HSA47520F - фрижидер BEKO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HSA47520F BEKO во PDF формат.
| Бренд | Beko |
| Модел | HSA47520F |
| Тип на производ | Витрински замрзнувач |
| Напојување | 220-240V / 50 Hz, еднофазна |
| Ладилно средство | R600a (еколошки прифатлив, запалив под одредени услови) |
| Опсег на амбиентална температура | -15°C до +43°C |
| Контрола на термостат | Прилагодливо копче со позиции вклучувајќи Суперфаст |
| Функција Суперфаст | Брзо замрзнување активирано со копчето за термостат; автоматски се исклучува по 50 часа |
| LED индикатори | Зелено (напојување), црвено (аларм за температура), портокалово (Суперфаст активен) |
| Внатрешна сијалица | E14-15W (не за осветлување на домаќинството; отпорна на температури под -20°C) |
| Одмрзнување | Рачно; препорачано најмалку два пати годишно; користете пластичен стругач; не користете метални алатки или електрични греалки |
| Чистење | Топла вода со неутрален детергент; избегнувајте сапун, бензин, ацетон; редовно чистете ја заптивката |
| Достапност на резервни делови | Оригинални резервни делови обезбедени 10 години по купувањето |
| Безбедносни карактеристики | Двоен заземјен приклучок (10/16A); детска брава на вратата (доколку е опремена); чување на клуч надвор од дофат на деца |
| Ниво на бучава | Нормални оперативни звуци: потпевнување (компресор), меури/гргали (ладилно средство) |
| Времетраење на прекин на струја | Замрзнатата храна останува незасегната до 36 часа доколку вратата остане затворена |
| Максимален капацитет на замрзнување | Погледнете во информативен лист за производот (не е наведено во прирачникот) |
| Позиција при транспорт | Мора да се транспортира вертикално; ако е хоризонтално, оставете 4 часа одмор пред работа |
| Гаранција | Гаранцијата истекува ако поправките ги изврши неовластен персонал |
Често поставувани прашања - HSA47520F BEKO
1. Поставете го термостатот на поладна положба пред одмрзнување.
2. Исклучете го апаратот и извадете ја замрзнатата храна (завиткајте во хартија и чувајте на ладно место).
3. Поставете го разделниот панел под замрзнувачот, отстранете го затворачот за да се исцеди водата.
4. Оставете ја вратата отворена за да забрзате одмрзнување. Не користете метални алатки или електрични греалки.
5. Откако мразот ќе се стопи, избришете и исушете темелно, вратете го затворачот за одвод.
Прашања на корисниците за HSA47520F BEKO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HSA47520F - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HSA47520F на марката BEKO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HSA47520F BEKO
Упатство за употреба
Arka Ngrirese
Со цел да се обезбеди нормално функционирање на уредот, кој користи целосно еколошки разладувач (фреон) R600а (запалив само под одредени услови), морате да се придржувате кон следните правила:
- Немојте да ја попречувате слободната циркулација на воздухот околу уредот.
- Немојте да употребувате механички предмети за да го забрзате процесот на одмрзнување. Користете ги само оние кои се препорачани од производителот.
- Немојте да го оштетувате разладното коло.
- Не употребувајте електрични апарати внатре во уредот. Користете ги само оние кои се препорачани од производителот.
ВНИМАНИЕ!
Совети за рециклажа на стариот апарат /28
Рециклажа на пакувањето /29
Инструкции за транспорт /29
Предупредувања и посебни совети /29
Подесување /30
Електрично поврзување /30
Исклучување на уредот /30
Опис на апаратот /31
Оперирање на замрзнувачот /31
Совети за чување храна /31
Одмрзнување на уредот /32
Чистење на уредот /32
Водич за откривање на дефекти /33
Менување на светилката за
осветлување /33
Përmbajtje
Замрзнувачот што го купивте е еден од производите на ВЕКО и претставува хармоничен спој на техниката на замрзнување и естетскиот изглед. Има нов и атрактивен дизајн и е произведен според европските и националните стандарди кои го гарантираат неговото функционирање и сигурносните карактеристики. Во исто време, средството за разладување, R600а, не влијае штетно на околината и на озонската дупка.
За да го добиете најдоброто од вашиот замрзнувач, внимателно прочитајте ги информациите кои се дадени во ова упатство.
Совети за рециклирање на стариот апарат
Ако вашиот нов купен уред го заменува вашиот стар уред, мора да ги имате во предвид следните аспекти:
Стариот уред не е безвреден отпадок. Отстранете го стариот уред според стандардите за рециклирање. Контактирајте ги локалните институции кои ја имаат таа надлежност.
Вашиот стар уред може да се рециклира. Направете ги следните чекори:
- Исклучете ја машината од штекер;
- Отстранете го струјниот кабел (пресечете го);
- Извадете ги бравите од вратата (ако има) за да избегнете повреди на деца додека си играат и опасности по нивниот живот. Апаратот содржи изолирачки супстанции и фреон (разладувач) кои бараат правилна рециклажа.
Оригиналните резервни делови ќе ги добивате 10 години по датумот кога е набавен производот.
Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, освен кога се надгледувани или им се дадени инструкции за користењето на уредот од страна на лице кое е одговорно за нив.
Децата треба да се надгледувани за да не играат со уредот.
Рециклирање на пакувачките материјали
Внимание!
Не дозволувајте децата да си играат со пакувачките материјали или со делови од нив. Постои ризик од задушување од картонот или пластичниот филм. За превенција од оштета на уредот за време на транспортот, сите пакувачки материјали се дизајнирани во согласност со рециклирачките барања и за заштита на човековата околина.
ВАЖНО!
Пред да го вклучите уредот, внимателно прочитајте го ова упатство за употреба. Упатството содржи важни информации за инсталацијата, употребата и одржувањето на апаратот.
Произведувачот е ослободен од одговорноста ако не се придржувате на информациите содржани во упатството. Зачувајте го упатството за идни потсетувања.
ВНИМАНИЕ!
Уредот треба да се користи само за предвидената цел (употреба во домаќинството), на соодветни места, заштитен од дожд, влага или други атмосферски влијанија.
Упатство за транспорт
Апаратот треба да се транспортира само во вертикална положба. Кутијата во која што е спакуван апаратот не смее да се оштети за време на транспортот. Транспортот може да се изврши и во хоризонтална позиција во согласност со ознаките на пакувањето. Во оваа ситуација се препорачува да не се користи апаратот најмалку 4 часа за да се стабилизира составот.
Непридржувањето кон овие инструкции може да резултира со оштетување на компресорот и правата на гаранцијата нема да имаат важност.
Предупредувања и општи совети
- Не го вклучувајте уредот во струја ако сте приметиле некоја грешка.
- Поправките треба да ги изведуваат само квалификувани лица.
- Во следните ситуации, ве молиме да го исклучите уредот од струја:
- кога го одмрзнувате уредот
- кога го чистите уредот
За исклучување на уредот од струја, со едната рака држете го штекерот а со другата повлечете го кабелот!
- Обезбедете минимален простор помеѓу уредот и ѕидот на кој е уредот наслонет.
- Не се качувајте на уредот.
- Не им дозволувајте на децата да си играат со уредот или во уредот.
- Никогаш не користете електрични апарати во замрзнувачот.
- Не го користете уредот во близина на уреди за грил, шпорет или други извори на топлина и оган.
- Не го оставајте уредот отворен подолго отколку што е потребно да поставите храна или да ја извадите.
- Ако уредот не работи, не поставувајте храна во него.
- Не чувајте производи во него кои содржат запаливи или експлозивни состојки.
- Не чувајте газирани пијалоци (сок, минерална вода, шампањ, итн.) - шишињата може да експлодираат! Не замрзнувајте пијалоци во пластични шишиња.
- Не конзумирајте мраз или сладолед директно по вадењето од замрзнувачот, затоа што може да предизвикаат опекотини поради ниската температура.
- Никогаш не ги допирајте ладните метални делови со мокри раце, затоа што мокрите раце може да замрзнат на толку ладните површини.
- За заштита на уредот за време на транспорт и складирање, тој е обезбеден со изолација помеѓу вратата и внатрешноста (на предниот и задниот дел). Оваа изолација треба да се отстрани пред вклучувањето на уредот и работата со него.
Вишокот на мраз на рамката и полиците треба да се отстранува регуларно со пластичниот алат кој е обезбеден со уредот. Присуството на наталожениот мраз оневозможува правилно затварање на вратата.
- Ако не го користите уредот неколку дена, не го исклучувајте од струја. Но ако не го користите подолг период (пр. годишен одмор), направете го следното:
- исклучете го уредот од струја;
- испразнете го уредот;
- одмрзнете го и исчистете го;
- оставете ја вратата отворена за да спречите создавање на непријатен мирис.
- Ако кабелот за напојување е оштетен, истиот мора да го сменат производителот, овластен сервисер или слични квалификувани лица за да се избегне ризик.
- Ако вашиот уред има брава за заклучување, држете го заклучен и ставете го клучот на сигурно место подалеку од дофатот на децата. Ако го депонирате уредот, онеспособете ја бравата, за да не може децата да се заглават во него.
Подесување
Овој уред е дизајниран да работи на температура на околината помеѓу -15°C и +43°C. Доколку температурата е над +43°C, може да се зголеми температурата во уредот.
Уредот поставете го подалеку од топлотни извори. Поставувањето во топла соба, директното изложување на сонце или во близина на радијатор, шпорет, печка, може да ја зголеми потрошувачката на енергија а да го намали векот на трење на уредот.
- Ве молиме да ги одржувате следните минимални растојанија:
- 100 cm од шпорет на јаглен или уље;
- 150 cm од електричен и плински шпорет.
- Осигурајте слободен проток на воздух околу апаратот, придржувајќи се на растојанијата од Првиот дел. Спојте ги доставените делови за одржување на просторот на кондензаторот (на задната страна) (слика)
- Поставете го уредот на совершено и суво место.
Електрично приклучување
Вашиот апарат е наменет да работи на еднофазна струја од 220-240V/50 Hz. Пред вклучување на апаратот, ве молиме да внимавате на параметрите на струјата во вашиот дом (напон, тип на струја, фрекфенција) да се совпаѓаат со параметрите на уредот.
Информациите за напонот и потрошувачката на енергија се дадени на ознаката која се наоѓа на задната страна на уредот.
- Електричната инсталација мора да ги задоволува законските норми.
- Заземјувањето на уредот е задолжително. Произведувачот нема да биде одговорен за било каква штета над особите, животните или предметите кои може да бидат последица од непридржувањето кон одредените норми.
- Уредот е опремен со кабел и утикач (европски тип, означен 10/16 А) со двополен контакт за заземјување поради сигурност. Ако штекерот не е од ист тип како утикачот, побарајте помош од квалификуван електричар за да го замени.
- Не користете продолжен кабел и троштекер.
Исклучување на уредот
Исклучувањето мора да се изведува со исклучување од штекер со помош на прекинувач со два пола кој се поставува пред штекерот.
Функционирање
Пред да го вклучите апаратот, исчистете ја внатрешноста на уредот (види „Чистење“). По завршувањето на оваа постапка, повторно вклучете го уредот во струја и подесете го копчето на термостатот на средна позиција. Зеленото и црвеното светло на LED мора да светат. Оставете го уредот да работи околу 2 часа без да поставувате храна во него. Замрзнување на свежа храна е можно после 20 минути работење.
Опис на уредот
(Дел. 1)
- Рачка на вратата
- Врата
- Куќиште на ламбата
- Корпи
- Сад (послужавник)
- Кутија на термостатот
- Дел за одржување на растојание за транспорт
Оперирање на замрзнувачот
Подесување на температурата
Температурата на замрзнувачот се подесува со копче на термостатот, позиција „MAX” е најниската температура.
Постигнувањето на температурата е различно и зависи од условите на употреба, како што се: местото на кое е поставен, температурата на околината, зачестеноста на отварањето на вратата, количината на храна и др. Положбата на копчето на термостатот ќе се менува спрема овие фактори. Обично, ако температурата на околината е 32°C, термостатот ќе биде прилагоден на средната позиција.
Сигналната табла се наоѓа на предниот дел на замрзнувачот
- Копче за подесување на термостатот - подесување на внатрешната температура.
- Зелена LED сијалица - покажува дека уредот прима струја.
- Црвена LED сијалица - свети ако температурата во замрзнувачот е превисока. LED сијалицата ќе свети околу 15-45 минути после вклучувањето на уредот. Ако LED сијалицата се вклучи за време на функционирањето, тоа значи дека има дефект.
- Портокалово копче - брзо замрзнување - со притискање на портокаловото копче, карактеристиката се вклучува и покажува дека уредот започнал со начинот на работа „брзо замрзнување“. За деактивирање на оваа функција, повторно притиснете го копчето и светлото ќе се исклучи.
Три LED сијалици ви даваат информации за начинот на работењето на уредот.
Совети за чување храна
Овој уред е наменет за чување на замрзната храна подолг период како и за замрзнување на свежа храна.
Еден од главните елементи за успешно замрзнување е пакувањето.
При пакувањето мора да се запазат следните работи: непропуштање на воздух, отпорни на ниски температури, отпорни на течности, маснотии, водена пареа, мирис и да може да се мијат.
Следните типови на пакувања ги задоволуваат горенаведените барања: пластични и алуминиумски фолии, пластични и алуминиумски кеси, чаши од картон кои се премачкани со восок или пластични чаши.
ВАЖНО!
- За замрзнување на свежа храна, користете ја корпата во уредот.
- Не поставувајте голема количина на храна во уредот истовремено. Квалитетот на храната најдобро се одржува ако замрзнувањето е што побрзо. Затоа се советува да не го преминувате капацитетот на полнење наведен во „Информации за уредот“. За да го намалите времето за замрзнување, притиснете го копчето „брзо замрзнување“.
- Свежата храна не смее да дојде во контакт со веќе замрзнатата храна.
- Замрзнатата храна која сте ја купиле, може да се постави во замрзнувачот без подесување на термостатот.
- Ако на пакувањето не е наведен датумот, како општ податок земете го најмногу три месеци.
- Храната, дури и ако е делумно замрзната, не смее повторно да се замрзнува. Мора да се конзумира или да се приготви, па потоа да се замрзнува.
- Газираните пијалоци не смее да се чуваат во замрзнувачот.
- Во случај на прекин на струја, не ја отворајте вратата на замрзнувачот. На замрзнатата храна нема да ѝ биде ништо ако прекинот трае помалку од 36 часа.
Не заборавајте!
После 24 часа, откако храната е поставена внатре, прекинете ја функцијата „брзо замрзнување“ со повторно притискање на копчето, со што портокаловото светло ќе се исклучи.
Одмрзнување на уредот
- Ве советуваме да го одмрзнувате уредот најмалку два пати годишно или кога слојот на мразот е предебел.
- Насобирањето на мраз е сосема нормално.
- Количината на формираниот мраз и брзината на неговото создавање зависат од условите и зачестеноста на отворањето на вратата.
- Ве советуваме да го одмрзнувате замрзнувачот кога количината на храна во него е помала.
- Пред одмрзнувањето, поставете го копчето на термостатот на највисока положба, така што храната ќе биде што повеќе замрзната.
- Исклучете го уредот од струја.
- Извадете ја замрзнатата храна, замотајте ја во неколку листови хартија и ставете ја на ладно место. Земете ја разладната плоча и ставете ја под замрзнувачот, во правец на цевката за истекување. Извадете го чепот. Водата која истекува ќе се одлева во посебна плоча. По топењето на мразот и истекувањето на водата, избришете го со крпа или сунѓер, а потоа пребришете за да се исуши. Вратете го чепот назад на местото. (Слика 6) За брзо топење, оставете ја вратата отворена.
Не користете остри метални предмети за отстранување на мразот.
Не користете фен за сушење коса или електрични апарати за греење за одмрзнување.
Чистење на внатрешноста
Пред да започнете со постапката на чистење, исклучете го уредот од штекер.
- Се препорачува да го чистите кога ќе го размрзнете.
- Измијте ја внатрешноста со млака вода во која сте додале природен детергент. Не употребувајте сапун, детергент, ацетон кои може да остават чуден мирис.
- Избришете со влажен сунѓер и исушете со мека крпа.
За време на оваа постапка, внимавајте да не навлезе вода во термалната изолација на уредот, која може да предизвика непријатен мирис.
Не заборавајте да ја исчистите решетката на вратата, посебно под ребрата, со чиста крпа.
Чистење на надворешноста
- Чистете ја надворешноста на апаратот со сунѓер потопен во млака сапунеста вода и избришете го потоа со сува и нежна крпа.
- Чистењето на надворешноста на компонентите од колото за разладување (компресорот, кондензаторот, цевките за поврзување) треба да се изведе со употреба на правосмукалка на која ќе ја поставите нежната четка. За време на постапката внимавајте да не ги извлечете каблите или да ги откачете цевките.
Не употребувајте абразивни средства и детергенти!
- По завршувањето на чистењето, вратете ги додатоците на нивното место и приклучете го уредот во штекер.
Водич за откривање на дефекти
Уредот не работи.
- Има прекин на струја.
- Струјниот кабел не е вметнат добро во штекерот.
- Осигурачот е прегорен.
- Термостатот е на „OFF“ (исклучен).
Температурата не е доволно ниска (црвеното LED светло е вклучено).
- Храната ја спречува вратата да се затвори.
- Уредот не е поставен правилно.
- Уредот е поставен премногу блиску до извор на топлина.
- Копчето на термостатот не е во правилна позиција.
Прекумерно формирање на мраз
- Вратата не била затворена правилно.
Следново не претставува дефект
- Можно е клатење и удари кои доаѓаат од апаратот: циркулација на средството за ладење во системот.
Замена на светилката за осветлување
Ако ламбата изгори, исклучете го апаратот од електричната мрежа. Извадете ја облогата на ламбата. Осигурете се дека ламбата е правилно зашрафена. Повторно вклучете го апаратот. Ако светилката сè уште не свети, заменете ја со друга од типот E14-15W. Поставете го задниот дел од облогата на ламбата на своето место. Сијалицата што се користи во овој уред не служи за осветлување на простории во домот. Нејзината намена е да му помогне на корисникот безбедно и удобно да ја става храната во фрижидерот.
Сијалиците што се користат во овој производ треба да ги издржат екстремните физички услови, како што се температури под -20°C.
Бука за време на оперирањето
За да се одржи подесената температура, компресорот на уредот стартува периодично.
Буката што може да се слушне во вакви ситуации е сосема нормална.
Буката се намалува штом уредот ќе ја постигне температурата на оперирање.
Буката на брчење се создава од компресорот. Станува малку посилна кога компресорот стартува.
Бучавата од клокотот и шумолењето доаѓаат од циркулацијата на фреонот во цевките на уредот и е нормална појава.
Никогаш не се обидувајте сами да го поправате уредот или електричните компоненти. Секоја поправка направена од неовластено лице е опасна по животот и може да резултира со поништување на гаранцијата.

Симболот ■ на производот или на пакувањето означува дека производот не треба да се третира како домашен отпад. Треба да се предаде на соодветно место каде што се рециклира електронска и електрична опрема. Со тоа што ќе се осигурате дека производот е правилно отстранет, ќе помогнете во спречувањето на потенцијалните негативни последици врз околината и човековото здравје, кои се предизвикани од неправилно отстранување на производот. За подетални информации во врска со рециклирањето на овој производ, ве молиме контактирајте ги локалните власти, овластени сервисери или продавницата каде што сте го купиле производот.