CSA240M21X - фрижидер BEKO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CSA240M21X BEKO во PDF формат.
| Тип на производ | Ладилник-Замрзнувач тип I |
| Марка | BEKO |
| Модел | CSA240M21X |
| Напон на напојување | 220-240 V, 50 Hz |
| Ладилно средство | R600a (запаливо) |
| Температура на околината | +10°C до +38°C |
| Број на ѕвезди на замрзнувачот | 4 (комора за брзо замрзнување) |
| Автоматско одмрзнување на ладилникот | Да |
| Регулирање на температурата | Копче за термостат (поставки 1-5) |
| Внатрешно осветлување | Сијалица (замена од овластен сервис) |
| Полици | Отстранливи |
| Контејнер за овошје и зеленчук | Да |
| Поличка за шишиња | Да |
| Поличка за млечни производи | Да |
| Прилагодливи ногарки | Да (2 ногарки) |
| Промена на правецот на отворање на вратите | Можно (според сл. 10) |
| Гаранција | 24 месеци |
| Достапност на резервни делови | 10 години од датумот на купување |
| Чистење | Внатрешност: млака вода со сода; надворешност: топла вода со сапун |
| Безбедност | Потребно заземјување; средство R600a запаливо |
Често поставувани прашања - CSA240M21X BEKO
Прашања на корисниците за CSA240M21X BEKO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CSA240M21X - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CSA240M21X на марката BEKO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CSA240M21X BEKO
Електрично приклучување /50
Инструкции за транспорт /50
Инструкции за инсталација /50
Запознајте го вашиот уред /51
Сугестии за аранжирање на храната во уредот /51
Контрола и подесување на температура /51
Пред оперирањето /51
Чување на замрзната храна /52
Замрзнување на свежа храна /52
Депозицирање на вратата /52
Правење на коцки мраз /52
Одмрзнување /52
Заменување на внатрешната сијалица /53
Заменување на внатрешната
сијалица /53
Направете/Немојте да правите /53
Потрошувачка на енергија /54
Информации за буката при
работењето /55
Проблеми - можни решенија /55
ВНИМАНИЕ!
Со цел да се обезбеди нормално функционирање на уредот, кој користи целосно еколошки разладувач (фреон) R600а (запалив само под одредени услови), морате да се придржувате кон следните правила:
- Немојте да ја попречувате слободната циркулација на воздухот околу уредот. Немојте да употребувате механички предмети за да го забрзате процесот на одмрзнување. Користете ги само оние кои се препорачани од производителот.
- Немојте да го оштетувате разладното коло.
- Не употребувајте електрични апарати внатре во уредот. Користете ги само оние кои се препорачани од производителот.

Сликите прикажани во ова упатство за употреба се шематски и може да не соодветствуваат точно со вашиот производ. Ако прикажаните делови не се вклучени во производот што сте го купиле, тогаш тие се однесуваат на други модели.




Ви честитаме на изборот на Beko квалитетниот производ направен да Ви служи многу години.
Безбедноста на прво место!
Немојте да го вклучувате апаратот во струја пред да ги отстраните пакувачките материјали и транспортната заштита.
- Ако уредот се транспортира во хоризонтална положба, оставете го уредот на место најмалку 4 часа пред да го вклучите, за да може компресорското масло да се стабилизира.
- Ако го депонирате стариот апарат со брава или рачка на вратата, внимавајте тоа да го сторите на сигурно место за да не можат децата, во текот на својата игра, да се затворат во него.
- Овој апарат мора да се користи само за намената за која е произведен.
- Немојте да го изложувате апаратот на топлина. Вашиот апарат содржи не-CFC супстанции во изолацијата кои се запаливи. Ви сугерираме да ги контактирате локалните служби за информација каде може да го депонирате стариот уред.
- Не се препорачува употреба на овој апарат во ладна, не загреана просторија (пр. гаража, надвор од куќата, подрум, визба...итн.)
За да се обезбеди оптимално и сигурно работење на апаратот, потребно е внимателно да го прочитате ова упатство.
Доколку не се придржувате на упатствата, може да го изгубите правото на сервис за време на гаранцискиот период.
Зачувајте го упатството за идни потсетувања.
Оригиналните резервни делови ќе ги добивате 10 години по датумот кога е набавен производот.
Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, освен кога се надгледувани или им се дадени инструкции за користењето на уредот од страна на лице кое е одговорно за нив.
Децата треба да се надгледувани за да не играат со уредот.
Електрично поврзување
Пред вклучувањето на апаратот во штекер, проверете ги напонот и фреквенцијата наведени на внатрешната страна на апаратот дали се кореспондираат со напонот и фреквенцијата во вашиот дом.
Ви сугерираме да го приклучите апаратот на прекинувач кој е соодветен за него и има осигурувач на лесно достапно место. Внимание!
Апаратот мора да биде заземјен
Електричните дефекти и проблеми треба да ги поправа само овластено квалификувано лице. Лошо изведената поправка од страна на неовластено лице, носи ризик кој може да вклучи критични последици по корисникот.
ВНИМАНИЕ!
Овој уред работи со фреон R600а кој што е еколошки но запалив гас. За време на транспортот и лоцирањето на уредот, мора да внимавате да не се оштети системот на ладење. Доколку дојде до оштетување на системот за ладење и до истекување на гасот, чувајте го апаратот подалеку од извори на топлина и на одредено време проветрувајте ја просторијата.
Предупредување – Не користете механички предмети и средства за да го забрзате процесот на одмрзнување. Употребувајте ги само препорачаните од производителот.
Предупредување – Немојте да го оштетувате разладното коло.
Предупредување – Не користете електрични апарати во внатрешниот дел различни од оние кои се препорачани од производителот.
Предупредување – Ако кабелот за напојување е оштетен, истиот мора да го сменат производителот, овластен сервисер или слични квалификувани лица за да се избегне ризик.
Инструкции за транспорт
- Апаратот треба да се транспортира само во вертикална положба. Кутијата во која е спакуван уредот не смее да се оштети за време на транспортот.
- Ако за време на транспортот апаратот мора да се постави во хоризонтална положба, не треба да се користи најмалку 4 часа за да се стабилизира составот.
- Доколку не се почитуваат горенаведените упатства, може да дојде до оштетување на апаратот, при што производителот нема да биде одговорен.
- Апаратот мора да биде заштитен од дожд, влага и други атмосферски влијанија.
Важно!
- При чистење/поместување на апаратот, не ги допирајте со раце металните жици на кондензаторот на позадината од апаратот, бидејќи може да ги повредите прстите.
- Немојте да стоите или седите на апаратот, затоа што не е предвиден за тоа. Може да се повредите или да го оштетите апаратот.
- Внимавајте при транспортот или поместувањето на апаратот, кабелот да не дојде под апаратот при што може да дојде до негово оштетување.
- Не им дозволувајте на децата да си играат со апаратот или сами да ги притискаат контролните копчиња.
Инструкции за инсталација
- Немојте да го чувате апаратот во просторија каде што постои можност температурата да падне под 10 степени Целзиусови (50 степени Фаренхајтови) во текот на ноќта или во зима, затоа што апаратот е предвиден за работа во просторија каде што температурата се движи од +10 до +38 степени Целзиусови (50 до 100 степени Фаренхајтови). На пониски температури, апаратот може да не работи, при што ќе дојде до намалување на рокот на траење на намирниците.
- Не го поставувајте апаратот во близина на шпорети или радијатори или директно да биде изложен на сонце, затоа што тоа ќе предизвика дополнителна работа на апаратот. Ако апаратот е поставен до извор на топлина или замрзнувач, држете се до следните минимални растојанија:
Од шпорет 30 mm
Од радијатор 300 mm
Од замрзнувач 25 mm
- Внимавајте околу апаратот да има доволно слободен простор за циркулација на воздух (Дел 2).
- Поставете го задниот капак за вентилација на апаратот за да го одредите растојанието помеѓу апаратот и ѕидот (Дел 3).
- Апаратот треба да се постави на мазна и рамна површина. Двете предни ногарки можат по потреба да се прилагодат по висина. За да бидете сигурни дека апаратот е во правилна положба, завртете ги предните ногарки во правец на стрелките на часовникот или обратно, додека не дојде до цврст контакт со подлогата. Со правилно подесените ногарки ќе ја спречите големата бучава и вибрации (Дел 4).
- Погледнете во поглавјето „Чистење и одржување“ за да го подготвите апаратот за употреба.
Запознајте го апаратот (Дел 1)
1 - Термостат и сијалица (за внатрешно осветлување) 2 - Решетка што се одвојува 3 - Капак на фиоки за зеленчук и овошје 4 - Фиоки за зеленчук и овошје 5 - Потпора на сад за мраз и сад за мраз 6 - Оддел за брзо замрзнување 7 - Оддел за замрзната храна 8 - Ногарки за подесување 9 - Оддел за млечни продукти 10 - Орман за чување 11 - Полица за шишиња
Сугестии за аранжирање на храната во апаратот
Сугестии за рационално искористување на просторот и хигиена:
- Одделот на фрижидерот е наменет за чување на свежа храна и пијалоци на краток период.
- Одделот за замрзнување е означен
* *** и соодветен за замрзнување и чување на претходно замрзната храна. Препораки за чување на храната * *** се наоѓаат на опаковката на храната до која треба да се придржувате.
- Млечните производи треба да ги чувате во одделот наменет за нив на полицата на вратата.
- Готвената храна треба да се чува во садови кои имаат херметичко затварање.
- Свежите завиткани производи може да се чуваат на полиците. Свежото овошје и зеленчук треба да се исчисти и чува во фиоките за овошје и зеленчук.
- Шишињата може да ги чувате на полиците на вратата.
- Свежото месо завиткајте го во полиетиленски ќеси и сместете го на најниската полица. Не дозволувајте да дојде во допир со готвена храна за да избегнете контаминација. Поради сигурност чувајте го месото најмногу 2 до 3 дена.
- За максимална ефикасност, полиците немојте да ги покривате со хартија или друг материјал, како би овозможиле слободна циркулација на ладниот воздух.
- Немојте да чувате растително масло на полиците на вратата. Чувајте ја храната спакувана, замотана или покриена. Оставете ги топлата храна и пијалоци да се оладат пред да ги поставите во фрижидерот. Остатоците од конзервирана храна немојте да ги чувате во конзерва.
- Пенливи пијалоци не смее да се замрзнуваат, а ароматизираните пијалоци не смеат да се конзумираат премногу ладни.
- Некои зеленчуци и овошја губат на квалитет на температура од 0°C. Затоа ананасот, лубеницата, краставиците, доматите и слично ставете ги во пластични ќеси.
- Алкохолните пијалоци со висок процент на алкохол мора да се чуваат во добро затворени и исправени шишиња. Никогаш не чувајте производи кои содржат запаливи гасови (пр. разни спрејови) или експлозивни материи. Постои опасност од експлозија.
Контрола на температура и подесување
Работната температура се подесува со копчето на термостатот (Дел 5) и може да биде поставено на било која позиција помеѓу 1 и 5 (најладна позиција).
Просечната температура внатре треба да биде околу +5°C (+41°F).
Затоа поставете го термостатот за да обезбедите сакана температура. Некои секции во фрижидерот може да бидат поладни или потопли (како што се фиоките за зеленчук и овошје и горните делови на фрижидерот), што е сосема нормално. Се препорачува повремена проверка на температурата со термометар како би се увериле дека фрижидерот се одржува на препорачаната температура. Честото отварање на вратата предизвикува зголемување на внатрешната температура, затоа се препорачува затварање на вратата колку што е можно побрзо после употребата.
Пред употреба
Финална проверка
Пред стартување на апаратот, проверете дали:
- Предните ногарки се подесени така што апаратот е во совршена рамномерност.
- Внатрешноста е сува и воздухот може слободно да циркулира.
- Внатрешноста е чиста, како што е препорачано во „Чистење и одржување“.
- Приклучокот е правилно приклучен и дека има струја. Кога ќе ја отворите вратата, се пали внатрешното светло.
Забележете дека:
- Ќе слушнете бучава кога компресорот ќе почне со работа. Течноста и гасот исто така може да предизвикаат бучава во разладниот систем, без разлика дали компресорот работи или не. Тоа е сосема нормално.
- Лесно тресење на горниот дел на фрижидерот не е дефект.
- Препорачуваме термостатот да биде поставен на средина и да се следи внатрешната температура за да се уверите дека апаратот ја одржува саканата температура. Види „Контрола на температура и подесување“.
- Не поставувајте намирници во фрижидерот веднаш по вклучувањето.
Почекајте додека внатрешноста не ја постигне саканата температура.
Препорачуваме проверка на температурата со термометар. Види „Контрола на температура и подесување“.
Сместување на замрзната храна
Вашиот замрзнувач е погоден за чување на фабрички замрзната храна, а може да се користи и за замрзнување и чување на свежа храна. Доколку има прекин на струја, немојте да го отварате фрижидерот. Храната треба да остане замрзната ако прекинот на струја не е подолг од 16 часа. Ако прекинот трае подолго, тогаш проверете ја храната и да се искористи веднаш или зготви и повторно замрзне.
Замрзнување на свежа храна
Ве молиме да се придржувате на упатствата како би ги добиле најдобрите резултати.
Не замрзнувајте преголеми количини одеднаш. Квалитетот на храната најдобро ќе се задржи доколку се замрзне колку што е можно побрзо. Не го преминувајте капацитетот на одделот за замрзнување во рок од 24 часа. Доколку поставите топла храна во замрзнувачот, ќе дојде до постојана работа на компресорот се додека храната не замрзне во целост. Со тоа може да дојде до прекумерно ладење во замрзнувачот.
Кога замрзнувате свежа храна, копчето на термостатот треба да биде на средната позиција. Помала количина на храна до 1/2 kg (1 lb) може да се замрзне без подесување на термостатот.
Посебно внимание обрнете да веќе замрзнатата храна не биде во допир со свежата.
Депозицирање на вратата
Следете по броен редослед (Дел 10).
Подготовка на коцки мраз
Наполнете го садот за коцки мраз до 3/4 со вода и поставете го во замрзнувачот. Извадете ги замрзнатите коцки со дршка од лажица или сличен предмет; Никогаш не користете остри предмети како ножеви или виљушки.
Одмрзнување
Одделот на фрижидерот се одмрзнува автоматски. Водата која ќе се насобере при одмрзнувањето од собирниот сад кој што се наоѓа на задната страна на фрижидерот се одлева до одводната цевка (Дел 6).
Во текот на одмрзнувањето можно е да се формираат капки вода на задниот дел на фрижидерот, затоа што позади него е сместен испарувачот. Некои капки може да застанат и после одмрзнувањето повторно да замрзнат. Немојте да ги отстранувате со остри и шилести предмети како ножеви или виљушки. Ако во било кој момент водата насобрана во садот за собирање не се одлева, проверете дали деловите со продукти ја имаат запушено одводната цевка. Одводната цевка може да се исчисти со чистач за славини или слични предмети.
Проверете дали крајот од цевката е перманентно поставен во садот за колектирање вода на компресорот за превенција од одлевање вода на електричната инсталација или на под (Дел 7).
В) Оддел на замрзнувачот
Одмрзнувањето е многу лесно и без никакви проблеми благодарение на специјалниот сад за собирање на одмрзната вода.
Одмрзнувањето се прави два пати годишно и кога слојот на мраз е подебел од 7 mm (1/4 инчи).
За да ја започнете постапката на одмрзнување, најпрво исклучете го апаратот од струја. Целата храна извадете ја од фрижидерот, ставете ја во садови и завиткајте ја во хартија, па ставете ја на ладно место (на пример, замрзнувач или подрум).
За да го забрзате процесот на одмрзнување, внимателно ставете сад со топла вода во одделот за замрзнување.
Не употребувајте остри и шилести предмети како што се ножеви или виљушки за отстранување на мразот.
Никогаш не употребувајте фен за сушење коса, електрични грејачи или други електрични уреди за одмрзнување. Со сунѓер впијте ја водата насобрана на долниот дел на одделот за замрзнување. По одмрзнувањето, исушете го внатрешниот дел (Дел 8 и 9). Вклучете го струјниот кабел во штекер.
Замена на сијалицата за внатрешно осветлување
Повикајте овластен сервисер за да ја смени светилката што служи за осветлување на ладилникот. Сијалицата што се користи во овој уред не служи за осветлување на просториите во домот. Нејзината намена е да му помогне на корисникот да ја става храната во фрижидерот безбедно и удобно. Сијалиците што се користат во овој производ треба да ги издржат екстремните физички услови, како што се температурите под -20°C.
Чистење и одржување
- Пред да почнете со чистење на апаратот, најпрво исклучете го струјниот кабел од штекер.
- Никогаш не употребувајте остри предмети или абразивни супстанции, сапун, средства за чистење во домаќинството, детергенти или средства за полирање.
- Употребете млака вода за чистење и потоа избришете го апаратот со нежна крпа.
- Употребете влажна крпа потопена во раствор од сода бикарбона (една кафена лажичка на половина литар вода) за чистење на внатрешноста и добро избришете ја.
- Внимавајте да не навлезе вода во кутијата за контрола на температурата.
- Доколку не го користите уредот подолг период, исклучете го од штекер, извадете ја храната, исчистете го и оставете ја вратата подотворена.
- Се препорачува металните делови на уредот да ги полирате со силиконски восок со што би го заштитиле последниот слој на висококвалитетна боја.
- Прашината насобрана на кондензаторот кој што се наоѓа на задниот дел на уредот, треба да се чисти еднаш годишно со правосмукалка.
- Редовно проверувајте ги бравите на вратите како би се увериле дека се чисти и на нив нема остатоци од храна.
- Никогаш:
- Немојте да го чистите апаратот со несоодветни средства; пр. оние што се на база на бензин.
- Никогаш не го изложувајте апаратот на висока температура.
- Немојте да го гребете, стругате или сл. со абразивни средства.
- Вадење на капаците на преградите за млечни производи и преградите на вратата:
- За да го извадите капакот на преградата за млечни производи, прво подигнете го капакот околу 2,5 см и оттргнете го од вратата за да го видите отворот на капакот.
- За вадење на преградите на вратата, извадете ги сите предмети и потоа едноставно извадете ја преградата со поместување нагоре.
- Внимавајте пластичниот сад за собирање на одмрзнатата вода секогаш да биде чист. Ако сакате да го извадите садот за чистење, следете ги инструкциите подолу:
- Исклучете го апаратот од струја.
- Внимателно откачете ги жичаните држачи на компресорот со клешти за жица, за да може да го извадите садот.
- Подигнете го садот.
- Исчистете го и избришете го. • Вратете го садот на место по обратен редослед.
- За вадење на фиоките, повлечете ги што е можно повеќе и извадете ги комплетно.
Направете/Немојте да правите
Да - Чистете го и одмрзнувајте го апаратот редовно („Види одмрзнување“). Да - Чувајте го свежото месо под готвената храна и млечните производи. Да - Отстранете ги неупотребливите делови од зеленчукот (листови) и избришете го од нечистотијата. Да - Отстранете ги корењата од зелката, марулата, карфиолот, магданосот и сл. Да - Сирењето најпрво завиткајте го во мрсна хартија и ставете го во пластична кеса со колку што е можно помалку воздух. За подобар вкус, извадете го сирењето еден час пред употребата. Да - Свежото месо и месо од живина слободно завиткајте го во пластична кеса или алуминиумска фолија со што ќе спречите да дојде до негово сушење.
Да - Рибата завиткајте ја во пластична кеса.
Да - Храната која има јак мирис или онаа која може да се засуши, завиткајте ја и поставете ја во пластични кеси и ставете ја во сад кој не пропушта воздух.
Да - Лебот добро завиткајте го за да се одржи свеж.
Да - Изладете ги виното, пивото и минералната вода пред да ги служите.
Да - Често проверувајте ја содржината во замрзнувачот.
Да - Храната чувајте ја замрзната што е можно пократко и внимавајте на датите до кога може да се употреби.
Да - Фабрички замрзнатата храна подгответе ја според упатствата на пакувањето.
Да - Секогаш користете квалитетна свежа храна и темелно исчистете ја пред да ја замрзнете.
Да - Припремете ја свежата храна пред да ја замрзнете во помали количини со што ќе обезбедите побрзо замрзнување.
Да - Секоја храна завиткувајте ја во пластична или алуминиумска фолија, и истиснувајте го воздухот.
Да - Завиткајте ја замрзнатата храна веднаш по купувањето и ставете ја во замрзнувачот што побрзо.
Да - Одмрзнувајте ја храната во одделот за ладење.
Не - Чувајте банани во фрижидерот.
Не - Ставајте лубеници во фрижидерот. Може да ги изладите во фрижидерот на кратко време завиткани, за да миризбата не премине на другите продукти.
Не - Ги покривајте полиците со било каков заштитен материјал кој ќе го спречи циркулирањето на ладниот воздух.
Не - Ставајте отровни или било какви опасни производи во уредот. Тој е предвиден само за хранливи продукти.
Не - Ја конзумирајте храната која била предолго време замрзната.
Не - Ставајте варена и свежа храна во ист сад. Тие мора да бидат сместени одвоено.
Не дозволувајте храната што истекува или сокот од храната да капе по другата храна.
Не ја оставајте вратата отворена подолго време, тоа ќе доведе до неекономично работење на апаратот и прекумерно формирање на мраз.
Не користете остри предмети како ножеви или виљушки за отстранување на мразот.
Не ставајте топла храна во уредот. Дозволете најпрво да се олади.
Не ставајте течност која содржи јаглероден диоксид, било во шише било во конзерва, затоа што може да пукне.
Не ја пречекорувајте ограничената количина за замрзнување кога замрзнувате свежа храна.
Не им давајте на децата вода или сладолед директно од замрзнувачот. Ниската температура може да предизвика горење на усните.
Не замрзнувајте пенливи пијалоци.
Не ја замрзнувајте повторно веќе одмрзнатата храна; морате да ја конзумирате во рок од 24 часа или да ја пригответе и повторно да ја замрзнете.
Не ја вадете храната од замрзнувачот со мокри раце.
Потрошувачка на енергија
Максималната количина на складирана замрзната храна се постигнува без да се користат средната и горната фиока во одделот на замрзнувачот. Потрошувачката на струјата е прикажана со максимално наполнет замрзнувач без да се користат средната и горната фиока.
Практичен совет за намалување на потрошувачката на енергија
- Проверете дали апаратот е поставен во добро проветрени простории, подалеку од каков било извор на топлина (шпорет, радијатор, итн.). Истовремено, локацијата на апаратот мора да се избере на тој начин да се спречи да биде под директно влијание на сончевите зраци.
- Ставете ја купената храна во разладена / замрзната состојба во ладилникот што е можно поскоро, особено за време на летото. Се препорачува да се користат термички изолирани торби за да ја однесете храната дома.
- Препорачуваме топењето на пакетите извадени од замрзнувачот да се изврши во ладилникот. За таа цел, пакетот што треба да се отопи, треба да се стави во сад за да не тече водата што ќе биде резултат на отопувањето низ ладилникот. Препорачуваме да започнете со отопување најмалку 24 часа пред да ја користите замрзната храна.
- Препорачуваме да го сведете отворањето на вратата на минимум.
- Не оставајте ја вратата отворена повеќе отколку што е потребно и проверете по секое отворање дали е добро затворена.
Информации за бучавата и вибрациите што може да се појават за време на работата на апаратот
- Бучавата може да се зголеми за време на работата.
- За да ги одржува температурите на прилагодените, компресорот на апаратот се вклучува повремено. Бучавата што ја произведува компресорот станува погласна кога се вклучува и може да се слушне звук на кликнување кога ќе се исклучи.
- Карактеристиките на работата и изведбата на апаратот може да се менуваат во согласност со модификациите на температурата во средината. Тие се сметаат за нормални.
- Бучава на течност или на спреј.
- Овие бучави се предизвикани од течењето на фреонот во колот на апаратот и се усогласени со принципот на работа на апаратот.
- Други вибрации и бучави
- Нивото на бучавата и вибрациите може да се предизвикаат и од видот и аспектот на подот на кој е поставен апаратот. Проверете дали подот има значителни искривувања или дали е закосен од тежината на апаратот (ако е флексибилен).
- Друг извор на бучава и вибрации е произведен од предметите што се поставени на апаратот. Овие предмети мора да се тргнат од апаратот.
- Шишињата и садовите што се ставени во ладилникот се допираат меѓу себе. Во тие случаи, тргнете ги шишињата и садовите за да има мало растојание меѓу себе.
Проблеми – можни решенија
Ако уредот не работи кога е вклучен, проверете:
- Дали струјниот кабел е добро вметнат во штекерот и дали има доток на струја во штекерот. (За проверка на доток на струја, вклучете друг апарат на штекерот).
- Проверете го осигурувачот – може да е прегорен, струјното коло прекинато, главната дистрибуција е исклучена.
- Копчето за контрола на температурата не е подесено правилно.
- Ако сте го заменувале штекерот, проверете дали е поставен и инсталиран правилно.
Ако уредот сè уште не работи, повикајте Сервисен центар.
Осигурајте се дека сте ги направиле горенаведените проверки, затоа што во спротивно, ако нема дефект, сервисот ќе ви наплати.

Симболот ■ на производот или на пакувањето индицира дека производот не треба да се третира како домашен отпад. Треба да се предаде на соодветно место каде што се рециклира електронска и електрична опрема. Со тоа што ќе се осигурате дека производот е отстранет правилно, ќе помогнете во превентирањето на потенцијалните негативни последици врз околината и човековото здравје, кои се предизвикани од неправилно отстранување на производот. За подетални информации во врска со рециклирањето на овој производ, ве молиме контактирајте ги локалните власти, овластени сервисери или продавницата каде што сте го купиле производот.
