GORENJE K17WII - кана

K17WII - кана GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот K17WII GORENJE во PDF формат.

📄 44 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE K17WII - page 11
Погледни прирачник : Български BG Čeština CS Deutsch DE Magyar HU Македонски MK Polski PL Русский RU Slovenčina SK Українська UK
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Котел за вода
Бренд Gorenje
Модел K17WII
Моќност 2200 W
Напон 220–240 V
Фреквенција 50 Hz
Капацитет 1,7 литри
Тежина (прибл.) 0,8 kg
Димензии (прибл.) 22 × 15 × 24 cm
Материјал на куќиштето Пластика
Боја Бела
Сигурносни функции Автоматско исклучување, заштита од работа без вода
Филтер Отстранлив филтер за каменец
Должина на кабел (прибл.) 0,7 m
Додатоци Подлога, филтер за каменец
Отстранување на каменец Со оцет (8 %) или комерцијален средство за отстранување каменец
Чистење Надворешност со влажна крпа; филтер под млаз вода или во машина за садови
Гаранција Видете ја приложената гарантна картичка

Frequently Asked Questions - K17WII GORENJE

Како да го отстранам каменецот од котелот K17WII?
Наполнете го котелот 3/4 со вода и оставете ја да зоврие. Потоа додадете до ознаката MAX бел оцет (8 %) и оставете го растворот да делува преку ноќ. Испразнете го котелот, исплакнете го темелно со вода и еднаш зовријте чиста вода. Повторете го постапката по потреба.
Може ли да загревам други течности освен вода во котелот?
Не, котелот е наменет исклучиво за загревање вода. Супи, млеко или маринирана храна не смеат да се загреваат, бидејќи тоа може да предизвика оштетување или изгореници.
Зошто котелот се исклучува пред да зоврие водата?
Можни причини: Премногу малку вода (недостигнато минимално ниво) или наслаги од каменец. Отстранете го каменецот од уредот и внимавајте на доволно полнење. Исто така, неправилно затворен капак може да го одложи исклучувањето.
Како да го исчистам филтерот за каменец?
Извадете го отстранливиот филтер за каменец од котелот и исчистете го под млаз вода. По потреба, употребете мека најлонска четка. Филтерот може да се чисти и во машина за садови.
Може ли котелот да се користи на било која рингла?
Не, K17WII е електричен котел со сопствен греен елемент и се користи само на приложената подлога. Не е погоден за индукција, стаклокерамика или гас.
Колку е долг кабелот за напојување?
Кабелот е долг прибл. 0,7 метри. Непотребната должина на кабелот може да се намота околу подлогата.
Што значи автоматското безбедносно исклучување?
При премногу малку или без вода, уредот автоматски се исклучува за да се избегнат оштетувања. Поставете го прекинувачот на ИСКЛУЧЕНО, почекајте 10 минути и подигнете го котелот од подлогата за да го ресетирате заштитата од работа без вода.
Дали куќиштето на котелот е отпорно на топлина?
Куќиштето се загрева за време на работа. Не го допирајте и подигајте го котелот само за рачката. Внимавајте на доволно растојание од извори на топлина.
Може ли да го чистам котелот во машина за садови?
Не, никогаш не потопувајте го котелот, подлогата или кабелот во вода. Чистете ја надворешноста само со влажна крпа и благ детергент. Филтерот за каменец смее да оди во машина за садови.
Каде ги наоѓам гарантните услови?
Информациите за гаранцијата се наоѓаат на меѓународната гарантна картичка која е приложена со уредот. При проблеми, обратете се до центарот за корисничка поддршка на Gorenje во вашата земја.

Прашања на корисниците за K17WII GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кана во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник K17WII - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. K17WII на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК K17WII GORENJE

MK Упатства за употреба...... 11

GB Instruction manual.... 15

BG Инструкции за употреба...... 17

  1. Капак
  2. Копче за отворање на капакот
  3. Копче за вклучување / исклучување
  4. Основа
  5. Приклучок за струја
  6. Ознака на ниво на вода
  7. Отвор за налевање
  8. Филтер против бигор

Важно

Внимателно прочитајте го ова упатство за употреба пред да го користите апаратот и зачувајте го за во иднина.

Пред да го приключите апаратот, проверете дали напонот наведен на основата на бокалот одговара на напонот на локалната мрежа.

Користете го овој бокал исклучиво во комбинација со неговата оригинална основа.

Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и повеće и лица со намалени физички, сетилни и ментални способности или лица без искусство или знаење, под услов да се под надзор или да им се дадени релевантни упатства во врска со

користењето на апаратот на безбеден начин и да се свесни за опасностите што произлегуваат.

Децата мора да се под постојан надзор за да не си играат со апаратот. Деца на возраст под 8 години не треба да го чистат или да го одржуваат апаратот, доколку не се под надзор.

Апаратот и кабелот чувајте ги подалеку од дофат на деца. Не оставајте го кабелот да виси од работ од масата или работната површина.

Непотребната должна од кабелот можете да ја намотате на основата на апаратот.

Кабелот, основата и апаратот чувајте ги подалеку од топли површини.

Не употребувајте го апаратот доколку кабелот, приклучокот, основата или бокалот се оштетени.

Доколку струјниот кабел е оштетен, мора да го замени Горење, неговиот овластен сервисен центар или соодветно обучени стручни лица, за да се избегне опасност.

Не потопувајте го апаратот или основата во вода или други течности. Бокалот е наменет исклучиво за зовривање вода. Не користете го за загревање на супи и други течности или храна во тегла, шише или конзерва.

Зовриената вода може да предизвика тешки изгореници. Бидете внимателни кога во бокалот има зовриена вода. Никогаш не преполнувајте го бокалот над ознаката за максимально ниво.

Доколку бокалот е преполн, врелата вода може да се излие од отворот за налевање и да предизвика изгореници.

Не отворајте го капакот додека водата врие. Внимавајте при отворање на

капакот непосредно по зовривање на водата: пареата што испарува од бокалот е многу жешка.

Избегнувајте да го допирате надворешниот дел на бокалот, бидејки многу се вжештува при работа.

Секогаш кревајте го бокалот држејки го за рачката.

Секогаш проверувајте дали водата го покрива газерот на бокалот, за да спречите бокалот да врие на празно.

На газерот на бокалот може да се јави кондензација на вода. Ова е сосема нормално и не значи дека бокалот е неисправен.

Во зависност од тоа колку е тврда водата во Вашата средина, при употребата на вашиот бокал може да се појават мали дамки на грејачот. Со текот на времето, оваа појава се јавува како резултат од наталожениот бигор на грејачот и на внатрешноста на бокалот. Колку е водата потврда, толку побргу се наталожува бигор.

Бигорот може да биде во различни бои. Иако бигорот е безопасен, премногу бигор може да влијае врз работата на бокалот. Редовно отстранувајте го бигорот од бокалот, следејки ги насоките дадени во делот од упатството со наслов „Отстранување на бигор“.

Оваа опрема е означена во согласност со европейската Директива 2012/19 / ЕУ за отпад од електрична и електронска опрема (ОЕЕО).

Директивата претставува рамка за враќање и рециклирање отпад од електрична и електронска опрема, важечка ширум Европа.

Овој апарат на Горење е во сообразност со сите стандарди во однос на електромагнетните полиња (ЕМП). Според достатните научни сознанија, апаратот е безбеден за употреба доколку со него се ракува соодветно и според насоките дадени во ова упатство за употреба.

Заштита од вриење на празно

Овој бокал има вграден уред за заштита од вриење на празно. Со овој уред, бокалот автоматски се исклучува доколку случајно се вклучи празен или со недоволно вода. Копчето „вклучи/исклучи“ (on/off) останува во положба „включено“ (on), но сијаличката во форма на прстен што означува „вклучено“ се гасне. Завртете го копчето „вклучи/исклучи“ (on/off) во положба „исключено“ (off) и оставете го бокалот да се излади околу 10 минути. Потоа, тргнете го бокалот од основата, за да ја ресетирате заштитата од вриење на празно. Сега, бокалот е веке спремен за повторна употреба.

Пред прва употреба

  1. Доколку на основата или бокалот има налепници, отстранете ги.
  2. Поставете ја основата на сува, стабилна и рамна површина.
  3. Исплакнете го бокалот со вода.
  4. Наполнете го бокалот со вода до максимальното ниво и оставете го еднаш да ја изврие (видете „Употреба на апаратот“).
  5. Истурете ја зовриената вода и исплакнете го бокалот уште еднаш.

Употреба на апаратот

  1. Отворете го капакот со притискање на копчето за отворање на капакот.

  2. Наполнете го бокалот преку отворот за налевање или преку горниот отвор со отворен капак.

  3. Затворете го капакот.

Проверете дали капакот е добро затворен за да спречите бокалот да врие на празно.

  1. Ставете го бокалот на основата.
  2. Включете го кабелот за напојување во сиден штекер.
  3. Завртете го копчето „вклучи/исклучи“ (on/off) во положба „I“.

Сијаличката во форма на прстен што означува включено се вклучува и бокалот почнува да загрева. Бокалот автоматски се ислучува кога водата ње достигне точка на вриење.

Чистење и отстранување бигор

Пред чистење, секогаш исклучувајте го апаратот од штекер.

Не користете абразивни средства, жици за чистење и др.

Никогаш не потопувајте ги бокалот и основата во вода.

Чистење на филтер

Бигорот не е штетен по вашето здравје, но вашиот пијалок може да добие прашен вкус. Филтерот против бигор има мрежа која го задржува бигорот од водата и не дозволува честичките бигор да се слеат во пијалакот. Редовно чистете го филтерот против бигор.

Филтерот против бигор се чисти на следниот начин:

  1. Извадете го филтерот од бокалот.

  2. Исчистете ја мрежата стегајки ја и превртувајки ја под млаз вода.

  3. Внимателно исчистете го филтерот со четка од меки најлонски влакна.

Кога го отстранувате бигорот од бокалот (видете „Отстранување бигор од бокалот“), филтерот може и да го оставите во бокалот.

Филтерот може и да го извадите од бокалот и да го измиете во машина за миење садови.

  1. Откако сте го исчистиле филтерот под млаз вода или во машина за миење садови, вратете го во неговото лежиште во бокалот.

Отстранување бигор од бокалот

Редовното отстранување на бигор од бокалот го продолжува неговиот животен век.

При нормална употреба (до 5 пати дневно), се препорачува бигорот да се чисти на следните интервали:

– Еднаш на 3 месеци за подрачја со мека вода (до 18 dH).
– Еднаш месечно за подрачја со тврда вода (повеće од 18 dH).

  1. Наполнете го бокалот со вода до три четвртини од максимальното ниво и пуштете го да ја зоврие водата.
  2. Откако бокалот їе се исклучи, додајте бел оцет (8% оцетна киселина), за да се наполни до максимальното ниво.
  3. Оставете го растворот во бокалот преку ною.
  4. Испразнете го бокалот и темелно исплакнете ја внатрешноста.

  5. Наполнете го бокалот со чиста вода и зовријте ја.

  6. Испразнете го бокалот и повторно исплакнете го со чиста вода.

Повторете ја оваа постапка доколку се уште има останато бигор во бокалот. Може и да употребите соодветпо средство за отстранување бигор. Во тој случај, следете ги упатствата на пакувањето на средството.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Кога апаратот їе престане да работи, не исфрлајте го заедно со обичниот отпад; наместо тоа, однесете го во официјален пункт за собирање отпад наменет за рециклирање. Со тоа помагате да се зачува животната средина.

ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС

Доколку имате потреба од информации или имате проблем, ве молиме контактирајте го Центарот за поддршка на корисници на Gorenje во вашата земја (може да го најдете нивниот број на меѓународниот гарантен лист). Доколку не постои Центар за поддршка на корисници во вашата земја, обратете се до локалниот застапник на Горење или контактирајте го Одделот за сервисирање на мали апарати за домaćинство на Горење.

Не е за комерцијална употреба!

Го задржуваме правото на промени!

1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8.

Само за лична употреба!

GORENJE ВИ ПОЖЕЛАВА ПРИЯТНИ ЧАСОВЕ С ИЗПОЛЗВАНЕТО НА УРЕДИТЕ.

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : K17WII

Категорија : кана