F4WV509S1E - перилница LG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот F4WV509S1E LG во PDF формат.
| Тип на производ | Машина за перење |
| Бренд | LG |
| Модел | F4WV509S1E |
| Капацитет | 9 kg |
| Максимална брзина на центрифугирање | 1400 rpm |
| Класа на енергетска ефикасност | A |
| Димензии (Висина x Ширина x Длабочина) | 850 x 600 x 550 mm |
| Тежина | Приближно 70 kg |
| Напојување | 220-240 V, 50 Hz |
| Водна врска | Само ладна вода |
| Тип на одвод | Гравитациски одвод (макс. висина 1 m) |
| Тип на инсталација | Самостојна |
| Тип на мотор | Инвертер директно погонување |
| Функција за пареа | Да (Steam+ за хигиена) |
| AI DD (Вештачка интелигенција директен погон) | Да |
| TurboWash | Да (360° брзо перење) |
| Тип на дисплеј | LED |
| Тип на контрола | Копче + допирни копчиња |
| Детска брава | Да |
| Ниво на бучава (Перење/Центрифугирање) | 54 dB / 74 dB |
| Достапност на резервни делови | Широко достапни преку овластени сервисни центри |
Често поставувани прашања - F4WV509S1E LG
Прашања на корисниците за F4WV509S1E LG
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот перилница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник F4WV509S1E - LG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. F4WV509S1E на марката LG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК F4WV509S1E LG
Внимателно прочитајте ги овие упатства пред да започнете со монтажа. Тоа ќе ви ја направи монтажата поедноставна и ќе ви помогне да го монтирате производот правилно и безбедно. Ставете ги овие упатства во близината на производот по монтажата за идни консултации.
МАКЕДОНСКИ
F4WV509S*
СОДРЖИНА
Ова упатство содржи слики или содржина поинаква од моделот што сте го купиле.
Ова упатство подлежи на ревизија од производителот.
Отпакување на уредот 14
Нивелирање на апаратот....15
Поврзување на доводното црево....17
Монтирање на одводното црево....18
РАБОТЕЊЕ
Преглед на начинот на работа 19
Контролна табла....21
Табела со програми 27
Дополнителни опции и функции 33
ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ
Чистење по секое перење....40
Периодично чистење на апаратот и итно испуштање на водата.....41
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Пред да го повикате нашиот сервис....44



Следните безбедносни упатства се наменети да спречат непредвидени ризици или штети од небезбедно или неправилно користење на производот.
Упатствата се поделени на 'ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ' и 'ВНИМАНИЕ' како што е опишано подолу.
Безбедносни пораки

Овој симбол означува предмети и активности што може да предизвикаат ризик. Прочитајте го внимателно делот со овој симбол и следете ги упатствата за да избегнете ризик.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ова покажува дека непочитувањето на упатствата може да предизвика сериозна повреда или смрт.

ВНИМАНИЕ
Ова покажува дека непочитувањето на упатствата може да предизвика лесна повреда или мала штета на производот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали ризикот од пожар, струен удар или повреди на лица при користење на производот, треба да се почитуваат основните безбедносни мерки, вклучувајќи ги следните.
Техничка безбедност
- Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или со недоволно искуство и знаење, ако се под надзор или добиваат упатства за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите што можат да произлезат. Деца не смеат
да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не смеат да го прават деца без надзор.
- Деца помали од 3 години треба да се држат понастрана од апаратот, освен ако се под надзор.
- Ако кабелот за струја е оштетен, мора да биде заменет од страна на производителот, негов сервисер или слично квалификувано лице со цел да се избегне опасност.
- Отворите за вентилација не смеат да бидат блокирани од тепих.
- Овој уред е наменет како апарат за домаќинството.
- Користете нови црева или комплетот црева испорачани заедно со уредот. Повторната употреба на стари црева може да предизвика протекување на вода и подоцнежни оштетувања на имотот.
- Притисокот на вода треба да е помеѓу 50 kPa и 800 kPa.
Максималниот капацитет во некои циклуси за перење на суви алишта е 9 kg.
Препорачаниот максимален капацитет за секоја програма за перење може да се разликува. За да добиете добри резултати од перењето, погледнете ја табелата со програми во поглавјето РАБОТЕЊЕ за дополнителни детали.
МОНТАЖА
- Никогаш не обидувајте се да го користите апаратот ако е оштетен, ако не функционира правилно, ако е делумно расклопен или ако му недостасуваат делови или пак се скршени, како и ако му е оштетен кабелот или приклучокот.
- Овој апарат треба да го пренесуваат две или повеќе лица, коишто цврсто ќе го држат при пренесувањето.
- Не поставувајте го апаратот во влажна или правлива просторија. Не поставувајте го и не чувајте го надвор, или во каква било просторија подложна на надворешни услови, како што е
директна сончева светлина, ветер или дожд, или температури под нулата.
- Проверете дали приклучокот за струја е целосно вметнат во штекерот.
- Не вклучувајте го уредот во повеќе штекери, кабли со повеќе приклучоци или продолжни кабли.
- Не менувајте го приклучокот што доаѓа со уредот. Доколку не одговара на штекерот, повикајте електричар за да постави правилен приклучок.
- Овој апарат е опремен со кабел за струја, којшто има спроводник за заземјување (клин за заземјување) и приклучок за заземјување. Приклучокот мора да биде приклучен во соодветен штекер, којшто е правилно монтиран и заземјен во согласност со локалните правила и закони.
- Неправилното поврзување на спроводникот за заземјување може да доведе до ризик од струен удар. Направете проверка со квалификуван електричарски или сервисен персонал ако не сте сигурни дали машината е правилно заземјена.
- Оваа машина не смее да се монтира зад врата што се заклучува, врата на лизгање или врата со шарка наспроти неа кои го спречуваат целосното отворање на вратата.
Работење
- Не ракувајте со контролната табла со остри предмети.
- Не вадете ги панелите и не расклопувајте ја машината.
- Не поправајте и не заменувајте делови од машината. Сите поправки и сервисирања мора да ги изведе квалификуван сервисен персонал освен ако не е поинаку одредено во овој прирачник за корисници. Употребувајте само авторизирани фабрички делови.
- Не притискајте ја силно вратата надолу, кога е отворена.
- Не ставајте животно во внатрешноста на производот. Животното може да се задуши.





- Не перете килими, чергичиња, обувки или кебиња за миленичиња во оваа машина, плишани играчки, или пак какви било други предмети освен алишта и постелнина.
- Областа под и околу вашите апарати треба да биде чиста од запалливи материјали какви што се влакненца, хартија, крпи, хемикалии итн.
- Не оставајте ја вратата на овој апарат отворена. Децата може да се нишаат на вратата или пак да влезат во апаратот и да предизвикаат штета или да се повредат.
- Не ставајте во апаратот, не перете и не сушете алишта што биле исчистени, испрани, потопени или испрскани со запалливи или експлозивни супстанции (како на пример, восок, средства за отстранување восок, масло, боја, бензин, одмастувачи, хемикалии за хемиско чистење, керозин, петролеј, средства за отстранување дамки, терпентин, растително масло, масло за готвење, ацетон, алкохол итн.). Несоодветната употреба може да предизвика пожар или експлозија.
- Не користете или не чувајте запаливи супстанци (етер, бензен, алкохол, хемикалија, LPG, запалив спреј, бензин, разредувач, петролеј, инсектицид, освежувач на воздух, козметика итн.) во близина на апаратот.
- Никогаш не отворајте го апаратот додека работи. Почекајте додека не запре целосно барабанот.
- Не допирајте ја вратата за време на програмите со висока температура.
- Ако протече вода од апаратот или се поплавите, исклучете го од струја и јавете се во информативниот центар за корисници на LG Electronics.
- Исклучете ги славините за вода за да се ослободи притисокот од цревата и вентилите и за да се минимизира протекувањето ако се појави пукнатина. Проверете ја состојбата на цревата за полнење; треба да се менуваат на 5 години.
- Ако истече гас (изобутан, пропан, природен гас итн.) во домот, не допирајте го уредот и приклучокот и веднаш проветрете ја просторијата.
- Ако одводното или доводното црево е замрзнато во текот на зимата, користете го само откако ќе се одмрзне.
- Чувајте ги настрана од дофат на деца сите детергенти за перење, омекнувачи и белила.
- Не допирајте го приклучокот за струја или контролите на апаратот со влажни раце.
- Не превиткувајте го кабелот за струја премногу и не ставајте тешки предмети врз него.
- Не допирајте ја водата што се исцедува од уредот во текот на перењето.
- Погрижете се правилно да се испушта водата. Ако водата не се испушта правилно, подот може да се поплави.
- Кога температурата на воздухот е висока, а температурата на водата е ниска, може да се појави кондензација и така да се намокри подот.
- Избришете ги нечистотиите или правта од контактните површини на приклучокот за струја.
Одржување
- Исклучете го апаратот од струја пред да започнете со негово чистење. Подесувањето на контролите на ИСКЛУЧЕНО или во мирување не го исклучува апаратот од струја.
- Безбедно приклучете го приклучокот за струја во штекерот откако комплетно сте ја отстраниле постојната влага или прав од него.
- Не прскајте вода во внатрешноста или на надворешноста за да го исчистите апаратот.
- Никогаш не исклучувајте го апаратот од струја со тегнење на кабелот за струја. Секогаш цврсто фаќајте го приклучокот за струја и потегнете го од штекерот во права насока.
- Само квалификуван сервисен персонал од сервисен центар на LG Electronics треба да го расклопува, поправа или модифицира апаратот. Стапете во контакт со информативниот центар за



корисници на LG Electronics ако сте го преместиле и поставиле апаратот на поразлична локација.
Фрлање
- Пред да го фрлите стариот апарат, исклучете го од струја. Исечете го кабелот директно зад апаратот, за да спречите неправилна употреба.
- Отстранете ги сите материјали за пакување (како на пример, пластични кеси и стиропор) подалеку од децата. Материјалите од пакувањето може да предизвикаат задушување.
- Отстранете ја вратата пред фрлањето на машината за да спречите заглавување на деца или мали животни во него.
Потрошувачка на енергија и вода
- Влијание врз потрошувачката на енергија и вода има тежината на облеката за перење. За најдобро да го искористите вашиот апарат, наполнете го со максималната количина на сува облека според одредената програма.
- Најефикасни програми во поглед на потрошувачката на енергија генерално се тие што работат со пониски температури и имаат подолго време на работење.
- Бучавата и количината на преостаната влажност зависат од брзината на центрифугата: што е поголема брзината на центрифуга во фазата на центрифугирање, толку е поголема бучавата и помала количината на преостаната влажност.
- Еднаквото полнење со алишта до капацитетот посочен од производителот за секоја од програмите придонесува кон заштеда на енергија и вода.
- Системот за автоматско препознавање на полнењето ќе ви помогне да ја намалите количината на употребена вода и



енергија во случаите кога ставате мала количина облека за перење.
- Употребете ја програмата за брзина за малку и слабо извалкана облека.
- Детергентите за перење облека со ладна вода се ефективни и при пониски температури (околу 20 °C). Ако ја поставите температурата на 20 °C, тоа ќе ви помогне да потрошите помала енергија во споредба со тоа ако ја поставите на 30 °C или повеќе.
Детергент
- Детергентите треба да ги бирате според видот, бојата, извалканоста на ткаенината и температурата за перење. Детергентот треба да се користи според упатствата дадени од производителот. Употребувајте само детергенти коишто одговараат за видови на машини за перење со барабан (предно полнење).
- Употребувајте помала количина на детергент при помало полнење со облека.
- Делумно полнење: 1/2 од нормалната количина.
- Минимално полнење: 1/3 од целосното полнење.
Бирање дополнителни опции и функции
- Изберете температура на водата погодна за видот алишта што ги перете. Следете ги упатствата на етикетата за грижа за облеката, за да добиете најдобри резултати.
- Опцијата за претперење се препорачува при перење на многу извалкана облека.
- Изберете температура на водата погодна за видот алишта што ги перете. Следете ги упатствата на етикетата за грижа за облеката, за да добиете најдобри резултати.
- Опцијата за претперење се препорачува при перење на многу извалкана облека.

Бирање дополнителни опции и функции

Фрлање на вашиот стар апарат

- Символот со прецртана канта за отпадоци значи дека отпадните електрични и електронски производи треба да се одлагаат одделно од општинскиот отпад.
- Старите електрични производи може да содржат опасни супстанции, па затоа соодветното одлагање на стариот уред ќе ви помогне да спречите негативни последици за животната средина. Вашиот стар уред може да содржи делови кои повторно може да се употребат за поправка на други производи и останати вредни материјали кои може да се рециклираат со цел зачувување на ограничените ресурси.
- Уредот може да го однесете во продавницата од каде сте го купиле производот или обратете се до општинската служба за одлагање отпад за да ви кажат каде се наоѓа најблискиот пункт за отпадни електронски и електрични уреди. Најновите информации за вашата земја се достапни на www.lg.com/global/recycling.
МОНТАЖА
- Изгледот и спецификациите може да се променат без претходно известување со цел подобрување на квалитетот на уредот.
Предна страна
1 Контролна табла 2 Фиока за диспензер на детергент 3 Барабан 4 Врата 5 Капак 6 Чеп за одвод ⑦ Филтер на одводна пумпа 8 Ногарки за нивелирање
Задна страна
① Приклучок за струја 2 Завртки за транспорт 3 Одводно црево

*1 Вклучените додатоци може да зависат од моделот што сте го купиле.
1
2
3
4
5
6
| 1 | Поврзување на цревото за ладна вода | 4 | Листови против пролизгување*1 |
| 2 | Рачвест клуч | 5 | Полукружен држач за одводното црево |
| 3 | Капачиња за покривање на дупките за завртките кои се користат при транспорт | 6 | Лента за врзување*1 |
Спецификации
| Модел | F4WV509S* |
| Напојување 220–240 V~, 50 Hz | |
| Тежина на производот | 68 kg |
Димензии (mm)


| W 600 | D 565 D" 1100 | ||||
| H | 8 | 5 | 0 | D | ' 6 |
2

Пред монтажата на уредот, прочитајте ги следните информации со цел уредот да се монтира на соодветно место.
Локација за монтажа
- Овој апарат мора да биде поставен на цврст под за да се минимизираат вибрациите за време на циклусот на центрифуга. Бетонскиот под е најдобар бидејќи е најмалку подложен на вибрации за време на циклусот на центрифуга во споредба со дрвениот под или под со тепих.
- Доколку уредот морате да го поставите до шпорет на плин или печка на јаглен, поставете изолација (850 x 600 mm) меѓу нив покриена со алуминиумска фолија на страната свртена кон шпоретот или печката.
- Потрудете се машината да биде монтирана на место кое е лесно пристапно за инженер во случај на нејзино расипување.
- Кога го поставувате апаратот, приспособете ги сите четири ногарки со помош на клучот за завртките за транспорт за да се загарантира стабилноста на апаратот.
Поставување на под
За да обезбедите ефикасно расчистување на цревата за влез на вода, цревото за одвод и протокот на воздух, дозволете минимален простор од најмалку 20 mm на страните и 100 mm зад уредот. Бидете сигурни ова да го овозможите за сидови, врати или подни лајсни, кои можат да ја зголемат потребата за овие расчистувања.

| A | 100 mm |
| B | 5 mm |
| C | 20 mm |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
- Овој уред мора да се користи само за домашни потреби и не треба да се употребува во мобилни апликации.
НАПОМЕНА
- Никогаш не обидувајте се да компензирате за нерамниот под со ставање парчиња дрво, картон или слични материјали под апаратот.
Дрвени подови (Висечки подови)
Кога го поставувате апаратот на дрвен под, употребете ги гумените подлошки за да ги намалите преголемите вибрации и неизбалансираноста. Дрвениот или висечки под може да придонесе кон преголеми вибрации или неизбалансираност, грешки и дефекти.

- За да ги намалите вибрациите, ви препорачуваме да поставите гумени подлошки Ⓞ со дебелина од најмалку 15 mm на секоја ногарка на апаратот и да ги прицврстите на барем две греди на подот со помош на завртки.
- Доколку е можно, поставете го уредот во еден од аглите во просторијата, каде подот е постабилен.



- Поставете ги гумените чашки за да ги намалите вибрациите.
ВНИМАНИЕ
- Ако апаратот е поставен на нестабилен под (пр. дрвен под), гаранцијата нема да ги опфати штетите што се случиле како резултат на нестабилниот под.
НАПОМЕНА
- Можете да купите гумени подлошки (бр. на дел 4620ER4002B) од сервисниот центар на LG.
Вентилација
- Проверете дали воздухот слободно циркулира околу машината поради килими, крпи итн.
Собна температура
- Не монтирајте го апаратот во простории каде што температурата може да се спушти до точка на замрзнување. Замрзнатите црева може да пукнат под притисок. Може да биде доведена во прашање електричната контрола при температура под точката на замрзнување. - Ако апаратот е испорачан во зима при температура под точката на замрзнување, оставете го на собна температура неколку часа пред да го пуштите во функција.
Поврзување со струја
- Не користете продолжен кабел или двоен адаптер.
- Секогаш исклучувајте ја машината од струја и исклучете го доводот за вода по употреба.
- Поврзете го апаратот со заземјен штекер во согласност со важечките регулативи за поврзување кабли.
- Апаратот мора да се постави така што приклучокот ќе биде лесно достапен.
- Штекерот мора да се наоѓа на 1 метар од која било страна на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
- Поправките на апаратот смее да ги изведува само квалификуван персонал. Поправките изведени од неискусни лица може да предизвикаат повреда или сериозен дефект. Стапете во контакт со локалниот овластен сервисер на LG.
- Приклучокот за струја мора да биде приклучен во соодветен штекер кој е монтиран и заземјен согласно сите локални правила и закони.
Отпакување на уредот
Подигнување на уредот од основата од стиропор
* Оваа опција варира во зависност од моделот. Откако ќе го отстраните картонот и амбалажата, подигнете го апаратот од стиропорот.

- Погрижете се подножјето ①* да отпадне со базата за да не остане залепено за дното на апаратот.
- Ако мора да го ставите во легната положба за да ја извадите картонската основа ②, секогаш заштитувајте ја страната на апаратот и внимателно легнете го на страната. Не поставувајте го во легната положба на предната или задната страна.



Отстранување на завртките за транспорт
За да спречите апаратот премногу да вибрира и да се оштети, отстранете ги завртките за транспорт и држачите.
1 Почнете со долните две завртки за транспорт ① со помош на рачниот клуч (вклучен со уредот) за да ги олабавите сите завртки, вртејќи спротивно од стрелките на часовникот.

2 Отстранете ги завртките, полека разлабавувајќи ги. 3 Монтирајте ги капачињата на отворите.
- Побарајте ги капачињата за отворите ② во пакувањето со дополнителен прибор или прикачете ги на задниот дел.

- Зачувајте ги завртките за транспорт и држачите за идна употреба.
- Транспортирајте го овој уред и спречете негово оштетување на следниот начин:
- Наместете ги завртките за транспорт.
- Осигурете го кабелот за струја на задниот дел од апаратот.
Нивелирање на апаратот
Проверка на нивото
Кога ги притискате рабовите на горната плоча дијагонално, апаратот не треба воопшто да се движи нагоре и надолу (проверете во двете насоки).
- Ако апаратот се мрда кога горната плоча ја туркате дијагонално, повторно приспособете ги ногарките.
- Проверете дали апаратот е совршено нивелиран по инсталацијата.
НАПОМЕНА
- Дрвениот или висечкиот под може да предизвика преголеми вибрации и неизбалансираност. Можеби ќе треба да размислите да го зајакнете или потпрете дрвениот под за да се спречи или намали преголемата бучава и вибрации.
Монтажа и нивелирање на ногарките
Кога ја поставувате машината, таа треба да биде порамнета и совршено нивелирана. Ако тоа не го направите правилно, машината може да се оштети или да не работи правилно.
1. Доколку подот не е рамен, свртете ги ногарките за нивелирање.
- Не ставајте парчиња дрво или слично под ногарките.
- Погрижете се сите четири ногарки да се стабилни и да го допираат подот.

- Не поставувајте ја машината за перење на цокле, постамент или издигната површина освен ако тоа е специфично произведено од страна на LG Electronics за употреба со овој модел.
2 Проверете со либела дали машината е нивелирана ①.

3 Осигурете ги ногарките за нивелирање со навртките за блокирање ②, така што ќе ги свртите налево спроти долниот дел на апаратот.

4 Проверете дали сите навртки на уредот се соодветно прицврстени.
НАПОМЕНА
- Соодветното поставување и нивелирање на уредот ќе обезбеди подолг работен век и правилно функционирање.
- Уредот мора да биде 100% хоризонтално и цврсто поставен на тврда и рамна подлога.
- Не смее да се ниша меѓу аглите кога е наполнет.
- Не дозволувајте ногарките на машината да се навлажнат. Во спротивно, може да дојде до вибрации или бучава.
Користење на подлошки против лизгање
Оваа опција варира во зависност од моделот. Ако ја поставувате машината на лизгава површина, може да почне да се движи поради прекумерни вибрации. Неправилното нивелирање може да предизвика неправилно функционирање поради бучава и вибрации. Ако се случи тоа, монтирајте ги влошките против лизгање под ногарките и приспособете го нивото.
1 Исчистете го подот пред да ги поставите влошките против лизгање.
- Користете сува крпа за да ја избришете нечистотијата и влагата. Ако остане влага, влошките може да се лизгаат.
2 Приспособете го нивото откако ќе ја поставите машината на местото каде што ќе се користи.
3 Ставете ја лепливата страна на влошките против лизгање ① на подот.
- Најефективен начин е да се стават влошки против лизгање под предните ногарки. Ако е тешко да се стават под предните ногарки на машината, ставете ги под задните.

Поставете го уредот на подлошките.
- Не ставајте ја лепливата страна на влошките против лизгање ① на ногарките на машината.
НАПОМЕНА
- Подлошките против лизгање можете да ги побарате во сервисниот центар на LG Electronics.
црево. Проверете дали закривениот крај на доводното црево е поврзан со апаратот.

Поврзување на доводното црево
Упатства за поврзување
- Притисокот на водата мора да биде меѓу 50 kPa и 800 kPa (0,5–8,0 kgf/cm²). Ако притисокот на водата е поголем од 800 kPa, треба да инсталирате уред за декомпресија.
- Повремено проверувајте ја состојбата на доводното црево за вода и заменете го ако е потребно.
НАПОМЕНА
- Не престегнувајте го доводното црево за вода или не употребувајте механички уреди за да го стегнете на доводните вентили.
- Не е потребна дополнителна заштита за прелевање при поврзувањето со чешмата.
Проверка на гумените заптивки
Со доводното црево за вода се испорачани две гумени заптивки ①. Се употребуваат за да се спречи протекување вода. Проверете дали е довольно цврсто поврзано со славината за вода.
- Не користете механички уреди, како клешти-папагалки, за затегнување на доводното
Поврзување на цревото со славината за вода
Поврзување на црево со навртка со славина за вода со навој
Навртете ја спојката на цревото за довод на вода на славината за вода. Затегнувајте рачно само со помош на мека крпа. Не престегнувајте го цревото за довод на вода со механички уред.

Пред поврзување на доводното црево со славината за вода, пуштете ја славината за вода за да се исплакнат сите страни супстанции (нечистотија, песок, прашина итн.) од водоводната инсталација. Водата нека истече во кофа и проверете ја температурата на водата.
18 МОНТАЖА
Поврзување на цревото со уредот
Навртете го цревото за вода на доводниот вентил кој се наоѓа на задната страна на апаратот.

Не поврзувајте го цревото со славината за топла вода кај модели со едно доводно црево. Поврзете само со славината за ладна вода.
НАПОМЕНА
- Ако протече вода од цревото додека го поврзувате, повторете ја постапката. Користете вообичаен вид на славина за вода. Во случај славината да е коцкеста или голема, извадете ја плочката-водилка, па ставете го адаптерот на славината.
- Проверете дали цревото е прекршено или стиснато.
Монтирање на одводното црево
Монтирање на одводно црево со полукружен држач
Одводното црево не треба да се постави повисоко од 100 cm над подот. Водата во машината може да не истекува или пак да истекува бавно.
Правилното прицврстување на одводното црево ќе го заштити подот од оштетување поради истекување на вода.

- Ако одводното црево е предолго, не вметнувајте го со сила во машината. Ова може да предизвика абнормална бучава.
- Кога монтирате одводно црево во лавабо, цврсто стегнете го со жица.

Преглед на начинот на работа
Користење на уредот
Изберете ја програмата за перење Cotton (Памук) пред првото перење и додајте половина од количината детергент. Вклучете го апаратот без облека. Така ќе се отстранат можните остатоци и водата од барабанот што можеби останале во него во текот на производството.
1. Сортирајте ја облеката според тип на ткаенина, ниво на извалканост, боја и големина на полнење по потреба.
2. Отворете ја вратата и наполнете го барабанот на апаратот со облека.
ВНИМАНИЕ
- Пред да ја затворите вратата, погрижете се сета облека и предмети да се внатре во барабанот, да не висат врз гумената заптивка на вратата каде што ќе се заглават кога ќе ја затворите вратата. Ако не го сторите ова, ќе се оштети гумената заптивка на вратата, како и облеката.

3. Затворете ја вратата.
ВНИМАНИЕ
- Тргнете ја облеката подалеку од гумената заптивка на вратата за да не се оштети облеката и самата гумена заптивка.

- Додајте соодветна количина детергент во дозерот за детергент. Ако сакате, додајте белило или омекнувач на ткаенини во соодветните прегради на дозерот.

5. Притиснете го копчето Напојување за да ја вклучите машината.

6. Изберете ја соодветната програма.
- Притискајте го копчето за циклус повеќе пати или вртете го тркалцето за избор на циклуси додека не го изберете саканиот циклус.



- Потоа, изберете ја температурата на перење и брзината на центрифугата. Внимавајте на информациите на етикетите за нега на вашите алишта.

7 Започнете го циклусот.
- Притиснете го копчето Старт/Пауза за да го започнете циклусот. Апаратот ќе врти кратко без вода за да ја измери тежината на полнењето. Ако копчето Старт/Пауза не е притиснато во одредено време, апаратот ќе се исклучи и сите подесувања ќе се изгубат.
8 Крај на циклусот.
- Кога циклусот е завршен, ќе се слушне мелодија. Веднаш отстранете ја облеката од апаратот за да не се истутка.
Контролна табла
Реалниот изглед на контролната табла се разликува зависно од моделот.
Опции на контролната табла

МАКЕДОНСКИ
| Упатства | |
| 1 | Напојување, копче за вклучување/исклучувањеПритиснете го ова копче за да ја включите машината за перење. |
| 2 | Тркалце за избор на програмиПрограмите се избираат според видот облека.Се пали светилка за да ја прикаже избраната програма. |
| 3 | Старт/Пауза КопчеОва копче се користи за да го стартувате или паузирате циклусот на перење.Доколку сакате привремено да го стопирате циклусот на перење, притиснете го ова копче. |
| 4 | Дополнителни опции и функцииЗа да ги користите дополнителните функции, притиснете и држете на соодветното копче 3 секунди. Соодветниот символ їе засвети на дисплејот.На тој начин можете да изберете дополнителни програми, по што їе светне соодветната икона.Remote Start (Далечинско започнување)Со апликацијата LG ThinQ можете да употребите паметен телефон за да го контролирате апаратот од далечина.За да ја користите оваа функција, погледнете во делот ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ.Wi-FiПритиснете и држете го копчето Delay End (Одложи крај) 3 секунди за да започне поврзувањето на апаратот со апликацијата LG ThinQ. |



| Упатства | |
| 5 | Приспособување на копчињата за програма за перењеУпотребете ги овие копчиња за да ја приспособите температурата на водата или поставките за брзина на центрифугата за избраната програма.Тековните поставки се прикажани на екранот.Притиснете го копчето за таа опција за да изберете други поставки. |
| 6 | ЕкранЕкранот ги прикажува подесувањата, преостанатото време, опциите и пораките за статус. Кога е включен апаратот, на екранот ће светнат стандардните подесувања.Додека се одвива мерење на тежината на облеката, екранот на контролната табла трепка. |
Екран за време и статус

| Упатства | |
| 1 | Показатели за статус на програма• Додека е во тек програма за перење, трепка LED-сијаличката за активната фаза, а LED-сијаличките за преостанатите фази светат постојано. Штом една фаза ће заврши, LED-сијаличката за таа фаза се ислучува. Ако некој циклус е паузиран, ће престане да трепка и LED-сијаличката за активната фаза. |
| 2 | AI DD• AI DD 📄 овозможува соодветно дејство на ротирање на барабанот откако ће заврши мерењето на облеката ставена во него.• 📄 се активира кога се избрани и работат програмите Cotton (Памук), Mixed Fabric (Мешана ткаенина) и Easy Care (Лесна грижа ). |



| Упатства | |
| 3 | Проценето преостанато времеКога избирате програма за перење, се прикажува стандартното време за таа програма. Времето се менува како што избирате опции.Ако на екранот е прикажано ---, тогдаш времето Ѽе се прикаже по мерењето на големината на ставената облека. Тоа е нормално.Прикажаното време е само проценка. Времето се заснова врз нормалните работни услови. Неколку надворешни фактори (тежината на облеката, собната температура, температурата на доводната вода итн.) може да имаат влијание врз реалното време. |
| 4 | засветува кога звукот Ѽе престане. |
| 5 | засветува кога контролната табла е заклучена, освен за копчето Напојување. |
| 6 | засветува кога апаратот е поврзан со домашната Wi-Fi мрежа. |
| 7 | засветува кога е активирана функцијата за далечински управувач. |
| 8 | засветува кога програмата започнува и вратата е заклучена. |
24 РАБОТЕЊЕ
Сортирајте ја облеката за перење за да добиете најдобри резултати при перењето, а потоа подгответе ја согласно симболите на етикетите за нега што се наоѓаат на облеката.
Сортирање на облеката
- За најдобри резултати од перењето, сортирајте ја облеката согласно етикетите на коишто е наведен типот на ткаенина и температурата на перење. Приспособете ја брзината или интензитетот на центрифугата согласно видот на ткаенина.
- Ниво на извалканост (голема, нормална, лесна): одвојте ја облеката согласно тоа колку е извалкана. Ако е можно, не перете ја облеката која е многу нечиста со онаа што е само малку извалкана.
- Боја (бела, светла, темна): перете ги темните и шарените алишта одделно од тие со бела или светла боја. Ако измешате шарена облека со облека со светла боја, шарената облека може да пушти боја или посветлата облека може да се обезбои.
- Влакненца (алишта што испуштаат или собираат влакненца): одделно перете ја ткаенината што испушта влакненца од таа на којашто се лепат влакненцата. Влакненцата од облеката што испушта влакненца ќе се налепат на облеката на којашто се лепат.
Етикети на алиштата
Символите ви даваат информации за составот на ткаенината на облеката и начинот на перење.
- Цртичките под символот даваат информации за видот на ткаенината и максималниот механички стрес.
Проверка на алиштата пред перење
- Комбинирајте големи и мали парчиња при полнењето. Прво ставете ги големите парчиња.
- Големите парчиња не смеат да зафатат повеќе од половина од вкупниот капацитет на машината. Не перете само по едно парче облека. Тоа може да предизвика нерамнотежа во полнењето. Додајте едно или две слични парчиња.
- Проверете дали сите џебови се празни. Предмети какви што се, клинови, шноли, кибрити, пенкала, парички и клучеви може да ги оштетат и машината и вашите алишта.

- Перете ги деликатните алишта (хулахопки, градници со жица) во посебна мрежа за алишта.
- Затворете ги патентите, закопчајте ги копчињата и врзете ги врвките за да не се заплеткаат алиштата.



- Истретирајте ги нечистотијата и дамките претходно со тоа што ќе ги исчеткате дамките со мала количина детергент растворен во вода.
- Користете го детергентот согласно упатствата на производителот на детергентот и изберете го согласно видот, бојата, извалканоста на ткаенината и температурата за перење. Употребувајте само детергенти коишто одговараат за видови на машини за перење со барабан (предно полнење).
- Ако настане премногу пена, намалете ја количината на детергент.
- Ако се користи премногу детергент, може да настане премногу пена што ќе резултира со слаби резултати при перењето и ќе го оптовари моторот.
- Доколку користите течен детергент, следете ги упатствата на производителот.
- Можете да ставите течен детергент директно во главната преграда за детергент ако планирате веднаш да ја вклучите програмата.
- Не користете течен детергент ако ја користите функцијата Delay End (Одложи крај) или ако сте ја избрале опцијата Pre Wash (Претперење) бидејќи течноста може веднаш да се диспензира или да се стврдне во фиоката или коритото.
- Можеби ќе треба да ја приспособите употребата на детергентот според температурата на водата, тврдоста на водата, големината на полнење и нивото на извалканост на алиштата. За најдобри резултати, избегнувајте преголеми количини детергент. Ако ставите премногу, ќе се создаде премногу пена.
- Погледнете ја етикетата на алиштата пред да додадете детергент и да изберете температура на водата.
- Користете соодветни детергенти за различните видови алишта:
- Течен детергент обично се користи во посебни случаи, односно, за обоени алишта, волна, деликатни или темни алишта.
- Прашокот за перење е соодветен за сите видови ткаенини.
- За најдобри резултати при перењето на бели и светли алишта, користете прашок за перење со белило.
- Прашокот за перење се испушта од преградата на почетокот на програмата.
НАПОМЕНА
- Не дозволувајте детергентот да се стврдне. Во спротивно, може да дојде до затнување, слаби резултати при плакнењето и појава на миризби.
- Целосно полнење: Според препораките на производителот.
- Делумно полнење: 1/2 од нормалната количина.
- Минимално полнење: 1/3 од целосното полнење.
Употреба на диспензерот
За да додадете доза детергент во диспензерот:
1. Отворете ја фиоката на диспензерот. 2. Ставете детергент и омекнувач во соодветните прегради.

① Преграда за детергент за главно перење ② Преграда за детергент за претперење



③ Преграда за течен омекнувач на ткаенина
3. Нежно затворете ја фиоката на диспензерот за детергент пред да започне циклусот.
- Ако ја затворите фиоката премногу силно, детергентот може да претече во друга преграда или да започне диспензирањето во барабанот порано од програмираното.
- Внимавајте да не си ја фатите дланката кога ја затворате фиоката.
- Нормално е да има мала количина вода во преградите на диспензерот на крајот од циклусот.
Преграда за омекнувач на ткаенини
Во оваа преграда се става течен омекнувач на ткаенина, којшто се диспензира автоматски за време на крајната фаза на плакнење. Можете да употребите прашкаст или течен омекнувач на ткаенина.
- Ставајте омекнувач за ткаенина само до линијата за максимално полнење. Ако истурите премногу омекнувач за ткаенини над линијата за максимално полнење, така може да предизвикате прерано диспензирање, што пак може да предизвика дамки на облеката.

- Не оставајте го омекнувачот за ткаенина во фиоката за детергент повеќе од 1 ден. Омекнувачот за ткаенина може така да се стврдне. Ако омекнувачот е премногу густ, тој може да заостане во диспензерот. Разредете го омекнувачот ако е премногу густ за да може полесно да тече.
- Не отворајте ја фиоката кога во неа тече вода за време на перењето.
- Не смее никогаш да се користат растворувачи (бензен итн.).
Додавање детергент со таблети
И таблети детергент може да се користат за перење.
1 Отворете ја вратичката и ставете ги таблетите детергент во барабанот пред да ставите алишта.
2 Наполнете ги алиштата во барабанот и затворете ја вратичката.
НАПОМЕНА
- Не ставајте таблети во диспензерот.
Додавање омекнувач за вода
Можете да користите омекнувач за вода, како на пример, средство против бигор, за да се намали потрошувачката на детергент доколку водата е многу тврда.
- Прво додадете детергент, а потоа омекнувач на водата. Ставајте согласно наведената количина на амбалажата.
НАПОМЕНА
- Не ставајте омекнувач за ткаенина директно врз облеката во барабанот бидејќи така ќе се направат темни дамки на облеката, коишто е тешко да се отстранат.
Табела со програми
Програма за перење
| Cotton (Памук) | 40 °C (Cold (Ладно) до 95 °C) | Максимум полнење: измерено | |
| Упатства | За перење нормално извалкани алишта со комбинирање на различни движења на барабанот.Ако притиснете на копчетоСтарт/Пауза без да изберете програма,програмата Cotton (Памук) їе започне веднаш со стандартните поставки. | ||
| Eco 40-60 (Eko 40-60) | 40 °C (40 °C до 60 °C) | Максимум полнење: измерено | |
| Упатства | За перење нормално извалкани алишта на чијашто етикета пишува дека може да се перат на температура од 40 °C или 60 °C. | ||
| TurboWash 59 (Турбо перење 59) | 40 °C (Cold (Ладно) до 60 °C) | Максимум полнење: 5 kg | |
| Упатства | Со 4 водени млазови коишто работат за време на перењето и плакнењето, оваа машина за перење може да пере половично полнење на малку извалкани алишта приближно 59 минути. | ||
| Mixed Fabric (Мешана ткаенина) | 40 °C (Cold (Ладно) до 60 °C) | Максимум полнење: 4 kg | |
| Упатства | За перење мешани ткаенини истовремено.Да се користи за различни видови на облека, освен посебна облека (свила/деликатни алишта, спортска облека, темна облека, волна, јоргани/завеси). | ||
| Easy Care (Лесна грижа ) | 40 °C (Cold (Ладно) до 60 °C) | Максимум полнење: 4 kg | |
| Упатства | За перење алишта што не треба да се пеглаат по перење.• Да се користи за полиамид, акрил, полиестер. | ||
| Allergy Care (Грижа за алергии) | 60 °C | Максимум полнење: 4 kg | |
| Упатства | Помага во минимизирање на супстанците што предизвикуваат алергиска реакција.Користете за памук, долна облека, перница покрива, чаршафи, бебе облека. | ||



| Baby Steam Care (Грижа за бебешка облека со пареа) | 60 °C | Максимум полнење: 4 kg | |
| Упатства | Помага во перењето на дамките од храна на бебешки алишта. | ||
| Delicates (Деликатни алишта) | 20 °C (Cold (Ладно) до 40 °C) | Максимум полнење: 3 kg | |
| Упатства | Пере долна облека за машинско перење, просирни и чипкасти алишта. | ||
| Hand/Wool (Рачно/Волна) | 30 °C (Cold (Ладно) до 40 °C) | Максимум полнење: 2 kg | |
| Упатства | За перење деликатна облека која може да се пере на рака или во машина, како што се волната која може да се пере, женската долна облека, фустаните итн.Користете детергент за волнена облека која може да се пере во машина | ||
| Sportswear (Спортска облека) | 40 °C (Cold (Ладно) до 40 °C) | Максимум полнење: 3 kg | |
| Упатства | Пере посебна облека, како што се спортска облека и горна облека.Користете за облека со ламинирана ткаенина отпорна на вода. | ||
| Speed 14 (Брзина 14) | 20 °C (20 °C до 40 °C) | Максимум полнење: 2 kg | |
| Упатства | За перење на мали количини слабо извалкани алишта околу 14 минути. | ||
| Duvet (Постелнина) | Cold (Ладно) (Cold (Ладно) до 40 °C) | Макс. полнење од 2,5 kg (1 јорган со пердуви) | |
| Упатства | Пере големи парчиња какви што се чаршавите за кревет, перниците, прекривките за софи итн. | ||
| Tub Clean (Чистење на корито под барабан) | - | - | |
| Упатства | Оваа функција помага во чистењето на внатрешноста на коритото на апаратот. | ||
| Download Cycle (Преземање на циклус) | - | - | |
| Упатства | Оваа програма ви овозможува да преземете нова и посебна програма за перење на апаратот со помош на паметниот телефон. Стандардната програма e Rinse+Spin (Плакнење+Центрифуга). | ||



- Изберете ја соодветната температура на водата за избраната програма за перење. Секогаш следете ги информациите или упатствата на етикетата од производителот при перењето за да избегнете оштетување на облеката.
- Изберете ја соодветната температура за перење и брзината на центрифугирање согласно програмата.
- Реалната температура на водата може да се разликува од декларираната температура за циклусот.
- Се препорачува неутрален детергент.
Дополнителни опции
*1 Оваа опција автоматски е вклучена во програмата и не може да се избрише.
НАПОМЕНА
- Опциите Rinse+ (Плакнење+), Delay End (Одложи крај) и Add Item (Додавање облека) можете да ги изберете за секоја програма за перење од оваа табела.
| Програма | Intensive (Интензивно) | Pre Wash (Претперење) |
| Cotton (Памук) | ● | ● |
| Eco 40-60 (Еко 40-60) | ● | ● |
| TurboWash 59 (Турбо перење 59) | ● | |
| Mixed Fabric (Мешана ткаенина) | ● | ● |
| Easy Care (Лесна грижа ) | ● | ● |
| Allergy Care (Грижа за алергии) | ● | |
| Baby Steam Care (Грижа за бебешка облека со пареа) | ● | |
| Delicates (Деликатни алишта) | ● |



| Програма | Брзина на центрифуга | |
| Стандардно Достапно | ||
| Cotton (Памук) | 1400 вртежи во минута | Сите |
| Eco 40-60 (Еко 40-60) | 1400 вртежи во минута | Сите |
| TurboWash 59 (Турбо перење 59) | 1200 вртежи во минута | 400 до 1400 вртежи во минута |
| Mixed Fabric (Мешана ткаенина) | 1000 вртежи во минута | Сите |
| Easy Care (Лесна грижа ) | 1400 вртежи во минута | Сите |
| Allergy Care (Грижа за алергии) | 1400 вртежи во минута | Сите |
| Baby Steam Care (Грижа за бебешка облека со пареа) | 1000 вртежи во минута | До 1000 вртежи во минута |
| Delicates (Деликатни алишта) | 800 вртежи во минута | До 800 вртежи во минута |
| Hand/Wool (Рачно/Волна) | 800 вртежи во минута | До 800 вртежи во минута |
| Sportswear (Спортска облека) | 800 вртежи во минута | До 800 вртежи во минута |
| Speed 14 (Брзина 14) | 400 вртежи во минута | Сите |
| Duvet (Постелнина) | 1000 вртежи во минута | До 1000 вртежи во минута |



- Вистинската максимална брзина на центрифугирањето ќе зависи од условите на полнењето. Горенаведените вредности се заокружени на најблиските бројки до сто.
Информации за потрошувачката на електрична енергија
Опис на единицата
h:mm: времетраење на програма
kWh: потрошувачка на електрична енергија
°C: максимална температура во третираниот текстил
Литри: потрошувачка на вода
%: преостаната влага на крајот на фазата на центрифугирање. Поголема брзина на центрифугата значи поголема бучава и помалку преостаната влага.
Вообичаени програми
| Програма | kg | h:mm | kWh | °C | Литри | rpm | % |
| Cotton (Памук) 20 °C | 9 | 1:51 | 0,177 | 31 | 55,0 | 1350 | 51,0 |
| Cotton (Памук) 60 °C | 9 | 3:21 | 1,362 | 51 | 57,0 | 1350 | 51,0 |
| Mixed Fabric (Мешана ткаенина) | 4 | 1:21 | 0,458 | 35 | 54,0 | 1000 | 66,0 |
| Speed 14 (Брзина 14) | 2 | 0:14 | 0,046 | 25 | 39,0 | 400 | 93,0 |
| Cotton (Памук) 40 °C+ Intensive (Интензивно) | 9 | 3:33 | 0,783 | 31 | 74,0 | 1350 | 51,0 |
| Eco 40-60 (Еко 40-60) (целосно)*1 | 9 | 3:48 | 1,011 | 43 | 63,0 | 1360 | 53,0 |
| Eco 40-60 (Еко 40-60) (половина)*1 | 4,5 | 2:50 | 0,500 | 32 | 48,0 | 1360 | 53,0 |
| Eco 40-60 (Еко 40-60) (четвртина)*1 | 2,5 | 2:40 | 0,242 | 26 | 39,0 | 1360 | 53,0 |
32 РАБОТЕЊЕ
*1 Може да исчисти нормално извалкани памучни алишта, коишто е декларирано дека може да се перат на 40 °C или 60 °C, заедно во истиот циклус, и дека оваа програма се користи за проценка на усогласеноста со легислативата на ЕУ за еколошки дизајн (EU 2019/2023).
НАПОМЕНА
- Резултатите од тестот зависат од притисокот и тврдоста на водата, температурата на доводната вода, собната температура, видот и количеството на облека, степенот на нечистотија, користениот детергент, флуктуациите на напојувањето со електрична енергија и избраните дополнителни опции.
- Вредностите за вообичаените програми со исклучок на циклусот Eco 40-60 (Eko 40-60) се само индикативни.
- Регулатива EU 2019/2023, која стапува на сила од 1 март 2021 година, е поврзана со класите на енергетска ефикасност според Регулативата 2019/2014.
- Скенирајте го QR-кодот на етикетата за електрична енергија што сте ја добиле со апаратот и така ќе добиете врска до информациите поврзани со работата на апаратот од базата на податоци на ЕУ EPREL. Чувајте ја етикетата за електрична енергија како референца заедно со прирачникот за корисници и сите други документи испорачани со апаратот.
- Моделот можете да го пронајдете на етикетата за спецификации на апаратот, којашто можете да ја пронајдете ако ја отворите вратата за барабанот.
- За да ги пронајдете истите информации на EPREL, одете на https://eprel.ec.europa.eu и пребарајте со употреба на името на моделот. (Стапува на сила од 1 март 2021 година)
Дополнителни опции и функции
Можете да ги користите дополнителните опции и функции за да ги приспособите програмите според вашите потреби.
Приспособување на програма за перење
Секоја програма има стандардни поставки коишто се бираат автоматски. Можете да ги приспособувате овие поставки со помош на овие копчиња.
Temp. (Темп.)
Ова копче ја бира температурата на перење за избраната програма.
- Притиснете на копчето Temp. (Темп.) додека не засвети посакуваната поставка.
- Изберете температура на водата погодна за видот алишта што ги перете. Следете ги упатствата на етикетата за грижа за облеката, за да добиете најдобри резултати.
Spin (Центрифуга)
Интензитетот на центрифугата може да се избира со постојано притискање на ова копче.
- Притиснете го копчето Spin (Центрифуга) за да изберете брзина на центрифугата.
НАПОМЕНА
- Ако изберете No (He) со притискање на копчето Spin (Центрифуга), и понатаму ќе се врти кратко време за брзо да ја исцеди водата.
Rinse+ (Плакнење+)
Оваа функција е препорачана за луѓе со алергии на детергенти.
- Притиснете го копчето Rinse+ (Плакнење+) за да додадете едно плакнење.
Intensive (Интензивно)
Оваа функција се користи за перење на нормално и многу извалкани алишта.
Следете ги следните чекори за да ја приспособите програмата за перење:
1. Подгответе ги алиштата и наполнете го барабанот. 2. Притиснете на копчето Напојување. 3. Додајте детергент. 4. Изберете програма за перење. 5. Приспособете ја програмата за перење (Temp. (Темп.), Spin (Центрифуга), Rinse+ (Плакнење+) и Intensive (Интензивно) така како што е потребно. 6. Притиснете на копчето Старт/Пауза.
Употреба само на функција за центрифуга
1. Подгответе ги алиштата и наполнете го барабанот. 2. Притиснете на копчето Напојување.
- Ако ја изберете програмата за перење, нема да можете да изберете само центрифуга. Ако се случи ова, двапати притиснете на копчето Напојување за да се исклучи и повторно да се вклучи машината.



Употреба на основните опции
Можете да ги прилагодите програмите со употреба на следниве основни опции:
Оваа опција се препорачува при перење на особено валкани алишта.
1. Притиснете на копчето Напојување. 2. Изберете програма за перење. 3. Притиснете го копчето Pre Wash (Претперење) како што е потребно. 4. Притиснете на копчето Старт/Пауза.
Можете да ја користите оваа опција за да додадете или да извадите облека по започнувањето на програмата за перење.
1. Притиснете на копчето Напојување. 2. Изберете програма за перење. 3. Притиснете на копчето Старт/Пауза. 4. Притиснете го копчето Add Item (Додавање облека) како што е потребно. 5. Отворете ја вратата откако ќе се отклучи и додајте ги или отстранете ги потребните парчиња облека. 6. Затворете ја вратата и притиснете на копчето Старт/Пауза.
НАПОМЕНА
- Вратичката останува заклучена од безбедносни причини кога нивото на водата или температурата во барабанот е висока. Не е возможно да се додава облека во тој период.
Оваа функција можете да ја користите за машината автоматски да почне со работа и да заврши со работа по одредено време.
1. Притиснете на копчето Напојување. 2. Изберете програма за перење. 3. Притиснете го копчето Delay End (Одложи крај) како што е потребно. 4. Притиснете на копчето Старт/Пауза.
НАПОМЕНА
- Освен LED-сијаличката на копчето Delay End (Одложи крај), сите LED-сијалички на контролната табла ќе се исклучат за 20 минути. Ова може да варира зависно од купениот модел.
- Одложеното време е времето до крајот на програмата, не почетокот. Реалното време што поминува може да варира во зависност од температурата на водата, облеката и други фактори.
- За да ја откажете функцијата, треба да го притиснете копчето Напојување.
- За оваа функција, не користете течен детергент.
Подесувања
Употребувајте ја оваа опција за да ги оневозможите контролите. Оваа функција може да спречи децата да ги променат циклусите или работата на апаратот.
НАПОМЕНА
- Откако ќе ја изберете оваа функција, ќе се заклучат сите копчиња освен копчето Напојување.
- Кога се заклучени контролите, [L и преостанатото време наизменично се



прикажува на екранот во текот на перењето додека е вклучена оваа функција.
- Со исклучување на напојувањето нема да се ресетира оваа функција. Мора да ја деактивирате функцијата пред да пристапите до другите функции.
Заклучување на контролната табла
1 Вклучување.
2 Притиснете и задржете ги копчињата Delay End (Одложи крај) и Add Item (Додавање облека) истовремено во траење од 3 секунди за да се активира оваа функција.
- Ќе слушнете звук и ќе се појави на приказот [L].
Отклучување на контролната табла
1 Вклучување.
2 Притиснете и задржете ги копчињата Delay End (Одложи крај) и Add Item (Додавање облека) истовремено во траење од 3 секунди за да се деактивира оваа функција.
Beep On/Off (Вклучување/Исклучување звук) Апаратот пушта мелодија кога започнува и запира со работа.
- Притиснете и задржете ги копчињата Rinse+ (Плакнење+) и Pre Wash (Претперење) истовремено во траење од 3 секунди за да се деактивира/активира оваа функција.



Апликацијата „LG ThinQ“ Ви овозможува да комуницирате со уредот со помош на паметен телефон.
Карактеристики на апликацијата LG ThinQ
Комуницирајте со уредот преку вашиот мобилен телефон, користејќи ги корисните паметни опции.
Remote Start (Далечинско започнување)
Ви овозможува контрола над апаратот од далечина преку апликацијата LG ThinQ.
Download Cycle (Преземање на циклус)
Можете да преземете нови и посебни циклуси што не се вклучени во основните циклуси на апаратот.
Можете да преземете разни специјализирани циклуси специфични за апаратот ако сте го регистрирале.
Откако ќе заврши преземањето на циклусот во апаратот, апаратот ќе го задржи преземениот циклус сè додека не се преземе нов циклус.
НАПОМЕНА
Само еден циклус може да биде зачуван во апаратот истовремено.
Водич за чистење на кадата на барабанот
Оваа функција покажува уште колку циклуси преостануваат до почетокот на функцијата Tub Clean (Чистење на корито под барабан).
Набљудување на енергијата
Оваа функција ја проверува потрошувачката на електрична енергија на последните циклуси и месечниот просек.
Smart Diagnosis
Оваа функција обезбедува корисни информации за дијагностицирање и решавање на проблемите кај апаратот, базирајки се на образецот на употреба.
Подесувања
Ви овозможува да подесите различни опции кај апаратот и во апликацијата.
Предупредувачко известување
Кога циклусот е завршен или кога апаратот има проблеми, постои опција да добивате мобилни известувања на паметниот телефон.
Известувањата се активираат дури и ако апликацијата LG ThinQ е исклучена.
НАПОМЕНА
- Доколку го промените рутерот, вашиот интернет-провајдер или лозинката, избришете ја машината регистрирана преку апликацијата LG ThinQ и повторно регистрирајте ја.
- Апликацијата подлежи на промени заради подобрување на апаратот, без да им се даде предупредување на корисниците.
- Карактеристиките може да варираат во зависност од моделот.
Пред користење на апликацијата LG ThinQ
1 Проверете го растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер (Wi-Fi мрежата).
- Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер, доаѓа до слабеење на сигналот. Може да биде потребен подолг временски период за регистрација, или може да доведе до неуспешна инсталација.
2 Исклучете го мобилниот или интернетот на вашиот паметен телефон.

3 Поврзете го вашиот паметен телефон со безжичниот рутер.

- За да потврдите дека сте поврзани со Wi-Fi, проверете дали свети иконата 📋 на контролната табла.
- Апаратот поддржува единствено 2,4 GHz Wi-Fi мрежи. За да ја проверите фреквенцијата на вашата мрежа, контактирајте го вашиот снабдувач со интернет услуги, или погледнете во упатството за вашиот безжичен рутер.
- LG ThinQ не е одговорна за какви било проблеми околу поврзувањето со мрежата или какви и да било проблеми, дефекти или грешки предизвикани од поврзувањето со мрежата.
- Ако апаратот има проблеми околу конектирањето на Wi-Fi мрежата, можеби е предалеку од рутерот. Набавете Wi-Fi засилувач (засилувач на дострелот) за да ја подобрите јачината на Wi-Fi сигналот.
- Wi-Fi конекцијата можеби не се поврзува или можеби е прекината поради опкружувањето на домашната мрежа.
- Мрежното поврзување можеби нема да работи правилно во зависност од провајдерот на интернет услугите.
- Околното безжично поврзување можеби придонесува безжичниот мрежен сервис да работи бавно.
- Апаратот не може да се регистрира, поради проблеми со преносот на безжичниот сигнал. Извлечете го кабелот од апаратот и почекајте околу една минута, пред повторно да се обидете.
- Ако е овозможен заштитниот ѕид на вашиот безжичен рутер, оневозможете го или додадете исклучок во него.
- Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и
броеви. (Не користете ги специјалните карактери)
- Корисничкиот интерфејс (UI) на паметниот телефон може да варира, во зависност од мобилниот оперативен систем (OS) и производителот.
- Ако безбедносниот протокол на рутерот е поставен на WEP, можно е да не успеете во поставувањето на мрежата. Сменете го на други безбедносни протоколи (се препорачува WPA2) и повторно регистрирајте го производот.
Инсталирање на апликацијата LG ThinQ
Побарајте ја апликацијата LG ThinQ на Google Play Store и Apple App Store преку вашиот смартфон. Следете ги инструкциите за преземање и инсталирање на апликацијата.
Активирање на мрежното поврзување
1 Вклучете ја апликацијата LG ThinQ. 2 Изберете и допрете на Машина за перење со предно полнење во апликацијата. 3 Притиснете го копчето Напојување на контролната табла. 4 Притиснете и држете го копчето Wi-Fi 3 секунди на контролната табла. - LED-сијаличката за Wi-Fi ќе трепка за време на процесот на поврзување.
Користење на уредот од далечина
Remote Start (Далечинско започнување)
Користете паметен телефон за да можете далечински да го контролирате вашиот апарат. Исто така, можете да ја набљудувате и работата
38 ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ
на одбраниот циклус за да знаете уште колку време преостанало од циклусот.
Користење на функцијата
1 Ставете ја облеката во барабанот. - Ако сакате, можете да додадете белило или омекнувач за ткаенина во соодветните прегради за дозирање. 2 Притиснете го копчето за вклучување. 3 Притиснете и држете го копчето Remote Start (Далечинско започнување) 3 секунди за да ја вклучите функцијата за далечинска контрола. 4 Започнете го циклусот преку апликацијата LG ThinQ на вашиот паметен телефон.
НАПОМЕНА
- Откако ќе се вклучи оваа функција, можете да го започнете циклусот само преку апликацијата за паметен телефон LG ThinQ. Ако циклусот не започне, машината ќе чека тој да започне сè додека не ја исклучите функцијата со далечинска контрола преку апликацијата.
- Ако е отворена вратичката, циклусот не може да започне со далечинска контрола.
Рачно исклучете ја оваа функција
Кога е активирана оваа функција, притиснете го и задржете го копчето Remote Start (Далечинско започнување) 3 секунди.
Деактивирање на мрежното поврзување
На вашиот паметен телефон, откачете се од домашната Wi-Fi мрежа.
1 Вклучете ја апликацијата LG ThinQ. 2 Изберете и допрете на Машина за перење со предно полнење во апликацијата.
3 Изберете и допрете за бришење производ во менито со поставки и откачете.
Потрошувачка на енергија во мирување
| Потрошувачка на енергија во мирување | 0,5 W |
| Потрошувачка на енергија при мирување на мрежата | 2,0 W |
| Временскиот период, по што функцијата на управување, енергија, или слична функција, автоматски се префрла на опрема во режим на подготвеност и/или ислучен режим и/или состојба во која се нуди подготвеност на мрежата. | 20 минут и |
НАПОМЕНА
- Активирањето на мрежното поврзување може да ја зголеми потрошувачката на енергија на апаратот.
Известување за софтвер со отворен код
За да го добиете изворниот код според GPL, LGPL, MPL и другите лиценци за отворен изворен код кој се користи кај овој производ, посетете ја страницата http://opensource.lge.com.
Покрај изворниот код, достапни за преземање се и сите наведени одредби на лиценца, одрекувања од одговорност и известувања за авторски права.
LGE исто така ќе ви овозможи слободен код на CD-ROM за цена која ги покрива трошоците за таквото доставување (како на пр. трошоци за медиумот, пратката и манипулативни трошоци) по барање преку е-пошта на opensource@lge.com. Оваа понуда е валидна во период од три години по последната наша



испорака на овој производ. Оваа понуда важи за секој примател на овие информации.
Smart Diagnosis
Оваа функција е достапна само со моделите со логото ⚙️ или ⚙️.
Употребете ја оваа опција за да дијагностицирате или решите проблеми со вашиот апарат.
НАПОМЕНА
- Од причини што не може да се препишат како немарност на LGE, услугата може да не работи поради надворешни фактори, како што се, но неограничувајќи се на недостапноста на Wi-Fi, губење на Wi-Fi конекцијата, политиката на продавницата за апликации или недостапноста на апликацијата.
- Оваа функција може да е предмет на промена без претходна најава и може да има поразлична форма во зависност од тоа каде сте лоцирани.
Користење LG ThinQ за дијагностицирање проблеми
Ако искусите проблеми со вашиот апарат опремен со Wi-Fi, тој може да ги испрати податоците за проблемот на паметен телефон преку апликацијата LG ThinQ.
- Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата во апликацијата LG ThinQ.
Користење звучна дијагноза за дијагностицирање проблеми
Следете ги упатствата долу за да го користите методот на звучна дијагноза.
- Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата за звучна дијагноза дадени во апликацијата LG ThinQ.
1 Притиснете го копчето Напојување за да ја вклучите машината. - Не притискајте ниедно од копчињата.
2 Поставете го делот на паметниот телефон за зборување блиску до логото ⚙️ или ⚙️.

3 Притиснете го и држете го копчето Temp. (Темп.) 3 секунди или подолго додека го држите делот на паметниот телефон за зборување до логото сè додека не заврши преносот на податоците.
- Не преместувајте го паметниот телефон додека не заврши преносот на податоците. Се прикажува преостанатото време потребно за трансфер на податоци.
4 Откако ќе заврши преносот на податоци, дијагнозата се прикажува во апликацијата.
НАПОМЕНА
- За најдобри резултати, не поместувајте го паметниот телефон додека се пренесуваат тоновите.
Изјава за усогласеност
CE
LG Electronics изјавува дека радио-опремата од типот за машина за перење е усогласена со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст од изјавата за усогласеност на ЕУ, можете да ја пронајдете на следната интернет-адреса: http://www.lg.com/global/support/cedoc/cedoc# LG Electronics European Shared Service Centre B.V. Krijgsman 1, 1186 DM Amstelveen, Холандија


40 ОДРЖУВАЊЕ
ОДРЖУВАЊЕ
⚠ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
- Исклучете ја машината од струја пред да ја чистите, за да избегнете ризик од струен удар. Во спротивно, може да дојде до сериозна повреда, пожар, струен удар или смрт.
- Никогаш не користете јаки хемикалии, абразивни средства за чистење или растворувачи за чистење на машината. Може да го оштетат финишот.
Чистење по секое перење
Што да чистите
Секогаш вадете ги алиштата веднаш штом ќе заврши циклусот. Оставањето влажни алишта во машината за перење може да предизвика туткање, пренесување на бои и миризби.
- Откако ќе заврши перењето, избришете ја вратата и бравата на вратата од влага.
- Оставете ја вратата подотворена за да се исуши барабанот.
- Избришете го уредот со сува крпа за да нема влага.

- Внимавајте на децата доколку ја оставите вратата отворена за да се исуши барабанот.
Чистење на надворешноста
Со соодветна нега, уредот ќе добие продолжен работен век.
Надворешност
• Веднаш избришете го истеченото средство. - Избришете со влажна крпа и потоа повторно со сува крпа за да нема влага во жлебовите или отворите. - Не притискајте ја површината или екранот со остри предмети.
Врата
- Избришете ја со влажна крпа надворешната и внатрешната страна, а потоа избришете ја со сува крпа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
- Не обидувајте се да ги раздвоите панелите или да го расклопувате апаратот. Не применувајте остри предмети на контролната табла за да ракувате со апаратот.
Периодично чистење на апаратот и итно испуштање на водата
Чистење на корито под барабан
Ова е посебна функција што помага да се исчисти внатрешноста на апаратот со киснење, перење, плакнење и центрифугирање.
Пуштајте ја оваа функција еднаш месечно (или почесто ако е потребно) за да се намалат наслагите од детергент и омекнувач, како и другите наслаги.
- Ако има лош мирис или мирис на влага во апаратот, пуштајте ја оваа функција еднаш неделно во период од 3 недели како дополнение на редовните интервали.
НАПОМЕНА
- Ќе се прикаже пораката ℓcL за да ве извести со препорака за работата на оваа функција.
1. Извадете ја облеката од машината и затворете ја вратата. 2. Во главната преграда од фиоката за детергент додадете средство против бигор. - Таблетите можете да ги ставате директно во барабанот како алтернатива на прашок. 3. Затворете ја фиоката бавно. 4. Вклучете ја машината, а потоа изберете Tub Clean (Чистење на корито под барабан). 5. Притиснете го копчето Старт/Пауза за старт. 6. Оставете ја вратичката отворена за целосно да се исуши внатрешноста на апаратот.
- Ако внатрешноста на апаратот не е исушена целосно, тоа може да предизвика лош мирис или влага.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
- Внимавајте на децата доколку ја оставите вратата отворена за да се исуши барабанот.
Чистење на доводниот филтер
Доводниот филтер за вода собира бигор или седименти коишто можеби се наоѓаат во водата со којашто апаратот се снабдува. Чистете го доводниот филтер на шест месеци или слично, или пак почесто ако водата е многу тврда или пак ако содржи траги на бигор.
- Исклучете ја чешмата за снабдување со вода на апаратот доколку планирате да не го користите одреден временски период (на пр. ако одите на одмор), а особено доколку во непосредна близина на подот нема одвод (одводен канал) за водата.
- Ќе се прикаже пораката за грешка IE на контролната табла кога водата не влегува во фиоката со детергент. 1. Исклучете ја струјата и чешмата и потоа одвртете го цревото за довод на вода.

2 Отстранете го доводниот филтер со мали клешти и потоа исчистете го со помош на средно тврда четка за заби.

Чистење на одводниот филтер на пумпата и изведба на итна евакуација на водата
Одводниот филтер собира влакна и мали предмети коишто можеби се случајно заборавени во алиштата. Проверувајте на секои шест месеци дали филтерот е чист за да овозможите непречено работење на апаратот. Дозволете водата да се излади пред да го исчистите одводниот филтер на пумпата. Отворете ја вратичката во итен случај или изведете итна евакуација на водата.
1 Исклучете ја машината. 2 Отворете го капакот и извлечете го одводното црево.

3 Прво отстранете го одводниот чеп од одводното црево ①, и потоа исцедете ја водата. Потоа, полека одвртувајте го одводниот филтер на пумпата ② за да се исцеди преостанатата вода и потоа
продолжете да ги отстранувате остатоците или предметите од филтерот.

4 По чистењето на одводниот филтер на пумпата, внимателно вметнете го филтерот повторно и завртете го одводното капаче надесно внимателно за да избегнете неправилно завртување и подоцнежно протекување. Повторно вметнете го чепот во одводното црево и поставете го цревото во својот држач.
5 Затворете го капакот.
ВНИМАНИЕ
- Внимавајте при цедењето, затоа што водата може да биде жешка.
- Пуштајте ја програмата за Чистење на коритото под барабанот еднаш месечно (или почесто, по потреба) за да се отстрани вишокот детергент и други остатоци.
Чистење на фиоката за детергент
Детергентот и омекнувачот на ткаенини може да се наталожат во фиоката на диспензерот. Течните детергенти може да заостанат под фиоката на диспензерот и да не се диспензираат целосно. Извадете ја фиоката и додатоците и проверете дали има наслаги од производи за чистење еднаш или двапати месечно.
1 Потегнете за да ја извадите преградата за детергент.



- Потоа, нежно извлечете ја фиоката нанадвор додека цврсто го држите копчето за откачување.

Исчистете ги наслагите од детергент и омекнувач.
- Исплакнете ги фиоката и додатоците со топла вода за да го отстраните талогот од детергентите и омекнувачите. Користете само вода за да ја исчистите фиоката за детергент. Избришете ја фиоката и додатоците со мека ткаенина или крпа. 3 За да го исчистите отворот за фиоката, користете крпа или мала, неметална четка.
- Отстранете ги сите остатоци од горниот и долниот дел на отворот. 4 Избришете ја влагата од отворот со мека ткаенина или крпа. 5 Повторно склопете ги компонентите на фиоката во соодветните прегради и вметнете ја на место.



Работата на машината може да предизвика грешки и дефекти. Следните табели содржат можни причини и напомени за разрешување на порака за грешка или дефект. Препорачано е внимателно да ги читате табелите долу за да заштедите време и пари коишто би ги потрошиле со повикувањето на сервисниот центар на LG Electronics.
Пред да го повикате нашиот сервис
Вашата машина е опремена со автоматски систем за следење грешки за детекција и дијагноза на проблеми во рана фаза. Ако машината не функционира правилно или не работи воопшто, проверете ги следните работи пред да повикате сервис на LG Electronics:
Пораки за грешка
| Симптоми | Можни причини и Решение |
| ІЕ ПРОБЛЕМ СО ДОВОДОТ НА ВОДА | Снабдувањето со вода не е соодветно за таа локација. Водата не влегува во машината или влегува бавно.Направете проверка со друга славина во куќата. |
| Славината за снабдување со вода не е целосно отворена. Водата не влегува во машината или влегува бавно.Отворете ја славината целосно. | |
| Доводното црево е превиткано.Исправете го цревото или ставете ново. | |
| Затнат е филтерот на доводното црево.Проверете го и исчистете го филтерот за доводниот вентил откако Ѽе ја исключите славината и Ѽе ги отстраните спојките за цревото од машината за перење. | |
| ІЕ ПРОБЛЕМ ПОРАДИ НЕИЗБАЛАНСИРАНА МАШИНА | Машината располага со систем кој ја открива и ја корегира неизбалансираноста на машината.Ако алиштата се премногу влажни кон крајот на циклусот, прередете ги за да овозможите соодветно цедење со центрифуга. Затворете ја вратичката и стиснете на копчетоСтарт/Пауза. Може да се потребни неколку моменти додека да почне центрифугата. Вратичката мора да биде заклучена за да почне центрифугирањето. |
| Премалку алишта. Можно е системот да престане да врти или да ја прекине центрифугата доколку во машината има тешки парчиња (на пр. килимче, бањарка итн).Додајте 1 или 2 слични или помали парчиња алишта за да биде избалансирано полнењето. Затворете ја вратичката и притиснете го копчетоСтарт/Пауза. Може да се потребни неколку моменти додека да почне центрифугата. Вратичката мора да биде заклучена за да почне центрифугирањето. |



| Симптоми | Можни причини и Решение |
| ОЕПРОБЛЕМ СООДВОДОТ НА ВОДА | Одводното црево е извиткано или затнато. Водата не се цеди од машината или се цеди бавно.Исчистете го и исправете го одводното црево. |
| Одводниот филтер е затнат.Проверете и исчистете го одводниот филтер. | |
| dE dE 1 dE2 dEЧПРОБЛЕМ СО ВРАТАТА | Сензорот на вратата не работи.Јавете се во сервисниот центар на LG. Телефонскиот број на локалниот сервисен центар на LG е наведен на гаранцијата. |
| ЕЕГРЕШКА СОКОНТРОЛИТЕ | Постои проблем со контролите.Исклучете го приклучокот од струја и повикајте сервис. |
| LEПРОБЛЕМ СОМОТОРОТ | Оптоварување на моторот.Исклучете ја машината и оставете да се излади моторот 30 минути, а потоа рестартирајте ја програмата. |
| FEПРОБЛЕМ ПОРАДИПРЕПОЛНУВАЊЕ | Се преполнува со вода поради можен дефектен вентил за вода.Затворете ја славината за вода. Исклучете го апаратот од штекер.Повикајте сервисер. |
| РЕПРОБЛЕМ СОСЕНЗОРОТ ЗАПРИТИСОК | Сензорот за нивото на водата не работи.Затворете ја славината за вода. Исклучете го апаратот од штекер.Повикајте сервисер. |
| u5ПРОБЛЕМ СОСЕНЗОРОТ ЗАВИБРАЦИИ | Сензорот за вибрации не работи.Повикајте сервис. |
| FFЗАМРЗНАТ ДЕЛ | Да не се замрзнати цревото за довод/одвод или одводната пумпа?Ставете топла вода во барабанот за да се одмрзне одводното црево и одводната пумпа. Прекријте го доводното црево со влажна и топла крпа. |
| REПРОТЕКУВАЊЕ ВОДА | Претекува вода.Повикајте сервис. |
| PFПРОБЛЕМ СОНАПОЈУВАЊЕТО СОСТРУЈА | Апаратот не се напојува со струја.Рестартирајте ја програмата. |



| Симптоми | Можни причини и Решение |
| Тропкање и свечкање | Можно е во барабанот да има страни предмети, како клучеви, метални монети или безопасни игли.Запрете ја машината, проверете дали има страни предмети во барабанот. Ако продолжат звуците откако сте ја рестартирале машината, повикајте сервис. |
| Тап звук | Тешките алишта може да произведен тап звук. Тоа обично е нормално.Ако звукот продолжи, можеби апаратот нема рамнотежа. Исклучете го и прераспоредете ги алиштата. |
| Можно е алиштата да не се правилно распоредени во барабанот.Паузирајте ја програмата и прераспоредете ги алиштата откако вратата ће се отклучи. | |
| Бучава на вибрација | Не сте го отстраниле пакувањето.Отстранете го пакувањето на машината. |
| Можно е алиштата да не се распоредени рамномерно во барабанот.Паузирајте ја програмата и прераспоредете ги алиштата откако вратата ће се отклучи. | |
| Една или повеće ногарки не лежат цврсто и рамномерно на подот.Погледнете ги упатствата за Нивелирање на апаратот за да го приспособите апаратот. | |
| Подот не е довольно цврст.Проверете дали подот е цврст. Погледнете го делот Барања за место на монтажа за да изберете соодветна локација. |
Работење
| Симптоми | Можни причини и Решение |
| Протекува вода. | Одводните цевки во домот се затнати.Одзатнете ги одводните цевки. Стапете во контакт со водоводција, ако е потребно. |
| Протекувањето се случаува при неправилна монтажа на одводното црево или поради затнато одводно црево.Исчистете го и исправете го одводното црево. Редовно проверувајте го и чистете го одводниот филтер. | |
| Капачето на одводниот филтер на пумпата не е поставено правилно.Повторно наместете го одводниот филтер за пумпата. |



| Симптоми | Можни причини и Решение |
| Машината не работи. | Контролната табла е исключена поради неактивност.Ова е нормално. Притиснете на копчето Напојување за да ја включите машината. |
| Машината е ислучена.Проверете дали кабелот е сигурно приключен во штекерот. | |
| Водата е ислучена.Целосно одвртете ја славината за вода. | |
| Контролите не се соодветно поставени.Погрижете се да е правилно поставена програмата. Затворете ја вратичката и притиснете на копчето Старт/Пауза. | |
| Вратата е отворена.Затворете ја вратичката и проверете дали нешто ја попречува за целосно да се затвори. | |
| Прекинувачот на колото/осигурувачот е прекинат/прегорен.Проверете ги колата/осигурувачите. Заменете осигурувач или ресетирајте го колото. Апаратот треба да е приключен на посебно струјно коло. Апаратот ќе ја продолжи програмата таму каде што застанала штом повторно се врати струјата. | |
| Потребно е ресетирање на контролите.Притиснете на копчето Напојување и потоа повторно изберете ја посакуваната програма и притиснете на копчето Старт/Пауза. | |
| Старт/Пауза не е притиснато по избирањето на програмата.Притиснете на копчето Напојување и потоа повторно изберете ја посакуваната програма и притиснете на копчето Старт/Пауза.Апаратот ќе се ислучи ако не го притиснете копчето Старт/Пауза во одредено време. | |
| Екстремно низок притисок на водата.Проверете ги другите славини во домот за да видите дали притисокот е соодветен. | |
| Машината ја загрева водата или прави пареа.Барабанот може времено да престане да функционира во одредени програми, додека водата не се загрее на соодветната температура. | |
| Копчињата не функционираат соодветно. | Активирана е опцијата Child Lock (Брава за деца).Деактивирајте ја опцијата Child Lock (Брава за деца) ако е тоа потребно. |
| Вратата не се отвора. | Откако машината ќе почне со работа, вратата не се отвора поради безбедносни причини.Ова е нормално. Можете безбедно да ја отворите вратата откако ќе исчезне ⚙️. |
48 РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
| Симптоми | Можни причини и Решение |
| Машината не се полни соодветно. | Доводниот филтер е затнат.Проверете дали доводните филтри на вентилите се затнати. |
| Можно е доводните црева да се превиткани.Проверете дали доводните црева се превиткани или затнати. | |
| Недоволно снабдување со вода.Проверете дали славините за топла и ладна вода се одвртени целосно. | |
| Цревата за топла и ладна вода се испомешани.Проверете дали доводните црева се правилно поврзани. | |
| Од машината не се цеди водата. | Превиткано одводно црево.Проверете дали одводното црево е превиткано. |
| Местото на одводнување е повисоко од 1,2 метри над подот.Одводното црево не треба да е повисоко од 1,2 метри од подот на којшто е поставен апаратот. | |
| Детергентот не влегува во машината или влегува делумно. | Користите премногу детергент.Следете ги принципите обезбедени од производителот на детергентот. |
| Може да е блокиран одводниот филтер на пумпата.Исчистете го одводниот филтер. | |
| Програмата трае подолго од вообичаено. | Машината не е наполнета довольно.Додајте уште облека за да се избалансира полнењето на машината. |
| Потешки парчиња се мешаат со полесни парчиња.Секогаш перете парчоња со слична тежина, за машината рамномерно да ја распореди тежината. | |
| Полнењето на машината не е избалансирано.Рачно распоредете ја облеката доколку има заплеткани парчиња. | |
| Одложен е крајот на циклусот | Тоа се должи на небалансираност, или пак включена е програмата за отстранување пена.Ова е нормално. Преостанатото време прикажано на дисплејот е само проценка. Реалното време може да варира. |



| Симптоми | Можни причини и Решение |
| Дамките не се перат | Се работи за стари дамки.Работите што претходно биле испрани може да имаат веće вкоренети дамки. Таквите дамки се отстрануваат тешко и може да е потребно рачно перење или претперење за да се отстранат. |
| Дамки | Белилото или омекнувачот прерано се испуштаат.Преградата на диспензерот е преполна. Белилото или омекнувачот пребро се диспензираат. Секогаш мерете колку белило или омекнувач треба да ставите за да не преполните.Бавно затворете го диспензерот за детергент. |
| Белилото или омекнувачот се додадени директно врз алиштата во барабанот.Секогаш користете го диспензерот за детергент за да се загарантира правилно диспензирање на белилото или омекнувачот во соодветниот момент според програмата. | |
| Алиштата не се правилно сортирани.Секогаш перете темни алишта одделно од светли и бели за да не дојде до мешање на боите.Никогаш не перете многу нечисти алишта со малку нечисти алишта. | |
| Туткање | Алиштата не се навремено извадени од машината.Секогаш вадете ја облеката од апаратот веднаш штом заврши програмата. |
| Машината е преполна.Можете целосно да ја наполните машината, но внимавајте да не го преполните барабанот. Вратичката треба лесно да се затвора. | |
| Доводните црева за топла и ладна вода се измешани.Плакнењето со топла вода може да предизвика туткање. Проверете дали добро сте ги поврзале цревата за довод на вода. | |
| Брзината на центрифуга може да е преголема.Поставете ја брзината на центрифуга според видот на облека. |



50 РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Миризба
| Симптоми | Можни причини и Решение |
| Мирис на мувла во машината | Барабанот не е правилно исчистен.Редовно вклучувајте ја функцијата Tub Clean (Чистење на корито под барабан). |
| Одводното црево не е правилно наместено, што предизвикува водата да се враćа во машината.Внимавајте при монтажата одводното црево да не се превитка или блокира. | |
| Диспензерот за детергент не е редовно чистен.Отстранете го и исчистете го диспензерот за детергент, особено горниот и долниот дел од отворот на диспензерот. | |
| Непријатна миризба може да се јави доколку одводното црево не е правилно наместено, поради што отпадната вода се враćа во машината.Внимавајте при монтажата одводното црево да не се превитка или блокира. | |
| Доколку не го чистите редовно диспензерот за детергент, може да се јави непријатна миризба поради мувла или страни супстанци.Отстранете го и исчистете го диспензерот за детергент, особено горниот и долниот дел од отворот на диспензерот. |



| Симптоми | Можни причини и Решение |
| Вашиот куќен апарат и смартфонот не се поврзани со Wi-Fi мрежата. | Лозинката за Wi-Fi на коешто се обидувате да се поврзете, е неточна.Пронајдете Wi-Fi мрежа поврзана со вашиот паметен телефон и отстранете ја, потоа регистрирајте го апаратот наLG ThinQ. |
| Мобилниот интернет за вашиот паметен телефон е включен.Исклучете гомобилниот интернетна вашиот паметен телефон и регистрирајте го апаратот, користејки ја Wi-Fi мрежата. | |
| Името на безжичната мрежа (SSID), не е правилно поставено.Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери). | |
| Фреквенцијата на рутерот не е 2,4 GHz.Поддржана е само 2,4 GHz фреквенција на рутерот. Поставете го безжичниот рутер на 2,4 GHz и поврзете го апаратот со безжичниот рутер. За да ја проверите фреквенцијата на рутерот, проверете кај вашиот снабдувач на интернет услуги, или кај производителот на рутерот. | |
| Преголемо е растојанието помеѓу апаратот и рутерот.Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и рутерот, сигналот може да биде слаб и конекцијата може да не биде правилно конфигурирана. Променете ја локацијата на рутерот, за да биде поблиску до апаратот. |
Корисничка поддршка и услуги
Стапете во контакт со корисничкиот информативен центар на LG Electronics.
- За да пронајдете овластен сервисен персонал на LG Electronics, посетете ја нашата веб-страница на www.lg.com и следете ги упатствата таму.
- Не препорачуваме да правите самостојни поправки бидејќи така може дополнително да го оштетите уредот и да ја поништите гаранцијата.
- Резервните делови наведени во Регулативата 2019/2023 се достапни во времетраење од минимум 10 години.
Налепница за производот
Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 1061/2010
Овој прилог е даден само за клиенти од земји што не се членки на ЕУ, каде што не се применува регулативата (ЕУ) бр. 2019/2014
| Име на производителот и трговски знак LG | ||
| Модел на производителот | F4WV509S* | |
| Номинален капацитет kg | 9 | |
| Енергетска класа | A+++ | |
| Доделена како „ЕУ еколошка ознака“ согласно регулативата [(EC) No 66/ 2010] | Nem | |
| Годишна потрошувачка на енергија во kWh годишно (АЕС)*1 | kWh годишно | 128 |
| Потрошувачка на електрична енергија | ||
| Стандардна програма за памук на 60 при целосно полнење | kWh | 0,620 |
| Стандардна програма за памук на 60 при делумно полнење | kWh | 0,560 |
| Стандардна програма за памук на 40 при делумно полнење | kWh | 0,460 |
| Потрошувачка на електрична енергија при режим на работа „off“ (ислучено) и „left-on“ (включено). | W | 0,50 |
| Годишна потрошувачка на вода по литри годишно*2 | литри/годишно | 9240 |
| Класа на ефикасност на центрифугирање-сушење на скала од G (најниска ефикасност) до A (највисока ефикасност). | A | |
| Максимална брзина на центрифуга*3 | rpm | 1360 |
| Преостаната влага*3 | % | 44 |
| Стандардни програми за памучна облека*4 | Eco 40-60 + Intensive, 60 °C / 40 °C | |
| Време на програмата | ||
| Стандардна програма за памук на 60 °C при целосно полнење*5 | мин. | 267 |
| Стандардна програма за памук на 60 °C при делумно полнење*5 | мин. | 254 |
| Стандардна програма за памук на 40 °C при делумно полнење*5 | мин. | 244 |
| Времетраење на режимот „left-on“ (включено) (TI) | мин. | 10 |
| Емисии на бучава што се пренесуваат преку воздухот | ||
| Фаза на перење*6 | dB(A) | 54 |
| Фаза на вртење*6 | dB(A) | 71 |
| Самостоечка | ||
*1: Врз основа на 220 стандардни циклуси на перење за програми за памук при температура од 60 и 40 при целосно и делумно полнење, како и потрошувачка на режимите на работа при ниска потрошувачка на енергија. Вистинската потрошувачка на електрична енергија зависи од тоа како го користите апаратот. *2: Врз основа на 220 стандардни циклуси на перење за програми за памук при температура од 60 и 40 при целосно и делумно полнење, вистинската потрошувачка на вода зависи од тоа како го користите апаратот. *3: При стандардна програма за памук на 60 за целосно полнење или стандардна програма на 40 за делумно полнење, зависно која е пониска и колкав е процентот на влажност што е достигнат при стандардна програма за памук на 60 за целосно полнење или стандардна програма на 40 за делумно полнење, зависно што е повисоко. *4: Податоците на налепницата или каталогот се однесуваат на тоа дека овие програми се соодветни за чистење на вообичаено нечисти памучни алишта и се најефикасни во однос на комбинираната потрошувачка на енергија и на вода. *5: Стандардната програма за памучна облека е Eco 40-60 + Intensive, 60 °C целосно полнење, Eco 40-60 + Intensive, 60 °C половично полнење и Eco 40-60 + Intensive, 40 °C половично полнење согласно Регулативите (ЕУ) бр. 1061/2010 и EN 60456. *6: Изложено во dB(A) re 1 pW и заокружено на најблискиот цел број во текот на фазите на перење и центрифугирање за стандардна програма за памук при 60 °C за целосно полнење.
Информации за потрошувачката на електрична енергија
* Стандардната програма за памучна облека е Eco 40-60 + Intensive, 60 °C целосно полнење, Eco 40-60 + Intensive, 60 °C половично полнење и Eco 40-60 + Intensive, 40 °C половично полнење согласно Регулативите (ЕУ) бр. 1061/2010 и EN 60456.
НАПОМЕНА
- Резултатите од тестот зависат од притисокот и тврдоста на водата, температурата на водата од доводот, амбиенталната температура, видот и количеството на облека, степенот на нечистотија, типот и количината детергент и флуктуациите на напојувањето со електрична енергија и избраните дополнителни опции.
- Се препорачува неутрален детергент.
- Реалната температура на перење може да се разликува од температурата на програмите наведени во табелата.
