MRP275EA - Други кујнски уреди GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MRP275EA GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Настолна микробранова печка |
| Модел | MRP275EA |
| Бренд | Gorenje |
| Димензии (Ш x В x Д) | 513 x 306 x 419 mm |
| Тежина | Прибл. 16 кг |
| Напојување | 230 V, 50 Hz, 10 A |
| Потрошувачка на енергија | 1450 W (микробранова), 1650 W (грил) |
| Волумен на комора | 27 L |
| Тип на контрола | Допир и ротационо копче |
| Дисплеј | LED дигитален дисплеј |
| Функции за готвење | Микробранова, Грил, Конвекција, Комбинација |
| Број на нивоа на моќност | 10 |
| Автоматски програми за готвење | 8 претходно поставени програми |
| Функција за одмрзнување | По тежина и време |
| Внатрешно светло | Да |
| Безбедносна брава за деца | Да |
| Чистење | Внатрешност од лесно чистлив емајл |
| Вртежна плоча | Отстранлив стаклен послужавник, дијаметар 315 мм |
| Безбедносни карактеристики | Заштита од прегревање, брава на врата |
| Резервни делови | Вртежна плоча, прстен со ролери, филтри достапни |
| Индекс на поправливост | 8.2 / 10 |
| Класа на енергетска ефикасност | A+ |
Frequently Asked Questions - MRP275EA GORENJE
Прашања на корисниците за MRP275EA GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Други кујнски уреди во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MRP275EA - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MRP275EA на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MRP275EA GORENJE
MK Упатства за употреба....11
EN Instruction manual....15
Внимателно прочитајте ги овие упатства. Чувајте ги за да ги користите и во иднина.

1 – погонски дел
2 – копче за вклучување / исклучување и за избор на брзината.
3 – копче за моментна брзина
4 – копче за ослободување на приклучоците
5 – поклопче за винтот за прицврстување на палковидната мешалка
6 – продолжеток на палковидната мешалка
7 – метлички за мешање
8 – десен продолжеток за месење (со помала,
бела пластична ознака)
9 – лев продолжеток за месење (со поголема, сива пластична ознака)
HAMEHA
Апаратот е наменет за домашна употреба во домакинството! Употребувајте го за мешање, месење матење и за пасирање.
Апаратот соодветствува на признаените технички правила, како и на важечките безбедносни прописи за електричните апарати. Поправките на електричните апарати може да ги изврши само стручњак.
Производителот не одговара за можната штета настаната како последица на непрописна употреба или и погрешно управување. Корисникот на апаратот задолжително треба да ги почитува следниве предупредувања:
-
При прилучување и ставање во погон, задолжително почитувајте ги следниве податоци наведени на натписната табла. Проверете дали напонот и фраквенцијата му одговараат на апаратот!
– Не прилучувајте го апаратот ако е оштетен приклучниот кабел или, пак, апаратот.
– Во случај на дефект, исключете го апаратот од електричната мрежа.
– Секогаш исключете го апаратот од електричната мрежа кога не го употребувате или кога їе завршите со работа.
– Приклучните кабли: -
не провлекувајте ги покрај жешки места за готвење или покрај отворен орган,
- не провлекувајте ги низ остри рабови,
- не употребувајте ги за пренесување на апаратот.
– Ако приклучниот кабел се оштети, можете да го замените само во овластен сервис.
– Децата не треба никогаш да го употребуваат апаратот, истото важи и кога детето е под надзор на возрасно лице! Со апаратот треба да ракува возрасно лице, кое пред тоа го има прочитано упатството за употреба.
– Старите апарати онеспособете ги за евентуална понатамошна употерба. Отстранете го апаратот на начин пропишан за тоа. За можностите за отстранување на остарените апарати и на амбалажата информирајте се кај општинската, односно регионалната управа.
- Кога апаратот соседема їе застане, извлечете го гајтанот од штекерот и заменете го приклучниот елемент. Додека работи апаратот, не ставајте ги рацете помеѓу приклучните елементи и немојте да ги допирате со каков било предмет.
– Приклучните елементи се вртат уште неколку секунди по исклучувањето на апаратот. Не допирајте ги за да не се повредите. Немојте никогаш да ги чистите приклучните елементи
додека апаратот не го исключите од електричната мрежа.
Овој апарат е означен според европскиот пропис 2012/19/EU за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Прописот ја дава рамката за враćање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.
ПРЕД УПОТРЕБА
- Проверете дали апаратот е во добра состојба, да не е оштетен, односно истрошен поради старост или прекумерна употреба.
- Проверете го приклучниот кабел, да не е можеби оштететен
- Проверете го прекинувачот за включување/исклучување на апаратот.
- Проверете дали сите делови што сакате да ги прицврстите за апаратот се оригинални делови, кои ги препорачува производителот. НЕ монтирајте неоригинални делови на апаратот!
ПО УПОТРЕБА
Апаратот секогаш исклучувајте го од електричната мрежа кога ће завршите со работа или кога ће го оставите на работна површина. Чувајте го на суво место, надвор од дофатот на децата.
УПОТРЕБА НА ПРОДОЛЖЕТОЦИТЕ
- Метличките за мешање употребувајте ги при: мешање, матење.
- Метличките за месење на тесто употребувајте ги при мешање и месење на тестото.
- Продолжетокот на палковидната мешалка употребувајте го за претворање на храната во течна состојба, како и за пасирање.
- Секогаш погрижете се апаратот да биде иклучен од електричната мрежа, кога ставате или вадите кој било од приклучните елемнети!
МОНТИРАЊЕ НА МЕТЛИЧКИТЕ ЗА МЕШАЊЕ
- Апаратот исключете го од електричната мрежа.
- Ставете го стеблото на метличката во отворот. Лесно притиснете го и завртете додека не слушнете дека лежиштето е најдено.
- Повторете ја истата постапка и за другата метличка.
- Апаратот да не го употребувате повеće од 10 минути за мешање или 2 минути за месење. Потоа исключите го апаратот и повторно включите го после неколку минути, за да не се прегрее апаратот или да не го уништите моторот.
МОНТИРАЊЕ НА ПРИКЛУЧОЦИТЕ ЗА МЕСЕНЬЕ
- Исключете го апаратот од електричната мрежа.
- Ставете го врвот на левиот продолжеток (со поголема, сива пластична ознака) во поголемиот отвор на апаратот. Лесно притиснете го и завртете, додека не слушнете дека е наместен во лежиштето.
- Потоа ставете го врвот на десниот продолжеток (со помала, бела пластична ознака) во помалиот отвор на апаратот. Лесно притиснете го истиот и завртете додека не слушнете дека е наместен во лежиштето.
- Апаратот да не го употребувате пове́ке од 10
минути за мешање или 2 минути за месење.
Потоа исключите го апаратот и повторно включите го после неколку минути, за да не се прегрее апаратот или да не го уништите моторот.
- Апаратот исключете го од електричната мрежа.
• Дигнете го поклопчето на винтот за палковидната мешалка (слика 1) - Вртете така што ње го завртите во обратна насока од насоката на стрелките на часовникот (слика 2)
• Включете го апаратот.

За демонтирање на приклучниот елемент, исключете го апаратот од електричната мрежа и заврете го приклучниот елемент во насока на стрелките на часовникот.
- Исклучете го апратот од електричната мрежа
- Притиснете го копчето за вадење на приклучните елементи.
- Повлечете ги приклучните елементи од отворите.
УПОТРЕБА
- За вклучување наместете го копчето за избор на брзината од 1 до 4 за да ја постигнете бараната брзина. Препорачуваме најпрвин да употребувате помала брзина, а потоа постепено да ја зголемувате брзината.
- За исклучување, ставете го копчето во позицијата 0.
- Копчето за моментно најголема брзина притиснете го кога за миг сакате да постигнете најголема брзина. Ислучете го копчето за апаратот да престане со работа.
- Не употребувајте го апаратот повеće од 15с во еден интервал. Потоа истиот исключете го, а по истекот на неколку секунди повторно включете го, за апаратот да не се прегрее и да не го уништите моторот.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Пред чистењето, секогаш извлечете го гајтанот од штекерот!
- Миксерот избришете го со влажна крпа. Не потопувајте го во вода и не чистете го под чешма!
- Не употребувајте груби средства за чистење!
Приклучоците на миксерот исто така можете да ги измиете со крпа и со неабразивни средства за чистење.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Не го фрлајте на апаратот во нормален домашен отпад,туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство.
Не е за комерцијална употреба!
Апаратот не бара посебно одржување.
Го задржуваме правото на промени
MPR 275 EA HAND MIXER WITH BLENDING ATTACHMENT

Само за лична употреба!