BRB26600EWW - BRB26602EWW/EF - фрижидер SAMSUNG - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit
Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil BRB26600EWW - BRB26602EWW/EF SAMSUNG au format PDF.
Téléchargez la notice de votre фрижидер au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice BRB26600EWW - BRB26602EWW/EF - SAMSUNG et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil BRB26600EWW - BRB26602EWW/EF de la marque SAMSUNG.
MODE D'EMPLOI BRB26600EWW - BRB26602EWW/EF SAMSUNG
Додаток Безбедносно упатство •
За најефикасно користење на енергијата, чувајте ги сите внатрешни делови како на пр. корпи, фиоки, полици и чинија за мраз на положбата предвидена од производителот.
Упатство за инсталирање За уреди за ладење со климатска класа
Зависно од климатската класа, овој уред за ладење е наменет да се користи во опсег на собни температури како што е наведено во следнава табела. Климатската класа може да се најде на плочката со податоци. Производот може да не работи правилно на температури надвор од одредениот опсег. Климатската класа може да ја најдете на етикетата во внатрешноста на фрижидерот
Опсег на ефективна температура Фрижидерот е направен да работи нормално во опсегот на температура наведена со температурната класа. Класа
ЗАБЕЛЕШКА На функцијата за ладење и потрошувачката на енергија на фрижидерот може да влијаат температурата во просторијата, фреквенцијата на отворање на вратите и локацијата на фрижидерот. Препорачуваме соодветно да ги приспособите поставките за температурата.
Упатство за температурите Препорачана температура
Оптимално поставена температура за чување храна: • Фрижидер: 3 °C • Замрзнувач: –19 °C
ЗАБЕЛЕШКА Оптималната поставка за температура за секоја преграда зависи од собната температура. Горните оптимални температури се за собна температура од 25 °C.
Со Засилено ладење се забрзува процесот на ладење со максимална брзина на вентилаторот. Фрижидерот ќе продолжи да работи со максимална брзина во траење од два часа и половина, а потоа ќе ја врати претходната температура.
Засилено замрзнување
Со Засилено замрзнување се забрзува процесот на замрзнување со максимална брзина на вентилаторот. Замрзнувачот продолжува да работи со полна брзина во траење од 50 часа и потоа се враќа на претходната температура. За да замрзнете големи количества на храна, активирајте го Засилено замрзнување во траење од најмалку 20 часа пред да ставите храна во замрзнувачот.
ЗАБЕЛЕШКА Кога ја користите функцијава, потрошувачката на струја на фрижидерот се зголемува. Не заборавајте да ја исклучите кога не ви треба и да го вратите замрзнувачот на вашите првични поставки на температурата.
Како да се складира за најдобро чување (само за соодветните модели)
Покривајте ја храната за да се задржи влагата и за да не собира непријатни миризби од другата храна. Голем сад со храна како супа или чорба треба да се подели на помали делови и да се стави во плитки садови пред да се стави во фрижидерот. Големо парче месо или цела живина треба да се подели на помали делови или да се стави во плитки садови пред да се стави во фрижидерот.
Распоредување на храната Полици
Полиците треба да се прилагодливи да собираат разни пакувања.
Посебни прегради (само кај одредени модели)
Запечатените фиоки овозможуваат оптимална средина за чување овошје и зеленчук. Зеленчуците сакаат повлажна средина, а овошјата помалку влажна. Фиоките се опремени со контролни уреди за контролирање на нивото на влажност. (*Зависно од моделот и опциите) Фиока за месо со прилагодлива температура го максимизира времето за чување месо и сирење.
Не чувајте расиплива храна на вратата. Јајца треба да се чуваат во картонот, на полица. Температурата на корпите на вратата флуктуира повеќе отколку температурата во внатрешноста. Држете ја вратата затворена колку е можно повеќе.
Комора за замрзнување
Можете да чувате замрзната храна, да правите коцки мраз и да смрзнувате свежа храна во комората за замрзнување.
ЗАБЕЛЕШКА Замрзнувајте само свежа, неоштетена храна. Чувајте ја храната што треба да се замрзне подалеку од храната што е веќе замрзната. За да се спречи губење на вкусот или сушење на храна, ставајте ја во херметички садови.
Додаток Табела за чување во фрижидерот и замрзнувачот Долготрајноста на свежината зависи од температурата и од изложеноста на влага. Бидејќи датумите на производите не се показател за нивна безбедна употреба, видете во табелава и следете ги дадените совети. Млечни производи Производ
Свежо месо за печење, стекови, крменадли
Сланина Колбаси, сурови, свински, говедски, мисиркини Живина / Јајца Производ Свежа живина Салата со пилешко Јајца, свежи во лушпа
Салата со риба Сушена или киселена риба
Информации за моделот и нарачување резервни делови Информации за моделот
За да пристапите до регистрацијата EPREL на моделот: 1. Одете на https://eprel.ec.europa.eu 2. Најдете го идентификаторот на моделот од етикетата за енергија на производот и напишете го во рамката за пребарување 3. Се прикажуваат информациите за означување енергија на моделот
Информации за деловите •
Минималниот период во текот на кој се достапни резервните делови што се потребни за поправка на уредот - 7 години за термостати, сензори за температура, печатени плочки и извори на светлина, рачки за вратата, шарки за вратата, тацни, корпи (кутии или фиоки) - 10 години за заптивки за вратата Минималното времетраење на гаранцијата на уредот за ладење што го нуди производителот е 24 месеци. Релевантните информации за нарачувањето на резервните делови, директно или преку други канали што ги обезбедува производителот, увозникот или овластениот претставник Информации за професионална поправка може да најдете на http://samsung.com/support. Информации за прирачникот за сервисирање за корисниците може да најдете на http://samsung.com/support.
Notice Facile