SC07F60YX - Прашалник SAMSUNG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SC07F60YX SAMSUNG во PDF формат.
| Tip na proizvod | Цилиндрична правосмукалка |
| Бренд | Самсунг |
| Модел | SC07F60YX |
| Димензии (Д x Ш x В) | 450 x 280 x 320 mm |
| Тежина | 5,5 kg |
| Напојување | 2000 W, 220-240 V, 50/60 Hz |
| Вшмукувачка моќ | 400 AW |
| Капацитет на прав | 1,6 L |
| Систем за филтрација | HEPA 13 филтер за перење |
| Ниво на бучава | 80 dB |
| Должина на кабел | 8 m |
| Работен радиус | 10 m |
| Основни функции | Циклонска технологија, прилагодлива вшмукувачка моќ, автоматско намотување на кабелот, четка за под, алатка за пукнатини, четка за прашина |
| Одлагање на прав | Без кеса, лесно празнење на садот за прав |
| Одржување на филтерот | Филтер за перење, чистете на секои 3 месеци |
| Безбедносни карактеристики | Автоматско исклучување при прегревање, термичка заштита |
| Достапни резервни делови | Филтри, валјак за четка, црево, додатоци |
| Поправливост | Модуларен дизајн, заменливи делови |
Често поставувани прашања - SC07F60YX SAMSUNG
Прашања на корисниците за SC07F60YX SAMSUNG
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашалник во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SC07F60YX - SAMSUNG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SC07F60YX на марката SAMSUNG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SC07F60YX SAMSUNG
Ве молиме внимателно прочитајте го упатството пред да започнете со употребата на апаратот.
Се користи само во затворени простории.
Македонски
Замислете ги можностите
Ви благодариме што купивте Samsung производ.
SAMSUNG
Безбедносни информации
Пред да започнете со употребата на апаратот, внимателно прочитајте го упатството и зачувајте го за користење во иднина.

Затоа што следните инструкции за ракување опфаќаат повеќе модели, карактеристиките на вашата правосмукалка може да се разликуваат од опишаните.
СИМБОЛИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ЗА ВНИМАНИЕ/ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
| ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ | Укажува на постоење опасност од смрт или тешки повреди. |
| ВНИМАНИЕ | Укажува дека постои ризик за повреда или материјална штета. |
| Покажува нешто што НЕ СМЕЕТЕ да го правите. | |
| Покажува нешто што мора да го почитувате. | |
| Укажува дека мора да го откачите кабелот од штекер. |

Оваа правосмукалка е дизајнирана само за употреба во домаќинствата. Немојте да ја користите оваа правосмукалка за чистење градежни отпадоци и остатоци и тонер за ласерски печатачи.
Чистете ги филтрите редовно за да спречите насобирање на ситна прашина во нив. Препорачливо е да вшмукувате само мали количества на освежувачи или средства за хемиско чистење на килими, остатоци во прав и ситна прашина, како брашно. Кантичката за прав и филтрите мора да се чистат по секое вшмукување. Немојте да ја користите оваа правосмукалка кога се отстранети филтрите или кантичката за прав. Не употребувајте користени, деформирани или оштетени филтри. Поставувајте ги филтрите во правилна положба секогаш, како што е прикажано во ова упатство. Доколку не се придржувате до овие правила, можно е да предизвикате оштетување на внатрешните делови и да ја поништите гаранцијата.
Микро филтерот не треба никогаш да се превиткува. Тоа може да предизвика деформација или оштетување на филтерот.
Ако филтерот се деформира или оштети, ве молиме заменете го филтерот (тоа може да предизвика навлегување на прав и честички во моторот).
Ве молиме ставете го филтерот правилно, без да остане простор помеѓу филтерот и капакот на филтерот (тоа може да предизвика навлегување на прав и честички во моторот).
02_безбедносни информации
безбедносни информации
- Внимателно прочитајте го целото упатство. Пред вклучувањето, проверете дали напонот на вашата електрична мрежа е ист како оној назначен на плочката од долната страна на правосмукалката.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете ја правосмукалката кога тепихот или подот се мокри. Не користете ја за вшмукување вода.
- Бидете многу внимателни при користењето на кој било апарат покрај или близу деца. Не дозволувајте правосмукалката да се користи како играчка. Не дозволувајте правосмукалката да остане вклучена без надзор. Користете ја правосмукалката само за нејзината намена, како што е опишано во упатството.
- Не користете ја правосмукалката без кантичката за прав. За најголема ефикасност, испразнете ја кантичката за прав пред целосно да се наполни.
- Немојте да ја користите правосмукалката за собирање чкорчиња, топол пепел или опушоци. Чувајте ја правосмукалката далеку од шпорети и други извори на топлина. Топлината може да ги изобличи и обезбои пластичните делови на апаратот.
- Одбегнувајте собирање тврди и остри предмети со правосмукалката, бидејќи тие може да ги оштетат деловите на апаратот. Не газете на склопот на цревото. Не ставајте тежина врз цревото. Немојте да го блокирате влезниот или излезниот отвор.
- Исклучете ја правосмукалката на куќиштето на апаратот пред да го извадите приклучокот од штекерот. Извадете го приклучокот од штекерот пред да ја празните кантичката за прав.
безбедносни информации _03
За да избегнете оштетувања, извадете го приклучокот држејќи го него, а не со влечење на кабелот.
- Уредот може да го користат деца над 8 години, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку истите се надгледуваат или им се дадени упатства за користење на апаратот на безбеден начин и доколку ја разбираат опасноста која им прети. Децата не смеат да играат со апаратот.
Децата не смеат да чистат или да изведуваат корисничко одржување без надзор.
- Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со апаратот.
- Приклучокот мора да биде изваден од штекерот пред чистењето или одржувањето на апаратот.
- Не се препорачува користење на продолжен кабел.
- Ако правосмукалката не работи правилно, исклучете го напојувањето и посоветувајте се со овластен сервисер.
- Ако кабелот за струја е оштетен, тој мора да биде заменет од страна на производителот, сервисерот или друго квалификувано лице со цел да се избегнат несакани ситуации.
- Немојте да ја носите правосмукалката држејќи го цревото. Користете ја рачката на куќиштето.
- Извадете го кабелот од штекер кога не ја користите правосмукалката. Исклучете ја пред да го извадите кабелот.
- За повеќе информации во врска со определбите на компанијата Samsung за заштита на животната средина и посебните законски обврски за производите, како на пр. REACH, посетете ја веб-страницата: samsung.com/uk/aboutsamsung/samsungelectronics/corporatecitizenship/data_corner.html
УВ ЧЕТКА
- Бидејќи УВ зраците од УВ четката ги оштетуваат очите и кожата, никогаш не дозволувајте зраците да дојдат во контакт со кожата или очите и не оставајте ги децата или старите лица да ја користат УВ четката. Тоа може да ви го оштети видот.
- Ако проѕирниот прозорец е скршен и ако УВ зраците се директно изложени, исклучете го апаратот и јавете се во сервисниот центар.
- Не користете ја УВ четката за друга намена освен за стерилизација на душеци, постелнина, кревети, перници итн., направени од платно. Компанијата не прифаќа одговорност за загуба поради несреќи предизвикани со употреба на УВ четката за други цели, освен за горенаведените предвидени цели.
- Не седете на УВ четката и не испуштајте ја, а избегнувајте и нанесување удари на производот. Доколку не се придржувате кон ова, може да дојде до повреда или до оштетување на производот.
- Не допирајте ги струјните приклучоци на задната страна на УВ четката со метална игла или прачка. Тоа може да доведе до струен удар или пожар.
- Кога УВ ламбата не е исправна, немојте самите да го демонтирате или модификувате производот. Побарајте замена кај продавачот или во сервисниот центар.
- Бидејќи во внатрешноста на УВ четката доаѓа до електрично празнење, никогаш не користете ја во близина на запаливи спрејови или материи.
- Внимавајте, по подолго користење на УВ четката да не го допрете прозорецот на УВ ламбата, бидејќи површината на прозорецот може да биде жешка.
- При ниски температури, УВ четката може да стартува побавно поради инхерентните својства на УВ лампите. Чувајте ја УВ четката во затворени простории.
СОСТАВУВАЊЕ НА ПРАВОСМУКАЛКАТА
07
08 Прекинувач ON/OFF (вклучување/исклучување)
11 Користење на УВ четката (ОПЦИЈА)
ОДРЖУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ И ФИЛТРИТЕ
12
12 Користење на додатоците
14 Одржување на алатките за под
16 Промена на вреќичката за прав
16 Чистење на влезниот филтер
17 Чистење на издувниот филтер
17 Промена на батеријата (кај типот на далечинско управување)
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
18
06_ содржина
составување на правосмукалката

01 СОСТАВУВАЊЕ НА ПРАВОСМУКАЛКАТА
- За складирање, закачете го подниот чистач.

составување на правосмукалката _07
ракување со правосмукалката
КАБЕЛ ЗА СТРУЈА

- При вадење на приклучникот од штекер, држете го приклучникот, а не кабелот.

ПРЕКИНУВАЧ ON/OFF (ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ)

08_ ракување со правосмукалката
Тип со команди на куќиштето
- Притиснете го копчето ON/OFF (вкл/искл) секвенцијално за да почнете и да запрете со користењето на правосмукалката. Притиснете го повторно за да ја исклучите правосмукалката.
- Копче за вшмукување (-), (+)
- Притиснете го копчето (+) за да работите со правосмукалката со голема моќ на вшмукување. Притиснете го копчето (-) за да работите со правосмукалката со мала моќ на вшмукување.
![graph LR A["(ON) MIN\n(вкл. минимум)"] --> B["MID\n(средно)"] B --> C["MAX\n(максимум)"]](/content/2026/05/1101750/images/e4a90b146029e09e80eaa55544adcee0a71bfdb86096b0a245cccb6d63746076.jpg)

Контроли на рачката Правосмукалката се управува со радиофреквентни сигнали.

Ако за време на чистењето во рок од 30 минути не се притисне ниту едно копче, автоматски се активира безбедносниот уред и се прекинува напојувањето со струја. Во тој случај, притиснете го копчето за вклучување [Power] на главниот уред или извлечете го, па повторно вметнете го напојниот кабел во штекерот.
- Притиснете го копчето ON/OFF (вкл/искл) секвенцијално за да почнете и да запрете со користењето на правосмукалката. Притиснете го повторно за да ја исклучите правосмукалката.
- Копче SUCTION (-/+) (всмукување)
- Притиснете го копчето [SUCTION (-/+)] [всмукување (-/+)] за да ја зголемите или намалите моќта на всмукување. Со секое притискање на копчето постепено ја зголемувате или намалувате моќта на всмукување. Откако моќта на всмукување ќе го постигне својот максимум, при следното притискање на копчето, моќта на всмукување се враќа на минимум.
![graph LR A["(ON) MIN\n(вкл. минимум)"] --> B["MID\n(средно)"] B --> C["MAX\n(максимум)"]](/content/2026/05/1101750/images/71d87fa6e3010e2601359a5e0c06b9d3657ad55c55ad345b49fdd6ebea61a186.jpg)

Контроли на рачката Правосмукалката се управува со радиофреквентни сигнали.
- Копче BRUSH ON/OFF [четка вкл/искл]
- Притиснете го копчето [BRUSH ON/OFF] [четка вкл/искл] за да работите со УВ четката. Притиснете го повторно за да ја исклучите УВ четката.

Ако за време на чистењето во рок од 30 минути не се притисне ниту едно копче, автоматски се активира безбедносниот уред и се прекинува напојувањето со струја. Во тој случај, притиснете го копчето за вклучување [Power] на главниот уред или извлечете го, па повторно вметнете го напојниот кабел во штекерот.
КУЌИШТЕ
Притиснете го копчето ON/OFF (вкл/искл) секвенцијално за да почнете и да запрете со користењето на правосмукалката. (OFF → ON → OFF) (искл → вкл → искл)

Ако далечинското управување од рачката не работи, правосмукалката може да се управува со копчето за ON/OFF (вкл/искл) кое се наоѓа на куќиштето од апаратот.

| (1)Когаевключено напојувањето, сијаличката на иконата свети сино. | |
| (2) | Ако индикаторот за проверка на филтерот засвети црвено, проверете дали дошло до затнување на четките, цевката, цревата, филтрите и отстранете го, и, ако е потребно, Испразнете ја и заменете ја врекичката за прав. |
Тип со команди на куќиштето (серија SC05F60W, SC07F60W, SC08F60W)
ЦРЕВО
За да се намали всмукувањето при чистењето драперии, мали теписи и други лесни ткаенини, повлечете го капакот за воздух додека не се отвори дупката.

За контролирање на нивото на мокноста, само поместете ја контролата на мокноста надесно и налево.
| (1) | Ако индикаторот за проверка на филтерот засвети црвено, проверете дали дошло до затнување на четките, цевката, цревата, филтрите и отстранете го, и, ако е потребно, Испразнете ја и заменете ја вреќичката за прав. |
10_ ракување со правосмукалката
КОРИСТЕЊЕ НА УВ ЧЕТКАТА (ОПЦИЈА)
- Вметнете ја четката во рачката за цревото.
Вметнете ја УВ четката цврсто во рачката за цревото, додека не слушнете „кликање“.

- Притиснете го копчето [BRUSH ON/OFF] [четка вкл/искл] за да ја користите УВ четката.
- Притиснете го копчето [Suction -/+] (всмукување -/+) за да ја зголемите или намалите моќта на всмукување.
- Притиснете го копчето [BRUSH ON/OFF] (вкл/искл на четката).
- УВ стерилизацијата не може да се активира самостојно.

- Кога ќе завршите со УВ чистење, притиснете го копчето [
Притиснете го копчето [🚫] за да ја запрете правосмукалката.
Од безбедносни причини, чистењето со УВ четка работи само 30 минути и потоа се исклучува. За да продолжите со работа, повторно притиснете го копчето [SUCTION (-/+)] [всмукување (-/+)].

УВ четката, вметната во рачката за цревото (не директно во телескопската цевка), е наменета за постелнина.
Одржување на приборот и филтрите
КОРИСТЕЊЕ НА ДОДАТОЦИТЕ
Цевка
- Регулирајте ја должината на телескопската цевка лизгајќи го копчето за управување со должината на средината на цевката напред-назад.

- За да проверите да не е затната, откачете ја телескопската цевка од апаратот и ставете ја на најкратко. Така ќе можете полесно да ја извадите нечистотијата што ја затнува цевката.

- За користење на алатката за процепи, ставете го додатокот на крајот од рачката на цревото во спротивна насока.

- Извлечете го копчето за да ја користите четката за бришење прав.

- За користење на алатката за тапациран мебел, ставете го додатокот на крајот од рачката на цревото.

12_ одржување на приборот и филтрите
Додатоци
- Ставете го додатокот на крајот од рачката за цревото.

- Извлечете го копчето за да ја користите алатката за процепи.

• Ставете го додатокот на крајот од цевката.

- Извлечете го копчето за да ја користите алатката за процепи.

ОДРЖУВАЊЕ НА АЛАТКИТЕ ЗА ПОД
Четка со 2 позиции

- Наместете го лостот на отворот соодветно на подната површина.
- Целосно отстранете ги нечистотиите ако отворот е блокиран.
Четка за домашни миленичиња (опција)

За подобро собирање на влакна од домашни миленичиња и други нечистотии од теписите.


Честото вшмукување влакна или крзно од животни може да предизвика намалување на бројот на вртежи поради заплеткани нечистотии.
- Притиснете го копчето за отворање на заштитниот капак за да го извадите капакот.
- Отстранете ја цилиндричната четка.
- Отстранете ги нечистотиите како правот и влакната кои се заплеткани околу цилиндричната четка со помош на ножици.
- Отстранете го правот од внатрешноста на куќиштето на четката со помош на сува крпа или со додатокот за процепи.
- Вметнете ја цилиндричната четка во ротирачкиот дел.
- Вратете го заштитниот капак на своето место со 'кликнување'.
Напредна четка за паркет (опција)
- Вшмукувајте прав одеднаш од поголема површина.
- Целосно отстранете ги нечистотиите ако отворот е блокиран.

14_ одржување на приборот и филтрите
Отстранување на правот од кантичката за прав на УВ четката (Опција)
Кога ќе забележите дека кантичката за прав е полна, употребете го копчето [Dust Removal] [отстранување прав] за да ја испразните.
- За да ја испразните кантичката за прав, поместете го копчето [Dust Removal] [отстранување прав] во положбата „Open“ (отворено).
- За таа цел, додека правосмукалката работи (всмукување), употребете го копчето [Dust Removal] [отстранување прав].
- Кога ќе завршите, поместете го копчето [Dust Removal] (отстранување прав) во положбата „Close“ (затворено).
- Кога копчето [Dust Removal] [отстранување прав] е во положбата „Open“ (отворено), моќта на всмукување на правосмукалката е намалена.

- Честото всмукување влакна или крзно од животни може да предизвика опаѓање на бројот на вртежи заради заплетканите нечистотии.
Чистење на УВ четката (чистење на барабанот) (Опција)
Треба редовно да ја проверувате ротирачката четка на правосмукалката. Околу четката може да се завиткаат конци, влакна и влакна од теписи и да ја намалат нејзината способност за чистење. За да го спречите тоа, треба да ја чистите четката.
- Притиснете го копчето [Open Transparent Cover] [отвори проѕирен капак] навнатре за да го симнете капакот.
- Користете го алатот за процепи за отстранување нечистотии, како што се прав и влакна од ротирачката четка.
- Кога ќе завршите, притиснете го копчето нанадвор за да го затворите капакот.

Тип на далечинско управување: Тип со контроли на куќиштето
- Честото вшмукување влакна или крзно од животни може да предизвика опаѓање на бројот на вртежи поради заплеткани нечистотии. Кога вшмукувањето ќе се намали, сијаличката ќе засвети со црвена боја. Кога сијаличката ќе засвети, променете ја вреќичката.
ПРОМЕНА НА ВРЕЌИЧКАТА ЗА ПРАВ


Вреќичките за прав можете да ги купите во продавниците каде што сте ја купиле правосмукалката или во овластениот сервисен центар на SAMSUNG.
Не фрлајте го филтерот.
16_ Одржување на приборот и филтрите

- Променете го издувниот филтер 1-2 пати годишно.
- Ако вшмукувањето е забележително послабо, исчистете го излезниот филтер. Напомена: Не перете го филтерот.
Ако проблемот не се разрешува со чистење, заменете го затнатиот филтер.
- Филтри за замена можете да најдете кај вашиот локален дистрибутер на Samsung.
ПРОМЕНА НА БАТЕРИЈАТА (КАЈ ТИПОТ НА ДАЛЕЧИНСКО УПРАВУВАЊЕ)

- Кога правосмукалката не работи, заменете ги батериите. Ако проблемот не биде отстранет, обратете се до вашиот овластен дистрибутер.
- Користете 2 батерии со големина AAA.

- Никогаш немојте да ги расклопувате или полните батериите.
- Никогаш немојте да ги загревате или фрлате во оган.
- Немојте да ги замените (+) и (-) половите. • Фрлете ги батериите според прописите.

ТИП НА БАТЕРИЈА: големина
AAA

Отстранување на проблеми
| ПРОБЛЕМ РЕШЕНИЕ | |
| Моторот не се вклучува. | Проверете ги кабелот, приключникот и штекерот.Оставете го да се излади. |
| Силата на всмукување постепено се намалува. | Проверете да не настанало затнување и отстранете го. |
| Кабелот не се намотува докрај. | Извлечете го кабелот 2-3 метри и притиснете го копчето за намотување на кабелот. |
| Правосмукалката не ги собира нечистотиите. | Проверете го цревото и заменете го доколку е потребно. |
| Слабо всумукување или всмукувањето се намалува. | Проверете го филтерот и, ако е потребно, исчистете го како што е опишано во упатството. Доколку филтрите не се во исправна состојба, заменете ги со нови. |
| Прегревање на кукиштето. | Проверете ги филтрите и, ако е потребно, исчистете ги како што е опишано во упатството. |
| Празнење на статички електрицитет. | Намалете ја моќта на всмукување.Тоа може да се случа, ако воздухот во просторијата стане многу сув.Проверете ја просторијата за да се врати влажноста на воздухот на нормала. |
Термална заштита: Оваа правосмукалка има специјален термостат што го заштитува моторот во случај на прегревање. Ако правосмукалката се исклучи неочекувано, исклучете го прекинувачот и извадете го кабелот за напојување на правосмукалката. Проверете дали штекерот е под напон. За да избегнете електричен удар, ве молиме обратете се кај квалификуван електричар.
Проверете дали кај правосмукалката постои причина поради која доаѓа до прегревање, како на пример, полна кантичка за прав, блокирано црево, цевка или затнат филтер. Во таков случај, отстранете го проблемот и почекајте најмалку 30 минути пред да се обидете да ја користите правосмукалката. По периодот од 30 минути, вклучете ја правосмукалката во штекер и вклучете го прекинувачот.
Ако правосмукалката повторно не се активира, обратете се кај сервисер.
Правосмукалката е усогласена со следните регулативи:
- RTTE Директива (1999/5/EC)
- Директива за електромагнетна компатибилност: 2004/108/EEC
- Директива за ниска волтажа: 2006/95/EC
Официјалната Изјава за согласност можете да ја најдете на http://www.samsung.com, во делот Поддршка.
Ве молиме побарајте ја Поддршката за производи и внесете го името на моделот.
18_ Отстранување на проблеми
Информативен лист за
ПРОИЗВОДОТ
[Македонски]
Во согласност со Регулативите (ЕУ) бр. 665/2013 и бр. 666/2013 на Комисијата
| A | Добавувач Samsung Electronics., Co. Ltd | |||||||
| B | Модел | SC07F60WU | SC07F60JV SC | 07F60YX SC08 | F60WU SC08 | F60JV SC08F6 | 0YX SC05F60WV | |
| C | Класа на енергетска ефикасност | А В А | + | |||||
| D | Годишна потрошувачка на електрична енергија (kWh годишно) | 28,0 34,0 22,0 | ||||||
| E | Класа на ефикасност во чистење на килими | С Д С | ||||||
| F | Класа на ефикасност во чистење на тврди подови | А В А | ||||||
| G | Класа на реемисија на прашина | А А А | ||||||
| H | Ниво на јачина на звукот (dBA) | 74 76 74 | ||||||
| I | Номинална мокност (W) | 700 750 | 500 | |||||
| J | Тип | Правосмукалка за општа намена | ||||||
1) Индикативна годишна потрошувачка на енергија (kWh годишно), врз основа на 50 работни задачи.
Вистинската годишна потрошувачка ќе зависи од тоа како уредот се користи.
2) Мерењата за потрошувачка на енергија и ефикасност се врз основа на методите од EN 60312-1 и EN 60704.
SAMSUNG
• Оваа правосмукалка е само за домашна употреба.