CSA300K20XP - фрижидер BEKO - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CSA300K20XP BEKO во PDF формат.

BEKO CSA300K20XP - фрижидер
📄 72 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BEKO CSA300K20XP - page 32
Погледни прирачник : Čeština CS Eesti ET Magyar HU Lietuvių LT Latviešu LV Македонски MK Polski PL Slovenčina SK
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производЛадилно-замрзнувач тип I
БрендBeko
МоделCSA300K20XP
Напојување220-240 V, 50 Hz
Климатска класаT (од +10°C до +38°C)
Ладилен медиумR600a (изобутан, запалив)
Капацитет на ладилникоток. 200 l (проценка)
Капацитет на замрзнувачоток. 100 l (проценка)
Број ѕвезди на замрзнувачот4 ѕвезди (до -18°C и пониска)
Автоматско одмрзнување на ладилникотДа (автоматско)
Одмрзнување на замрзнувачотРачно, кога мразот ќе достигне 6-8 mm
Регулирање на температуратаКопче за термостат (позиции 1-5)
Функција за брзо замрзнувањеДа (комора со 4 ѕвезди)
Број на полици во ладилникот3 полици што се вадат
Контејнер за овошје и зеленчук1 контејнер со капак
Балкончиња на вратата2 балкончиња (за тегли и шишиња)
Број на фиоки во замрзнувачот3 фиоки (вклучувајќи брзо замрзнување)
Внатрешно осветлувањеСијалица, замена од сервис
Промена на насоката на отворање на врататаМожно, според сл. 10 во упатството
Прилагодливи ногаркиДа (2 напред)
Материјал на пакувањетоПогоден за рециклирање
Гаранција24 месеци (од датумот на купување)
Достапност на резервни деловиВо текот на 10 години од датумот на купување
Земја на производствоРоманија
Тежина (проценка)ок. 55 kg

Често поставувани прашања - CSA300K20XP BEKO

Како да ја поставам температурата во ладилникот?
Температурата се регулира со копчето на термостатот. При 25°C во просторијата се препорачува средно поставување. Позиции 1-5: 1 – најслабо ладење, 5 – најсилно. Избегнувајте премногу ниска температура за да не ги замрзнете пијалаците.
Како да го одмрзнам замрзнувачот?
Одмрзнувањето правете го 2 пати годишно или кога мразот е дебел 6-8 mm. Поставете го термостатот на максимум, извадете ја храната, исклучете го напојувањето, оставете ги вратите отворени. Можете да ставите сад со топла вода (макс 80°C). Не користете остри предмети ниту фен.
Што да направам кога светлото не свети?
Веројатно сијалицата е прегорена. За да ја замените, контактирајте со овластен сервис – самостојната замена може да биде опасна и да доведе до губење на гаранцијата.
Може ли да замрзнувам свежо месо?
Да, во комората со 4 ѕвезди (брзо замрзнување). Пакувајте херметички во фолија или контејнери. Немојте да замрзнувате повеќе од капацитетот за замрзнување наведен во техничките податоци. Одмрзнатата храна немојте да ја замрзнувате повторно.
Како да го исчистам внатрешноста на ладилникот?
Исклучете го уредот. Мијте со млака вода со додаток на амонијак (1 лажичка на 4 l вода). Не користете сапун, детергенти, бензин ниту ацетон. Исушете со мека крпа. Чистете редовно, особено по одмрзнувањето.
Зошто се собира вода на дното на ладилникот?
Веројатно затнат е одводниот канал. Исчистете го и цевката за одвод на вода. Проверете дали одводното црево е во садот за отпадна вода на компресорот.
Кои се нормалните звуци при работа?
Бучањето на компресорот, клокотот на ладилниот медиум, кликовите на термостатот се нормални звуци. Погласните звуци при старт или запирање на компресорот исто така се нормални.
Може ли да чувам газирани пијалаци во замрзнувачот?
Не, бидејќи може да експлодираат. Чувајте ги само во ладилникот. Во замрзнувачот не смеат да се замрзнуваат ни пластични шишиња со пијалаци.
Колку долго може да се чуваат замрзнатите производи?
Ако на пакувањето не е наведен датум, максималниот период е 3 месеци. Чувајте во херметички пакувања, немојте да одмрзнувате и повторно да замрзнувате.
Каде да најдам сервис или резервни делови?
Контактирајте ја инфо линијата на Beko на број 22 250 14 14 (отворена 7 дена во неделата од 8:00 до 20:00) или посетете ја страницата www.beko.pl во табот сервис. Оригиналните резервни делови се достапни 10 години.

Прашања на корисниците за CSA300K20XP BEKO

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CSA300K20XP - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CSA300K20XP на марката BEKO.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CSA300K20XP BEKO

Ладење и замрзнување тип I

Упатство за употреба

Frizidera-Frezer tip I

Uputstvo za upotrebu

Со цел да се обезбеди нормално функционирање на уредот, кој користи целосно еколошки разладувач (фреон) R600а (запалив само под одредени услови), морате да се придржувате кон следните правила:

♦ Немојте да ја попречувате слободната циркулација на воздухот околу уредот. ♦ Немојте да употребувате механички предмети за да го забрзате процесот на одмрзнување. Користете ги само оние кои се препорачани од производителот. ♦ Немојте да го оштетувате разладното коло. - Не употребувајте електрични апарати внатре во уредот. Користете ги само оние кои се препорачани од производителот.

UPOZORENJE!

Електрично приклучување /25

Инструкции за инсталација /25

Запознајте го вашиот уред /25

Сугестии за аранжирање на храната

во уредот; Контрола и подесување /26

на температура; Пред оперираньето /26

Чување на замрзната храна /27

Замрзнување на свежа храна /27

Правење на коцки мраз; Одмрзнување /27

Заменување на внатрешната сијалица /27

Де-позиционирање на вратата /28

Направете/немојте да правите /28

Информации за буката при работењето /28

Проблеми – можни решенија /29

SR Sadržaj

Ви честитаме на изборот на Beko квалитетниот производ, направен да Ви служи многу години.

Безбедноста на прво место!

Немојте да го вклучувате апаратот во струја пред да ги отстраните пакувачките материјали и транспортната заштита.

  • Ако уредот се транспортира во хоризонтална положба, оставете го уредот на место најмалку 4 часа пред да го вклучите, за да може компресорското масло да се стабилизира.
  • Ако го депонирате стариот апарат со брава или рачка на вратата, внимавајте тоа да го сторите на сигурно место за да не можат децата, во текот на својата игра, да се затворат во него.
  • Овој апарат мора да се користи само за намената за која е произведен.
  • Немојте да го изложувате апаратот на топлина.

Вашиот апарат содржи не-CFC супстанции во изолацијата кои се запаливи. Ви сугерираме да ги контактирате локалните служби за информација каде може да го депонирате стариот уред.

Не се препорачува употреба на овој апарат во ладна, не загреана просторија (пр. гаража, надвор од куќата, подрум, визба...итн.)

За да се обезбеди оптимално и сигурно работење на апаратот, потребно е внимателно да го прочитате ова упатство.

Доколку не се придржувате на упатствата може да го изгубите правото на сервис за време на гаранцискиот период.

Зачувајте го упатството за идни потсетувања.

Оригиналните резервни делови ќе ги добивате 10 години по датумот кога е набавен производот.

Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, освен кога се надгледувани или им се дадени инструкции за користењето на уредот од страна на лице кое е одговорно за нив. Децата треба да се надгледувани за да не играат со уредот.

Електрично поврзување

Пред вклучувањето на апаратот во штекер, проверете ги напонот и фреквенцијата наведени на внатрешната страна на апаратот дали се совпаѓаат со напонот и фреквенцијата во вашиот дом.

Ви сугерираме да го приклучите апаратот на прекинувач кој е соодветен за него и има осигурувач на лесно достапно место.

Внимание!

Апаратот мора да биде заземјен

Електричните дефекти и проблеми треба да ги поправа само овластено квалификувано лице. Лошо изведената поправка од страна на неовластено лице, носи ризик кој може да вклучи критични последици по корисникот.

ВНИМАНИЕ!

Овој уред работи со фреон R600а кој што е еколошки но запалив гас. За време на транспортот и лоцирањето на уредот, мора да внимавате да не се оштети системот на ладење. Доколку дојде до оштетување на системот за ладење и до истекување на гасот, чувајте го апаратот подалеку од извори на топлина и на одредено време проветрувајте ја просторијата.

Предупредување – Не користете механички предмети и лично за да го забрзате процесот на одмрзнување. Употребувајте ги само препорачаните од производителот.

Предупредување – Немојте да го оштетувате разладното коло. Предупредување – Не користете електрични апарати во внатрешноста различни од оние што се препорачани од производителот.

Инструкции за транспорт

  1. Апаратот треба да се транспортира само во вертикална положба. Кутијата во која е спакуван уредот не смее да се оштети за време на транспортот.
  2. Ако за време на транспортот апаратот мора да се постави во хоризонтална положба, не треба да се користи најмалку 4 часа за да се стабилизира составот.
  3. Доколку не се почитуваат горенаведените упатства, може да дојде до оштетување на апаратот, при што производителот нема да биде одговорен.
  4. Апаратот мора да биде заштитен од дожд, влага и други атмосферски влијанија.

Важно!

  • При чистење/поместување на апаратот, не допирајте со раце металните жици на кондензаторот на позадината од апаратот, бидејќи може да ги повредите прстите.
  • Немојте да стоите или седите на апаратот, затоа што не е предвиден за тоа. Може да се повредите или да го оштетите апаратот.
  • Внимавајте при транспортот или поместувањето на апаратот, кабелот да не дојде под апаратот при што може да дојде до негово оштетување.
  • Не им дозволувајте на децата да си играат со апаратот или сами да ги притискаат контролните копчиња.

Инструкции за инсталација

  1. Немојте да го чувате апаратот во просторија каде што постои можност температурата да падне под 10 степени Целзиусови (50 степени Фаренхајтови) во текот на ноќта и/или на зима, затоа што апаратот е предвиден за работа во просторија каде што температурата се движи од +10 до +38 степени Целзиусови (50 до 100 степени Фаренхајтови). На пониски температури, апаратот може да не работи, при што ќе дојде до намалување на рокот на траење на намирниците. 2. Не го поставувајте апаратот во близина на шпорети или радијатори или директно да биде изложен на сонце, затоа што тоа ќе предизвика дополнителна работа на апаратот. Ако апаратот е поставен до извор на топлина или замрзнувач, држете се до следните минимални растојанија: Од шпорет 30 mm

Од радијатор 300 mm Од замрзнувач 25 mm

  1. Внимавајте околу апаратот да има доволно слободен простор за циркулација на воздух (Дел 2). • Поставете го задниот капак за вентилација на апаратот за да го одредите растојанието помеѓу апаратот и ѕидот (Дел 3).
  2. Апаратот треба да се постави на мазна и рамна површина. Двете предни ногарки можат и треба да се прилагодат по висина. За да бидете сигурни дека апаратот е во правилна положба, завртете ги предните ногарки во насока на стрелките на часовникот или обратно, додека не дојде до цврст контакт со подлогата. Со правилно подесените ногарки ќе ја спречите големата бучава и вибрации (Дел 4).
  3. Погледнете во поглавјето „Чистење и одржување“ за да го подгответе апаратот за употреба.

Запознајте го апаратот (Дел 1)

1 - Термостат и сијалица (за внатрешно осветлување) 2 - Решетка што се одвојува 3 - Колектор на вода 4 - Капак на фиоки за зеленчук и овошје 5 - Фиоки за зеленчук и овошје 6 - Оддел за брзо замрзнување 7 - Потпора на сад за мраз и сад за мраз 8 - Оддел за замрзната храна 9 - Ногарки за подесување 10 - Полица за тегли 11 - Полица за шишиња

Сугестии за аранжирање на храната во апаратот

Сугестии за рационално искористување на просторот и хигиена:

  1. Одделот на фрижидерот е наменет за чување на свежа храна и пијалоци на краток период.
  2. Одделот за замрзнување е означен ✻ *** и соодветен за замрзнување и чување на претходно замрзната храна. Препораки за чување на храната ✱ *** се наоѓаат на опаковката на храната до која треба да се придржувате.
  3. Млечните производи треба да ги чувате во одделот наменет за нив на полицата на вратата.
  4. Готвената храна треба да се чува во садови кои имаат херметичко затварање.
  5. Свежите завиткани производи може да се чуваат на полиците. Свежото овошје и зеленчук треба да се исчисти и чува во фиоките за овошје и зеленчук.
  6. Шишињата може да ги чувате на полиците на вратата.
  7. Свежото месо завиткајте го во полиетиленски ќеси и сместете го на најниската полица. Не дозволувајте да дојде во допир со готвена храна за да избегнете контаминација. Поради сигурност чувајте го месото најмногу 2 до 3 дена.
  8. За максимална ефикасност, полиците немојте да ги покривате со хартија или друг материјал, за да овозможите слободна циркулација на ладниот воздух.
  9. Немојте да чувате растително масло на полиците на вратата. Чувајте ја храната спакувана, замотана или покриена. Оставете ги топлата храна и пијалоци да се оладат пред да ги ставите во фрижидерот. Остатоците од конзервирана храна немојте да ги чувате во конзерва.
  10. Пенливи пијалоци не смее да се замрзнуваат, а ароматизираните пијалоци не смеат да се конзумираат премногу ладни.
  11. Некои зеленчуци и овошја губат на квалитет на температура од 0°C. Затоа ананасот, лубеницата, краставиците, доматите и слично ставете ги во пластични кеси.
  12. Алкохолните пијалоци со висок процент на алкохол мора да се чуваат во добро затворени и исправени шишиња. Никогаш не чувајте производи кои содржат запаливи гасови (пр. разни спрејови) или експлозивни материи. Постои опасност од експлозија.
  13. За вадење на корпите од замрзнувачот, постапете како што е опишано во (Дел 9).

Контрола на температура и подесување

Работната температура се подесува со копчето на термостатот (Дел 5) и може да биде поставена на било која позиција помеѓу 1 и 5 (најладна позиција). Просечната температура внатре треба да биде околу +5°C (+41°F). Затоа поставете го термостатот за да обезбедите сакана температура. Некои секции во фрижидерот може да бидат поладни или потопли (како што се фиоките за зеленчук и овошје и горните делови на фрижидерот), што е сосема нормално. Се препорачува повремена проверка на температурата со термометар за да се уверите дека фрижидерот се одржува на препорачаната температура. Честото отворање на вратата предизвикува зголемување на внатрешната температура, затоа се препорачува затворање на вратата колку што е можно побрзо после употребата.

Пред употреба - финална проверка

Пред стартување на апаратот, проверете дали:

  1. Предните ногарки се подесени така што се во совршена рамномерност.
  2. Внатрешноста е сува и воздухот може слободно да циркулира.
  3. Внатрешноста е чиста, како што е препорачано во „Чистење и одржување“.
  4. Приклучокот е правилно приклучен и дека има струја. Кога ќе ја отворите вратата, се пали внатрешното светло.

Забележете дека:

  1. Ке слушнете бучава кога компресорот ќе почне со работа. Течноста и гасот исто така може да предизвикаат бучава во разладниот систем, без разлика дали компресорот работи или не. Тоа е сосема нормално.
  2. Лесно тресење на горниот дел на фрижидерот не е дефект.
  3. Препорачуваме термостатот да биде поставен на средина и да се следи внатрешната температура за да се уверите дека апаратот ја одржува саканата температура. Видете „Контрола на температура и подесување“.
  4. Не поставувајте намирници во фрижидерот веднаш по вклучувањето. Почекајте додека внатрешноста не ја постигне саканата температура. Препорачуваме проверка на температурата со термометар. Видете „Контрола на температура и подесување“.

Сместување на замрзната храна

Вашиот замрзнувач е погоден за чување на фабрички замрзната храна, а може да се користи и за замрзнување и чување на свежа храна. Доколку има прекин на струја, немојте да го отварате фрижидерот. Храната треба да остане замрзната ако прекинот на струја не е подолг од 16 часа. Ако прекинот трае подолго, тогаш проверете ја храната и да се искористи веднаш или зготви и повторно замрзне.

Замрзнување на свежа храна

Ве молиме да се придржувате на упатствата за да ги добиете најдобрите резултати. Не замрзнувајте преголеми количини одеднаш. Квалитетот на храната најдобро ќе се задржи доколку се замрзне колку што е можно побрзо. Не го преминувајте капацитетот на одделот за замрзнување во рок од 24 часа. Доколку поставите топла храна во замрзнувачот, ќе дојде до постојана работа на компресорот се додека храната не замрзне во целост. Со тоа може да дојде до прекумерно ладење во замрзнувачот. Кога замрзнувате свежа храна, копчето на термостатот треба да биде на средната позиција. Помала количина на храна до 1/2 kg (1 lb) може да се замрзне без подесување на термостатот. Посебно внимание обрнете да веќе замрзнатата храна не биде во допир со свежата.

Подготовка на коцки мраз

Наполнете го садот за коцки мраз до 3/4 со вода и поставете го во замрзнувач. Извадете ги замрзнатите коцки со дршка од лажица или сличен предмет; никогаш не користете остри предмети како ножеви или виљушки.

Одмрзнување

Одделот на фрижидерот се одмрзнува автоматски. Водата која ќе се насобере при одмрзнувањето од собирниот сад кој што се наоѓа на задната страна на фрижидерот се одлева до одводната цевка (Дел 6). Во текот на одмрзнувањето можно е да се формираат капки вода на задниот дел на фрижидерот, затоа што позади него е сместен испарувачот. Некои капки може да застанат и после одмрзнувањето повторно да замрзнат. Немојте да ги отстранувате со остри и шилести предмети како ножеви или виљушки. Ако во било кој момент водата насобрана во садот за собирање не се одлева, проверете дали деловите со продукти ја имаат запушено одводната цевка.

Одводната цевка може да се исчисти со чистач за славини или слични предмети. Проверете дали крајот од цевката е постојано поставен во садот за собирање вода на компресорот за да се спречи истекување на вода врз електричната инсталација или на подот (Дел 7). В) Оддел за замрзнување

Одмрзнувањето е многу лесно и без никакви проблеми благодарение на специјалниот сад за собирање на одмрзната вода. Одмрзнувањето се прави два пати годишно и кога слојот мраз е подебел од 7 mm (1/4 инчи). За да ја започнете постапката на одмрзнување, прво исклучете го апаратот од струја. Целата храна извадете ја од фрижидерот, ставете ја во садови и завиткајте ја во хартија, па ставете ја на ладно место (на пример, замрзнувач или подрум). За да го забрзате процесот на одмрзнување, внимателно поставете сад со топла вода во одделот за замрзнување.

Не употребувајте остри и шилести предмети како што се ножеви или виљушки за отстранување на мразот. Никогаш не употребувајте фен за коса, електрични греалки или други електрични уреди за одмрзнување.

Со сунѓер впијте ја водата насобрана на долниот дел на одделот за замрзнување. По одмрзнувањето, исушете го внатрешниот дел (Дел 8). Вклучете го кабелот за напојување во штекер.

Замена на сијалицата за внатрешно осветлување

Повикајте овластен сервисер за да ја смени светилката што служи за осветлување на ладилникот. Сијалицата што се користи во овој уред не служи за осветлување на простории во домот. Нејзината намена е да му помогне на корисникот безбедно и удобно да ја става храната во фрижидерот. Сијалиците што се користат во овој производ треба да ги издржат екстремните физички услови, како што се температури под -20°C.

Чистење и одржување

  1. Пред да почнете со чистење на апаратот, прво исклучете го кабелот за напојување од штекер.
  2. Никогаш не употребувајте остри предмети или абразивни средства, сапун, средства за чистење во домаќинството, детергенти или средства за полирање.
  3. Употребете млака вода за чистење и потоа избришете го апаратот со мека крпа.
  4. Употребете влажна крпа натопена во раствор од сода бикарбона (една кафена лажичка на половина литар вода) за чистење на внатрешноста и добро избришете ја.
  5. Внимавајте да не навлезе вода во кутијата за контрола на температурата.
  6. Доколку не го користите уредот подолг период, исклучете го од штекер, извадете ја храната, исчистете го и оставете ја вратата подотворена.
  7. Се препорачува металните делови на уредот да ги полирате со силиконски восок, со што би го заштитиле последниот слој на висококвалитетна боја.
  8. Прашината насобрана на кондензаторот, кој што се наоѓа на задниот дел на уредот, треба да се чисти еднаш годишно со правосмукалка.
  9. Редовно проверувајте ги бравите на вратите за да се уверите дека се чисти и на нив нема остатоци од храна.
  10. Никогаш:
  11. Немојте да го чистите апаратот со несоодветни средства, пр. оние што се на база на бензин.
  12. Никогаш не го изложувајте апаратот на висока температура.
  13. Немојте да го гребете, стругате или сл. со абразивни средства.
  14. Вадење на капаците на преградите за млечни производи и преградите на вратата:
  15. За да го извадите капакот на преградата за млечни производи, прво подигнете го капакот околу 2,5 см и оттргнете го од вратата за да го видите отворот на капакот.
  16. За вадење на преградите на вратата, извадете ги сите предмети и потоа едноставно извадете ја преградата со поместување нагоре.
  17. Внимавајте пластичниот сад за собирање на одмрзнатата вода секогаш да биде чист. Ако сакате да го извадите садот за чистење, следете ги инструкциите подолу:
  18. Исклучете го апаратот од струја.
  19. Внимателно откачете ги жичаните држачи на компресорот со клешти за жица, за да може да го извадите садот.
  20. Подигнете го садот.
  21. Исчистете го и избришете го.
  22. Вратете го садот на место по обратен редослед.
  23. За вадење на фиоките, повлечете ги што е можно повеќе и извадете ги комплетно.

Позиционирање на вратата

Следете ги чекорите на Дел 10.

Направете/Немојте да правите

Да - Чистете го и одмрзнувајте го апаратот редовно („Види одмрзнување“). Да - Чувајте го свежото месо под готвената храна и млечните производи. Да - Отстранете ги неупотребливите делови од зеленчукот (листови) и избришете го од нечистотијата. Да - Отстранете ги корењата од зелката, марулата, карфиолот, магданосот и сл. Да - Сирењето најпрво завиткајте го во мрсна хартија и ставете го во пластична кеса со колку што е можно помалку воздух. За подобар вкус, извадете го сирењето еден час пред употребата. Да - Свежото месо и месо од живина слободно завиткајте го во пластична кеса или алуминиумска фолија со што ќе спречите да дојде до негово сушење. Да - Рибата завиткајте ја во пластична кеса. Да - Храната која има јак мирис или онаа која може да се засуши, завиткајте ја и поставете ја во пластични кеси и ставете ја во сад кој не пропушта воздух. Да - Лебот добро завиткајте го за да се одржи свеж. Да - Изладете ги виното, пивото и минералната вода пред да ги служите. Да - Често проверувајте ја содржината во замрзнувачот. Да - Храната чувајте ја замрзната што е можно пократко и внимавајте на датите до кога може да се употреби. Да - Фабрички замрзнатата храна подгответе ја според упатствата на пакувањето. Да - Секогаш користете квалитетна свежа храна и темелно исчистете ја пред да ја замрзнете. Да - Припремете ја свежата храна пред да ја замрзнете во помали количини со што ќе обезбедите побрзо замрзнување. Да - Секоја храна завиткувајте ја во пластична или алуминиумска фолија, и истиснувајте го воздухот. Да - Завиткајте ја замрзнатата храна веднаш по купувањето и ставете ја во замрзнувачот што побрзо. Да - Одмрзнувајте ја храната во одделот за ладење. Не - Чувајте банани во фрижидерот. Не - Ставајте лубеници во фрижидерот. Може да ги изладите во фрижидерот на кратко време завиткани, за да миризбата не премине на другите продукти.

Не - Ги покривајте полиците со било каков заштитен материјал кој ќе го спречи циркулирањето на ладниот воздух.

Не - Ставајте отровни или било какви опасни производи во уредот. Тој е предвиден само за хранливи продукти.

Не - Ја конзумирајте храната која била предолго време замрзната.

Не - Ставајте варена и свежа храна во ист сад. Тие мора да бидат сместени одвоено.

Не - Дозволувајте храната која што истекува или сокот од храната да капе по другата храна.

Не - Ја оставајте вратата отворена подолго време, тоа ќе доведе до неекономично работење на апаратот и прекумерно формирање на мраз.

Не - Користете остри предмети како ножеви или виљушки за отстранување на мразот.

Не ставајте топла храна во уредот. Дозволете најпрво да се олади.

Не ставајте течност која содржи јаглероден диоксид, било во шише било во конзерва, затоа што може да пукне.

Не ја пречекорувајте ограничената количина за замрзнување кога замрзнувате свежа храна.

Не им давајте на децата вода или сладолед директно од замрзнувачот. Ниската температура може да предизвика горење на усните.

Не замрзнувајте пенливи пијалоци.

Не ја замрзнувајте повторно веќе одмрзнатата храна; морате да ја конзумирате во рок од 24 часа или да ја пригответе и повторно да ја замрзнете.

Не ја вадете храната од замрзнувачот со мокри раце.

Бучава за време на оперирањето

Во согласност да се одржува температурата вредност која сте ја подесиле, компресорите на уредот стартуваат периодично. Бучавата која може да ја слушнете во таа ситуација е нормална. Бучавата ќе се редуцира штом уредот ќе ја постигне температурата на оперирање. Бучавата доаѓа од компресорот која постанува појака кога компресорот стартува.

Бучавата од клокотот и шумолењето доаѓаат од циркулацијата на фреонот во цевките на уредот и е нормална бучава.

- Чкрипење може да се слушне за време на автоматското одмрзнување, кога ѕидовите се шират или од контракцијата.

Ако бучавата при оперирањето постане посилна, причините се обично мали и може да се отстранат лесно.

- Уредот не е во хоризонтална положба – подесете ги предните ногарки.

- Уредот не е слободно стоечки – поставете го уредот така да не биде потпрен на мебел или друг апарат.

- Фиоките, корпите и полиците се со размак или прилепени – проверете ги компонентите за прикачување и поставете ги назад.

- Шишињата и големите садови се допираат едни со други – помрднете ги така да има мал простор помеѓу нив.

Проблеми – можни решенија

Ако уредот не работи кога е вклучен, проверете:

- Дали струјниот кабел е добро вметнат во штекерот и дали има доток на струја во штекерот. (За проверка на доток на струја, вклучете друг апарат на штекерот).

- Проверете го осигурувачот – може да е прегорен, струјното коло прекинато, главната дистрибуција е исклучена.

- Ако сте го заменувале штекерот, проверете дали е поставен и инсталиран правилно.

Ако уредот сеуште не работи, повикајте Сервис центар. Осигурајте се дека сте ги направиле горенаведените проверки, затоа што во спротивно, ако нема дефект, сервисот ќе ви наплати.

BEKO CSA300K20XP - Проблеми – можни решенија - 1

Симболот ■ на производот или на пакувањето индицира дека производот не треба да се третира како домашен отпад. Наместо тоа, треба да се предаде на применливото збирно место за рециклирање на електрична и електронска опрема. Со правилно исфрлање на батериите, Вие ќе помогнете во спречувањето на потенцијалните негативни последици врз животната средина и човековото здравје, што би можело да биде поинаку предизвикано со несоодветно постапување со отпадот на овој производ. За подетални информации околу рециклирањето на овој производ, контактирајте со Вашите локални власти, со домаќинскиот сервис за отстранување на отпад или со продавницата каде што сте го купиле овој производ.

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BEKO

Модел : CSA300K20XP

Категорија : фрижидер