времетраење од 30 дена од денот на поправката.
- Гаранцијата се признава само со приложување сметка за купување и со овој гарантен лист кој мора да биде исправно пополнет од продавачот, односно мора да содржи датум на продажба, печат и потпис на продавачот.
- Извршителот на гаранцијата обезбедува сервис и резервни делови 7 години од датумот на купување. ГАРАНЦИЈАТА НЕ ОПФАЌА:
- Редовни проверки, одржување и замена на потрошни материјали. Прилагодувања или промени за подобрување на производот за намени кои не се опишани во техничките упатства за употреба, освен ако за тие промени не се согласил увозникот ПАКОМ КОМПАНИ д.о.о.е.л.
ГАРАНЦИЈАТА НЕ СЕ ПРИЗНАВА ВО СЛЕДНИВЕ СЛУЧАИ:
- Ако купувачот не приложи исправен гарантен лист и сметка.
- Ако купувачот не се придржувал до упатствата за употреба на производот.
- Ако производот бил отворан, преправан или поправан од неовластени лица.
- Ако дефектите кај производот биле предизвикани од виши сили, како удар од гром, струен удар во електричната мрежа, елементарни непогоди и сл.
- Ако дефектите настанале поради непрописна употреба или неправилен транспорт.
- Ако дефектот настанал поради грешка на системот кон кој бил приклучен производот.
Оваа гаранција не ги менува законските права кои што важат во Република Македонија во однос на правата што ги пропишува производот. Изјава: Потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите и дека овие права не се загрозени со гаранцијата.
Централен сервис:
ПАКОМ Сервис, ул Јадранска магистрала 12, 1000 Скопје
Тел.: 02/3202 842, 02/3202 841, 02/3202 840
Факс: 02 3202 892 www.pakom.com.mk, www.vivax.com